Скопје
12ᴼ /
12ᴼ
Гувернерката на Народната банка на Србија (НБС), Јоргованка Табаковиќ, изјави дека забавувањето на инфлацијата во Србија на 2,8 проценти во октомври оваа година во голема мера е резултат на спроведувањето на уредбата за ограничување на трговските маржи. Таа на презентацијата на извештајот за инфлација изјави дека такви резултати би имало и без таа регулатива, што е во сила од септември, и во наредниот период инфлацијата ќе се движи во рамките ...
Една мигрантка од Кина загина, а седуммина се повредени откако утрово околу 04:20 часот на патот Валандов-Дојран камион со српски регистарски ознаки излетал од коловозорт и се превртел. Како што соопштија од СВР Струмица, во несреќата од здобиени повреди починала мигрантка од Кина, смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош, а телото на почината било предадено на обукција. – Со повреди се здобиле уште седум лица-мигранти од Кина, кои ...
Интернет-гигантот „Клаудфлер“ (Cloudflare) вчера претрпе пад на системот што привремено ги прекина голем број популарни услуги, како што се „Спотифај“, „Чет-ГПТ“,и мрежата „Трут сошл“ на Доналд Трамп. Ова е последниот во низата големи прекини на интернет, откако проблем со „Амазон веб-сервисите“ го наруши секојдневниот живот на милиони луѓе минатиот месец, а неколку дена подоцна и „Азур“ на „Мајкрософт“ падна. Според експертите, ваквите ...
Здружението за градежништво, индустријата на градежни материјали и неметалите при Стопанската комора на Северна Македонија ја одржа својата редовна седница на која беа дискутирани клучните предизвици и можности во секторот, како и насоките за негов понатамошен развој. На седницата, за претседател на Управниот одбор и претседател на Здружението беше реизбран Андреа Серафимовски, член на УО на ГД „Гранит“ АД Скопје.Изборот претставува признание ...
Судијката Диана Груевска-Илиевска, која претседава со судечкиот совет за случајот со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, пред почетокот на првото рочиште порача дека ќе бара дисциплина од сите странки и присутни во судницата, нагласувајќи дека за секое непотребно одлагање ќе следува санкција. Судот, рече Груевска-Илиевска, ќе ја почитува тагата и болката на семејствата на загинатите и повредените, но судот ќе постапува професионално и ќе ...
Реката Пчиња се излеа од коритото кај селата Пелинце и Стрновац, информира Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Куманово. Оттаму известуваат дека од општина Старо Нагоричане информирале дека на подрачјето на село Пелинце, во близина на Меморијалниот центар АСНОМ, како и на локацијата кај бања Стрновац, реката Пчиња се има излеано од своето речно корито за околу 20 сантиметри. -Во моментот, излевањето не зафаќа куќи или викендици. ...
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција, нагласи дека судењето за трагедијата во Кочани е тест за целото општество и затоа мора да се води транспарентно. „Барам и очекувам процесот да се води отворено, транспарентно, пред очите на целата јавност“, рече Филипче. Тој додаде дека родителите на жртвите заслужуваат да ја знаат вистината и правда мора да има. „Ова им го додолжиме ...
Ако ВМРО-ДПМНЕ сметале дека треба да има анкетни надзорни комисии за други трагедии, зошто не ги побарале до сега, зошто ги условуваат со тоа што ние сега го бараме за Кочани, нагласи претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, во одговр на новинарско прашање на денешната прес-конференција. Филипче укажа дека излегуваат на виделина нечесните намери на ВМРО-ДПМНЕ за искривување на вистината. „Видовме како ...
СДСМ будно ќе го прати целот процес на судењето за трагедијата во Кочани и ќе се спротивставиме на секој обид за манипулација или за прикривање на вистината или правдата, порача на претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција. Филипче посочи дека СДСМ нема да се октаже од барањето за поддршка на семејствата и откривање на вистината за трагедијата кога во пожар загинаа 63 млади ...
Пратениците во Унгарија со големо мнозинство изгласаа забрана за култивирано (лабораториски одгледано) месо, и покрај тоа што Европската комисија овој потег го нарече „неоправдан“, а експертите ја доведуваат во прашање неговата законитост. По речиси две години обиди, унгарската Влада успеа во својата намера да забрани прехранбен производ кој сѐ уште не е ниту пласиран на пазарот. Во вчерашното гласање, унгарскиот Парламент ја изгласа ...
Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас вечерва во Брисел ќе биде домаќин на неформална вечера за шефовите на дипломатиите на шесте земји кандидати и потенцијални кандидати за членство во Унијата од Западниот Балкан, соопшти Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС). Вечерата се одржува по вчерашниот „Форумот за проширувањето на ЕУ 2025: Заокружување на Унијата, обезбедување на нашата иднина“, ...
Невремето проследено со обилни дождови и силен ветер, што ја зафати Албанија во последните денови, доведоа до поплавување куќи, евакуација на семејства и прекини во снабдувањто со електрична енергија во повеќе делови во земјата. Министертвото за одбрана соопшти дека поради поплавени домови евакирани се дваесеттина семејства во областа Тат, поради одрони блокирани се повеќе патни правци, а траектот кој сообраќа на релација Анкона – Валона ...
Екипите на јавните претпријатија и Водостопанство Битола од раните утрински часови се на терен поради интензивните врнежи што го зафатија регионот. Со механизација и работници се интервенира на сите критични точки со цел навремено справување со можните последици од обилните дождови. Според градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, ситуацијата засега е стабилна, а активностите ќе продолжат во текот на целиот ден. Тој нагласи дека ...
Основниот кривичен суд Скопје на почетокот на денешното судење за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани одлучи постапката за овој предмет да се спои со постапката против сопственикот на „Рубикон“, агенцијата што ја обезбедувала дискотеката „Пулс“. Во преполната судница во КПУ Идризово, под засилени безбедносни мерки денеска започна судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Покрај обвинетите, присутни се и родни на 63 жртви ...
Две лица со автомобил заглавиле утрово во надојдената вода во село Стрновац во општина Старо Нагоричане поради излевањето на реката Пчиња и создавање на вирови, пожарникарите од општината ги извлекле. – Денеска во 07:35часот по повик од 112 дека има заглавени две лица до бањата во село Стрновац-Општина Старо Нагоричане, поради излевање на реката Пчиња, територијалната противпожарна единица од Старо Нагоричане интервенираше со едно возило и ...
Царинските инспектори од мобилните тимови од Секторот за контрола и истраги на граничниот премин Табановце во текот на вчерашниот ден запленија девизи кои српски државјанин имал намера нелегално да ги изнесе од државава, соопшти Царинската управа. Поради сомневање во изјавата која ја дал патникот дека нема што да пријави и дека со себе носи помалку од 1.000 евра, царинските инспектори извршиле детална контрола на возилото и притоа на ...
Во поројните дождови и свлечишта во изминатите три дена во Виетнам загинаа најмалку 15 лица, а 19 се повредени, соопштија денеска властите. Шест лица загинаа во централен Виетнам во понеделникот кога автобус беше зафатен од свлечиште и затрупан под земја и камења, соопшти Одделот за управување со брани и превенција од катастрофи на земјата. Речиси 20.000 куќи се поплавени, поради што илјадници луѓе мораа да се евакуираат. Нивото на водата ...
Штета на грчкиот државен здравствен фонд во висина од околу 12 милиони евра нанеле 32 лекари и 62 аптеки преку незаконско препишување рецепти, а изречени се казни од 98.500 евра, јави дописничката на МИА од Атина. Од Националната организација за обезбедување здравствени услуги (ЕОПИИ), односно грчкиот државен здравствен фонд соопштија дека на одржаниот состанок, меѓи другото, Управата за фармација ги презентирала резултатите од контролните ...
Собранието ги изгласа измените и дополнувањата на Законот за данок на додадена вредност, со кои се укинува ослободувањето од ДДВ за онлајн пратки со вредност до 22 евра. Целта на овие законски измени се зајакнување на домашната економија, поддршка на локалните компании и создавање нови работни места, посочуваат од Министерството за финансии (МФ). -Спроведувањето на измените се очекува да има директни позитивни ефекти врз економијата и ...
Во преполната судница во КПУ Идризово, под засилени безбедносни мерки денеска започна судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Покрај обвинетите, присутни се и родни на 63 жртви кои го загубија животот во несреќата што се случи на 16 март, претсваници на обвинителството, на одбраната, новинари. Осум месеци по несреќата, на обвинителна клупа седнаа 38 обвинети од кои 35 физички и три правни лица. Меѓу нив има сопственици на локали, ...
Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски, е разочаран од убедливиот пораз (7:1) од Велс синоќа во последното коло од квалификацискиот циклус за СП 2026. По овој пораз жрепката за плејофот, изборен преку Лигата на нации, за пласман на Мундијалот ќе го чекаме од последниот, четврти барабан. – Далеку бевме од нашето вистинско издание, едноставно не бевме на потребното ниво. Потфрливме во многу аспекти, не личевме на ...
Белгискиот пратеник Винсент Ван Квикенборн од редовите на опозициската партија Отворени Фламански либерали и демократи (Опен ВЛД) говори на четири продолженија на седницата на Комисијата за финансии на Претставничкиот дом, во вкупно време траење од 26 часа, во обид да го блокира усвојувањето на Предлог-законот за откривање измами. „Филибастерингот“ на Ван Квикенборн започна на комисиската седница на 21 октомври, по што продолжи на 5 ноември, ...
Кинескиот премиер Ли Чијанг вчера се сретна со рускиот претседател Владимир Путин во Москва, објави денеска државната новинска агенција Синхуа. Ли Чијанг пред Путин истакнал дека решеноста и позицијата на Кина за развој на заемно корисна соработка со Русија се секогаш доследни. Кинескиот премиер на рускиот претседател му пренесе срдечни поздрави и најдобри желби од неговиот кинески колега, претседателот Си Џинпинг. Тој нагласи дека под ...
Американскиот Сенат едногласно го усвои законот, кој претходно го поддржа Конгресот, со кој му се налага на Министерството за правда да ги објави сите истражни досиеја за починатиот сексуален предатор Џефри Епштајн. За наредбата да стапи во сила треба да биде потпишана од американскиот претседател Доналд Трамп, кој претходно најави дека ќе го направи тоа. Претходно, во Конгресот со 427 гласа „за“ и еден „против“ од републиканецот Клеј Хигинс ...
Во собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска продолжува амандамнската расправа за Предлог-буџетот за 2026 година. Поднесени беа 203 амандмани, а неколку беа повлечени од предлагачите од ДУИ. Вчера беа одбиени неколку амандани, а прифатен амандман со којшто за пет милиони денари ќе се зголеми буџетот на Оперативно техничката агенција (ОТА) за нејзино доекипирање. Со Предлог-буџетот за 2026, економскиот раст е проектиран на 3,8 ...
Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО ДООЕЛ Скопје, одржа презентација и јавна расправа за „Правилата за регистрација на учество на пазарот на електрична енергија и уредување на пазарот на билатерални договори“. На настанот беше презентиран и Извештајот за работа на МЕМО за тековната година. На расправата присуствуваа претставници од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, Регулаторната комисија за ...
Времето денеска се очекува да биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено претпладне во југозападните и јужните делови. Се очекува да дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Во Скопје, исто така, најавено е претежно облачно време со повремени врнежи од дожд со послаб интензитет. Се очекува да дува умерен југоисточен ветер. Температурата во главниот град на државата се очекува да се движи меѓу 9 и 14 степени ...
Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска ќе продолжи со спроведување на интервјуата на кандидатите за избор на претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата. Комисијата за селекција на кандидати денеска треба да ги интервјуира Ненад Трифуновски, Благица Трошанска, Кимо Чавдар, Адем Чучуљ, Феузи Џафери, додека вчера беа интервјуирани Весна Доревска, Владимир Наумоски, Антонио Санев, Бранко Смилевски, ...
Во Скопје денеска ќе се одржи Националната тркалезна маса за климатска и еколошка правда, во рамки на Проектот за климатска и еколошка правда на Западен Балкан, на која, според организаторите, ќе учествуваат претставници на правосудни институции, експерти од областа на животната средина, граѓански организации и меѓународни партнери во насока на унапредување на Националниот акциски план за еколошка правда. Главна тема на настанот ќе биде „Како ...
По осум месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, денеска започнува судењето за пожарот што се случи на 16 март годинава и во кој загинаа 63 лица, меѓу кои и деца, а над 200 беа повредени. Првото рочиште е закажано за 9:30 часот во судницата на КПУ Идризово, под засилени безбедносни мерки и присуство на медицински тим. Обвинителниот акт беше поднесен на 13 јуни, а Кривичниот суд го одобри на 3 октомври. Случајот опфаќа 38 ...