Скопје
3ᴼ /
3ᴼ
Само 18 отсто од германските гласачи би го поддржале Фридрих Мерц повторно да се кандидира за канцелар, покажуваат резултатите од денеска објавената анкета на Институтот Форса, на барање на радиодифузерот РТЛ. Дури 73 отсто од испитаниците, наведува ДПА, не би го подржале лидерот на конзервативните христијански демократи (ЦДУ) за кандидатура за канцелар на изборите во 2029 година. Анкетата е спроведена на почетокот на овој месец врз ...
Националното биро за борба против корупцијата на Украина (НАБУ) соопшти дека се приведени пет осомничени и идентификувала уште двајца поврзани со заговорот за контрола на јавните набавки во државните претпријатија, особено нуклеарната агенција Енергоатом. Во големата корупциска шема во енергетскиот сектор, според НАБУ, испрани се речиси 100 милиони долари. НАБУ Во соопштението на НАБУ не се именувани ниту еден од обвинетите учесници во ...
Европската комисија го поздравува регулираното и инклузивно спроведување на локалните изборите во Косово во неделата и повикува на брзо потврдување и спроведување на изборните резултати, изјави денеска портпаролката на ЕК за надворешни работи и безбедносна политика Анита Хипер. Во однос на санкциите воведени кон Приштина поради ескалацијата на состојбите на северот од Косово, Хипер истакна дека Комисијата веќе презеде некои чекори за ...
Ширум американската сојузна држава Масачусетс приведени се една жена и 55 мажи поради производство и делење на материјали за сексуална злоупотреба на деца и нивно подведување. Осомничените се на возраст од 18 до 75 години. Дваесет и пет лица се обвинети за поседување на детска порнографија, а 19 за подведување на деца – Уапсивме успешни бизнисмени, сопружници и родители. Некои склучија договори со полициски информатори и дојдоа на локацијата ...
Владата на Велика Британија откри план за постепено укинување на тестирањето врз животни, што вклучува замена на тестовите врз животни со алтернативни методи за безбедност до крајот на годината, како и намалување на употребата на кучиња и мајмуни во тестовите за дрога врз луѓе за најмалку 35 посто до 2030 година. Министерот за наука, Патрик Валанс, изјави за Би-Би-Си дека целта е да се заменат животните со напредни лабораториски техники ...
Учениците од неколку средни училишта во Нови Сад најавија за утре еднодневен бојкот на наставата во поддршка на Дијана Хрка и Миломир Јаќимовиќ и неговиот малолетен син кои штрајкуваат со глад. „Во земја каде што мајка го ризикува својот живот, затоа што и е одземено правото на вистината за убиството на нејзиниот син, а татко и неговиот малолетен син исто така штрајкуваат со глад, затоа што им е одземено правото на слобода на мислење, ...
Во септември годинава во земјава се евидентирани 132 999 туристи кои оствариле 262 686 ноќевања, соопшти Државниот завод . Од вкупниот број туристи, 24.6 % се домашни, а 75.4 % се странски. Од вкупно 262 686 ноќевања, 31.8 % ги оствариле домашните туристи, а 68.2 % странските. Во периодот јануари – септември 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 5.8 %. Кај домашните туристи има ...
Европската унија ќе го финансира создавањето на Специјалниот суд за злосторства извршени при агресијата врз Украина и ќе обезбедува годишна финансиска поддршка за неговата работа кога тој ќе стане оперативен, изјави денеска портпаролот на Европската комисија за правда и владеење на правото Маркус Ламерт. Тој посочи дека Судот ќе биде финансиран и раководен од потписничките на проширениот делумен договор со кој се предвидува неговото ...
Бугарија има залихи на бензин за 35 дена, а дизел за повеќе од 50 дена, изјави денеска претседателот на бугарската Агенција за државни резерви и воени залихи, Асен Асенов. – Во случај на кризна ситуација, горивото од резервите може да се дистрибуира без био-компоненти за да стигне побрзо на пазарот, додека цените ќе го следат пазарното ниво за да се избегнат шпекулации и шокови, додаде тој. Американските и британските санкции против руската ...
Турски воен транспортен авион од типот Ц-130, кој полетал од Азербејџан кон Турција, денеска се урна во Грузија, при што загинаа сите 20 војници кои беа во него, соопшти денеска турската Влада. Авионот Ц-130 полетал од Азербејџан и бил на пат назад кон Турција кога се урнал, објави турското Министерство за одбрана на социјалната мрежа Х. Видео снимките емитувани од медиумите покажуваат како авионот паѓа спирално, оставајќи трага од бел чад. ...
