Со 67 гласови „за”, 13 „против“ и ниту еден воздржан, Собранието на денешната седница ја утврди потребата од донесување по скратена постапка на Предлог законот за изменување на Законот за Владата на Република Македонија, со што законското решение ја помина првата фаза од собраниската процедура. Со ова законско решение се создаваат услови за елиминирање на објективните причини поради кои беше воспоставен моделот на преодна, односно техничка ...

Пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски, денеска во Собранието процедурално реагираше на предлог-законското решение за техничката влада, оценувајќи дека неговото носење по скратена постапка е спротивно на воспоставените принципи и реформската агенда. „Ова законско решение што се предлага излегува од рамките на моделот и начинот на којшто е донесен Законот за Влада и е спротивно на договорениот пристап меѓу политичките партии“, истакна Спасовски. ...

Судскиот совет на Република Северна Македонија на денешната 541. седница го усвои годишниот извештај за својата работа за 2025 година, во кој се нотира зголемена транспарентност, кадровски промени и постапување по претставки и дисциплински постапки. Според извештајот, во 2025 година Судскиот совет одржал вкупно 24 седници и почнал со работа со нов електронски систем за тонско снимање, електронско гласање и директен пренос во живо, со што се ...

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција предупреди дека власта на шверцерски сака да ја укине техничката влада. Филипче посочи дека овој потег на владата на ВМРО е нетранспарентен и спротивен на досегашниот политички консензус и демократските стандарди. „Иако за следниот изборен циклус останува техничката влада, повторно шверцерски се предлага и ќе се сака да се донесе измена во која што техничките министри ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање укажа дека спиралата на раст на цените на сите производи веќе е започната и тешко може да се стопира. Филипче посочи дека владата треба да им помогне на граѓаните со финансиски пакети. „Сметам дека веќе циклусот, спиралата на раст на цените започна и тешко нешто сега може да го стопира.Треба многу радикални мерки да направи владата. Денеска на собраниската седница е на ...

Од 14:05 часот сообраќајот на регионалниот пат Струмица – Валандово се одвива наизменично поради сообраќајна незгода. од АМСМ апелираат возачите да бидат внимателни, да ја прилагодат брзината на движење и да ги почитуваат поставените сообраќајни знаци и насоките од надлежните служби. Фејсбук статус на Strumicko/Струмичко Од 14:05 часот сообраќајот на регионалниот пат Струмица – Валандово се одвива наизменично поради сообраќајна незгода. од ...

Соопштение за јавност на СДСМ „Мицкоски отиде во посета на Виена, главниот град на членка на Европската Унија, и ги навреди домаќините, ја направи Европа „силеџијка“ која врши „булинг“ врз Македонија. Оваа изјава не е само дипломатска катастрофа, таа е срам за целата држава. Вели дека тој „сè направил“, а процесот станал „приказна без крај“. Човекот кој освен конфликти, злупотреба на службена должност и лично богатење не направил ништо на ...

Под покровителство на Министерството за спорт од денеска до 29 април, Скопје ќе биде домаќин на Светското училишно првенство во ракомет за средношколци. Како што информираат од Министерството за спорт, на Светското училишно првенство во ракомет се очекува да настапат околу 1000 млади ракометари и ракометарки – средношколци на возраст до 18 години од целиот свет. Организацијата на ова првенство претставува признание за заложбите на ...

Капитенот на Манчестер јунајтед, Бруно Фернандеш, го сподели своето мислење за значењето на победата од 1:0 над Челзи во 33. коло од Премиер лигата. – Фантастично чувство е. Требаше да се вратиме од заостанувањето – не само поради последниот натпревар против Лидс, туку затоа што имавме два натпревари пред тоа каде што не успеавме да победиме. Сепак, знаевме дека мора да прикажеме квалитетен настап бидејќи Челзи е многу силен тим. Оваа победа ...

Белоруската тенисерка Арина Сабаленка коментираше за добивањето на наградата „Лауреус спортистка на годината“. Церемонијата на доделување награди се одржа вчеравечер во Мадрид, Шпанија. – Воау, спортистка на годината! Има толку многу неверојатни жени во спортот во моментов. Ова признание ми значи многу. Искрено, неверојатно е да го видам моето име покрај спортистките на кои се восхитував толку долго. Благодарам на „Лауреус“ за вашата ...

Таткото на покојната пејачка Ејми Вајнхаус ја загуби битката пред Високиот суд против две пријателки на неговата ќерка, откако десетици нејзини лични предмети беа продадени на аукција. Мич Вајнхаус поднесе тужба против Наоми Пари и Катриона Гурлеј, обвинувајќи ги дека профитирале од предмети продадени на аукции во Соединетите Американски Држави. Адвокатите на Вајнхаус пред судот изјавија дека двете жени „намерно ги прикриле“ продажбите и ...

