Здружението на тениски професионалци (АТП) денес го ажурираше своето рангирање во поединечна конкуренција. Шпанецот Карлос Алкараз повторно стана играч број 1 во светот. Тој го престигна Италијанецот Јаник Синер, кој падна на второто место. Топ 10 на најновата АТП ранг-листа објавена на 10 ноември: 1 (2). Карлос Алкараз (Шпанија) – 11.050 бодови 2 (1). Јаник Синер (Италија) – 10.000 3 (3). Александар Зверев (Германија) – 4.960 4 (5). Новак ...

Американските сенатори постигнаа привремен договор со кој ќе се стави крај на парализата на буџетот што блокираше дел од јавните услуги рекордни 40 дена, јавија неколку медиуми. Републиканците и демократите во Сенатот се согласија да ја финансираат владата до јануари, јавија Си-Ен-Ен и Фокс Њуз. Мерката веднаш беше ставена на гласање, очигледно со поддршка од доволен број демократи, а текстот потоа ќе биде проследен до Претставничкиот дом. ...

Последиците од климатските промени веќе принудија милиони луѓе да ги напуштат своите домови, предупреди Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР) пред денешниот почеток на Конференцијата на ОН за климата КОП30, што ќе се одржи во бразилскиот град Белем. – Во текот на изминатата деценија, катастрофите поврзани со временските услови предизвикаа околу 250 милиони внатрешни раселувања, што е еквивалентно на повеќе од 67.000 раселувања дневно, ...

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, додаде опции за амандмани на нејзиниот предлог за следниот долгорочен буџет на Европската Унија, откако Европскиот парламент се закани дека ќе го блокира, според писмо во кое имала увид ДПА. Фон дер Лајен писмено ги информирала претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, и актуелното претседателство со Советот на ЕУ за можни амандмани на нејзиниот предлог, дознава ДПА. ...

Три дронови синоќа повторно се забележани над критичната инфраструктура во Белгија, овој пат над нуклеарна централа Доел, лоцирана во близина на Антверпен. Операторот „Енги“ соопшти дека беспилотните летала немале никакво влијание врз активноста на електраната Доел. Претходно, неколку дронови беа забележани и над аеродромот во Лиеж, поради што околу еден час беше прекинат воздушниот сообраќај. Изминатите денови дронови надлетуваа над повеќе ...

Постоечките докази не покажуваат јасна поврзаност меѓу земањето парацетамол за време на бременоста и аутизмот и АДХД (Нарушување на хиперактивност со дефицит на внимание) кај децата, заклучи детален преглед, јави ДПА. Истражувачите ги прегледаа сите студии за ова прашање и заклучија дека тие се со низок квалитет, со „ниска до критично ниска“ доверба во какви било наоди што сугерираат поврзаност. Ова доаѓа откако американскиот претседател ...

Апелацискиот суд во Париз денеска ќе одлучува дали поранешниот претседател на Франција, Никола Саркози ќе биде ослободен од затвор. Саркози е осуден на пет години затвор, а пред три недели беше упатен на извршување на казната, иако поднесе жалба на пресудата. Саркози е осуден дека за време на претседателската кампања во 2007 година добил нелегални средства од режимот на тогашниот либиски лидер Моамер Гадафи. Кривичниот суд во Париз не ...

Шефот на Мисијата на ОБСЕ во Косово, амбасадорот Џерард Мекгурк, високо ја оцени работата на Централната изборна комисија (ЦИК) на Косово и на сите оние кои беа вклучени во организацијата на вториот круг од локалните избори во 18 од вкупно 38 општини. – Со затворањето на гласачките места за вториот круг од локалните избори, им честитам на претседателот на Централната изборна комисија, Крешник Радониќи и на сите кои учествуваа во управувањето ...

Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 30 литри на метар квадратен за 24 часа, со услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 14 до 18 степени. Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни попладне. Ќе дува слаб до ...

Мнозинството млади луѓе во земјава гледаат позитивно на ЕУ, но речиси половина не веруваат дека државата некогаш ќе стане членка на Унијата, што го потврдува растечкиот евроскептицизам кај младите во земјите кандидати за членство во блокот, се наведува во публикацијата „Справување со младинскиот евроскептицизам на Западниот Балкан: Случајот на Северна Македонија“. – Овој јаз помеѓу надежта и реалноста, интересот и недовербата, европската ...

Два воза се судрија на железничката линија во Словачка вечерва околу 19:31 часот по локално време, а во несреќата се повредени најмалку 10 лица, објавија словачките медиуми. Според првите информации, се судриле возовите Ex 620 и Rex 1814, кои сообраќаат од Нитра до Братислава. Несреќата се случила на делницата Пезинок – Свети Јур по напуштањето на станицата Пезинок, објавува словачкиот портал HN. Slovakia’s rail network is under scrutiny ...

