Италијанскиот тренер Андреа Пирло коментираше за контроверзноста околу неговиот договор со руска обложувалница. Претходно, неколку италијански пратеници се изјаснија против назначувањето на Пирло за селектор на италијанската репрезентација поради неговата соработка со руска обложувалница. Според „Ла Газета дело Спорт“, договорот на Пирло со обложувалницата е поврзан со неговата работа во клубот од Премиер лигата на ОАЕ, Дубаи Јунајтед. ...

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, им се обрати на критичарите на Светското првенство во 2026 година. – Многу ми е жал што бевте толку обземени од омраза и критики па пропуштивте сè. До сите што го трошеа своето време и енергија на омраза, медитирајте, молете се, насмевнете се, поминете време со вашите најблиски или гледајте фудбалски натпревар, напиша Инфантино на социјалните мрежи. За потсетување, на неодамнешниот Мундијал се случија ...

Се поголем број туристички места ширум светот се залагаат за ограничување на масовниот туризам. Движењето „Помалку туризам, повеќе живот“ („Menys Turisme, Més Vida“), под слоганот „Мајорка на работ на издржливоста“ вчера протестираше поради преголемата посетеност на шпанскиот остров. Околу 25.000 граѓани се собраа на плоштадот „Пласа де Еспања“ изразувајќи незадоволство од сè поголемиот туристички притисок врз островот. Тие носеа транспаренти ...

Оваа свежа и кремаста салата од цвекло е вистинско освежување на трпезата. Одличен избор е како прилог кон месо, риба или како лесен оброк во топлите денови. Состојки: 1 кг цвекло 1 главица кромид 100 г мајонез 400 г кисела павлака 2 мали лажички сенф сол по вкус мелен црн бибер по вкус Подготовка: Цвеклото добро измијте го и сварете го. Оставете го да се излади, излупете го и исечете го на коцки. Кромидот ситно исечкајте го и внимателно ...

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Гевгелија против управител и сопственик на правно лице и против самото правно лице поради сомнение за даночно затајување. Според наводите, во периодот 2024-2025 година не бил пријавен и платен законскиот надоместок за отпад од увезен текстил во износ од 3.852.067 денари, со што бил оштетен Буџетот на државата. Како што соопштуваа од Управата, ...

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски синоќа изјави дека одобрил план за повеќе операции со долг дострел во Русија, а исто така го ажурирал списокот на приоритетни цели. – Одржав состанок за нашите операции со долг дострел. Го одобривме продолжувањето на нашите операции и го ажуриравме списокот на приоритетни цели врз основа на нивното моментално влијание врз Русија и нејзината способност да ja продолжи и да ја пролонгира оваа војна, ...

Претседателот на Куба, Мигел Дијаз-Канел во говорот по повод 73-годишнината од почетокот на Кубанската револуција ги обвини САД за „политички геноцид“. Тој го критикуваше неодамнешниот извештај на американскиот Стејт департмент, во кој се обвини Куба за инфилтрирање во владата на САД и за поддршка на „невиден бран на левичарски тероризам на американска територија“. Администрацијата на претседателот Доналд Трамп ги засили нападите врз ...

Три лица беа убиени синоќа во пукање на фестивал на храната во Сиетл, а неколку се повредени, вклучувајќи и едно дете. Полицијата уапси еден осомничен и бара втор осомничен, и верува дека двајцата всушност пукале еден кон друг и дека нема закана за јавната безбедност. „Сè уште се обидуваме да откриеме што се случи“, рече помошник началникот на полицијата во Сиетл, Тајрон Дејвис, додавајќи дека полицијата нема опис на осомничениот кој избегал. ...

Врховниот ирански верски лидер, ајатолахот Сејед Моџтаба Хамнеи, ја пофали либанската милитантна организација Хезболах за нејзиниот „непоколеблив отпор кон ционистичкиот режим“, опишувајќи ја непоколебливоста на либанските милитанти во борбата против Израел како силна порака за угнетените народи ширум светот. Одговарајќи на писмото на Хезболах во кое се потврдува неговата верност кон Иран, Хамнеи ја поздрави организацијата и ја нарече ...

Италијанската полиција денеска соопшти дека во Атлантскиот Океан, покрај брегот на Португалија, запленила над 2,6 тони кокаин, чија вредност на црниот пазар се проценува на 500 милиони евра. Дрогата е пронајдена на ултрабрз брод на надувување, кој шверцерите обично го користат за да преземат нелегален товар фрлен во морето од големите бродови што пристигнуваат од Јужна Америка, соопшти италијанската царинска и гранична полиција. Уапсени се ...

Ултраконзервативното католичко здружение „Хасте Оир“ поднесе приватна тужба во случајот против сопругата на шпанскиот премиер, Бегоња Гомез, со која бара 13 години затвор поради тргување со влијание и проневера на јавни средства. Со тужбата на „Хасте Оир“ се бара затворска казна од шест години и забрана за извршување на јавна функција 15 години за советничката на Гомез, Кристина Алварез, која се смета за соучесничка во присвојувањето на ...

