Скопје
15ᴼ /
15ᴼ
Предлогот на САД за запирање на војната во Украина може да вклучува делови што се засноваат на украинските перспективи и се од клучно значење за украинските национални интереси, изјави денеска претседателот на земјата, Володимир Зеленски. „Веќе имаме кратка информација од членовите на делегацијата за резултатите од првиот состанок и првите преговори“, напиша Зеленски на „Х“ за разговорите со ЕУ и САД во Женева. -Работата продолжува за ...
Европските земји презентираа ревидирана верзија на американскиот план за Украина со која се зголемува предложената големина на вооружените сили на земјата и разни територијални отстапки, според документ што денеска го виде Ројтерс, пренесуваат агенциите. Контра-предлогот е изготвен од таканаречените европски сили Е3 – Велика Британија, Франција и Германија – изјави извор запознаен со документот. Документот се темели на американскиот предлог, ...
Поранешниот генерален директор на Радио и телевизија на Црна Гора, Божидар Шундиќ, загина во сообраќајна несреќа во Никшиќ. Шундиќ беше на чело на РТЦГ од 2018 до 2021 година. Полицијата потврди за Радио Телевизија Црна Гора дека возилото во кое се наоѓал Божидар Шундиќ е пронајдено во близина на Никшиќ. Се претпоставува дека Шундиќ доживеал срцев удар додека возел. Полицијата сè уште не дала официјална изјава, според РТЦГ. Божидар Шундиќ е ...
Блокади низ цела Грција почнувајќи од 30 ноември со постепено проширување до 5 декември на различни локации во земјата одлучија грчките земјоделци на денешниот состанок одржан во близина на Лариса, јави дописничката на МИА од Атина. На состанокот свикан од Грчкиот координативен комитет за блокади присуствувале претставници на земјоделски здруженија од цела Грција со цел да го финализираат временскиот план на протестите и начинот на ...
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска изјави дека утре ќе разговара телефонски со рускиот претседател Владимир Путин за оживување на „житниот коридор“ преку Црното Море, објавува турскиот весник Хуриет. „Се обидуваме да разбереме како ќе заврши оваа ситуација, како можеме да постигнеме мир. Ќе разговарам со Путин по телефон утре“, изјави Ердоган за новинарите по самитот на Г20 во Јужна Африка. Тој рече дека напорите на Турција за ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека Украина не изразила никаква благодарност за напорите на САД. -„Лидерството“ на Украина изрази нулта благодарност за нашите напори, а Европа продолжува да купува нафта од Русија. САД продолжуваат да продаваат огромни количини оружје на НАТО, за дистрибуција во Украина (измамникот Џо даде сè, бесплатно, вклучително и „големи“ пари), напиша Трамп на платформата „Truth social“. Тој ја ...
Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска изјави дека не е убеден оти решение прифатливо за Украина ќе се најде до рокот што го постави американскиот претседател Доналд Трамп врз основа на предлогот за мировен план на САД, објавува британскиот весник „Гардијан“. Тој оцени дека договорот е сè уште „многу далеку“. -Денеска е недела. Планот на претседателот Трамп е да се постигне договор во четврток. Тоа не значи дека е целосно невозможно… Но, ...
Руската армија соопшти дека освоила три градови во источна Украина, додека во Женева се одржува средба помеѓу високите претставници на САД и на Украина, на која присуствуваат и советниците за национална безбедност на Франција, Велика Британија и Германија, за мировниот план на американскиот претседател Доналд Трамп. Во соопштението на руското Министерство за одбрана се наведува дека се заземени градот Петривск во Доњецката област и Тиху и ...
Шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто денеска изјави дека лидерите не Европска Унија се обидуваат да го поткопаат мировниот план на САД за Украина и да ги принудат Украинците да ги продолжат воените дејствија против Русија. Според него, таквиот став на ЕУ може да доведе до трета светска војна. – Претседателот на САД, Доналд Трамп вложува напори за мир. Ние, Унгарците, ги поддржуваме, а Брисел и западните Европејците се обидуваат да ги ...
Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен, денеска изјави дека ЕУ мора да игра „централна улога“ во обезбедувањето мир во Украина и дека ова е еден од главните елементи за „праведен и траен мир и суверенитет на Украина“. Делегација од Украина, европски безбедносни претставници и американска делегација предводена од државниот секретар Марко Рубио денеска се среќаваат во Женева за да разговараат за неодамна протечениот ...
