Скопје
27ᴼ /
27ᴼ
Основниот кривичен суд Скопје ја осуди на десет месеци затворска казна Јасмина Костадинова, соработничка во Министерството за земјоделство, која призна вина за примање награда од 2 000 евра, за случајот за злоупотреба на ИПАРД фондовите. Во казната затвор на Костадинова, која е една од деветмината обвинети кои требало да помогнат фирма која не била меѓу рангираните да земе пари од европските ИПАРД фондови, и се пресметува и времето поминато ...
МВР соопшти дека е поднесена кривична пријава против четири малолетнички за насилството врз девојче во Ѓорче Петров. Во текот на утрешниот ден, СВР Скопје ќе поднесе кривична пријава и против родители на инволвираните малолетници. -На 29.04.2026 Единицата за внатрешни работи Ѓорче Петров при СВР Скопје до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против четири малолетнички (една 17- годишна и три 14-годишни) сите од Скопје, поради основи на ...
Екипата на Интер ја освои титулата во италијанското првенство откако синоќа во дуелот од 35.коло на домашен терен ја совладаа Парма со 2:0. На тој начин стигнаа имаат 12 бода повеќе од второпласираниот Наполи на три кола до крајот на шампионатот. Водечкиот гол за Интер во 45+1.минута го постигна Маркус Турам на асистенција на Пјотр Зелински, додека конечните 2:0 ги постави Хенрик Мхитарјан во 80.минута. Интер има 82 бода, пред Наполи со 70 и ...
Елиминацијата во првото коло од плеј офот во НБА во екипата на Денвер отвори многу прашања за екипата. Тимот од Колорадо загуби од Минесота и тоа е причина дополнително да се размислува за „освежување“ на составот. Екипата не ги искористи добрите „бројки“ на Никола Јокиќ. Според вестите од американските медиуми, договорено е тренерот Дејвид Аделман да остане на позицијата, а како втора работа е останување на Јокиќ. Тој во јули ќе може да ...
Ракометарите на Вардар утревечер ги очекува реванш четвртфиналето од Лига Европа против францускиот Монпелје. Противникот го доби првиот дуел со 33:23, што значи дека „црвено-црните“ ќе имаат исклучително тешка задача за да изборат пласман на Ф4 турнирот. Тренерот на Вардар, Иван Чупиќ, кој е прва сезона на клупата на Вардар, на прес конференцијата изјави: – На првиот натпревар имавме и добри и лоши моменти. Бевме дисциплинирани во првиот ...
Британската рок-група „Ролинг стоунс“ официјално го потврди нивниот нов музички проект, т.е. излегувањето на албумот „Foreign Tongues (странски јазици)“. Ова доаѓа по месеци на навестување од страна на бендот, преку мистериозни билборди и објави, што предизвика гласини дека бендот ќе издаде нов албум – нивен прв по „Hacney Diamonds“ награден со „Греми“ во 2023 година. Членовите на рок-составот, Мик Џегер, Рони Вуд и Кит Ричардс ги споделија ...
Брзи и вкусни лепчиња, кои во комбинација со хумус и зеленчук се одлични за појадок. Состојки: 250 грама маргарин 500 грама брашно 2 дл бело вино 1 дл масло 2 лажички сол 100 грама пржен сусам 100 грама пржен лен 100 грама излупен и пржен сончоглед 1 + 1 јајце (едното за тесто, другото за премачкување) 1 кесичка прашок за пециво Подготовка: Измешајте ги сите горенаведени состојки и замесете го тестото. Оставете го во фрижидер 1 час. Потоа ...
Трговецот на мало со видеоигри „Гејмстоп (GameStop)“ вчера објави понуда за преземање на многу поголемата интернет-продажна платформа „И-беј (eBay)“. – Понудата е вредна околу 56 милијарди долари во готовина и акции… Намерата е да го користиме „И-беј“ за изградба на многу посилен конкурент на „Амазон (Amazon)“. Понудата претставува премија од приближно 20 насто во однос на цената на затворање во петокот, изјави извршниот директор на ...
Соединетите Американски Држави денеска ќе почнат иницијатива за помош на пловилата заглавени поради блокадата на Ормуската Теснина, изјави американскиот претседател Доналд Трамп, додавајќи дека земјите од целиот свет побарале помош. Пишувајќи на својата платформа „Truth Social“, Трамп наведе дека Вашингтон ги информирал тие земји дека безбедно ќе ги води нивните бродови надвор од блокираните водни патишта „за да можат слободно и способно да ...
