Скопје
2ᴼ /
2ᴼ
Американските сенатори доцна синоќа постигнаа привремен договор со кој треба да се стави крај на буџетската парализа што трае веќе 40 дена и која блокираше дел од јавните услуги, јавија американските медиуми. Но, ситуацијата дополнително се искомплицира денеска со заканата на американскиот претседател Доналд Трамп до контролорите на летови кои не доаѓаат на работа затоа што не примаат плата. За потсетување, минатата недела беа откажани ...
Осврнувајќи се на начинот на владеење на македонската влада и нејзините капацитети, професорот Љубомир Фрчковски во емисијата во Центар оцени дека за разлика од Македонија, Албанија е далеку повеќе посветена на евроинтеграцијата „Еди Рама е за нив академик во политиката. Има еден став, нека го земат последниот став, „ќе направиме се, да седнеме рамноправно на масата на ЕУ’“.Тоа е политика која Мицкоски треба да ја подели исто така заедно со ...
Единствена опција што ќе му остане на ВМРО-ДПМНЕ по последните избори е прилично авторитарна а тоа е да се обиде да го сруши обвинителството и судството и да започне со прогон, порача професорот Љубомир Фрчковски во емисијата „Во Центар“. Според него тоа веќе се покажува и со односот на Христијан Мицкоски кон ЕУ и нарекувањето „извештајче“ на Извештајот за напредокот од страна на Европската Комисија. “Извештајчето“ е резултат на тоа, ...
Секоја реформа ќе биде плус на државното салдо, а крајниот исход ќе го почувствуваат компаниите, институциите, а пред се граѓаните, истакнала заменик-министерката за европски прашања Викторија Трајков на денешната панел дискусијата во Стопанската Комора посветена на „Планот за раст за Западен Балкан и националната Реформска агенда-зошто се важни за бизнис секторот?“. Пред европските претставници и бизнис заедницата, како што соопшти ...
Дијана Хрка мајката на загинато момче од Нови Сад која штрајкува со глад, пред медиумите не сакаше да коментира за денешниот разговор со српскиот претседател Александар Вучиќ и бара да се „реши што значел нападот со топовски удар“ утрово во Пионирскиот парк во Белград спроти местото каде што штрајкува со глад во шатор. „Разговарав со претседателот, засега нема да давам никакви изјави за тоа, сакам прво да се реши овој топовски удар, на кој ...
РС Македонија преку структурите и органите за управување на средствата од ИПА/ИПАРД инструментот на Европската унија донесе одлука за времен прекин на исплатите на средствата од ИПАРД програмата. Ваквата Одлука следи по актуелните случувања со Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој. – За ваквата одлука истиот ден е известена Европската комисија и службите во Брисел, кои повратно известија и ја поздравија ...
Брисел нема најава за блокада на ИПАРД средствата на кои што сме како држава корисници. Напротив, нашата борба против корупцијата која што ја водиме во моментов и дополнителните проверки кои што ги правиме во самата Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, се силно пофалени од страна на Брисел, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски. Како што се наведува во соопштението ...
Пратеникот од СДСМ и поранешен министер за земјоделство, Љупчо Николовски, укажува на сериозноста на состојбата со ИПАРД програмата, по официјалната потврда дека е донесена одлука за суспендирање на сите исплати од ИПАРД 3 програмата, истакнувајќи дека Владата со денови ја држела јавноста во незнаење. „Се потврдува она што го говорам неколку дена – дека е донесена одлука за суспендирање на ИПАРД, а Владата и Министерството за земјоделство се ...
Повеќе од 1.500 летови беа откажани во САД денеска, а над 1.200 беа одложени поради продолжениот делумен прекин на работата на федералната влада, што предизвикува хаос во авиосообраќајот четврти ден по ред. Според податоците на веб-страницата за следење летови FlightAware, денеска се откажани над 1.550 летови, додека вчера биле откажани 2.950, а речиси 10.800 биле одложени – што е најтешкиот ден за американската авијација од почетокот на ...
Жител на долненското село Секирци, 46-годишниот Ицко Милески се лекува на клиниките во Скопје по вчерашниот напад на мечка при берба на печурки. Милески вчера околу 13 часот со пријател бил на вообичаена берба на печурки во атарот на селото Рилево кога одненадеж го нападнала мечка. Сето се случило за десетина минути. По нападот мечката избегала. Според началникот на хируршкото одделение во прилепската болница, д-р Димитар Иваноски, ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп помилува клучни личности осомничени за вмешаност во планот за организирање алтернативен список на гласачи и откривање на изборни измами за време на изборите во 2020 година, изјави денеска американскиот обвинител за помилување, Ед Мартин. Тој додаде дека помеѓу помилуваните и е поранешниот градоначалник на Њујорк, Руди Џулијани. – Трамп помилува над 70 истакнати личности, за кои се тврди дека се вмешани во ...