САД ја одложија големата кампања на воздушни напади против Иран, која можеше да трае до две недели, за да им дадат шанса на дипломатските напори за повторно отворање на Ормуската Теснина, поради загриженоста за американските залихи на ракетни пресретнувачи. Кога беше прашан од Волстрит журнал, американскиот претседател Доналд Трамп негираше каков било недостиг на муниција. „Имаме многу повеќе муниција од која било друга земја во светот, и ...

Цените на акциите денеска главно се зголемија, а цените на нафтата паднаа за речиси 7 проценти бидејќи САД и Иран се воздржаа од судири додека се разговара за можно продолжување на преговорите за привремен договор за прекин на огнот. Акциите на кинескиот производител на мемориски чипови CXMT скокнаа за дури 466 проценти на технолошката берза во Шангај. Тоа е највредната кинеска компанија со проценета пазарна капитализација од 3,3 илјади ...

Пакистански разузнавачки функционери веруваат дека американскиот претседател Доналд Трамп би можел да нареди копнена офанзива во Иран, изјавија денеска извори за ДПА. Најмалку двајца официјални претставници изјавија за ДПА дека се верува оти Трамп планира ограничен копнен напад за да го отсече крајбрежниот регион на Иран пред каков било мировен договор, и покрај домашниот притисок и предупредувањата од генералите против таквиот потег. „Има ...

Во пожар што избувна во фабрика за производство и пакување оцет во близина на градот Коринт на грчкиот полуостров Пелопонез, животот го загуби едно лице, а најверојатно на пожарот му претходела силна експлозија, јави дописничката на МИА од Атина. Според информациите од противпожарната служба на Грција околу 13.30 часот биле известени за пожарот по што веднаш интервенирале 35 пожарникари, еден пешадиски тим, 11 возила и волонтери, како и ...

Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2026 година, во второ читање, денеска е на дневен ред на 118. седница на Собранието. Претресот по дополнетиот ребаланс на буџетот на седница на Собрание трае најмногу три дена. Владата минатата недела го усвои дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2026 година, со амандманите прифатени од Комисијата за финансирање и буџет, а со кои обезбедени се дополнителни ...

Со 64 гласови на пратеници „за“, ниту еден „против“ и „воздржан“, Собранието попладнево го усвои Дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2026 година. Пратениците од владејачката коалиција на расправата во Парламентот посочија дека ребалансот е насочен кон економска стабилност, развој и одговорно управување со јавните финансии преку политики. Пратениците од опозицијата, пак, тврдат дека дополнетиот предлог-ребаланс на буџетот не е насочен кон ...

Владата позајмила пари не само од М-НАВ, туку и од Лотарија и од МЕПСО за да го враќа кредитот кон кинеската банка. Владата донесе одлука да земе краткорочен заем од 7 милиони евра од Македонска навигација. Ова е уште еден јасен доказ дека во буџетот нема пари. Затоа Христијан Мицкоски со денови бараше алиби за предвремени избори. Но не можеше да се извлече од реконструкцијата на Владата, затоа што тоа би било директно признание дека работите ...

Познатиот македонски актер Гоце Тодоровски почина синоќа на 75-годишна возраст. Тажната веста ја соопшти неговата ќерка Сашенка преку социјалните медиуми. – Го изгубивме, се предаде Гоце Тодоровски, почина, фамилијата Тодоровски ја објавува најтажната вест, по голема борба, го напушти овој свет, лесна ти земја, татко мој, вечен непребол. Душата не умира, а телото е премногу истрошено сега, летај со ангелите…. – објави ќерка му. Гоце ...

Според податоците од јавните здравствени установи во Гостивар, во текот на вчерашниот ден (26.07.2026) се евидентирани вкупно 127 новопрегледани лица со симптоми на ентероколит кои првпат побарале лекарска помош, што покажува благо зголемување единствено во однос на претходниот ден, додека оваа бројка е помала од бројот на новопрегледани пациенти во изминатите денови, информира Министерството за здравство. Во Општата болница „Д-р Ферид Мурад” ...

Над 4.070 граѓани во Гостивар досега побарале медицинска помош поради затруена вода со фекалии. Само вчера се регистрирани уште 125 прегледи на лица со симптоми, а едно дете е хоспитализирано. Овие бројки се најсилниот доказ за целосниот колапс на институциите задолжени да го штитат најважното – здравјето на граѓаните. Министерот за здравство Сашо Клековски самиот призна дека „црвените светла“ во Гостивар се запалиле со задоцнување. Тоа ...

