Скопје
27ᴼ /
27ᴼ
Американскиот милијардер Илон Маск постигна спогодба со американската Комисија за хартии од вредност (SEC) во граѓанската тужба во врска со доцнењето на објавувањето на неговиот сопственички удел во компанијата Твитер во 2022 година, соопшти федералниот суд во Вашингтон. Според договорот, фонд во име на Маск ќе плати казна од 1,5 милиони долари, без признавање на вината, додека милијардерот нема да мора да ја надомести наводната добивка ...
Русија го ограничи пристапот до мобилен интернет за голем број корисници во Москва во пресрет на традиционалната парада на 9 мај, со која се одбележува победата над нацистичка Германија во Втората светска војна. Оваа година одбележувањето ќе биде поскромно поради заканите од напади со беспилотни летала од Украина, се наведува во медиумските извештаи. Руските власти воведоа ограничувања на интернетот, блокирајќи одредени мобилни услуги и ...
„Во годишната пролетна акција за чистење на Женевското Eзеро собрани се вкупно 2.592 килограми отпад, меѓу кои дури 36.600 догорчиња од цигари“, соопштија надлежните служби. „Во акцијата учествувале повеќе од 1.000 волонтери, од кои околу 300 биле нуркачи“, пренесе Свиз инфо (Swissinfo) Акцијата за чистење е спроведена на десет локации околу езерото, опфаќајќи подрачја од Колоњ и Нион, до Вевеј и Рол, како и Евијан на француската страна. ...
Израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, денеска го критикуваше продолжувањето на кривичната постапка против израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, оценувајќи дека тоа го попречува донесувањето одлуки во областа на националната безбедност. Кац на Икс напиша дека за време на актуелната и чувствителна безбедносна ситуација, Нетанјаху морал да ги прекинува судските рочишта за да прима итни повици од него преку безбедна линија, што го опиша ...
Одлуката на САД за повлекување на трупите од Германија е „разбеснувачка и опасна“, изјави денеска баварскиот премиер Маркус Зедер, пренсе ДПА. За време на посетата на Брисел, Зедер рече дека е потребна јасност во врска со американските планови, поради извештаите дека базите погодени од планираното повлекување на 5.000 војници се наоѓаат во Баварија, јужната федерална покраина што со години наназад ја предводи неговата Христијанско-социјална ...
Два земјотреса беа регистрирани во Србија ноќеска – земјотрес со интензитет од 4,1 степени според Рихтеровата скала беше регистриран утрово во 2:35 часот во регионот Бездан, соопшти Републичкиот сеизмолошки институт на Србија. „Интензитетот во епицентарот беше проценет на шестиот степен од Меркалиевата скала, што значи дека земјотресите со оваа јачина можат да предизвикаат мали штети на зградите во епицентралното подрачје“, соопшти РСИС. ...
По првиот говор на седница на грчкиот Парламентот во 1999 година, вселенскиот патријарх Вартоломеј денеска ќе се обрати пред грчките пратеници на специјална седница, говор што од Парламентот го карактеризираат како „историски“, јави дописничката на МИА од Атина. Обраќањето на вселенскиот патријарх е по покана од претседателот на Парламентот Никитас Какламанис, а на „седницата од историско значење“ ќе присуствува и грчкиот претседател ...
Со повик за стабилност, одговорност и јасен план за управување, бугарската претседателка Илијана Јотова ги отвори консултациите со силите претставени во Парламентот, при што првата средба беше со „Прогресивна Бугарија“. Во обраќањето таа нагласи дека по изборите земјата влегува во нова политичка ситуација, во која очекувањата од победниците се директно поврзани со преземената одговорност. На консултациите присуствуваа претседателот на ...
Во Кантонот Сараево, 5 мај е прогласен за Ден на жалост во спомен на децата загинати за време на војната во Босна и Херцеговина во 1990-тите години. Според официјалните податоци, 1.601 дете биле убиени за време на четиригодишната опсада на Сараево (1992–1995). Судските пресуди покажуваат дека најмалку 53 од нив биле жртви на снајперисти, а повеќе од 14.000 биле ранети. Многу деца загинале на игралишта пред станбени згради, погодени од ...
На новите законски регулативи што се разгледуваат, заедно со Министерството за транспорт за користење на електричните тротинети, особено од малолетници, се осврна министерот за заштита на граѓаните на Грција Михалис Хрисохоидис во интервјуто за телевизијата „Мега“ и истакна дека тој лично смета дека треба да се забранат, јави дописничката на МИА од Атина. Во изминатиот период регистрирани се низа несреќи во Грција со електрични тротинети кои ...
