Турција се подготвува за посетата на Папата Лав Четиринаесетти на земјата помеѓу 27 и 30 ноември, каде што Папата ќе ги посети Анкара, Бурса и Истанбул. Ова ќе биде прва апостолска посета во странство на поглаварот на Римокатоличката црква од неговиот избор на оваа функција во мај оваа година. По Турција, Папата ќе го посети и Либан, каде што ќе остане до 2 декември. Иако поводот за посетата на Папата е прославата на 1700-годишнината од ...

Две лица загинаа во Северна Италија откако обилните дождови предизвикаа лизгања на земјиштето, соопштија денеска локалните власти. Една од жртвите е 32-годишен Германец кој се преселил во селото Брацано ди Кормонс пред неколку месеци. Таму, спасувачките тимови го извлекоа и телото на 83-годишна жена од куќата затрупана со кал, соопшти противпожарната служба. Регионот деновиве е зафатен од интензивни врнежи, што предизвика поплавување на улици ...

Министерот за надворешни работи на Германија, Јохан Вадефул, претпладнево во Белград изјави дека Србија ќе одлучи на избори по кој пат ќе оди. Вадефул рече дека добил уверување од српскиот претседател Александар Вучиќ и шефот на дипломатијата Марко Ѓуриќ дека Србија е јасно фокусирана на патот кон Европската унија. Тој изјави во Белград по средбата со Ѓуриќ дека од кандидатот за членство се очекува да обезбеди слобода на собирање и изразување ...

Судењето за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која животот го загубија 63 лица, а околу 200 беа повредени започнува утре. Првото рочиште е закажано во 9:30 часот во судницата на КПУ Идризово, со засилени безбедносни мерки и присуство на лекарска екипа. Случајот опфаќа 38 обвинети – 35 физички и три правни лица, а постапката ќе се води со темпо од две рочишта неделно. Судот апелира до медиумите за достоинствено известување без ...

Македонската фудбалска репрезентација синоќа го одработи последниот тренинг на Градскиот стадион во Кардиф каде вечер од 20:45 часот ќе му гостува на Велс во последниот натпревар од квалификациите за пласман на Светското првенство 2026. Избраниците на селекторот „Благоја Милевски“ ќе се обидат да останат непоразени и со тоа да изборат бараж за Мундијалот. Во случај на чудо во Лиеж и победа на Лихтенштајн над Белгија, тогаш македонската ...

Студентите на Техничкиот факултет во Нови Сад во блокада, објавија доцна синоќа на својот Инстаграм профил дека успеале да го вратат својот профил, откако бил хакиран. Студентите во блокада објавија дека се вратени и студентски профили на социјалната мрежа TикToк што беа под забрана (banned). Oколу 03:00 часот утрото во понеделникот беше организирана кампања за масовно пријавување на нашиот профил и профилот беше затворен неколку часа. ...

Во Данска, 4,7 милиони гласачи денеска ќе гласаат за општински и регионални совети по кампањата обележана со серија кибер напади врз институционални и веб-страници на политички партии, за кои одговорноста ја презедоа проруски хакери. Доминирани од локални прашања поврзани со транспортот, образованието и старите лица, изборите би можеле да доведат до значителен пад на резултатите на владејачката Социјалдемократска партија на премиерката Мете ...

Десетици илјади луѓе се собраа синоќа во словачките градови за да протестираат против Владата на левичарскиот националистички премиер Роберт Фицо, јави ДПА. Демонстрациите беа одржани по повод 36-годишнината од Кадифената револуција против комунистичкиот режим на тогашна Чехословачка. На протестите повикаа опозициските партии и групите на граѓанското општество, вклучувајќи ја и иницијативата „Мир за Украина“. Организаторите соопштија дека до ...

На седница на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска ќе започне спроведувањето на интервјуа на кандидатите за избор на претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата. Постапката за избор на претседател на ДКСК продолжува по завршувањето на Локалните избори, а Собранието врши повторен избор на прв човек на антикорупциска по оставката на Татјана Димитровска, осомничена за вмешаност во случајот ...

Министерството за образование и наука ги објави резултатите од конкурсот за доделување ученички стипендии за учебната 2025-2026 година. МОН информира дека сите апликанти ќе добијат решение преку електронскиот портал e-uslugi.mon.gov.mk во делот „Мои апликации“ во колоната „Документ за одлука“ и дека незадоволните апликанти не треба да поднесуваат приговори или жалби пред да добијат решение. -По добивањето на решението, жалбите се поднесуваат ...

Белгија нема да биде оставена сама да се соочува со евентуалните ризици доколку биде постигнат договор за користење на замрзнатите руски суверени средства за поддршка на Украина, порача претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во писмо упатено до шефовите на држави или влади на членките на ЕУ. Во писмото, кое „протече“ до некои медиуми, Фон дер Лајен се осврнува на можните опции за обезбедување на средства за финансиска ...