Планот е да има две пруги на релација Север-Југ. Сегашната пруга ќе се користи и ќе се исправат кривини на места каде е возможно за да се забрза сообраќајот, а втората ќе се гради колку што е можно поблизу до сегашната за што веќе се работи на испитување, вели директорот на ЈП Железници Инфраструктура, Синиша Ивановски во неделното интервју за Радио Слободна Европа. “ Нашиот план има две компоненти. Првата е да ја задржиме постоечката пруга ...
Две недели по мега-скандалот за ИПАРД, наместо да даде одговор на клучните прашања, министерот Трипуновски бега од одговорност, бега од вистината за суспензијата на парите а бега и од одговори, рече на прес конференција портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска. Еве што пратил Трипуновски на официјалното писмено барање за информаци со ИПАРД скандалот. Погледнете го овој срам. Нема ниту збор за причините, нема ништо за времетраењето на ...
Сметаме дека ова е само уште еден измислен изговор да не продолжат реформите и да не продолжи европскиот пат на земјата, рече портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска во одговор на новинарско прашање за ставовите на власта дека ќе бара нов протокол. „Граѓаните чекаат владата да направи исчекор кон европскиот пат на земјата и да испорача реформи. Граѓаните се веќе уморни од нови празни зборови. Велеа дека можат да обезбедат подобар договор со ...
Водостоите на речните текови во земјава денеска се значително повисоки од просекот за месец ноември, покажуваат податоците на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Единствено кај реката Брегалница во Берово е измерен водостој понизок од просекот – 12 сантиметри, наспроти вообичаените 22. Кај останатите реки се бележат зголемувања. Вардар кај Јегуновце и кај Велес има двојно повисоки вредности од просекот, додека кај Треска во ...
Скандалот со приведувањето на српскиот пејач Аца Лукас и одговорите на градоначалникот Митко Јанчев потврдуваат дека на концертот имало преку 700 луѓе во локал кој по закон не смеело да има ниту 200. Ова значи дека и полицијата на Тошковски и општината на Јанчев знаеле за концертот, знаеле дека нема безбедносни услови тој да се одржи и ништо не презеле, дозволиле истиот да се случи, а дури во текот на настанот да биде прекинат. МВР, Тошковски ...
Владата категорично ги отфрла тврдењата на опозицијата за наводна нетранспарентност околу скандалот со ИПАРД програмата. -Апсолутно го отфрлам ова тврдење дека се крие нешто во однос на таа постапка. Знаете дека сме максимално транспарентни, изјави на денешната прес-конференција портпаролката Марија Митева, одговарајќи на новинарски прашања. Таа дополни дека очекува Министерството за земјоделство и сите надлежни институции, вклучително и ...
Во еден двор во Врање, темноцрвена роза цвета дури и во средината на ноември, додека другите сорти одамна ја завршија својата сезона. Иако есента полека се претвора во зима, кралицата на цвеќињата повторно покажува колку природата може да изненади. Тие цветаат и мирисаат. Розата е кралица на цвеќињата, велат градинарите и оние кои се специјализирани за хортикултура, а црвена роза сè уште цвета во еден двор во Врање. Пупки во средината на ...
По обилните дождови кои ја погодија целата територија на Албанија, поплавени се околу илјада домови и над 1500 хектари земјоделско земјиште, евакуирани се стотина семејства, оштетени мостови а регистрирана е и една жртва. Министерот за одбрана, Пиро Венгу, од Мобилниот центар за цивилни вонредни состојби при Националната агенција за цивилни вонредни состојби, го објави прелиминарниот преглед на ситуацијата. -До сега најпогодени се регионите ...
Основното јавно обвинителство Гевгелија соопшти дека е донесена Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице осомничено за кривично дело „Полов напад и силување“. Според обвинителството, постои основано сомнение дека на 19 ноември осомничениот, со употреба на сила и спротивно на јасно изразената волја на оштетената, ја принудил на сексуален однос. -Жртвата, со која претходно биле во подолга врска која таа ја прекинала, ја ...
Пратеникот на СДСМ и поранешен министер, Љупчо Николовски, реагира на срамниот одговор на министерот Трипуновски за скандалот со суспензијата на ИПАРД средствата, кој воопшто и не содржи никакви информации ниту пак одговори. „Срамен и скандалозен „одговор“ добив од Министерството и Министерот во заминување на моите официјални барања. Барања во кои побарав јасно и конкретно: * причините за суспензијата на ИПАРД, * времетраењето на блокадата, * ...
