Скопје
27ᴼ /
27ᴼ
Неопходна е поопсежна анализа на законите поради несовпаѓањето на висината на казните со тежината на последиците во случаите со смртен исход, истакна денеска јавната обвинителка Адела Бојчевиќ, по изрекувањето на првата неправосилна пресуда за Стојанче Јовановски во траење од 12 години затвор за три кривични дела поврзани со континуирано семејно насилство кое резултираше со трагична смрт на неговата сопруга и нивната малолетна ќерка. ...
Загреб е првиот град во Европа што нуди роботакси-услуги, објави хрватската компанија „Верне“, којашто веќе еден месец ја спроведува револуционерната технологија на градските улици. Во соработка со светски реномираната такси-компанија „Убер“ и со системот за самоуправувачко возење на кинеската компанија „Пони.аи“, „Верне“ управува со 10 автоматизирани автомобили за одреден број корисници во градот од 8 април. Услугата засега ја користат околу ...
Портпаролката на СДСМ и членка на ИО, Богданка Кузеска, во емисијата 24 Анализа ја обвини власта за неспособност, лажни ветувања, празен буџет, нови задолжувања и целосна отсеченост од реалните проблеми на граѓаните. Таа посочи дека власта намерно создава страв за ЕУ, за да го дефокусира вниманието од реалните проблеми со кои се соочуваат граѓаните. „ВМРО постојано создава терен и атмосфера за луѓето да поверуваат дека преговорите со ЕУ се ...
Паника во криминалната организација ВМРО! Загубија над 150.000 гласови поради неисполнети предизборни ветувања, неспособноста да ја води државата, економскиот распад, корупција и криминал. Мицкоски и неговата криминална организација знаат дека времето им истекува. Особено после најавите за почеток на истрагите во Унгарија за бизнисите, перењето пари и нивните медиуми во сопственост на Орбан. Затоа Орбановата пропаганда за ширење лажни вести ...
Пратениците на денешната 100-та седница со 64 гласови „за”,15 „против” го донесоа Законот за Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија, кој е дел од реформската агенда. Заменик министерот за правда Ален Дерeбан истакна дека новиот Закон е изработен во транспарентна процедура, вклучени експерти од областа и сите опфатени со неговата примена и е директен одговор на сите детектирани слабости на претходниот закон. – Законот ...
Тренерот на Арсенал, Микел Артета, изјави оти е горд на своите фудбалери кои синоќа изборија пласман во финалето во Лигата на шампиони, прво за лондонскиот клуб од 2006 година. „Се гордеам си нив и многу сум среќен. Долго чекавме на ова финале и сум исклучително среќен што го постигнавме пред нашите навивачи. Нашите навивачи се горди на нас“, рече Артета. Арсенал во полуфиналето го елиминираше мадридски Атлетико, откако на реваншот во Лондон ...
Фудбалската федерација на Македонија од денеска до 11 мај во Струмица ќе биде домаќин на развоен турнир на УЕФА на кој покрај македонската репрезентација ќе настапат и женските селекции до 16 години на Косово, Сан Марино и Андора. Натпреварите ќе се играат на терените на тренинг центарот Горан Пандев и во Турново. Избраничките на селекторот Катерина Милеска во воведното коло, попладнево ќе играат против Сан Марино. Во второто коло, в петок, ...
Финалистите во фудбалскиот Куп на Македонија ќе бидат познати денеска по одигрување на реванш натпреварите на двете полуфинални пресметки. Фудбалерите на тетовска Шкендија со гол предност му гостуваат на второлигашот Шкендија Арачиново, откако на првиот натпревар со пресврт триумфираа со 3-2. Вториот второлигаш кој се пласираше во полуфиналето, Охрид, му гостува на Силекс во Кратово, откако првиот натпревар заврши нерешено 1-1. Двата ...
Долгогодишниот тренер на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, не успеа да дојде до своето трето финале во Лигата на шампиони со шпанскиот клуб, откако во вторникот вечер загуби на гостувањето од лондонски Арсенал со 1-0 во реванш полуфиналниот натпревар, по ремито 1-1 пред една недела на „Метрополитано“. „Ако сме елиминирани, тоа значи дека нашите противници заслужиле да одат понатаму. Тие ги искористија своите шанси, вклучително и одличната шанса ...
Истражувачи од Австралија идентификуваа нов изумрен вид коала „со големи, подвижни усни“, по повторното испитување фосили во Музејот на Западна Австралија во Перт. Тим предводен од Кени Травујон, кустос и стручњак за цицачи во Музејот, откри дека фосилите за коишто долго се претпоставуваше дека му припаѓаат на современиот вид коала („Фасколарктос кинерус / Phascolarctos cinereus“), всушност му припаѓаат на претходно непознат посебен вид, сега ...