Никогаш во историјата на човештвото, мирот не бил нешто што се подразбира, туку секогаш бил достигнување, резултат на инспирирани иницијативи, храброст и самопожртвуваност, отфрлање на насилството како средство за решавање на разликите и постојана борба за правдата и заштитата на светоста на човечката личност. Врз основа на ова, денес се упатува критика кон религиите, бидејќи наместо да дејствуваат како сили на помирување, честопати го ...
Српската полиција го уапси во Нови Пазар, М.З.(66), државјанин на Северна Македонија, поради постоење основи на сомнение дека извршил четири кривични дела тешка кражба. Тој е осомничен дека од 29 април до 1 мај годинава крадел пари од четири џамии на територијата на Нови Пазар, Тутин и Сјеница, соопшти Полициската управа во Нови Пазар. Против него е поднесена прекршочна пријава согласно Законот за јавен ред и мир. МИА Српската полиција го ...
Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески денеска организира работна средба со Беким Сали, прв заменик претседател на Владата. Како што се наведува во најавата на настанот, пред членовите на Управниот одбор на Комората и членовите на Бизнис Клубот Европа, претседателот Бранко Азески организира работна средба со Беким Сали, прв заменик претседател на Владата, министер за европски прашања и главен преговарач со ...
Одржливите јавни финансии и макроекономската стабилност се клучни во услови на зголемена глобална неизвесност, порача министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во своето обраќање на Економскиот и финансиски дијалог, што денеска се одржа во Брисел. Во рамки на 12-oт Економски и финансиски дијалог, информираат од Министерството за финансии, се дискутираше за економскиот развој, предизвиците и плановите, а беа усвоени и препораки за ...
Вкупната вредност на извозот на стоки од државава во првиот квартал годинава изнесува 1 998.3 милиони евра и бележи пораст од 3.6 проценти во однос на првиот лвартал од претходната година. Вредноста на увезената стока, пак, во периодот јануари – март годинава, изнесува 2 788.3 милиони евра, за 0.5 проценти повеќе во однос на истиот перод лани, покажуваат денеска објавените податоци на Државниот завод за статистика. Во периодот јануари – март ...
Основната каматна стапка се задржува на нивото од 4 проценти, одлучи денеска Извршниот одбор на Народната банка на редовна седница. Според Народната банка, податоците за првиот квартал од годинава упатуваат на понатамошен, но поумерен раст на економската активност, а просечната годишна стапка на инфлација забави на 3,7 проценти, малку повисока од проекцијата. Девизните резерви остануваат во сигурната зона, а продолжува јакнењето на ...
Првиот вицепремиер и министер за европски прашања Беким Сали вели дека забрзано се работи на реформската агенда и дека се прават напори да се добијат средствата од Планот за раст што ќе останат неискористени од Србија, Косово и Босна и Херцеговина. Сали, кој денеска присуствуваше на седница на Управниот одбор на Стопанската комора, рече дека оценката на Европската комисија е дека имаме брзорастечко темпо во однос на другите држави од ...
На 64-годишна возраст, по кратко боледување, почина Рамуш Муарем – Цирко, истакнат новинар, актер и активист. Тој останува запаметен како автор на култната емисија „Циркотека“ на ТВ БТР, која преку автентичен хумор и социјален ангажман остави длабока трага во македонскиот медиумски простор и во борбата за правата на Ромите. Рамуш Муарем, во јавноста познат како Цирко, беше повеќеслојна личност која низ својата кариера ги спои новинарството, ...
Христијан Мицкоски тврдеше дека „нема поскапувања“ и дека владата „контролира сè“, горивата во Македонија повторно поскапеа. Уште една лага. Европа отворено најавува економска криза. Авиокомпаниите откажуваат летови поради скап керозин. Само една германска компанија најавила откажување на 20.000 летови. Цените на ѓубривата повторно растат, земјоделците се без поддршка и без субвенции. Исто така, цените на основните животни намирници растат од ...
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) денеска во Тетово, почнува со реализација на серијата работилници „Ангажманот на локалната заедница во управување со популацијата на кучиња“, што ќе се реализираат во рамки на иницијативата за решавање на проблемот со бездомните кучиња во земјава. На работилницата ќе учествуваат претставници на АХВ, министерствата за локална самоуправа и за животна средина и просторно планирање, општините од Полошкиот ...
