Северноирската милитантна група Нова ИРА соопшти дека ќе ги нападне полицајците во нивните домови откако ја презеде одговорноста за автомобил-бомба што експлодираше пред полициска станица во Белфаст за време на викендот, објавија локалните медиуми. Во експлозијата нема повредени, а напаѓачите наводно киднапирале возило за достава и го принудиле возачот да го вози до станицата. Групата соопшти дека планирала да нападне полицајци што го ...

Денвер нагетс ја победи Минесота дома во четвртиот натпревар од првото коло од плејофот на НБА со 125:113. Центарот на Нагетсите, Никола Јокиќ, оствари трипл-дабл со 27 поени, 12 скока и 16 асистенции. Во победничкиот тим се истакнаа и Мареј со 24 и Џонс со 20 постигнати поени. Кај Минесота најефикасни беа Рендл (27 поени), Досунму (18), Хајленд (15) и Шенон (15). Резултат во серијата прв до четири победи е 3:2 за Минесота која на овој ...

ФИФА има намера да ги промени правилата за дисквалификација од жолти картони за финалниот турнир на Светското првенство во 2026 година, објави „Би-би-си“. Според британскиот сервис, планирана е втора рунда на амнестија, со која ќе се исчистат сите жолти картони на крајот од групната фаза и по четвртфиналето. Според сегашните правила, тимот мора да одигра пет натпревари за да стигне до четвртфиналето, а секои два жолти картони во овие ...

Белоруската тенисерка Арина Сабаленка коментираше за стомачниот вирус што ги принуди неколку играчи да се повлечат од турнирот во Мадрид. Според прелиминарните извештаи, тие можеби биле отруени од такос со ракчиња. -Досега кај мене сè е во ред. Слушнав дека треба да ги избегнувам тие такос. Се држам до истата диета, истите јадења што ги јадев од почетокот на турнирот – пилешки гради, ориз и салата, изјави Сабаленка за „ESPN“. Дваесет и ...

28/04/2026 03:37 - Бриф

Домашниот џем од јагоди е вистинско уживање – миризлив, вкусен и совршен за појадок или десерт. Со неколку едноставни состојки и малку трпение, можете да подготвите природен џем. Состојки: 2 кг јагоди 600 грама шеќер ½ кесичка лимонтус 1 ванилин шеќер Подготовка: Јагодите измијте ги, исчистете ги и исечете ги на парчиња. Ставете ги во поголем сад и додадете го шеќерот. Варете ги на тивок оган околу 30 минути, со повремено мешање. За време на ...

Како да се стане успешен во свет преполн со информации и постојани одвлекувања на вниманието? Според Џеф Безос, еден од најбогатите луѓе во светот, одговорот е изненадувачки едноставен и започнува уште во првиот час по будењето. Тој го нарекува тоа „правило на првиот час“ – време без бучава, без телефон и без преплавување со информации, во кое умот добива простор да се разјасни, да истражува и да учи. Наместо бесконечно скролање по содржини, ...

Вештачкото осветлување ноќе го нарушува природниот биолошки ритам на телото и може значително да го зголеми ризикот од смрт кај цицачите, според ново истражување од Универзитетот на Тел Авив, цитирано од израелската новинска агенција ТПС. Наводите даваат некои од најјасните докази досега за штетните влијанија од светлосното загадување. И ниските нивоа на вештачка светлина, се вели, споредливи со обичното улично осветлување, можат да го ...

„Рекордот за најдолгото тирамису на светот е соборен во Лондон. Сто италијански готвачи во градската куќа во Челзи, се здружиле да направат доволно долго тирамису за да го надмине претходниот рекорд кој го постави компанијата Галбани (Galbani) во Милано, кој изнесувал 273,5 метри“, пренесе ББС. Во согласност со правилата на Гинисовата книга на рекорди, рекордниот тирамису колач бил подготвен на самото место, а биле искористени 50.000 бисквити ...

Американската технолошка компанија „Опен-АИ (OpenAI)“ објави дека го прекинува ексклузивниот пристап што технолошкиот гигант „Мајкрософт (Microsoft)“ го имаше до нејзините ВИ-модели. Ова отвора можност за проширување на својот бизнис на платформите на други конкуренти, вклучувајќи ги „Амазон (Amazon)“ и „Гугл (Google)“. По објавата, акциите на „Мајкрософт“ паднаа за околу еден отсто, бидејќи инвеститорите ја оценија одлуката како можно губење ...

Секторот за компјутерски криминал при Министерство за внатрешни работи, постапувајќи по информации добиени од ФБИ, спровел координирана истрага за нелегален онлајн пазар познат како „OLVX“, при што во полициска акција во тетовското село Голема Речица се приведени две лица осомничени дека биле администратори на платформата. Според информациите од истрагата, онлајн пазарот бил активен од јули 2023 година и функционирал преку повеќе интернет ...

Фирма од Гостивар на која и била одземена лиценцата за работа, бесправно им наплатила на станари 208.500 денари за реновирање и уредување на внатрешни простории во зградата. Како што соопшти МВР, поднесена е кривична пријава не само против правниот субјект, туку и против В.Д.(44) од Гостивар кој неовластено се послужил со паричните средства. -СВР Тетово поднесе кривична пријава против правен субјект од Гостивар и В.Д.(44) од Гостивар поради ...