Вкусни и миризливи палачинки Состојки: 10 лажици брашно 2 јајца малку шеќер малку сол половина млеко и половина вода( додадете во зависност од густината) 1 лажица путер 3 јаболка малку шеќер и путер, мед Подготовка: Направете ја смесата за палачинки од горенаведените состојки, се добиваат 12 палачинки. Се лупат јаболката и се сечат на коцки. Загрејте го путерот и шеќерот на оган, додадете ги јаболката и медот, и покријте за да го испуштат ...
Развивачот на „Чет-ГПТ“, „Опен-АИ (OpenAI)“, се очекува да потроши околу 50 милијарди долари оваа година за развој на компјутерската моќност, според соосновачот и претседател на оваа американска компанија за вештачка интелигенција – ВИ, Грег Брокман. Тој, всушност, ја откри таа бројка во своето сведочење во тужбата поднесена од технолошкиот милијардер Илон Маск, кој е исто така, соосновач на „Опен-АИ“. Имено, Маск тврди дека Брокман и шефот ...
Едно лице загинало вчера, на 5 мај, во тешка сообраќајна несреќа на хрватскиот автопат А3, во близина на Среданац, во подрачјето на општина Доњи Андријевци. Според информациите на хрватските медиуми, станува збор за државјанин на Република Северна Македонија. Несреќата се случила во 14:15 часот, кога камион излетал од патот, ја пробил централната метална заштитна ограда, удрил во два столба за улична светилка и преминал на спротивната лента. ...
Двајца шеснаесетгодишници се сомничат за кривични дела „насилство“ и „загрозување на сигурноста“ поради тоа што физички нападнале врсник. Министерството за внатрешни работи информира дека еден од шеснаесетгодишниците му се заканувал на врсникот и со автоматска пушка. – СВР Тетово поднесе известување против 16-годишник од с.Шипковица, тетовско и 16-годишник од с.Гајре, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „Проектот Слобода“ (Project Freedom), иницијативата за обезбедување на пловидбата низ Ормуската Теснина, ќе биде паузирана „на краток временски период“ за да се види дали може да се финализира и потпише договор со Иран. Од почетокот на судирите меѓу САД, Израел и Иран на крајот на февруари, Техеран практично ја запре пловидбата низ Ормуската Теснина преку закани и напади, додека Вашингтон ...
Шпанија му дозволи на крузерот погоден од случаи на хантавирус и три смртни случаи да се закотви на Канарските Острови, додека здравствените власти истражуваат дали на бродот се случило пренесување од човек на човек. Одлуката е донесена во координација со Светската здравствена организација (СЗО) и Европската Унија, во согласност со меѓународното право и хуманитарните принципи, соопшти шпанското Министерство за здравство доцна синоќа, пренесе ...
Светската здравствена организација (СЗО) верува дека се случило пренесување на хантавирус од човек на човек на крузерот во Атлантикот, изјави епидемиолог на СЗО, Марија Ван Керхове, на прес-конференција во Женева. Тројца патници на крузерот „Хондиус“ (Hondius) – кој моментално е закотвен кај Зелено’ртските Острови со околу 150 патници и членови на екипажот – починаа во сомнителна епидемија. Жртвите се постара двојка од Холандија и еден ...
Просечната цена на бензинот во САД се искачи на 4,51 долари за галон, што е највисоко ниво од јули 2022 година, покажаа податоците на компанијата „GasBuddy“. Растот на цените се поврзува со продолжувањето на конфликтот во Иран и нарушувањата во Ормуската Теснина, клучен правец за глобален транспорт на нафта каде сообраќајот е ограничен. Според наводите на „GasBuddy“, цената на бензинот пораснала за 21 цент за галон во споредба со минатата ...
Државниот секретар на САД, Марко Рубио, изјави дека има „многу прашања за разговор“ со Ватикан, во пресрет на неговата утрешна аудиенција кај папата Лав Четиринаесетти. Западни медиуми оценуваат дека ова е обид да се ублажи впечатокот за тензии меѓу Вашингтон и Светата столица поврзани со војната против Иран. – Ова е посета што ја планиравме одамна. Како што гледате, настаните се развиваат – рече Рубио на брифинг во Белата куќа синоќа. Тој ...
Третата пратка на високорадиоактивен нуклеарен отпад без инциденти пристигна во привременото складиште во Ахаус, во германската сојузна држава Северна Рајна-Вестфалија, соопшти полицијата рано утрово. Контејнерот „Castor“ бил транспортиран околу 170 километри од западниот град Јилих до Ахаус во регионот Минстерланд, стигнувајќи на локацијата рано наутро, се наведува во полициското соопштение. Конвојот синоќа тргнал од Јилих, пренес ДПА. Ова е ...
