Илјадници граѓани излегоа синоќа на протести во Словачка против најавените измени на изборниот закон со кои се предвидува укинување на гласањето по пошта на лицата кои живеат во странство. Протестите беа организирани по повик на повеќе опозициски партии, одржани под мотото „Нема да ни го одземат гласот“. Околу две илјади лица протестираа во Братислава, додека стотици се собраа и во други градови, како и во Прага и Брисел. Во фокусот на спорот ...

Српскиот претседател Александар Вучиќ по состанокот со највисокото раководство на Министерството за одбрана и Војската на Србија, изјави дека предложил усвојување стратегија за роботизација и формирање единица опремена со роботизирани платформи. – Како врховен командант на Војската на Србија, предложив усвојување стратегија за роботизација, формирање единица на ниво на баталјон опремена со роботизирани платформи, спроведување организациски ...

Премиерот на Бугарија, Андреј Ѓуров денеска изјави дека Министерството за внатрешни работи досега заплени еден милион евра во операција против купување гласови на претстојните вонредни парламентарни избори, што се одржуваат на 19 април. Додека генералниот секретар на МВР, Георги Кандев изјави дека купувањето гласови ќе биде во фокусот на полицијата, дури и по изборите. Тој го извести привремениот премиер Ѓуров дека досега пристигнале 1.740 ...

Косовскиот обвинител Наим Абази денеска побара од судот во Приштина да ги осуди на доживотен затвор обвинетите Срби, Благоја Спасојевиќ, Владимир Толиќ и Душан Максимовиќ за вооружен напад врз косовската полиција во Бањска во септември 2023 година. Тие беа уапсени веднаш по вооружениот судир во Бањска помеѓу вооружени Срби и косовската полиција. Специјалното обвинителство во Приштина за случајот Бањска подигна обвинение против 45 лица, од кои ...

Четири лица загинаа откако ученик во осмо одделение отвори оган во училиште во турската покраината Кахраманмараш. Помеѓу загинатите се еден наставник и тројца ученици, како и самиот напаѓач. Според гувернерот на покраината Кахраманмараш, Мукарем Унлуер загинал и ученикот напаѓач, но без да наведе детали. Тој пристигнал на училиште со пет парчиња оружје, а мотивот за нападот сè уште не е познат. Напаѓачот оружјето го земал од неговиот татко, ...

Состојбата со нафтените деривати е стабилна и непроменета. Нафтените резерви се такви какви што беа пред почетокот на кризата, не е потрошен ниту еден литар, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски. Следејќи ги цените на берзите на нафтените деривати, рече дека најверојатно цените на горивата во земјата ќе останат исти или ќе бидат намалени. Во однос на продуктоводот за транспорт на нафтени деривати рече дека и во него има проток на ...

Грејната сезона завршува денеска на 15 април 2026 година и започнува таканаречениот преоден период кој трае до 30 април, информира Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). -Согласно Правилата за снабдување со топлинска енергија и Тарифниот систем за продажба на топлинска енергија од утре па се до крајот на месецот, доколку прогнозираната средна надворешна температура за следниот ден е ...

Во периодот од 2020 до 2026 година, Управата за јавни приходи евидентирала десетици илјади случаи на приливи од странство кај физички лица, при што за 2020 година биле испратени 11.527 известувања за можен оданочив доход, а за 2025 година биле регистрирани 70.869 лица со приливи од странство во вкупен износ од 577 милиони евра, беше истакнато на денешниот брифинг со новинарите што го одржа директорката на УЈП Елена Петрова. Како што беше ...

Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе се движи во интервал од 5 до 16 степени, додека максималната ќе достигне од 12 до 23 степени. Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до ...

Претставници на локалните власти од Кемниц (Германија), Горица (Италија) и Нова Горица (Словенија) денеска ќе престојуваат во Скопје, каде заедно со Град Скопје ќе реализираат низа активности посветени на размена на искуства поврзани со титулата „Европска престолнина на културата“, која Скопје ќе ја носи во 2028 година. Програмата започнува со состанок на високо ниво во Град Скопје, на кој градоначалниците и делегациите ќе дискутираат за ...

Судскиот совет на денешната седница ќе разгледува барање за повторување постапка по пресуда донесена од Европскиот суд за човекови права. Членовите на Советот ќе одлучуваат и по известување за утврдена фактичка состојба по поднесено барање за утврдување одговорност на судија или претседател на суд. Дополнително, како точка на дневниот ред е предвидено и формирање комисии на известители по поднесени барања за утврдување одговорност на судија ...

Американскиот медиум „Си-ен-ен“ пишува за Северна Македонија, како европска туристичка дестинација, што, според медиумот, е една од оние кои неправедно остануваат во сенка на најпопуларните туристички центри. Во најновото издание на туристичкиот билтен на „Си-ен-ен Травел“, Македонија е опишана како „драматично планинска дестинација“, со природни пејзажи што комбинираат зелени долини и врвови покриени со снег, со сончева клима и разновидна ...

