Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и претседавач со Националниот совет за евроинтеграции, Венко Филипче, порача дека извештајот на Европската Комисија е показател дека власта нема политичка волја да продолжи со реформите. „Жалам што слушаме пораки на евроскептицизам тука во телата, во Собирањето, во кои што најмногу треба да се работи и на полето на реформите и на тоа што државата треба да испорача за да станеме ...

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице осомничено за кривично дело разбојништво, а по другото се трага. Инцидентот се случил на 15 ноември во Скопје, каде оштетениот бил физички нападнат, ограбен и оставен со повреди, а напаѓачите му одзеле 8.800 денари. Според обвинителството, делото било извршено спроти еден трговски центар во Скопје, кога осомничениот заедно со друго лице, по ...

Американскиот Стејт департмент денеска соопшти дека ќе го означи т.н. „Картел на Сонцата“ (Cartel de los Soles), сомнителен криминален синдикат наводно составен од високи венецуелски функционери, како терористичка организација. Одлуката ќе стапи во сила на 24 ноември, јави ДПА. – Со седиште во Венецуела, Картелот на Сонцата е предводен од (претседателот) Николас Мадуро и други високи поединци од нелегитимниот режим на Мадуро кои ја корумпираа ...

Од денеска, здравствените домови низ цела Србија работат во три смени, а целта на воведувањето 24-часовна работа е, како што објави Министерството за здравство, да се зголеми достапноста на здравствена заштита за граѓаните и да се обезбеди поефикасно функционирање на здравствениот систем. Како што е објавено на веб-страницата на Министерството за здравство, министерот Златибор Лончар изјави дека со продолжување на работното време на ...

Под силни безбедносни мерки и оваа година е Атина за одбележувањето на годишнината од студентскиот бунт против хунтата, со ангажирани над 5.000 полицајци за традиционалните протести кон амбасадата на САД, јави дописничката на МИА од Атина. Денеска кулминираат тридневните церемонии во чест на студентскиот бунт што се смета за симбол на отпорот, демократијата и граѓанските права во Грција. Како и секоја година, во попладневните часови ќе се ...

Американската Федерална управа за авијација (ФАА) соопшти дека утре ќе ја укине наредбата за итно намалување на летовите, со што ќе овозможи продолжување на нормалните операции и ќе стави крај на повеќедневните нарушувања, јави ДПА. Нормалниот распоред може да продолжи од утре во 6 часот наутро (1100 GMT), се вели во заедничката изјава на секретарот за транспорт Шон Дафи и администраторот на ФАА, Брајан Бедфорд. Во изјавата се посочува дека ...

„Во време на брзи промени технолошките вештини се неопходни и секој човек ќе мора да ги поседува, без разлика на формалното образование, за да може да придонесува и да просперира во општеството“, изјави м-р Тони Јанковски, директор за развој на производи и иновации во „Дајнерс клуб Македонија“ Скопје, во најновото издание на поткастот „Бизнис-клуб“ со Бранко Азески. Според него, дигитализацијата е неминовен процес кој полесно и побргу го ...

Од денеска стапува во сила одлуката со која се забранува фрлање смет во Скопје од 22:00 до 06:00 часот. Инспекторите, како што најавија градските власти, ќе бидат на терен и по полноќ, за да ги фатат на дело сите што ќе ја прекршат новата забрана за фрлање отпад. Прекршокот ќе ги чини скопјани 50 евра, додека за правни лица казните се од 1300 до 1800 евра, а може да биде и повисока во зависност од типот на отпад. Во контролите ќе бидат ...

Вкупно 145 европратеници од 21 земја членка на ЕУ предложија резолуција со која се бара Судот на правдата на Европската Унија да оцени дали Договорот на блокот со организацијата на јужноамерикански држави МЕРКОСУР е во согласност со договорите за функционирање на Унијата. По Предлог-резолуцијата, потпишана од пратеници од редовите на Европската народна партија (ЕПП), Прогресивната алијанса на социјалистите и демократи (СД), либералната група ...

Албанија и ЕУ денеска во Брисел ќе ја одржат седмата Меѓувладина конференција во чии рамки ќе бидат отворени преговорите по последниот, Кластер 5 од пристапниот процес „Ресурси, земјоделство и кохезија“. Во рамките на овој Кластер спаѓаат поглавјата 11 – „земјоделство и рурален развој“, 12 – „безбедност на храната, ветеринарство и фитосанитарнија“, 13 – „рибарство и аквакултура“, 22 –„регионална политика и координација на структурните ...

Германскиот министер за надворешни работи, Јохан Вадефул, синоќа пристигна во Сараево, започнувајќи ја својата обиколка во шесте земји од Западен Балкан, фокусирана на нивниот долгогодишен процес на пристапување кон Европската Унија, кој за некои земји се одолжи со децении, јави ДПА. Веднаш по пристигнувањето, Вадефул се сретна со високиот претставник на меѓународната заедница во Босна и Херцеговина, Кристијан Шмит, кој исто така е Германец и ...