Менаџментите на N1, Nova, Radar и Danas во Србија официјално испратија понуда за преземање на новинските медиуми од United Group. Менаџментот на N1 Group и партнерските редакции Nova S, Nova.rs, Danas и Radar испратија официјална понуда до сопствениците на тие медиуми, BC Partners и United Group, за преземање на 100% сопственост на новинските медиуми во Србија и во регионот. Понудата беше доставена на адресата на одборот на директори на ...
Додека државата тоне во скандали, додека заради корупција се губат стотици милиони евра од ЕУ, а граѓаните имаат се помалку пари, ВМРО-ДПМНЕ измислува приказни за СДСМ. Само за да го одвлече вниманието од сопствените проблеми. Очигледно е дека кога во Владата владеат криминал и неспособност единственото што им останува е да зборуваат за Венко Филипче и за СДСМ. Ова се очајнички обиди на ВМРО-ДПМНЕ да го сокријат фактот дека за една година ...
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ одговори на прашање за неговото можно пензионирање. – Низ целиот мој живот и кариера, секогаш имав план за неколку години однапред, што сакам и како да стигнам до таму. Откако ги постигнав апсолутно сите можни цели, ги споменав Олимписките игри во 2028 година затоа што сакам да играм уште многу години. Ако можам да се пензионирам на Олимписките игри под српското знаме, тоа би било одлично. Дали ќе можам да го ...
Фудбалерот на Интер Мајами, Лионел Меси, го посети реновираниот стадион во Барселона. – Синоќа се вратив на место кое ми недостига со сето срце. Место каде што бев неизмерно среќен, каде што вие ме направивте да се чувствувам илјада пати посреќен од најсреќниот човек на земјата. Се надевам дека еден ден ќе можам да се вратам да се збогувам како играч, што никогаш не го направив, напиша Меси на социјалните мрежи. Триесет и осумгодишниот Меси ...
Зошто птиците пејат взори изутрина? Тоа својство на некои птици е познато ширум целиот свет, па се појави и проучување во коешто истражувачите ги изложиле птиците на лабораториски услови, за подобро да ја разберат таа појава. Во добро осветлена лабораторија, научниците откриле дека зебрестата песнопојка (Taeniopygia guttata) пее спонтано и гласно, додека во целосен мрак, таа воопшто не испушта звук. Имено, кога научниците вештачки го ...
Постојат многу рецепти за овој вкусен намаз од модар патлиџан, се служи како предјадење со пита леб, но се додава и како една од салатите со главното јадење. Состојки: Подготовка: Печете ги модрите патлиџани во рерна, кога малку ќе се изладат, излупете ги и исецкајте ги. Изгмечете го лукот и сирењето, додадете ги оревите и сечканите модри патлиџани, додадете сол, малку бибер и сок од лимон и прелијте го загреаното масло врз сè додека не ...
Организацијата на Обединетите нации за образование, наука и култура – УНЕСКО денеска препорача италијанската кујна да биде запишана на Списокот на светско наследство, објавија италијански медиуми. Тим стручњаци од Организацијата на ОН, од повеќе делови од сцветот, ги објави резултатите од техничката проценка, по што препорача италијанската кујна да биде запишана како нематеријално културно наследство на човештвото. Ова мислење сега ќе биде ...
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на својот официјален Инстаграм профил објави дека разговарал по телефон со Дијана Хрка и со Угљеша Мрдиќ и ги замолил да го прекинат штрајкот со глад. „Утрово разговарав по телефон со г-ѓа Хрка и Угљеша Мрдиќ. Ги замолив да го прекинат штрајкот со глад, за да не си наштетат, за да имаат време за каква било политичка борба. Ја замолив г-ѓа Хрка да размисли и ја повикав во Претседателството на ...
Словенечките вооружени сили денеска во воздухопловната база Церкље на Крки ја започнаа тридневната вежба „Есен 2025“, за време на која ќе вежбаат усогласување на своите оперативни планови со регионалните планови на НАТО, објави Министерството за одбрана на земјата. Во соопштението се наведува дека вежбата ќе се фокусира на процедурите за зголемување на воените капацитети, мобилизација и поддршка на земјата домаќин во потенцијални кризни ...