Пишувањата на германските медиуми за поразот на Виктор Орбан се јасна и недвосмислена потврда на сè она на кое СДСМ го говори со месеци. Падот на Орбан не е само внатрешно политичко прашање во Унгарија, има директни последици за целиот регион – особено за политичарите кои беа под негова целосна заштита, како Христијан Мицкоски. Но и за Александар Вучиќ и Милорад Додик кои се дел од „авторитарното братство“. „Орбан постојано градеше мрежа од ...

Поради скината цевка во сегмент од котел, ТЕ Битола 3 е исклучен од електроенергетската мрежа. Од АД ЕСМ информираа дека термоблокот Битола 3 бил исклучен вчера во 18 часот, и преземени се активности за вклучување на термоблокот Битола 1, што се очекува да биде синхронизиран на мрежа во текот на денов. Поради поволната хидролошка состојба и намалениот конзум, РЕК Битола и во изминатиот период работеше со еден блок, а истиот режим на работа ќе ...

Граѓанската иницијатива „Support Kocani“ спроведе нова активност насочена кон помош и подршка на лицата погодени од пожарот во „Пулс“. Со средства собрани од донации, обезбедени се медицински креми за третман и нега на повредените, во вкупна вредност од над еден милион денари. Станува збор за пакет кој вклучува креми со висок заштитен фактор, препарати за регенерација, како и специјализирани сетови за нега на кожа со изгореници. Овие ...

По изјавата на Христијан Мицкоски, во која повторно „имал чувство“ за идни процеси против функционери на СДСМ, одговорот е јасен и директен. Откако ги постави своите луѓе на клучните позиции во судството и обвинителството, сега, кога самиот тој станува предмет на интерес на меѓународни истраги, Мицкоски почнува, преку злоупотреба на институциите, да се обидува да ги сокрие вистинските процеси поврзани со криминал и корупција од јавноста. ...

Христијан Мицкоски многу лаже. Кога беше во опозиција, Мицкоски велеше дека Груевски е жртва на политички прогон. Граѓаните знаат, Мицкоски му беше советник на Груевски, директор на ЕЛЕМ поставен од Груевски, генерален секретар на ВМРО а потоа Груевски го избра за негов наследник. Сега кога е на власт истиот тој Мицкоски ја смени плочата, сега вели дека Никола Груевски ако дојде во Македонија ќе оди во затвор. Падот на Орбан во Унгарија ...

Судскиот совет на Република Северна Македонија на денешната 540-та седница донесе одлука за склучување договори за спроведување психолошки тестови и тестови на интегритет при избор на судии, како и усвои извештај за основаност на барање за повторување постапка по пресуда на Европскиот суд за човекови права. Пред усвојувањето на извештајот, членовите на Советот водеа расправа дали оваа точка од дневниот ред да биде отворена за јавноста или да ...

За првпат во Штип, на 18 април (сабота), ќе се одржи „Марш за ангелите“, 41-ви по ред, посветен на жртвите од трагичниот пожар во „Пулс“, најавија од здружението „16 Март 2025 Кочани“. Според најавата, маршот ќе започне во 16:05 часот од плоштадот „Слобода“ во Штип, каде граѓаните ќе имаат можност да оддадат почит и да испратат порака за правда. -За првпат, чекорите на тагата, достоинството и барањето правда ќе одекнат и во Штип. Во знак на ...

Британскиот принц Хари и неговата сопруга Меган Маркл вчера пристигнаа во Австралија во четиридневната предвидена посета, посветена на спортски активности, како и на прашањата поврзани со менталното здравје и ветераните. Војводата и војвотката од Сасекс ја почнаа својата посета во Кралската детска болница во Мелбурн, каде што учествуваа во активности во така наречените терапевтски градини на болницата. – Тоа беше навистина значајна посета за ...

Три лица вдишале чад откако бил опожарен автомобил во подземна гаража во Куманово, соопшти денеска полицијата. Пожарот се случил на улицата „Тоде Мендол“ во Куманово на паркирано возило „смарт брабус“ со швајцарски регистарски ознаки. Неколку лица кои вдишале чад биле пренесени во Ургентниот центар-Куманово за укажување на лекарска помош. – Кај нас примени беа три лица, по укажаната медицинска помош се пуштени дома-соопштија од општа ...

Васил, дури откога положи теоретски дел и дојде на ред полагање за градско возење, откако првиот пат падна, покажа интерес да се проба со возилото, но сопругот беше категоричен дека тоа нема да се случи додека не положи – изјави Ана Јованова, мајката на Васил Јованов, на денешното рочиште во Основниот кривичен суд во Скопје на судењето против сопругот Зоран Јованов. Тој е обвинет за „загрозување на безбедноста на сообраќајот со опасно дејство ...