Украински дрон погоди станбена зграда во близина на центарот на Москва рано утрово, изјави градоначалникот на градот, неколку дена пред воената парада на Денот на победата во Русија. Градоначалникот Сергеј Собјанин изјави на Телеграм дека нема повредени. Оштетената зграда, опишана од Киев Индепендент како луксузна висока зграда, се наоѓа во западниот дел од главниот град, каде што се наоѓаат и неколку амбасади. Два други украински дрона беа ...
Три лица починаа, а три други се заразени во сомнителна епидемија на хантавирус на мал крузер во Атлантикот, соопшти вчера Светската здравствена организација (СЗО). СЗО на Х објави дека еден пациент е на интензивна нега во Јужна Африка. Двајца од починатите се холандски државјани, според холандското Министерство за надворешни работи. Хантавирусот кај луѓето може да предизвика треска и тешки респираторни заболувања. Инфекцијата обично се ...
Француската Влада одобри демонтирање на затворената нуклеарна централа Фесенхајм во близина на германската граница, откако вчера во службениот весник беше објавен декрет со кој се овластува енергетската компанија ЕДФ да почне со процесот. ЕДФ соопшти дека набрзо ќе почне со работа на проектот, кој ќе се спроведува во четири фази, додавајќи дека подготвителните работи се во голема мера завршени. Централата, лоцирана јужно од југозападниот ...
Францускиот претседател Емануел Макрон денеска повика на заедничко отворање на Ормуската Теснина со договор меѓу Иран и САД. Во изјава пред почетокот на Самитот на Европската политичка заедница (ЕПЗ) во Ереван, Макрон ја отфрли можноста за какво било учество на Франција во „Проектот Слобода“ што синоќа го објави американскиот претседател Доналд Трамп за враќање на слободата на пловидба во Ормуската Теснина, објави телевизијата БФМ. „Нема да ...
Обединетата команда на вооружените сили на Иран упати предупредување до Морнарицата на САД да не влегува во Ормуската Теснина, во соопштение објавено од државните медиуми во земјата. Предупредувањето доаѓа како реакција на операцијата најавена од САД за ослободување на бродовите кои се блокирани во теснецот. „Повеќепати изјавувавме дека безбедноста на Ормуската Теснина е во наши раце и дека безбедното поминување на пловилата мора да биде ...
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, денеска по пристигнувањето на Самитот на Европската политичка заедница (ЕПЗ), во главниот град на Ерменија, Ереван, изјави дека ќе се разговара за независна Европа и дека Стариот континент треба да ја намали прекумерната зависност во енергетиката, одбраната, безбедноста и во синџирите на снабдување. Осмиот самит на ЕПЗ започнува денеска во Ереван и ги собира лидерите на 48 земји, а ...
Европските земји уверуваат дека ја разбрале пораката на американскиот претседател Доналд Трамп и дека гарантираат спроведување на договорите за користење на воените бази, изјави денеска генералниот секретар на НАТО, Марк Руте. Трамп обвинува некои членки на НАТО дека не прават доволно за да ги поддржат Соединетите Американски Држави во војната со Иран. – Да, постои одредено разочарување од американска страна, но Европејците ја примија ...
Кол Томас Ален, осомничен за пукањето за време на свечената вечера на Здружението на дописници на Белата куќа, повеќе не е под надзор поради ризик од самоубиство во затворот во Вашингтон. Ова следува откако неговите адвокати побараа укинување на мерката, сметајќи дека му се нарушени правата на правично судење. Адвокатите на Ален поднеле барање да се откаже рочиштето закажано за денеска (понеделник), на кое требало да се расправа за укинување ...
Белгискиот град Oденар одлучи да им подели бесплатно семе од сончоглед на своите граѓани заедно со упатства за садење, во обид да се зголеми ширењето и присуствцото на ова растение и да се подобри имиџот на „Тоскана на северот“, објави Фламанската радио-телевизија. Иницијативата ја покрена советникот Фредерик де Вос, кој на состанок на Градскиот совет предложи сончогледите да се садат почесто низ целиот град, истакнувајќи дека овие растенија, ...
Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи, ги отфрли денешните медиумски шпекулации за преговорите и деталите поврзани со активностите на Иран за збогатување на ураниум и збогатени материјали, велејќи дека Техеран во моментов е фокусиран исклучиво на завршување на американско-израелската војна. Багеи рече дека Иран преку Пакистан го добил одговорот на САД на нивниот предлог за завршување на војната, но одби да ...
Ерменскиот премиер Никол Пашинјан, денеска, во своето воведно обраќање на осмиот состанок на Европската политичка заедница во Ереван зборуваше за односите меѓу Ереван и Баку, деблокирањето на регионалните комуникации, како и за перспективите за меѓународен мир, објави ерменската агенција Арменпрес. Тој изјави дека состанокот во Ереван може да стане историски за меѓународниот мир и стабилност. Пашинјан го истакна мировниот договор меѓу ...