Од утрово од 06:40 часот сообраќајот на магистралниот пат А2 Крива Паланка – ГП Деве Баир е нормализиран, соопшти АМСМ. Претходно, од 05:05 часот сообраќајот на магистралниот пат А2 Крива Паланка – Деве Баир беше во прекин поради одрон. АМСМ додава дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози и потсетува дека од 15 ноември почна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во ...
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп синоќа соопшти дека Јужна Африка одбива да овозможи непречен премин на претседателството на Групата 20 водечки економии (Г20), што беше предвидено да биде предадено на САД. – Претседателот на Јужна Африка, Сирил Рамафоса инсистираше на усвојување декларација од страна на лидерите на Г20 за климатската криза и другите глобални предизвици и покрај конзистентните и силни приговори од ...
Високи претставници на САД и на Украина, како и советниците за национална безбедност на Франција, Велика Британија и Германија денеска во Женева, Швајцарија ќе разговараат за мировниот план на американскиот претседател Доналд Трамп за Украина. Новоименуваниот специјален пратеник за промоција на мировниот план за завршување на војната во Украина, Даниел П. Дрискол веќе пристигна во Женева, а се очекува да пристигнат и специјалниот пратеник ...
Шест авиокомпании вчера ги откажаа летовите за Венецуела откако САД ја предупредија цивилната авијација за „зголемување на воените активности“ при распоредувањето на американски сили во Карипско Море, соопшти Синдикатот на авиокомпаниите. – Шпанската авиокомпанија Иберија, португалската ТАП, колумбиската Авијанка, Карибиан од Тринидад и Тобаго, бразилската ГОЛ и чилеанската Латам ги откажаа своите летови, соопшти Здружението на венецуелски ...
Како резултат на напад од украински дрон, избувна пожар во државната електрана Шатура, која се наоѓа на 130 км од центарот на Москва, објави агенцијата Интерфакс. „Утрово беше извршен напад со беспилотни летала врз електраната Шатурин во државниот округ. Некои од беспилотните летала беа уништени од силите за противвоздушна одбрана, а неколку делови паднаа на територијата на електраната. Во зградата избувна пожар, кој е локализиран, а службите ...
Тропскиот циклон синоќа остави илјадници жители на австралиската Северна Територија без електрична енергија. Бурата од трета категорија Фина, синоќа со брзина на ветерот од 205 километри на час се оддалечи од главниот град на Северна Територија, Дарвин, оставајќи домови и патишта под вода. Во март, тропскиот циклон Алфред ја погоди соседната држава на Северна Територија, Квинсленд поради што стотици илјади луѓе останаа без електрична ...
Виетнамската влада соопшти дека 186.000 домови биле оштетени низ целата земја, а повеќе од три милиони домашни животни биле проголтани од поплавите. Службениците проценуваат дека штетата е во вредност од стотици милиони фунти. Планинската покраина Дак Лак е силно погодена, со повеќе од 60 смртни случаи од 16 ноември, според новинската агенција АФП. Поплавите се најновиот екстремен временски настан што го погоди Виетнам во последните месеци, ...
Сè повеќе млади луѓе, свесни за етика и животна средина, одбиваат да користат генеративна вештачка интелигенција. Тие се нарекуваат „AI вегани“ и го предводат движењето против ChatGPT и слични технологии. За Белa, последниот поттик да се откаже дојде од видео играта Warframe. „Сите во мојот тим имаа само три дена да подготват свое уметничко дело. Бев нервозна, но решена. Сè додека натпреварот не прифати дело создадено од AI. Ако тоа не беше ...
Ролат обланда со крем банани е десерт кој носи насмевка на лицата и на младите и на старите. Ова едноставно, но вкусно бомбониче брзо ќе го освои вашето срце, а најмладите го обожаваат поради совршената комбинација од кремаст ентериер и омилени банани. Не ви треба многу време ниту состојки за да го подготвите овој деликатес, а ефектот е секогаш ист – уживање во секој залак. Идеална е за сите пригоди, без разлика дали имате гости или ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. На повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени. Во Скопје, променливо облачно, со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер. Минималната ...