Американскиот државен секретар, Марко Рубио, ја спореди блокадата на Ормуската Теснина од страна на Иран со „економско нуклеарно оружје“. Во интервју за „Фокс њуз“ синоќа Рубио рече дека блокадата на клучната поморска рута покажува зошто на Иран не треба да му се дозволи да се здобие со нуклеарно оружје. „Теснината е еквивалент на економско нуклеарно оружје што тие се обидуваат да го користат против светот, и тие се фалат со тоа“, рече тој. ...

Напаѓачот кој во неделата се обиде да влезе на вечерата на дописниците од Белата куќа е обвинет за обид за атентат врз американскиот претседател Доналд Трамп, соопшти Министерството за правда на Соединетите Американски Држави. Осомничениот, 31-годишниот Кол Томас Ален од Калифорнија, се соочува и со две федерални обвиненија – употреба на огнено оружје при извршување насилно кривично дело и транспорт на оружје и муниција преку државни граници ...

Меѓународната поморска организација изрази загриженост поради тешката состојба во која се наоѓаат околу 20 илјади морнари заглавени на бродови во регионот на Персискиот Залив. Генералниот секретар на Специјализирана агенција на Обединети нации задолжена за безбедноста на меѓународниот поморски сообраќај (ИМО), Арсенио Домингез, изјави дека бродскиот транспорт и морнарите не смеат да бидат користени како инструмент во геополитички конфликти. ...

Британскиот крал, Чарлс Трети, денеска ќе се обрати пред американскиот Конгрес, при што се очекува да ја нагласи важноста на одбраната на демократските вредности и зајакнувањето на трансатлантското партнерство. „Би-Би-Си“ објави дека се очекува британскиот крал во својот говор пред американските пратеници да нагласи дека во време на глобални предизвици, соработката и зачувувањето на вредностите на слободата, толеранцијата и еднаквоста се ...

Масовниот убиец Андерс Бејринг Брејвик, осуден за терористичките напади во Осло и на островот Утоја во 2011 година, повторно го променил своето име во националниот регистар. Норвешките медиуми објавуваат дека Брејвик во 2017 година го променил името во Фјотолф Хансен, а според официјалните записи минатата година повторно го сменил во Фар Скалдигримр Раускјолдр аф Нортрики. Брејвик во 2012 година беше осуден за терористичките напади во ...

Австралиската влада предложи нов данок на дигиталните платформи Мета, Гугл и ТикТок, така што дел од нивните приходи ќе бидат насочени кон финансирање на редакциите и поддршка на медиумската индустрија. Според нацрт-законот што треба да биде испратен во парламентот до 2 јули, големите технолошки компании ќе бидат обврзани да платат надомест или да склучуваат комерцијални договори со медиумски организации за користење и дистрибуција на ...

Американскиот претседател Доналд Трамп не е задоволен од иранскиот предлог за завршување на војната бидејќи тој не го вклучува прашањето за нуклеарната програма на Иран – изјави американски официјален претставник. Најновиот ирански предлог предвидува одложување на дискусијата за нуклеарната програма на Иран додека не заврши војната и не се решат споровите за поморскиот сообраќај од Персискиот Залив. САД веруваат дека нуклеарните прашања мора ...

Во дводневна посета на Србија од денеска ќе биде претседателот на Швајцарија Ги Пармелан каде домаќин ќе биде претседателот Александар Вучиќ. Двајцата претседатели ќе присуствуваат на потпишувањето на Договорот за Швајцарско-српската програма за иновации. Амбасадорката на Швајцарија во Србија, Ан Лугон-Мулен изјави дека Пармелан доаѓа, меѓу другото, за да започне нова стратегија за соработка меѓу двете земји за следните четири години со ...

Маж вооружен со ловечка карабина, претпладнево влетал во објект на Националниот фонд за социјално осигурување на Грција (ЕФКА) во атинската населба Керамикос, при што пукал и ранил вработен во службата, јави дописничката на МИА од Атина. Службеникот е повреден во пределот на нозете, полицајците му укажале прва помош и бил пренесен во болница. Во тек е полициска акција во објектите на ЕФКА и поширокиот регион за пронаоѓање на сторителот. ...

Намалување за 11,7 отсто на продажбата на весници во Грција е регистрирано во 2025 година споредбено со една година претходно, а континуиран пад бележи продажбата од 2020 година, кога биле продадени над 38 милиони примероци, наспроти 21,8 милиони лани, покажуваат официјалните податоци од грчката Служба за статистика, јави дописничката на МИА од Атина. Кај политичките весници, што се со најголем тираж, лани намалувањето било за 11,2 отсто, на ...

Советот за безбедност и здравје при работа денеска во Скопје организира настан по повод Светскиот ден за безбедност и здравје при работа, поддржан од проектот „Кон безбедна и здрава работна средина во Северна Македонија“. Целта на проектот е намалување на повредите и заболувањата на работните места преку зајакнување на законската и регулаторната рамка, модернизација на трудовата инспекција, воспоставување национален информациски систем за ...