Медиумскиот мрак во Македонија започнува токму онака како што предупредувавме. Медиуми веќе објавуваат дека српски медиумски играчи влегуваат на македонскиот медиумски пазар. Групата „Ало“, поврзана со „Информер“ и другите провладини медиуми од Србија, пристигнува во Скопје. Ова е дел од планот за целосна контрола врз информирањето, за кој СДСМ постојано предупредува. Политиката ја спроведува Христијан Мицкоски – по моделот на Александар ...

Водата од градскиот водовод во Гостивар може да се користи и за миење чинии, прибор за јадење, чаши и останати кујнски садови, појаснија надлежните во одговор на новинарско прашање „За што точно може да се користи водата во Гостивар откако е одобрена за техничка употреба“. Забраната за пиење и подготовка на храна останува. Надлежните уверуваат дека водата е прочистена од фекалии. Експертот од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, Емилија ...

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 4,55 проценти, така што од полноќ бензините ќе поскапат за три денари по литар, дизелот за 4,5 денари, а екстра лесното масло за домаќинство за пет денари по литар. Според одлуката на РКЕ, од 28 јули во 00:01 часот, максималната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 93 денари за литар, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 ...

Од утре следува период на сончево и топло време со мала локална облачност и постепен пораст на дневните температури, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Ќе дува слаб до умерен ветер, а долж Повардарието повремено ќе биде засилен од северен и северозападен правец. Утринските температури ќе се движат меѓу 12 и 21 степен, додека дневните ќе бидат во интервал од 30 до 35 степени Целзиусови. Во Скопје, сончево со мала до умерена локална ...

Авионска дезинсекција против возрасни комарци на подрачјето на Скопје ќе се спроведе на 30 и 31 јули, доколку временските услови бидат поволни, соопшти денеска Град Скопје. – Следната фаза од третманот против возрасни комарци ќе се реализира на 30 и 31 јули, со авионска дезинсекција, доколку временските услови бидат поволни. Во случај на неповолни временски услови, третманот ќе биде одложен за првиот нареден ден со соодветни услови, за што ...

Заклучно со денеска, во 2026 година во државата се регистрирани вкупно осум случаи на западнонилска треска, од кои седум се потврдени, а еден е веројатен – се наведува во најновиот извештај на Институтот за јавно здравје објавен на неговата веб-страница. Потврдени се пет нови случаи во јули (кај два случаи почетокот на симптомите е во јуни, а кај еден во мај). Најновиот случај бил регистриран во четвртокот минатата недела. Од регистрираните ...

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун ја одбележа 73-годишнината од примирјето со кое се стави крај на борбите во Корејската војна, а неговата ќерка Ју Ае го придружуваше за првпат на официјалните комеморации, објави денеска државната агенција КЦНА. Ким ги посети воените гробишта и спомен-обележја, се сретна со воени ветерани и положи цвеќе на гробовите на членовите на првата генерација герилски борци. Во таа пригода, тој повторно потврди дека ...

Од 1 август цената на топлинската енергија за домаќинствата во Скопје ќе се зголеми во просек за 5,96 проценти, соопшти денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Ацо Ристов. На прес-конференцијата, Ристов посочи дека со новата одлука, просечната месечна сметка за парно ќе биде повисока за околу 140 денари, односно ќе се зголеми од 2.353 на 2.493 денари. – Ова зголемување се однесува на домаќинствата што се ...

Уште еден удар по стандардот и џебот на граѓаните, поскапува и парното. Мицкоски најавуваше намалување на цените и после секоја негова најава нешто поскапува. Поскапеа горивата, цената на дизелот се зголеми за 15 денари само за неколку недели, поскапе храната, поскапеа цените во маркетите, поскапува и транспортот. Сите цени се до плафон. Со Мицкоски економијата е во тотален колапс. Граѓаните едвај врзуваат крај со крај, со најниски плати во ...

weather icon

Скопје

-3ᴼ / -3ᴼ
0.51
93%
1030
weather icon

Белград

1ᴼ / -1ᴼ
1.54
88%
1027
weather icon

Загреб

4ᴼ / 1ᴼ
1.03
82%
1027
weather icon

Софија

0ᴼ / -2ᴼ
1.54
94%
1029
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
1.92
93%
1031
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
1.03
93%
1027
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
3.58
67%
1029
weather icon

Тирана

13ᴼ / 10ᴼ
1.54
68%
1025
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
0.0
87%
1026
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 0ᴼ
0.0
83%
1031
weather icon

Будимпешта

1ᴼ / 0ᴼ
1.3
79%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 4ᴼ
2.57
91%
1029
Currency

61.645

Currency

54.969

Currency

73.855

Currency

38.114

Currency

39.253

Currency

67.279

Currency

8.2491

Currency

0.67209

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0972

Currency

0.58403

Платина

49319.25

Злато

130856.75

Кобалт

33.53

Паладиум

32279.35

Сребро

1670.34

Родиум

295786.87

Алуминиум

3.07

Калај

46.54

Цинк

3.76

Бакар

12.58

Иридиум

315077.32

Рутениум

61086.42