Трагичен настан, што се случи во пристанишниот град Драч, ја вознемири албанската јавност, кога возач кој управувал возило под дејство на алкохол удрил во деца додека играле на тротоар. Од ударот на местото на несреќата починале две деца на 10 и 13 години, додека едно на 8- годишна возраст се бори за живот на клиниката за трауматологија во Тирана. Четвртото дете кое било со нив е неповредено. Возачот Никол Радачи (57) го напуштил местото на ...
Шефот на српскиот оперативен тим за пристапување кон Европската Унија и главен преговарач, Даниел Апостоловиќ денеска изјави дека нема формална одлука за замрзнување на средствата од ЕУ за Србија. Во изјава за РТС, Апостоловиќ оцени дека Србија многу брзо и одговорно пристапила кон препораките на Венецијанската комисија за пакетот судски закони и дека нивното усвојување се очекува до крајот на мај во согласност со упатствата на Комисијата. ...
Во Црна Гора од почетокот на годината евидентирани се четири случаи на договорени малолетнички бракови, а во текот на целата мината година имало девет – изјави извршната директорка на Центарот за ромски иницијативи, Фана Делија. Според неа, најголем број од овие случаи лани биле регистрирани во Никшиќ, но ги имало и во Подгорица, Котор и Беране. „Од јануари до денес регистрирани се по два случаи во Никшиќ и во Беране, од кои три се однесуваат ...
Обилните дождови, грмежите и снегот во повеќе делови на Турција од синоќа предизвикаа сериозни поплави, прекини во сообраќајот и затворање патишта. Еден маж загинал во југоисточниот округ Шанлиурфа откако бил погоден од гром. Според агенцијата Анадолија, силни ветрови и обилни врнежи предизвикале материјална штета и локални поплави во Шанлиурфа, Дијарбакир, Килис и Газиантеп. Во Газиантеп денеска е прекината наставата, а во повеќе од 40 ...
Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и Европската Унија (ЕУ) продолжуваат да го поддржуваат инклузивното претприемаштво во Северна Македонија преку потпишување на ЕУР 5 милиони финансиски договор со ПроКредит Банка АД Скопје под програмите Жени во бизнис и Млади во бизнис . Пакетот се состои од: ЕУР 2,5 милиони долгорочен необезбеден кредит под програмата за Западен Балкан Жени во бизнис фаза 2 ЕУР 2,5 милиони долгорочен необезбеден ...
Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – март 2026 година во однос на периодот јануари – март 2025 се намалил за 3,3 проценти, а во март 2026 во однос на март 2025 година за 2,8 отсто, соопшти Државниот завод за статистика. Бројот на работниците во март 2026 година, во однос на март 2025 година, во секторот Рударство и вадење камен се намалил за 6.9 %, во секторот Преработувачка индустрија за 2.8 %, а се зголемил во ...
Со исказ не вешто лице од Судска медицина денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. На претходното рочиште на 28 април Обвинителството презентираше медицинска документација и податоци за повредените што се јавиле за укажување медицинска помош по пожарот. Обвинителката Наташа Сарамандова ги презентира вештачењата за 157 лица со тешки ...
По одлуката да ги внесе Бугарите во Уставот, Христијан Мицкоски сега сфати дека мора да го апси и Никола Груевски за да си ја обезбеди власта. Со исполнувањето на овие две услови: внесување на Бугарите во Уставот и апсењето на Груевски – Мицкоски сака да си создаде подобра слика пред Европа и да се претстави како „човек кој е за ЕУ“. Се разбира, тоа е само маска. Целта е да ја продолжи својата власт и да си обезбеди уште време за непречена ...
Бранителката на првообвинетиот Дејан Јованов – Деко, адвокатката Ивана Коцевска, реагираше на изнесените директни закани по неговиот живот на минатото рочиште и бараше тоа да биде нотирано на записник. На минатото рочиште дел од оштетените, додека одбраната на првообвинетиот пред Судот изнесуваше барање за укинување на притворот, реагираше бурно извикувајќи „пуштете го, ние да му пресудиме”. Коцевска, пред почетокот на судењето за пожарот во ...
Исказите на сведоците Дарио Трифунов и Александра Пепеларовска, дадени во Обвинителството во текот на истражната постапка, беа прочитани во судницата во „Идризово“ на денешното судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани откако и двајцата повеќе рочишта не се достапни на органите на прогон. Одбраната се противеше на предлогот на Обвинителството за повлекување на овие сведоци тврдејќи дека се клучни за утврдување неколку клучни моменти ...