Возило за транспорт на пари, во кое имало два милиони евра државни пари, било ограбено вчера попладнево во близина на Рашка, а пронајдено е во близина на Нови Пазар, јавија белградски медиуми. Ограбувачите биле маскирани и вооружени, го пресретнале возилото што ги транспортирало парите, насилно го одзеле и избегале. Во тој инцидент нема повредени, а според неофицијални информации на белградски медиуми, во возилото имало околу 2 милиони евра. ...

Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска треба да ја почне расправата за Предлог-буџетот за 2026 година, во второ читање, на која ќе ги разгледува поднесените над 200 амандмани. Во текот на општата расправа, која заврши вчера, пратениците од владејачкото мнозинство изнесоа ставови дека предложениот буџет е реален и развоен со индикатори базирани на подобрување на економскиот раст и силна реализација на проектите и приходите. Со ...

Времето денеска во земјава ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 30 литри на квадратен метар за 24 часа), локално со услови за невреме со засилен ветер (над 60 километри на час) и појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Минималните температури ќе бидат во интервал од 6 до 11, а максималните ќе достигнат од 13 до 18 степени. Во Скопје ќе ...

Редовни советодавни денови меѓу претставници на Фондот на ПИОМ и Германскиот носител за пензиско осигурување ќе се одржат денеска и утре во Скопје. Како што соошти ПИОМ, во рамките на советодавните денови граѓаните ќе имаат можност да добијат совети за нивните права од пензиското и инвалидското осигурување кои произлегуваат со примената на Договорот за социјално осигурување склучен меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Сојузна ...

На американскиот глумец Том Круз синоќа му беше врачен почесен „Оскар“, на свеченото доделување во театарот „Долби“ во Холивуд (Лос Анџелес). Се работи за познатите „Гувернерски награди“, па синоќа, 63-годишниот актер се качи на сцената со музиката од филмот „Невозможна мисија“ во позадина, и со голем аплауз од неговите колеги. Во текот на вечерта, почесни „Оскари“ им беа доделени и на глумицата Деби Ален, сценскиот дизајнер Вин Томас и ...

Велика Британија денеска соопшти дека во иднина статусот -бегалец ќе биде привремен и дека ќе се забрза депортирањето на луѓето кои нелегално влегуваат во земјата, додавајќи дека одредбата за забрана на тортура, за која се тврди дека се користи „премногу широко“ при оспорување на депортациите, исто така, ќе биде ревидирана. Британската министерка за внатрешни работи Шабана Махмуд презентираше промени во толкувањето на Европската конвенција за ...

Мајка и две мали деца починаа, а таткото е на интензивна нега. Кобна судбина снајде едно турско семејство од Хамбург во хотел во Истанбул. Првично сомнежот бил дека станува збор за труење од расипани полнети школки, популарна улична храна во турската метропола. Но, сега повеќето медиуми пишуваат за нелегални инсектициди што се користат во хотелот во кој биле сместени, објави Дојче Веле. Оваа теорија е поткрепена и од фактот дека неколку други ...

На 16.11.2025, по претходно добиени оперативни сознанија, Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе при Сектор за криминалистички истраги, Оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал во содејство со Одделот за специјални и посебни операции и Одделот за криминалистичка полиција, под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран и сериозен криминал, ...

Жителите на Појасот Газа кои беа префрлени во Јужна Африка тврдат дека морале да платат 2.000 долари по лице за да ги извлечат своите семејства од опустошената палестинска енклава. Двајца жители на Газа потврдија за британските медиуми дека биле меѓу групата од 130 Палестинци на кои минатата недела им бил дозволен влез од Јужна Африка откако биле евакуирани со автобус од Појасот Газа и пристигнале со авион во Јоханесбург по слетувањето во ...

Доброволното противпожарно друштво (ДПД) Пехчево денеска реализираше две интервенции на територијата на општината, соопштија од друштвото. Првата интервенција, како што информираат пехчевските пожарникари, била во селото Чифлик, по добиен повик околу 15 часот. -На терен интервенираа тројца пожарникари со едно возило, при што пожарот беше локализиран и спречено е неговото ширење, информираа од ДПД Пехчево. Втората интервенција се случила околу ...

Поради силен јужен ветер што го зафати скопскиот регион, два авиона се пренасочени да слетаат на приштинскиот аеродром, соопшти вечерва Дирекцијата за заштита и спасување. Од ДЗС информираат дека два други авиона сѐ уште кружат и чекаат инструкции за слетување на Меѓународниот аеродром Скопје. Надлежните ја следат состојбата и апелираат патниците да ги следат информациите од авиопревозниците и од аеродромските служби. Според информациите од ...