Во законскиот рок – 30 април 2026 година, Управата за јавни приходи (УЈП) заврши со генерирање на Годишните даночни пријави (ДЛД-ГДП) за остварен доход во 2025 година, пришто се изгенерирани вкупно 862.896 даночни пријави, информираат од УЈП. -Сите граѓани ќе добијат и лична порака на својот профил на „МојДДВ” или на е-пошта регистрирана во УЈП. Согласно законските одредби, секое физичко лице кое во текот на 2025 година остварило доход има ...
Авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци, ќе се реализира на 7 мај – четврток, во раните утрински часови, соопштија денеска од Одделението за односи со јавноста при Град Скопје. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, тогаш ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин. – Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат ...
Министерството за правда вчера соопшти дека „постапката за Груевски се води институционално и без политички влијанија“. Прашањето на кое треба да одговорат Филков и Министерството за правда е едноставно и јасно: Дали ги испратија документите за екстрадиција на Никола Груевски или не? Наместо да одговорат на ова основно прашање, се кријат зад бирократски фрази. Велат дека „комплетираат документација“. Еден месец не можат да ја комплетираат ...
Програмата на НАТО за млади професионалци го објави повикот за привлекување на млади талентирани лица од земјите членки на Алијансата, информираат од Министерството за одбрана. Тригодишната програма, велат од МО, нуди можност заинтересираните кандидати да ја развијат нивната кариера и да се стекнат со низа искуства во рамки на НАТО. Кандидатите кои ќе бидат избрани ќе бидат распоредени во различни тела на НАТО во периоди од по една година, за ...
Уште еден скандалозен случај, човек од обезбедувањето на премиерот Мицкоски завршува во притвор за семејно насилство. Брутално ја претепал сопствената сопруга. Ова е слика на опкружувањето на Мицкоски и на една криминална Влада во која насилството е нормализирано а институциите немаат капацитет за ништо. Уште еден доказ дека системот е целосно распаднат а моралот со ВМРО-ОКГ срозан. Обезбедувањето на Мицкоски е под директна надлежност на ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарски прашања за системот ЕЕС (за влез и излез во ЕУ) изјави дека се водат преговори на билатерално ниво и се надева оти ќе бидат надминати овие пречки, и како Влада бараат генерално решение. – Има политичари од соседството кои сакаат политиката да ја направат естрада, јас немам таква намера, јас сакам да зборувам за работи што ќе се случат. Инаку да, се водат преговори и врз основа на ...
Ротари клубот „Кочани – Виница“ обезбеди 170 инвалидски колички наменети за лица од целата држава кои имаат таква потреба. Од набавените 170 – 150 колички се мануелни, а 20 се акумулаторски, односно автоматски инвалидски колички. -Станува збор за поголема хуманитарна донација која се реализира од нашиот клуб и нашиот партнер GNTC Foundation од Косово, кои покажуваат дека хуманоста нема граници, се наведува во соопштението на претставниците на ...
Премиерот Мицкоски ветуваше поевтини горива, но се случи нов бран на поскапувања, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција. Филипче посочи дека ова е уште еден удар врз семејниот буџет на граѓаните, додека власта упорно одбива да донесе конкретни мерки за заштита на животниот стандард. „Од денеска повторно поскапеа горивата, иако премиерот ветуваше дека тоа нема да се случи. И тоа значи уште еден нов ...
Основниот кривичен суд Скопје ги прогласи за виновни за злоупотреба на службената положба сите тројцата полицајци од Кочани и на Кире Богатинов и Горан Лазаров им изрече условна казна затвор од една година, а на командирот на ПС Кочани Александар Темелков – условна казна затвор од две години, која нема да се изврши ако во период од четири години не стори ново кривично дело. На објавата на првостепената пресуда во Кривичниот суд денеска не ...
„Според официјален податок од 30.04 на Министерство за финансии, покажува дека само овој квартал Мицкоски има креирано екстра нов долг од 700 милиони евра што покажува дека Македонија оди во финансиска бездна“, обвини претседателот на СДСМ, Венко Филипче на денешната прес конференција. Филипче посочи дека состојбата со буџетот е сериозна и дека дефицитот веќе достигнал 408 милиони евра за само три месеци, што е 63% од вкупниот планиран ...