Предложената Повеќегодишна финансиска рамка на ЕУ за периодот 2028-2034 година и подготовките за Самитот на Унијата предвиден за 18 и 19 декември, ќе бидат главни теми на денешниот состанок на Советот за општи работи (ГАК) на блокот. Според најавите, состанокот ќе започне со дискусија за утврдување на дневниот ред на декемвриското заседание на Европскиот совет, кое ќе ги собере шефовите на држави или влади на членките на Унијата. Во ...

Наутро по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде претежно облачно. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во северозападните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6, а максималната ќе достигне од 16 до 19 степени. Во Скопје наутро во делови од котлината ќе има услови за појава на магла. Во ...

Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска ќе ја продолжи седницата за Предлог-буџетот за 2026 година. Вкупните приходи во Предлог-буџетот за следната година се проектирани на 374,7 милијарди денари, расходите на 413,9 милијарди денари, а капиталните инвестиции на 40,5 милијарди денари или 650 милиони евра. Економскиот раст е проектиран на 3,8 проценти, инфлацијата на 2,5, а буџетскиот дефицит на 3,5 проценти од БДП. – Ова не е само ...

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) ги објави денеска 11. кандидати за наградата „Пушкаш“, која се доделува за најдобар гол во сезоната. Победникот ќе биде избран со гласање на фудбалските помеѓу навивачи и професионално жири, во процент 50-50, а добитникот на наградата ќе биде објавен за време на доделувањето на годишните награди на ФИФА. Наградата, именувана по еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Ференц Пушкаш, се доделува ...

Од вторник (18 Ноември) па се до крајот на следната седмица нашата земја и целиот регион ќе бидеме под влијание на низок воздушен притисок односно циклонски систем со центар над Џенова. Токму поради ова од запад во нашата Македонија во вторник ќе се прошируваат обилни врнежи од дожд кои ќе бидат проследени со засилен повремено силен ветер од јужен правец (повремено и локално со брзина од над 70 км/час). Локално врнежите ќе бидат проследени и ...

Албанската опозиција утре почнува со протести пред Владата во Тирана, како што најави, се до „уривање на наркорежимот“. Лидерот на Демократската партија, Сали Бериша истакна дека засега, протести пред Владата ќе има секој понеделник, додавајќи оти „наркорежимите можат да бидат соборени само како во Непал“. – На протести и само на протести, немаме друг начин освен да се кренеме и да се соочиме со оваа Влада. Одржливите и масовни протести се ...

Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) ФИФА идентификуваше над 30.000 навредливи пораки на социјалните медиуми во 2025 година. Во извештајот за Меѓународниот ден на толеранција, ФИФА изјави дека, благодарение на својата Служба за заштита на социјалните медиуми, 11 прекршители беа пријавени до органите за спроведување на законот, а еден случај беше упатен до Интерпол. Прекршителите се лоцирани во Аргентина, Бразил, Франција, Полска, Шпанија, ...

Веднаш по онаа акција која се случи во четвртокот, каде беа приведени повеќе лица вклучувајќи го и директорот, нашиот национален механизам е на стопирање на дел од исплатата на ИПАРД средствата. Тоа е наша брза реакција за да провериме што во суштина се случувало во самата агенција, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски во интервју за Канал 5 телевизија. Како што информира Министерството за ...

Кога не знаеме што да подготвиме за појадок, пржените јајца обично се најбрзото решение. Тоа е храна што обично секогаш ја имаме во фрижидер, сипуваме масло или путер во тава, додаваме малку зачини и вкусното јадење е готово за кратко време. Понекогаш додаваме и прилог по желба на јајцата, за комплетна атмосфера. Сепак, покрај традиционалната постапка, малку е познато дека можеме да го замениме маслото со друга состојка. А како всушност ...

Многумина од нас имаат навика едноставно да го истураат искористеното масло во мијалникот по готвењето. Но, оваа навидум безопасна постапка создава огромни проблеми. Според податоците собрани во Велика Британија, домаќинствата истураат околу 18 милиони литри масло за готвење во канализација секоја година, а речиси половина од населението признава дека го прави тоа. Последиците се сериозни и скапи. Освен што предизвикува непосредни проблеми ...

Познатиот кардиохирург д-р Џереми Лондон од Џорџија на тик-ток откри четири работи што треба да се избегнуваат после 40 години. Виралното видео на докторот, кој зад себе има 25 годишно искуство како кардиоваскуларен хирург, собра над 2,6 милиони прегледи. „Дејли меил“ објави дека првите две препораки што ги објави доктороте, да се избегнуваат по 40-тата година , всушност важат за сите возрасти. Џереми Лондон во своето видео рече, дека како ...