На Филипини бројот на жртвите од тајфунот Фунон се искачи на 25, додека 29 се повредени, а двајца се водат како исчезнати, соопшти Националната служба за цивилна заштита. Најголем број – 19 загинаа во административниот регион Кордилера, тројца во Кагајан, додека по еден се пријавен во Бикол, Западен Висајас и Источен Висајас. Супер тајфунот погоди повеќе од 2,4 милиони луѓе. Претседателот на Филипини, Фердинанд Маркос помладиот нареди ...
Директорка на Меѓународниот монетарен фонд Кристалина Георгиева изјави дека Албанија е земјите со најбрзорастечки економски раст во Европа. Преку видеообраќање за време на настанот организиран денеска по повод 100-годишнината од формирањето на Централна банка на Албанија, шефицата на ММФ нагласи дека „оваа годишнина на Банката не е само повод за прослава на долговечноста на институцијата, туку и доказ за одржливата реформа на институцијата и ...
Економските експерти предупредуваат дека доколку минималната плата во Македонија не достигне 850 евра во следните две години, а просечната не се движи меѓу 1.200 и 1.500 евра, земјата ќе се соочи со сериозен недостиг од работна сила. Ваквите проценки се резултат на континуираниот одлив на работници во странство, растечката инфлација и нискиот стандард кој веќе ја прави Македонија неконкурентна во регионот. Македонија на дното во регионот по ...
Истрагата за полициските службеници, во врска со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, беше предвидено да заврши до крајот на септември годинава, меѓутоа имаше објективни околности околу сослушување на одредени сведоци, со тоа што најверојатно на почетокот на наредниот месец ќе се донесе и јавнообвинителска одлука, изјави републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски, прашан до каде се другите истраги и предистраги за пожарот во дискотеката ...
Главното обвинителство во Истанбул изготви обвинение во случајот за создавање и раководење организирана криминална група од страна на поранешниот градоначалник на Истанбул, Екрем Имамоглу, при што наведе вкупно 402 обвинети, од кои 105 се во притвор, и побара казна за Имамоглу од 828 до 2.352 години затвор, објави весникот „Хуриет“. Имамоглу беше приведен на 19 март под обвинение за корупција, а неколку дена подоцна општинскиот совет во ...
Земјоделски субвенции добија луѓе што немаат никаква врска со производство, а ние уште ја чекаме помошта, велат за МИА дел од земјоделците кои од цела Грција денеска се во Атина на протест и пред Министерството за земјоделство и пред Агенцијата за управување со субвенциите од ЕУ, меѓу кои и земјоделска помош во Грција (ОПЕКЕПЕ). Протестот е организиран од Националниот сојуз на земјоделски задруги, со барање итно да се исплатат обесштетувањата ...
Косовската Централна изборна комисија (ЦИК) соопшти дека нема буџет за организирање евентуални предвремени парламентарни избори поради парламентарните и локалните избори што се одржаа оваа година, објави весникот „Коха Диторе“. Двата изборни процеси, кои се одржаа на 9 февруари (парламентарни), 12 октомври (прв круг локални) и 9 ноември (втор круг локални), го чинеа косовскиот буџет речиси 18 милиони евра, забележува изданието. Од ЦИК ...
Обвинителството на Босна и Херцеговина преку институциите на Молдавија побарало податоци за наводни руски кампови на територијата на ентитетот Република Српска, пренесуваат локалните медиуми. Од Обвинителството на БиХ за „Детектор“ потврдија дека нивни службеници продолжуваат да ја истражуваат аферата во која, како што се тврди, руски инструктори обучувале државјани на Молдавија во Република Српска. „Обвинителството на БиХ пред неколку ...
Британскиот министер за труд и пензии, Патрик Мекфаден, денеска изјави дека британскиот јавен сервис Би-Би-Си треба да се извини доколку направил грешки во врска со прилогот за американскиот претседател Доналд Трамп. – Би-Би-Си ќе мора да одговори на коментарите што ги изнесоа претседателот (Трамп) и неговите адвокати. Она што би го рекол е дека, кога Би-Би-Си прави грешки, треба да ги признае и да ги исправи, рече Мекфаден, пренесе „Скај ...
Смешни се изјавите на Христијан Мицкоски дека наводно по негово барање биле стопирани исплатите од ИПАРД 3. Исплатите од ИПАРД не може, ниту законски, ниту процедурно, да ги стопира ниту претседател на влада, ниту министер, ниту партија. Тоа го прави Националниот овластен службеник за авторизација (НОА), институција што делува во рамки на Министерството за финансии, но работи независно, според европски пропишани правила и стандарди. Тоа значи ...