Италијанската влада одлучи да го суспендира автоматското обновување на договорот за одбрана со Израел во контекст на актуелната ситуација – соопшти премиерката Џорџа Мелони на маргините на саемот „Винитали“ во Верона. Министерот за одбрана Гвидо Крозето му испратил писмо на својот израелски колега Израел Кац со кое го известува за суспензијата на меморандумот меѓу Италија и Израел. Овој меморандум, кој воспоставува рамка за одбранбена ...

Федерацијата на италијанските медиуми организира нов штрајк на 16 април поради тоа што националниот колективен договор во областа на новинарството истече пред 10 години, а сè уште не е склучен нов. Новинарите исто така бараат поголема заштита на своите права и подобрени услови за работа. – Во време кога вештачката интелигенција влегува во светот на медиумите, не може да недостига колективен договор, што би регулирал како да се користи ...

Студентите во блокада во Србија поднесоа кривична пријава против српскиот министер за информации и телекомуникации, Борис Братина, и против министерот за јавни инвестиции, Дарко Глишиќ. Министерот Братина, зборувајќи за протестите во Србија, на Денот на студентите изјави дека младите „не се свесни дека полицијата таму има право да ги тепа и убие“. Неговиот колега од владата, Дарко Глишиќ, јавно ги повика родителите да не ги запишуваат своите ...

Голема концентрација на прашина од Африка повторно се очекува денеска во Грција, а појавата ќе трае до четврток – јавуваат грчките медиуми повикувајќи се на метеоролошки прогнози. Според електронското издание на весникот „Ефимерида тон синдактон“, облаци прашина од Сахара ќе ја зафатат земјата уште во текот на денот. Прашината од пустината Сахара, која често стигнува до Грција поради географската близина со Африка, претставува значаен фактор ...

Во хидроелектраната „Шпилје“ кај Дебар, која е значаен електроенергетски капацитет, во периодот јануари-март произведени се 109 гигават часови електрична енергија, што претставува остварување од 42 отсто од годишниот план. Споредено со истиот период минатата година произведени се 60 гигават часови електрична енергија повеќе. -Резервите во акумулацијата „Дебарското Езеро“ во 2025 на 31 март биле 14 GWh, додека на 31 март годинава се 26 GWh, ...

Владата го усвои интегрираниот национален план за енергија и клима 2025 – 2030 – стратешки документ што ја поставува државата на јасна патека кон енергетска трансформација, одржлив развој и целосно усогласување со европските политики. Планот, изработен по предлог на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС), претставува клучен инструмент за модернизација на енергетскиот сектор и исполнување на обврските од ...

Максималната малопродажна цена на дизел-горивото од ноќеска на полноќ се намалува за 2,5 денари за литар, а бензините поевтинуваат за 1,5 денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,73 отсто. Максималната малопродажна цена на „евродизелот (Д-Е V)“ се намалува за 2,5 денари и ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција порача дека историскиската победа на демократијата во Унгарија означуваат крај на автократските режими во регионот и почеток на нов период на демократија и одговорност. „Граѓаните на Унгарија јасно и гласно рекоа: ДОСТА Е од автократијата! Ова е голема, историска победа на демократијата над автократијата, на Европа над руското и кинеското влијание и на владеењето на правото ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
2.27
65%
1014
weather icon

Белград

17ᴼ / 16ᴼ
1.5
90%
1014
weather icon

Загреб

18ᴼ / 18ᴼ
1.45
93%
1013
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
0.47
65%
1014
weather icon

Сараево

20ᴼ / 20ᴼ
5.75
57%
1011
weather icon

Љубљана

17ᴼ / 16ᴼ
1.39
92%
1012
weather icon

Атина

23ᴼ / 21ᴼ
0.45
67%
1015
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
2.85
69%
1015
weather icon

Подгорица

18ᴼ / 18ᴼ
1.89
60%
1015
weather icon

Букурешт

19ᴼ / 18ᴼ
1.34
66%
1010
weather icon

Будимпешта

17ᴼ / 15ᴼ
0.89
53%
1013
weather icon

Истанбул

20ᴼ / 19ᴼ
1.41
59%
1014
Currency

61.6417

Currency

53.2547

Currency

71.3983

Currency

37.518

Currency

38.0603

Currency

66.8565

Currency

7.86455

Currency

0.73493

Currency

0.33253

Currency

0.52573

Currency

1.15121

Currency

0.55992

Злато

135639.33

Родиум

257205.97

Кобалт

45.39

Иридиум

253540.09

Паладиум

40767.15

Платина

55170.68

Сребро

2186.28

Цинк

0.00

Рутениум

48965.59

Алуминиум

3.54

Калај

53.60

Бакар

13.01