Дваесет и двегодишниот М.А.А од Турција со привремен престој во Скопје е лицето кое синоќа во скопската Општина Аеродром, во близина на кулите „Џеваир“, удри во контејнери и возило, соопшти Министерството за внатрешни работи. Оттаму велат дека откако тој со своето возило марка „бе-ем-ве“ удрил во контејнерите и возило „алфа ромео“ со демиркаписки регистарски таблички го напуштил местото на настанот, но набрзо потоа бил фатен од страна на ...

Телевизискиот канал SPORTS ESPN објави дека американскиот претседател Доналд Трамп сака новиот стадион на НФЛ тимот Вашингтон Командерс да биде именуван по него. „Висок извор од Белата куќа“ изјави за ESPN дека претседателот ја изразил својата желба до групата сопственици на клубот предводена од Џош Харис. „Претседателот го сака тоа и веројатно ќе се случи“, вели изворот. Портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, ја потврди информацијата. ...

Генералниот директор на Би-Би-Си, Тим Дејви, и извршната директорка на вестите, Дебора Тернес, поднесоа оставки по критиките дека документарецот на Би-Би-Си „Панорама“ ги довел во заблуда гледачите со монтажа на говор на американскиот претседател Доналд Трамп. Во својата оставка, Тим Дејви наведе: „Сакав да ве известам дека одлучив да го напуштам Би-Би-Си по 20 години. Ова е целосно моја одлука и останувам многу благодарен на претседателот и ...

Над четири и пол илјади тони отпад се собрани во акцијата за чистење на Скопје што ја почна новиот градононачалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски веднаш по преземањето на градоначалничката функција. Во изјава дадена вечерва на плоштадот „Македонија“ по изминувањето на 72 часа, Ѓорѓиевски рече дека акцијата е успешно реализирана и дека во неа биле вклучени над две и пол илјади работници. – Освен што беа чистени сите микролокации со контејнерите, ...

Илон Маск, извршен директор на Тесла, е еден од најбогатите луѓе во светот. И покрај ова, американскиот милијардер честопати истакнува дека води претежно негламурозен живот. Во 2021 година, Илон Маск изјави дека живее во куќа вредна околу 50.000 долари во Тексас. Неговата поранешна партнерка, пејачката Грајмс – со која има две деца – во интервју за „Венити фер“ во 2022 година рече дека Маск не води луксузен живот каков што многумина ...

Излизган камион на магистралниот пат Струмица-Ново Село-граничен премин со Бугарија, пред влезот во селото, предизвика прекин на сообраќајот од скоро еден час, од 14:10 до 15:00 часот. Според информации од СВР Струмица, во сообраќајката нема повредени и загинати, а причинета е само материјална штета. И од АМСМ информираа дека сообраќајот на магистралниот пат А4 Струмица – Ново Село кој беше во прекин поради случена сообраќајна незгода е ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека владата ќе им исплати на повеќето граѓани „дивиденда“ од најмалку 2.000 долари по лице, објави тој денеска на својата платформа Truth Social. Тој напиша дека само граѓани со високи приходи ќе бидат исклучени од оваа мерка, без да наведе точно кои се тие нивоа на приходи или кога ќе почне исплатата, пренесе ДПА. Во својата објава, Трамп ја пофали американската економија, наведувајќи дека ...

Американското Министерство за сообраќај денеска предупреди дека воздушниот сообраќај во САД може да се сведе „на нула“ поради тековната буџетска криза и недостигот од контролори на летање, поради што властите го намалуваат бројот на летови. Федералната управа за авијација (FAA) од петок бара од авиокомпаниите да ги разредат своите распореди на летови, што доведе до откажување на повеќе од 1.000 летови дневно, односно околу четири проценти од ...

Најпознатиот руски опозициски критичар Михаил Ходорковски ја предупреди Европа дека треба да се подготви за долгорочна конфронтација со Русија, без разлика како ќе се развива војната во Украина. „Треба да очекуваме некаква форма на нова Студена војна, која ќе трае најмалку десет години“, изјави поранешниот нафтен магнат на приватен настан во Брисел. Според него, единствениот фактор што може да ја спречи руската агресија во тој период е ...

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски вечерва во 20 часот ќе информира за текот на акцијата за чистење на градот којашто завршува денес. Ѓорѓиевски ја најави акцијата уште во предизборната кампања, а ја почна кога ја презема градоначалничката функција. Во објава на Фејсбук, Ѓорѓиевски попладнево напиша дека во акцијата биле вклучени повеќе од 2.500 луѓе и над 100 возила. Упати апеил до граѓаните за одговорно однесување, ...

Министерството за здравство сè уште прави пресметка колку лекари, сестри и друг медицински персонал недостигаат по болници за да се добие „реална слика“ и да се направи распоредување таму каде што притисокот е најголем. Министерот Азир Алиу јавно призна сериозен недостиг и навестува дека без точни бројки не може да има разумна кадровска политика. Парадоксот е очигледен: институциите зборуваат за „здравство од 21. век“ кое се потпира на ...