Судирот во Украина ќе заврши кога Русија ќе ги оствари целите што беа поставени за време на Специјалната воена операција, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. – Се разбира, би сакале овој судир да заврши што е можно побрзо, а може да заврши кога Русија ќе ги постигне целите што првично си ги постави. Повеќе би сакале да го решиме овој судир со политички и дипломатски средства. За тоа повеќепати сме зборувале, и руската страна ...
Во 2026 година, Владата на Србија планира да се задолжи околу 970 милијарди динари (8,3 милијарди евра) со цел да го покрие буџетскиот дефицит и да ги отплати старите долгови, објави порталот Nedeljnik.rs. Според предлогот за буџетот за следната година, расходите на државната каса ќе изнесуваат 2.751,7 милијарди динари (23,5 милијарди евра), додека приходите се очекува да изнесуваат 2.414,7 милијарди динари (20,6 милијарди евра), што создава ...
Поранешниот претседател на Франција, Никола Саркози, денеска изјави дека неговиот престој во затвор е „многу тежок и исцрпувачки“, за време на сослушувањето за неговото барање за пуштање на слобода пред Апелациониот суд во Париз. Саркози на 21 октомври почна да ја издржува петгодишна затворска казна затоа што со криминално здружување ја финансирал претседателската кампања во 2007 година со средства од Либија. – Тешко е, многу е тешко, како ...
Министерството за внатрешни работи соопшти дека до неколку граѓани, од страна на сторители кои лажно се претставуваат во име на директорот на Бирото за јавна безбедност, се упатени лажни покани во врска со наводна тековна истрага. Од Министерството посочуваат дека во пораките се даваат насоки за 24 часа да се оди до полициска станица или да се испрати повратен е-маил бидејќи наводно примачот на пораката е предмет на кривични истраги за низа ...
На денешната прес-конференција сакам да ја информирам јавноста дека информациите коишто ги споделив со вас за можната суспензија на ИПАРД 3 програмата се покажаа како точни. Во петокот околу 16 часот, од страна на националниот координатор за авторизација преку механизмот за суспендирање на плаќања, е донесена и дистрибуирана до македонските власти одлука за суспендирање на ИПАРД 3 програмата, односно одлука за суспендирање на плаќањата во ...
„Инфраструктурата е предуслов за инвестиции и за развој затоа што ако инвеститорот согледа дека вложувате во инфраструктурата, ве препознава како сериозен партнер“, истакна Мило Ѓукановиќ, поранешен премиер и претседател на Црна Гора и стопанственик, во најновата епизода на поткастот „Бизнис-клуб плус“ со Бранко Азески. Разговорот даде важен аналитички осврт на економските последици од инфраструктурните инвестиции, стратешките предизвици на ...
Поранешниот генерален секретар на ОН, Бан Ки-Мун, го повика Доналд Трамп да се врати во глобалните напори за борба против климатските промени. Белата куќа тврди дека „климатските цели“ ги „убиваат другите земји и ќе ја убиеја Америка“ доколку Трамп не интервенирал. Во интервју за Sky News пред климатските разговори на КОП30, кои почнуваат денеска во Бразил, Бан изјави: „На климатската криза не и гајле каде живеете – дали во Соединетите ...
Кина ги укина специјалните пристанишни такси за американските бродови за една година, како одговор на сличен потег од Вашингтон, соопшти денеска Министерството за транспорт на Кина. Според соопштението на Министерството за транспорт на Кина, наплатата на специјалните пристанишни такси „ќе биде суспендирана за една година“ од 10 ноември, што се совпаѓа со суспензијата на релевантните мерки против Кина од страна на САД, како дел од ...
Шефот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус, упати апел до американскиот претседател Доналд Трамп да ја преиспита одлуката за повлекување на Соединетите Американски Држави од оваа клучна здравствена агенција на Обединетите нации. Драстичните кратења на финансирањето и најавеното заминување на САД веќе го потресуваат глобалното јавно здравство, кое и онака е силно погодено по пандемијата, пишува Политико. Соочен ...
Науката во Македонија се актуелизира не само како тема за дискусија, туку и како поле на делување. Ова го потврдува и последниот извештај на Европската комисија за напредокот на државата во областа на науката, а претставува резултат на ефективни национални политики и на значително зголемениот буџет за поддршка на научно – истражувачката дејност. Од 380 милиони денари во 2024 година на 680 милиони денари во 2025 година, а за следната 2026 ...