Наставно-научниот кадар на секоја од единиците во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, денеска од 12 до 14 часот со тајно гласање ќе избира помеѓу двајцата кандидати за нов ректор на УКИМ – Биљана Ангелова и Дарко Данев. Тие се кандидираа на огласот за ректор на Универзитетот, за мандатниот период 16 септември 2026 – 15 септември 2029. Проф. д-р Биљана Ангелова, која е во трка за втор мандат за ректор, е кадар од ...

Министерството за внатрешни работи информира дека денеска со почеток во 12:00 часот пред Собрание на Р.С.Македонија, на улица 11 Октомври од страна на група граѓани ќе се организира протест како израз на незадоволство поради постапувањето на Управа за јавни приходи (УЈП) во врска со барање данок за приходи остварени во странство, и доколку има потреба сообраќајот ќе биде пренасочен по околните сообраќајници. Од тие причини СВР Скопје – ...

Последните официјални податоци покажуваат сериозна и загрижувачка состојба на Буџетот. Дефицитот на Буџетот веќе достигна 408 милиони евра. За само три месеци се реализирани дури 63% од вкупно планираниот дефицит за целата година. Директен демант на бајките на Мицкоски дека сме „трета еконмија“ во Европа. Дополнително алармантно е што кај приходната страна реализацијата е едвај околу 20%. Овие бројки се јасен показател за неспособноста на ...

Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Куманово во текот на вчерашниот ден интервенирала на два пожара на отворен простор. Првата интервенција била во селото Ваксинце, каде од 15:15 до 23:40 часот со едно противпожарно возило и четворица пожарникари гаснеле опожарена борова и ниска дабова шума, соопшти денеска РЦУК Куманово. Од Шумско стопанство Куманово информираат дека од 13:20 часот нивни екипи со четворица шумари биле ангажирани на ...

Обдукцијата на 59 жртви на пожарот во дискотеката “Пулс” во Кочани покажува дека нивната смрт е насилна и настапила како резултат од труење со јаглероден моноксид. Кај пет од жртвите, обдукциското мислење од Институтот за судска медицина, исто така, констатира насилна смрт, но која настапила од задушување од притисок врз градниот кош или како резултат на недостиг на воздух и кислород во околната средина. Обдукцијата на три од жртвите кои ...

Одбраната на првообвинетиот за пожарот во Кочани, сопственикот на изгорената дискотека Пулс, Дејан Јованов Деко, пред почетокот на денешното рочиште за пожарот, во судницата во „Идризово“ до судот достави дополнителна медицинска документација за нарушената здравствена состојба и побара замена на притворот со куќен притвор. На ваквото барање од одбраната со негодување реагираа родителите на жртвите кои го следат процесот во судницата. ...

Премиерот Христијан Мицкоски многу сака да ја негира реалноста, да ја прикаже поинаку, ама очигледно е дека не може. Вели дека не знае за изјавите на известувачот и европратеник Вајц и дека Извештајот е „комплетен антипод“ на она што навистина се случува. Вајц експлицитно вели дека не гледа сериозна посветеност на Владата за реформите, особено во владеење на правото, со директна оценка дека „во последната година не видовме никаков напредок во ...

Со завршни зборови на странките, денеска во Основниот кривичен суд Скопје продолжи судењето против Стојанче Јовановски, на кое Обвинителството побара максимална казна за обвинетиот, оценувајќи дека во постапката е докажан континуитет на физичко, психичко и економско насилство врз Ивана Јовановска, кое, според обвинението, кулминирало со трагедијата на 2 март годинава, кога таа и нејзината шестгодишна ќерка Катја го загубија животот. ...

Цезар салата

51 минута - МИА
weather icon

Скопје

27ᴼ / 27ᴼ
1.06
32%
1011
weather icon

Белград

31ᴼ / 29ᴼ
3.65
46%
1007
weather icon

Загреб

24ᴼ / 24ᴼ
3.21
57%
1008
weather icon

Софија

25ᴼ / 25ᴼ
1.85
47%
1012
weather icon

Сараево

28ᴼ / 28ᴼ
3.3
42%
1010
weather icon

Љубљана

26ᴼ / 24ᴼ
1.79
54%
1009
weather icon

Атина

27ᴼ / 25ᴼ
3.58
56%
1013
weather icon

Тирана

26ᴼ / 26ᴼ
1.64
50%
1014
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
2.88
49%
1014
weather icon

Букурешт

28ᴼ / 27ᴼ
6.26
41%
1009
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 21ᴼ
3.13
64%
1010
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 23ᴼ
0.61
57%
1013
Currency

61.6417

Currency

53.2547

Currency

71.3983

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Родиум

257205.97

Злато

135639.33

Паладиум

40767.15

Иридиум

253540.09

Алуминиум

3.54

Платина

55170.68

Бакар

13.01

Калај

53.60

Цинк

0.00

Рутениум

48965.59

Сребро

2186.28

Кобалт

45.39