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска истакна дека ИПАРД фондовите се мошне важни за нашата држава, а злоупотребата на овие средтва мора строго да се санкционира и мора да има одговорност. – ИПАРД фондовите се многу важни. Тоа за нас е еден неверојатно значаен проект. Еве и денеска со разговорот со градоначалникот зборувавме за користењето на средствата од ИПАРД, колку е тоа важно. И мислам дека европското однесувањето или ...
Руските сопственици на Нафтена индустрија на Србија испратија барање до американската OFAC со кое бараат продолжување на лиценцата за работа, врз основа на преговори со трета страна, објави денеска српската министерката за рударство и енергетика Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ. Таа додадде дека Србија официјално го поддржала барањето. „Во барањето се наведува дека руската страна е подготвена да ја отстапи контролата и влијанието врз компанијата ...
Асоцијации на универзитетски професори и соработници ги повикаа администрациите на сите факултети на државните универзитети во Србија да ја прекинат наставата утре, среда, 12 ноември, и да ѝ дадат целосна поддршка на Дијана Хрка и барањето за распишување избори што таа го направи со штрајкот со глад. Тие исто така ги повикаа сите универзитетски работници и студенти, како и граѓаните, да дојдат тој ден пред српскиот Парламент во 11:30 часот за ...
Почитувани новинари, почитувани граѓани, откако скандалот кој го најави СДСМ се потврди, денес е време власта да почне да одговара на клучните прашања кои ги засегаат и земјоделците и јавноста, но и време е конечно да видиме оставка од Трипуновски кој три дена се крие од јавноста. Јавноста и граѓаните треба да знаат дека ИПАРД средствата кои се сега суспендирани се додлеуваат како 50% грант за земјоделците, а 50% тие сами обезбедуваат за ...
Градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски доколку има докази за злоупотреби во јавните претпријатија е надлежен и тоа може да го пријави, вели Републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски, прашан дали Обвинителствот ќе постапува по допрен глас по изјавите дека имало злоупотреби во јавните претпријатија. Одговарајќи на новинарски прашања пред денешната седница на Советот на јавни обвинители, Коцевски рече дека Јавното обвинителство и ...
Судењето за убиството на турскиот државјанин во кафуле на Градскиот плоштад „Слобода“ во Штип почнува на 27 ноември во Основниот суд во Штип. Судијата Јулијана Недкова е назначена за овој предмет, во којшто се опфатени пет лица, од кои еден е обвинет за сторено кривично дело убиство и за кривично дело неовластено држење на оружје и експлозивни материјали, а четири лица се за кривично дело помагачи при извршување на убиството. Основното јавно ...
Преговарачите на Европскиот парламентот и данското претседателство со Советот на ЕУ доцна синоќа постигнаа прелиминарен договор околу предложените измени на Заедничката земјоделска политика на ЕУ, со кои се намалуваат административните и регулаторните оптоварувања за земјоделците. Целта на овие измени е зголемување на конкурентноста на европското земјоделство преку намалување на бирократските процедури, поддршка на земјоделците, поттикнување ...
Нежна, хранлива и неодоливо кремаста супа која совршено го спојува вкусот на брокулата и карфиолот. Идеална е за полесен ручек или за предјадење што ќе го загрее секое семејно гнездо. Потребни состојки: Подготовка: Карфиолот и брокулата исчистете ги и разделете ги на помали цветови. Заедно со зеленчукот за супа ставете ги да се варат во околу 1 литар вода, со малку сол. Варете приближно 30 минути, додека зеленчукот не омекне. Од водата во ...
СВР Битола во координација со Одделот за криминалистичка полиција поднесе кривична пријава против С.Г. (54) од Прилеп и С.И. (31) од Крушево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. Од Секторот за односи со јавност при СВР Битола информираат дека на 25 август годинава во Битола, пријавените довеле во заблуда 88-годишна жена од Битола така што телефонски и со лажно претставување ја известиле дека нејзиниот син ...
Постојат јасни можности за продлабочување на економските врски меѓу двете држави, во производството, иновациите, услугите и технологијата, истакна денеска Кристоф Зомер, амбасадор на Швајцарија во Северна Македонија, во изјава за медиуми, пред почетокот на деловниот форум на тема „Поврзување на Швајцарија и Северна Македонија, што се одржува во Стопанската комора. Амбасадорот рече дека Швајцарија и Северна Македонија имаат одлични односи ...