Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) денеска официјално го претстави новиот дрес на македонската репрезентација со логото на германскиот производител на спортска опрема „Адидас“. Новиот дизајн, како што е соопштено, е специјално персонализиран за македонскиот национален тим, во тесна соработка помеѓу ФФМ и Адидас, а во рамки на програмата на УЕФА за помош на националните асоцијации во спортска опрема (UEFA Kit Assistance Scheme). ...

Грбавиот кит кој помина неколку недели заробен во плитките води крај германскиот брег на Балтичкото Море би можел да биде пуштен подоцна денеска, откако беше одвлечен кон подлабоки води. Податоците за следење покажуваат дека баржата што го пренесува китот се приближува кон најсеверната точка на Данска, премин кон Северното Море, каде што спасувачите се надеваат дека животното, со прекар Тими, може да се врати во отворени води, пренесе ДПА. Во ...

Ноќеска во 00:10 часот во скопското село Катланово, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода Љ.Д. (57). Како што соопшти денеска МВР, при извршен претрес во неговиот дом со судска наредба, пронајдени се марихуана и дигитална вага. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. МИА Ноќеска во 00:10 часот во скопското село Катланово, полициски службеници од Единицата за ...

Претседателот на САД Доналд Трамп изјави дека „веројатно“ би размислил за повлекување на американските трупи од Италија и Шпанија. Тој неодамна најави дека Вашингтон размислува и за намалување на бројот на војници во Германија. Трамп остро ги критикуваше сојузниците од НАТО дека не ги испратиле своите поморски сили за да помогнат во отворањето на Ормуска Теснина, која беше затворена за глобалниот поморски сообраќај по почетокот на ...

Американските власти објавија видеоснимка од нападот што се случи за време на гала-вечера во Вашингтон, на која присуствуваше претседателот Доналд Трамп. На настанот со новинарите во саботата, тешко вооружен маж проби безбедносен пункт, по што беше совладан од безбедносните сили. Биле испукани истрели, а Трамп беше итно евакуиран од неговото обезбедување. Федералната обвинителка за Округот Колумбија, Џанин Пиро, изјави дека снимката е ...

Германската полиција минатата година регистрирала најголем број насилни кривични дела мотивирани од екстремно десничарска идеологија од 2016 година наваму, покажува одговорот на сојузната влада на пратеничко прашање од опозициската партија Левица. Според документот, во кој увид имала агенцијата ДПА, германските сојузни покраини до Федералната криминалистичка служба (БКА), заклучно со 31 јануари 2026 година, пријавиле вкупно 1.598 вакви дела ...

Полицијата во Лондон обвини 45-годишен маж за обид за убиство, откако во средата со нож нападнал двајца Евреи во северниот дел на градот. Еса Сулејман е обвинет за две кривични дела „обид за убиство“ и за едно дело „поседување остар предмет на јавно место“, во врска со инцидентот во Голдерс Грин, соопшти Метрополитен-полицијата. Сулејман, кој живее во јужен Лондон, е обвинет и за обид за убиство поврзан со одделен инцидент на улицата Грејт ...

Извршните директори на најголемите светски корпорации лани оствариле реален раст на платите од 11 проценти, додека просечните плати на работниците на глобално ниво пораснале за само 0,5 проценти, покажува новата анализа на Меѓународната конфедерација на синдикати (ITUC) и „Оксфам“, објавена по повод Меѓународниот ден на трудот. Со други зборови, платите на најплатените директори во светот во 2025 година растеле 20 пати побрзо од платите на ...

Во САД денеска истекува рокот од 60 дена утврден со Законот за воени овластувања од 1973 година, кој му дозволува на претседателот да води воени операции без одобрение од Конгресот. Според законот, американските претседатели имаат 60 дена да реагираат на непосредна закана или напад без претходна согласност од законодавната власт. Соединетите Американски Држави и Израел го нападнаа Иран на 28 февруари, а претседателот Доналд Трамп официјално ...

Пожарникари од Германија, Белгија и Франција денеска беа распоредени во Холандија за да помогнат во напорите за справување со голем број пожари кои избувнаа на воени полигони. Како што пренесе ДПА, ова е првпат Холандија да побара странска помош за борба против шумски пожари, според локалните власти. Околу 30 противпожарни возила од Франција и Германија треба да бидат главно распоредени во југоисточниот регион во близина на Ајндховен, додека ...

Наводно проштално писмо на американскиот финансиер и осуден сексуален престапник Џефри Епстин, чија смрт во 2019 година и натаму предизвикува бројни контроверзии, со години се наоѓа запечатено во судско досие во Њујорк, објави „Њујорк тајмс“. Според весникот, документот го открил поранешниот цимер на Епстин во затворската ќелија, Николас Тартаљоне, кој подоцна бил осуден на повеќекратни доживотни казни во друг кривичен предмет. Тој тврдел ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека одбил предлог да носи заштитен елек (панцир), и покрај повеќекратните обиди за атентат врз него, иако потврди дека му било препорачано такво нешто. – Не знам дали би можел да поднесам да изгледам 20 килограми потежок – рече Трамп, одговарајќи на новинарско прашање. Тој додаде дека е „одлично“ што агентот на Тајната служба, кој беше застрелан минатиот викенд за време на обидот за атентат врз ...