Полицијата во германската сојузна држава Северна Рајна-Вестфалија рано утрово почна рации во осум градови, насочени против осомничени десничарски екстремисти, соопштија извори од безбедносните служби. Претресите во најнаселената германска сојузна држава се насочени кон 10 осомничени поврзани со групата позната како „Млади и силни“. Сите се германски државјани, наведуваат изворите. Еден од осомничените веќе бил во истражен затвор во врска со ...
Иран ќе прифати само „праведен и сеопфатен договор“ во преговорите со САД за прекин на војната на Блискиот Исток, изјави денеска во Пекинг шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи. Изјавата доаѓа во време кога американскиот претседател Доналд Трамп тврди дека во преговарачкиот процес е постигнат „голем напредок“. – Ќе направиме сè што е во наша моќ да ги заштитиме нашите легитимни права и интереси во текот на преговорите. Ќе прифатиме само ...
Повеќе од 200 хектари шума изгореа во голем пожар во заштитениот шумски предел Солска во источна Полска, при што загина пилот на противпожарната служба. Според локалните медиуми, пилотот загинал откако авионот за гаснење пожар се урнал за време на интервенцијата. Несреќата се случи вчера попладне во близина на селото Козаки во округот Билгорај, додека екипите се обидувале да го стават под контрола пожарот, кој брзо се ширел поради сувото ...
Вакцината против рак „Neo-Onkovak“ нема контраиндикации за постарите лица, изјави научниот директор на рускиот Национален истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“, Александар Гинцбург. – Тука апсолутно нема контраиндикации – истакна Гинцбург. На 1 април, првиот пациент во Русија прими персонализирана вакцина против рак. Персонализираната mRNK вакцина против меланом, „Neo-Onkovak“, е произведена од Националниот ...
Белата куќа верува дека се приближува кон меморандум за разбирање со Иран што би ја завршил војната и би поставил рамка за подетални нуклеарни разговори, објави денеска Аксиос, повикувајќи се на двајца американски претставници и два други извори запознаени со ова прашање. САД во следните 48 часа очекуваат ирански одговор за неколку клучни точки, се наведува во извештајот, што предупредува дека сè уште не е договорено ништо, но наведува дека ...
Француската бродска компанија „ЦМА ЦГМ“ (CMA CGM) соопшти дека еден од нејзините бродови, „Сан Антонио“, бил нападнат при преминување низ Ормуската Теснина, при што се повредени членови на екипажот и е предизвикана материјална штета. Компанијата наведе дека инцидентот се случил вчера, додавајќи дека повредените морнари се евакуирани и им се укажува медицинска помош, без да соопшти дополнителни детали за нивната состојба. Според податоците за ...
Европската комисија денеска предложи земјите од ЕУ да разговараат за стратегија за искоренување на сиромаштијата до 2050 година, обрнувајќи особено внимание на децата и постарите лица. Комисијата очекува мерките да го намалат бројот на Европејци кои се изложени на ризик од сиромаштија за најмалку 15 милиони до 2030 година. Според податоците презентирани од ЕК, еден од пет возрасни Европејци и едно од четири деца денеска живеат во сиромаштија ...
На полигонот Кура, во рускиот далекоисточен регион Камчатка, денеска почнаа да се изведуваат ракетни тестирања на нуклеарните капацитети – јави „Анадолија“. Вежбите ќе траат до 10 мај, објави регионалната влада. На жителите им е забрането да влегуваат во областа. Регионалните власти ги повикаа жителите строго да ги почитуваат безбедносните мерки и да не го посетуваат полигонот за обука или околните области за време на вежбите. „Присуството и ...
Лидерот на Сојузот на независни социјалдемократи (СНСД), Милорад Додик, најави дека за време на претстојната посета на Москва ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, со кого ќе разговара за односите меѓу Република Српска и Русија. Додик изјави дека односите со Русија се на ниво на стратешко партнерство, додавајќи дека Република Српска сака и Русија и Соединетите Американски Држави да имаат економски активности во овој ентитет на ...
Црноморскиот Басен може да се затопли за дури 4 степени Целзиусови до 2070 година, при што зголемените температури значително ќе ги засилат екстремните временски појави, предупредуваат турски експерти, пренесува Анадолија. Според Бариш Јонол од Факултетот за аеронаутика при Техничкиот универзитет во Истанбул, повисоките температури веројатно ќе доведат до поинтензивни врнежи, бидејќи топлиот воздух задржува повеќе влага. Истражувањето, ...