Седумдесет и деветгодишнатa Б.Н. од Штип свирепо е убиена од страна на 74 годишниот Д.А. исто така од Штип, кој претходно во неговиот дом ја држел без волја, а откако ја убил ја закопал во дворот. Во писментото соопштение од Министерството за внатрешни работи се вели дека Секторот за внатрешни работи Штип во соработка со Одделот за криминалистичка полиција при БЈБ поднел кривична пријава против Д.А (74) од Штип поради постоење основи на ...

Примирје во Украина е малку веројатно пред пролетта следната година, а европските сојузници мора да продолжат да ѝ даваат поддршка на таа земја и покрај корупцискиот скандал што го зафати Киев, изјави претседателот на Финска, Александар Стуб. Стаб рече дека во меѓувреме на Европа ќе ѝ треба „сису“, фински збор за издржливост, отпорност и храброст, за да ги преброди зимските месеци додека Русија продолжува со своите хибридни напади и ...

податоци покажуваат драматична промена во навиките на Италијанците: бројот на домашни миленици првпат ја надминал бројката на новородени деца, пренесува Index.hr. Земјата веќе подолг период се соочува со рекордно низок наталитет, додека бројот на миленици расте од година во година. Растечките трошоци ги менуваат приоритетите Младите Италијанци сè поретко се одлучуваат за засновање семејство. Главни причини се: високите цени на живот, ...

Држави како Полска, Романија и Бугарија стојат значително подобро кога примањата се мерат според куповната моќ, отколку според номиналните износи. Последниве неколку години европските домаќинства се соочуваат со силна криза на трошоците на живот, влошена од руската агресија врз Украина и нарушувањата во снабдувањето по пандемијата. Многу семејства се приморани да штедат, а голем број домаќинства внимателно го следат секој трошок – дури и ...

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската унија, кога ќе биде отворен последниот кластер, кој се однесува на ресурсите, земјоделство и кохезија. „Овој состанок ќе послужи за отворање на преговорите за група 5 „Ресурси, земјоделство и кохезија“, вклучувајќи ги поглавјето 11 (земјоделство и рурален развој), 12 (безбедност на храната, ветеринарство и фитосанитарни прашања), 13 (рибарство ...

Две малолетнички се тешко повредени откако паднале додека се возеле на електричен тротинет. Како што информира МВР, незгодата се случила на улицата „Сава Михајлов“ во Скопје, а е пријавена вчера попладне, во 17:00 часот. Според пријавата, со електричниот тротинет управувала 15-годишна малолетничка од село Инџиково, но изгубила контрола и паднала на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле и таа и нејзината 14-годишна ...

Мнозинството Германци би поддржале задолжителна воена служба за мажи родени по 2008 година, јави ДПА, повикувајќи се на социолошка анкета. Анкетата, спроведена од Институтот за истражување на јавното мислење (INSA) за весникот „Билд“, покажа дека 58 проценти од испитаниците сметаат дека воведувањето задолжителна воена служба е исправно, додека 29 проценти не се согласуваат, а 13 проценти рекле дека не можат да одлучат. Порано оваа недела, ...

Следува период на нестабилно време со појава на магла во утринските часови, најавува УХМР. Според прогнозата, од вторник ќе преовладува променливо облачно време со локални врнежи од дожд, на места пообилни, над 30 литри на метар квадратен. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, а долж Повардарието од југоисточен правец, над 60 километри на час. Како што информира УХМР, утре наутро по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. ...

weather icon

Скопје

11ᴼ / 11ᴼ
1.54
62%
1026
weather icon

Белград

12ᴼ / 10ᴼ
4.12
55%
1026
weather icon

Загреб

12ᴼ / 8ᴼ
1.54
55%
1025
weather icon

Софија

8ᴼ / 5ᴼ
2.57
59%
1026
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
3.12
67%
1028
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 7ᴼ
1.04
59%
1025
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.13
62%
1026
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
2.06
71%
1026
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
0.51
62%
1026
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 6ᴼ
2.06
61%
1029
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 9ᴼ
1.59
45%
1025
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 5ᴼ
4.63
65%
1029
Currency

61.6317

Currency

53.0188

Currency

71.0739

Currency

37.3113

Currency

39.0511

Currency

68.3732

Currency

7.68792

Currency

0.66893

Currency

0.33606

Currency

0.52476

Currency

1.20326

Currency

0.57672

Рутениум

47358.05

Иридиум

231355.22

Злато

166253.76

Сребро

2711.59

Родиум

372948.66

Паладиум

51794.85

Платина

68963.35

Цинк

3.24

Кобалт

66.14

Алуминиум

3.42

Бакар

11.73

Калај

50.64