Мадона нуди награда откако неколку нејзини костими исчезнаа по настапот на музичкиот фестивал Коачела. Поп иконата изјави дека исчезнале јакна, корсет, фустан и други предмети од нејзината гардероба, пишувајќи на Инстаграм доцна синоќа дека бара нивно „безбедно враќање“. Сликите објавени на платформата од страна на Мадона ја прикажуваат пејачката во розови и лаванда модни комбинации. „Ова не е само облека; тие се дел од мојата историја“, ...

Ова освежително смути од јагоди е идеален избор за лесен појадок или здрав десерт. Подготвено со едноставни состојки, нуди природна сладост, свежина и хранливи вредности кои му се потребни на организмот. Совршено е како брза енергетска напивка. Состојки: 15 свежи јагоди 1,5 дл јогурт со мала масленост 1 дл млеко 1 супена лажица мед Подготовка: Јагодите измијте ги темелно и исчистете ги од дршките. Ставете ги во блендер, па додадете ги ...

Кралот на Велика Британија Чарлс Трети упати лична видео-порака во чест на својата мајка, покојната кралица Елизабета Втора, по повод сто години од нејзиното раѓање, во која наведе дека неговата мајка веројатно би била вознемирена од моменталната состојба во светот. Во пораката снимена во Балморал, британскиот крал нагласи дека неговата мајка во текот на животот била сведок на големи промени, но низ сите децении останала постојана и посветена ...

Магарешкото млеко спаѓа во неколкуте најскапи видови на млеко во светот. Моментално, на пазарот има цена од 40 до 50 евра за литар. Магарешкото млеко имало вредност уште кај древните народи, кои го пиеле со задоволство. Старите Римјани ова млеко го сметале за многу луксузен пијалок. Се верува и дека Клеопатра се капела во магарешко млеко, за да ја сочува убавината на својата кожа. Прочитајте неколку факти за магарешкото млеко: 1. Магарешкото ...

Обвинителката од Основното јавно обвинителство-Штип бара казна согласно законот, бидејќи 74 годишниот Денис Асанов ја убил 79 годишната Борјанка Николова, а пак неговата одбрана побара ослободителна пресуда и тврди дека Асанов е невин. Ова се дел од завршните зборови за случајот со убиството на Николова, чиј дел од телото беше пронајдено закопано во дворот на Асанов во Штип. -Врз основа на горе изнесеното во целост ќе се докаже дека ...

Портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, синоќа изјави дека Соединетите Американски Држави никогаш не биле поблиску до постигнување договор со Иран, и покрај неизвесноста околу одржувањето втора рунда разговори. „Соединетите Американски Држави никогаш не биле поблиску до склучување навистина добар договор, за разлика од ужасниот договор потпишан од Барак Обама“, изјави Ливит, алудирајќи на нуклеарниот договор од 2015 година што подоцна ...

Куба потврди дека официјални лица од Хавана и Вашингтон неодамна одржале разговори на островот, во услови на зголемени тензии со САД под претседателот Доналд Трамп. Средба меѓу делегациите на двете земји неодамна се одржа во Куба, изјави Алехандро Гарсија дел Торо, функционер на кубанското Министерство за надворешни работи одговорен за американските прашања, за весникот „Гранма“. Дел Торо не даде детали за разговорите, велејќи дека прашањето ...

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, синоќа упати нови обвинувања кон Соединетите Американски Држави, но не ја исклучи можноста за нова рунда преговори. „Провокациите, заканувачката реторика и континуираните прекршувања на примирјето од страна на САД, особено нападите врз ирански трговски бродови, претставуваат значајна пречка за продолжување на дипломатскиот процес“, изјави Арагчи во телефонски разговор со неговиот ...

Советот на ЕУ денеска ја донесе последната одлука неопходна за воведување на заедничко законодавство со кое се утврдуваат единствени дефиниции за корупција и соодветни казни. Законот ќе стапи во сила 20 дена по објавувањето во Службениот весник на ЕУ, се наведува во соопштението на Советот. Државите-членки на ЕУ ќе имаат рок од 24 месеци за да ги внесат потребните измени во своите национални закони. Новите правила имаат за цел клучните ...

Британската полиција денеска соопшти дека 17-годишно момче е обвинето за подметнување пожар во синагога во северен Лондон за време на викендот, како дел од истрагата за борба против тероризмот. Момчето, британски државјанин, е обвинето за палење без да предизвика смрт и треба да се појави пред Судот за прекршоци во Вестминстер денеска, соопшти полицијата. 19-годишно момче, кое беше уапсено со тинејџерот во неделата е ослободено со кауција, ...

Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска изрази шок и остро негодување поради сметките во износ од десетици илјади евра што една швајцарска болница им ги испратила на семејствата на дел од младите жртви од новогодишниот пожар во Кран-Монтана, нарекувајќи го овој чин „навреда покрај подбивањето“ и „нехумана бирократија“. „Бев шокирана од вестите за сметките во износ од десетици илјади евра што швајцарска болница им ги испратила на ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп, во објава на својата социјална мрежа „Truth Social“ изјави дека „Иран постојано го крши прекинот на огнот“, без да даде дополнителни детали. САД и Иран постигнаа договор за привремено прекинување на огнот додека преговараат за сеопфатен крај на војната. Делегациите од двете страни неодамна се состанаа во Пакистан за да разговараат за условите за прекин на конфликтот, но на крајот не успеаја да постигнат ...

Еврокомесарката за проширување Марта Кос испрати писмо до лидерите на земјите од Западен Балкан, во кое предупредува дека регионот може да изгуби вкупно до 750 милиони евра од Планот за раст доколку не се забрзаат реформите, јавуваат регионалните медиуми. – Минатата недела им пишав на властите во регионот да ги забрзаат реформите, во спротивно нивните граѓани ќе изгубат многу. Планот за раст е строго заснован на акција и има временско ...

НАТО денеска ја критикуваше нуклеарната политика на Русија и на Кина и ги повика двете земји да соработуваат со САД за поголема стабилност и транспарентност, во пресрет на меѓународната конференција. Во соопштението, 32-те членки на Алијансата ја нагласија својата „цврста посветеност на целосна примена“ на Договорот за неширење на нуклеарно оружје, кој е клучен столб на глобалната контрола на вооружувањето од 1970 година. Изјавата е објавена ...

Дигиталните контроли на инспекторите од Независната управа за јавни приходи на Грција (ААДЕ) откриле зголемување на даночно затајување во 2025 година, а просечната стапка изнесува 29,7 отсто, за 2,6 проценти повисока од 2024 година, додека пак на прво место се автосервисите, јави дописничката на МИА од Атина. Според податоците од ААДЕ, што ги објавуваат грчките медиуми, шест од десет сервиси за автомобили и мотоцикли (61 отсто) затајувале ...

Ученици, наставници и друг училишен персонал беа евакуирани од десетици училишта во хрватскиот главен град Загреб поради закани со бомби, објави хрватскиот весник „Јутарни лист“. Наставата беше откажана во овие училишта. Слични закани беа примени и во други градови во регионот на Дубровник. Вчера, повеќекратни закани со бомби беа примени и во училиштата во регионот Сплит-Далмација. По полициска истрага, беше утврдено дека заканите биле лажни, ...

Турските власти приведоа вкупно 110 рудари кои почнаа штрајк со глад пред зградата на Министерството за енергетика во Анкара поради неисплатени плати и надоместоци, објави денеска порталот „Туркиш минит“. Рударите го почнаа својот протест пред девет дена со марш од западниот турски град Ескишехир кон главниот град. По пристигнувањето пред Министерството, тие ги соблекоа маиците и шлемовите, прогласувајќи штрајк со глад, по што интервенираше ...

Земјоделецот Межди Зибери од село Радиовце, општина Брвеница минатата година заедно со неговиот син насадиле 1 ха со аронија. Вели дека идејата е на синот кој е доктор по вокација и точно ги знае придобивките од овој плод и позитивното влијание врз организмот. Садниците ги набавиле од Агро Калишта, се информирале за начинот на садење, за растојанието меѓу садниците и меѓу редовите и какви други агротехнички мерки се потребни. Потенцира дека ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни. Наместа ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се движи од 3 до 9 степени, а максималната од 14 до 21 степен. Во Скопје, во ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
2.0
55%
1012
weather icon

Белград

18ᴼ / 17ᴼ
0.45
88%
1012
weather icon

Загреб

19ᴼ / 19ᴼ
3.36
92%
1013
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
1.02
64%
1013
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
4.32
54%
1009
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 17ᴼ
1.29
90%
1010
weather icon

Атина

23ᴼ / 21ᴼ
2.68
69%
1014
weather icon

Тирана

21ᴼ / 21ᴼ
2.09
65%
1015
weather icon

Подгорица

20ᴼ / 20ᴼ
1.8
60%
1014
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 18ᴼ
4.02
62%
1011
weather icon

Будимпешта

19ᴼ / 18ᴼ
1.34
45%
1012
weather icon

Истанбул

21ᴼ / 18ᴼ
1.78
62%
1014
Currency

61.6417

Currency

53.2547

Currency

71.3983

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Паладиум

40767.15

Родиум

257205.97

Платина

55170.68

Цинк

0.00

Сребро

2186.28

Рутениум

48965.59

Иридиум

253540.09

Бакар

13.01

Алуминиум

3.54

Кобалт

45.39

Калај

53.60

Злато

135639.33