Пратениците на СДСМ и Коалицијата утре ќе поднесат предлог до Собранието за надзорна расправа и формирање посебна Анкетна комисија за целосно и независно испитување на трагедијата во „Пулс“ објави претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче повикувајќи ги сите пратеници да ги поддржат. „Пратениците на СДСМ и Коалицијата ги поддржуваат барањата на семејствата на загинатите и повредените во Кочани и утре ќе поднесат предлог до Собранието за ...

Пратениците на СДСМ и Коалицијата утре ќе поднесат предлог до Собранието за надзорна расправа и формирање посебна анкетна комисија за целосно и независно испитување на трагедијата во „Пулс“, објави вечерва претседателот на СДСМ Венко Филипче на својот Фејсбук профил. Филипче соопштува дека на денешната координација на пратеничката група на СДСМ и раководството на партијата оцениле дека ова се неопходни чекори. – Пратениците на СДСМ и ...

Дали Вреди ќе добие еден член повеќе или ќе остане со шестмина во Владата, е дел од преговорите меѓу владините партнери, вели министерот за здравство Азир Алиу вечерва во интервју за „360 степени“ на МРТ 1. На прашање за можна ротација на ресори, Алиу додава дека одлуката ќе зависи од лидерите на политичките партии. Прашан можно ли е Беким Сали да биде нов ресорен министер, на пример, за европски прашања, на местото на Орхан Муртезани, и од ...

Под мотото „Протестирам, за семејството, за економијата, за демократијата” албанската опозиција вечерва го одржа првиот, од серијата најавени протести, секој понеделник, за “уривање на нарко режимот”. Протестот се одржа пред владата, во чие обезбедување беа ангажирани голем број полициски службеници а вратите на објектот беа заштитени со метални решетки. Прв говорник, пред поголем број присутни беше лидерот на Демократската партија, Сали ...

Германскиот канцелар Фридрих Мерц ја отфрли опцијата да управува со малцинска влада поради тензиите во неговата конзервативна партија околу предлозите за пензиска реформа, објави ДПА. „Според мене, не доаѓа предвид да преземеме таков чекор. Дали некој верува дека во сегашниот Бундестаг ќе можеме да работиме со променливи мнозинства и дека ќе направиме некаква разумна законодавна работа?“, рече Мерц на економска конференција во Берлин. ...

На денешната седница Извршниот одбор на СДСМ донесе одлука да започне постапка за исклучување од членство член на Советот на општина Карпош, заради непочитување на одлуките и ставовите на СДСМ и работење спротивно на интересите на партијата. Советникот гласаше за изборот на претседател на Советот во Карпош спротивно на партиските одлуки и ставови. Согласно Статутот на СДСМ, непочитување на одлуките, работење и гласање спротивно на интересите ...

Виши суд во Белград денеска објави дека е повторно потврдено обвинението на Специјалното одделение за сузбивање корупцијата на Вишото јавно обвинителство во Белград против раководителот на Српската железничка инфраструктура и двајца членови на Комисијата за технички преглед на железничката станица во Нови Сад. Во соопштението за медиумите, судот потсетува дека обвинението првично било потврдено на 17 април, но дека Апелациониот суд ја ...

Дијана Хрка објави дека го прекинува штрајкот со глад пред собранието на Србија во Белград што траеше 16 денови. „Кога реков дека се оградувам од студентите и граѓаните, ме разбраа погрешно. Се оградив за никој да не штрајкува со мене. Ќе ги повикам студентите и граѓаните на состанок за да се договориме, добив благослов од двајца свештеници да го прекинам штрајкот, од медицинските работници, од децата повик да го прекинам штрајкот со глад. И ...

weather icon

Скопје

11ᴼ / 11ᴼ
1.54
62%
1026
weather icon

Белград

12ᴼ / 10ᴼ
4.12
55%
1026
weather icon

Загреб

12ᴼ / 8ᴼ
1.54
55%
1025
weather icon

Софија

8ᴼ / 5ᴼ
2.57
59%
1026
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
3.12
67%
1028
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 7ᴼ
1.04
59%
1025
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.13
62%
1026
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
2.06
71%
1026
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
0.51
62%
1026
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 6ᴼ
2.06
61%
1029
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 9ᴼ
1.59
45%
1025
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 5ᴼ
4.63
65%
1029
Currency

61.6317

Currency

53.0188

Currency

71.0739

Currency

37.3113

Currency

39.0511

Currency

68.3732

Currency

7.68792

Currency

0.66893

Currency

0.33606

Currency

0.52476

Currency

1.20326

Currency

0.57672

Платина

68963.35

Бакар

11.73

Алуминиум

3.42

Злато

166253.76

Цинк

3.24

Сребро

2711.59

Калај

50.64

Иридиум

231355.22

Родиум

372948.66

Рутениум

47358.05

Паладиум

51794.85

Кобалт

66.14