Јапонската метеоролошка агенција го укина предупредувањето за цунами откако мал бран го погоди северниот брег на земјата. Предупредувањето беше издадено откако земјотрес со јачина од 6,9 степени го погоди брегот на префектурата Ивате. Агенцијата првично го процени земјотресот на 6,7, но подоцна го ревидираше на 6,9 степени. Американскиот геолошки завод го процени земјотресот на 6,8 степени според Рихтеровата скала. Јапонските сеизмолози ...

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер денеска ќе биде домаќин на церемонија по повод значајните настани поврзани со 9 ноември во германската историја – прогласувањето на Републиката во 1918 година, нацистичките погроми врз Евреите во 1938 година и падот на Берлинскиот ѕид во 1989 година, јави ДПА. Според најавата, Штајнмаер ќе одржи говор во неговата резиденција – палатата Белви во Берлин – со фокус на потребата од заштита на ...

Фотографииtе на кои претседателот Доналд Трамп изгледа како да дреме за време на официјален настан во Овалната соба станаа вирални на социјалните мрежи овој викенд. Критичарите веднаш ја искористија можноста да ја доведат во прашање неговата способност за работа и неговото здравје, пишува CNN. Спорните снимки се направени во четвртокот, додека Трамп во Овалната соба ја објавуваше веста за намалување на цените на популарните лекови за ...

Кина денеска соопшти дека привремено ја суспендира забраната за извоз на галиум, антимон и германиум во САД – ретки и стратешки важни метали, што се смета за нов сигнал за подобрување на односите меѓу двете земји. Регулативата со која беше блокиран извозот на овие метали – клучни компоненти, особено во производството на полупроводници – е суспендирана до 27 ноември 2026 година, се наведува во соопштението на кинеското Министерство за ...

Иако неговиот син, кој штотуку стана полнолетен, заработува повеќе од 16 милиони евра годишно, Мунир Насрауи продолжил со својата стара работа, собирајќи картони низ Барселона. Мунир е 36-годишниот татко на суперталентираниот фудбалер на Барселона, Ламин Јамал. И во интервју за шпанските медиуми, тој дава неколку изненадувачки изјави за животот и односот со неговиот син. „Многумина зборуваат глупости. Велат: „Зошто не работиш? Зошто живееш од ...

Во периодот април – јуни годинава се запишани 2 876 товари врз недвижностите со вкупна вредност од 551.537.664 евра и 8.319.220.917 денари, покажува Извештајот за работата на Агенцијата за катастар на недвижност за вториот квартал годинава. Од април до јуни годинава во Центарот за катастар на недвижности Скопје се впишани 1 522 хипотеки во вредност од 289.526.966 евра и 4.999.018.379 денари, а во 29-те одделенија на катастарот низ државава 1 ...

Ништо од ПР-от и шминката на Орце Ѓорѓиевски. Денеска во 10.00 часот изминаа 72 часа, период за кој новоизбраниот градоначалник на Скопје, вети дека ќе го исчисти градот од ѓубре. Не го исчисти. Фотогрфиите што ги направија фоторепортерите на Рацин.мк го сведочат тоа. Населбите и понатаму тонат во ѓубре, а за дивите депонии нема што да се зборува. Тие и понатаму се грда слика и извори на зараза. Еве ги фотографиите според локации. Сите се ...

И во овој втор блок со галерија за состојбата за ѓубрето во Скопје, докажуваме дека новиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски не го исполни ветувањето. Денеска во 10 часот се навршија 72 часа, периодот за кој вети дека градот ќе биде исчистен. ПР шминката со бројните камиони пред СРЦ Борис Трајковски ја избриша дождот, ѓубрето во полн сјај, Орце не го исполни ветувањето. Фотографиите зборуваат со илјада зборови, па затоа фоторепортерите на ...

weather icon

Скопје

2ᴼ / 2ᴼ
1.54
87%
1027
weather icon

Белград

7ᴼ / 4ᴼ
1.03
71%
1026
weather icon

Загреб

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
86%
1026
weather icon

Софија

6ᴼ / 5ᴼ
1.26
57%
1028
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
2.39
79%
1028
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 4ᴼ
0.42
73%
1027
weather icon

Атина

11ᴼ / 9ᴼ
3.09
71%
1025
weather icon

Тирана

6ᴼ / 6ᴼ
1.03
81%
1026
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
3.6
76%
1026
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 0ᴼ
2.57
79%
1029
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 5ᴼ
1.34
59%
1027
weather icon

Истанбул

5ᴼ / 4ᴼ
5.66
70%
1029
Currency

61.6317

Currency

53.0259

Currency

70.9869

Currency

37.3197

Currency

39.0543

Currency

68.3788

Currency

7.68854

Currency

0.66899

Currency

0.33609

Currency

0.52519

Currency

1.20315

Currency

0.57679

Алуминиум

3.42

Сребро

2711.59

Иридиум

231355.22

Рутениум

47358.05

Бакар

11.73

Паладиум

51794.85

Злато

166253.76

Цинк

3.24

Калај

50.64

Родиум

372948.66

Кобалт

66.14

Платина

68963.35