Асоцијацијата на слободни и независни синдикати на Србија во својот првомајски проглас бара итни промени во функционирањето на институциите и судството со цел да се обезбедат подобри услови за работниците. „Работниците во Србија го дочекуваат Меѓународниот ден на трудот во услови на економска неизвесност, зголемени трошоци за живот и продлабочување на социјалните разлики…Речиси една третина од населението на Србија е на раб на сиромаштија, а ...

Повеќе од 550 лица беа приведени на демонстрациите по повод Први мај во Истанбул, при што на одредени места дојде до судири меѓу демонстрантите и полицијата, а органите на редот употребија солзавец и водени топови, јавија турските и странските медиуми. Во многу од останатите градови во земјата исто така беа одржани маршеви, кои поминаа без тензии. Според податоците на турското Здружение на современи правници, има најмалку 550 приведени на ...

Во Белград денеска митинзи по повод Меѓународнеиот ден на трудот одржаа неколку синдикати. Членовите на Асоцијацијата на слободни и независни синдикати се собраа во центарот на градот поставија штандови во центарот на градот и делеа првомајски проглас на синдикатот, пропаганден материјал и разговараа со граѓаните. Претседателката на ЗССС, Ранка Савиќ, изјави дека оваа година има неспоредливо повеќе причини за протест отколку на изминатите ...

Фјучерсите на нафтата од типот „брент“ за испорака во јули пораснаа за 1,04 долари, достигнувајќи цена од 111,44 долари по барел, додека американската лесна нафта „вест тексас интермидиет“ (WTI) поскапе за 41 цент и се продава за 105,48 долари по барел. Растот на цените е директна последица на иранската блокада на Ормуска Теснина, како и на американските мерки за блокада на иранските извозни пристаништа за сурова нафта. Цените на нафтата се ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо со сончеви периоди. Во јужните делови ќе има услови за повремен локален дожд. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени. Во Скопје променливо облачно и посвежо со сончеви периоди. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. ...

Министерството за внатрешни работи соопшти дека денеска во централното подрачје на Скопје ќе биде воспоставен посебен сообраќаен режим поради протестот што по повод 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот, го организира Сојузот на синдикатите на Македонија. Првомајскиот протест треба да почне во 11:00 часот пред зградата на Сојузот на синдикатите на Македонија, а ќе заврши пред Владата на булеварот Илинден. -Протестот e предвидено да почне пред ...

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денеска со протест ќе го одбележи Меѓународниот ден на трудот, на кој ќе побара повисоки плати и подобри услови за работа. Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, завчера на прес-конференција повика на масовна излезност, истакнувајќи дека работниците треба јасно да го изразат незадоволството од ниските примања, слабата заштита на работничките права и односот на институциите и работодавачите. ...

Денеска е 1 Мај, Меѓународниот ден на трудот, на работниците. Наместо да го слават со одмор и честитки, работниците во Македонија се принудени да излезат на протест. Нема зголемување на платите, Мицкоски одбива да ја покачи минималната плата на 600 евра. Цената на нафтата скокна, инфлацијата е на врата, а поскапувањата на основните производи се неизбежни. Само во последните месеци цената на основната синдикална кошничка се зголеми за 3.500 ...

Во Дежурната служба на Мобилна единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Сектор за сообраќајни работи вчера било пријавено дека на автопатот Скопје-Велес кај местото „Манастири“ има излетано возило од автопат. Како што соопшти денеска МВР, на местото на настанот веднаш биле упатени полициски службеници од Мобилната единица на МВР, кои на тешко достапен терен пронашле патничко возило „Сеат“ управувано од К.С. (68) од Велес, во кое ...

Полициски службеници вчера на граничниот премин Табановце го лишиле од слобода Б.К. (44) од Прилеп, осомничен за сторено кривично дело „измама“. Како што соопшти денеска МВР, по претходно добиени информации за сторено кривично дело „измама“, Одделот за криминалистичка полиција, во содејство со СВР Струмица – ОВР Валандово, презеде координирани мерки и активности за расчистување на случајот. Според досегашните сознанија, во периодот од јули до ...

„СТАОРЦИ ВО КУЈНА Е НОРМАЛНА ПОЈАВА“?! – Шокантна изјава на градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев за појавата на стаорец во кујна во детска градинка. На седница во Кавадарци, на советничко прашање од Вуко Мелов за стаорец во кујна на детска градинка, градоначалникот Митко Јанчев одговори: „Стаорци не се невообичаена појава, ги има и во најреномирани ресторани. „Добро е што се стаорци, а не крокодили.“ Ова ли е стандардот што го ...

Христијан Мицкоски, шеф нa криминална група ВМРО, ветува дека „наскоро од Брисел ќе стигне вест дека Македонија е рамо до рамо со Црна Гора“, алудирајќи на пристапувањето на Црна Гора во Европската Унија во 2028 година. Реалноста е сосема спротивна. Европската комесарка за проширување Марта Кос вчера соопшти дека Европската Унија замрзнува околу 1,5 милијарди евра од Планот за раст наменети за Србија, поради сериозно нарушување на владеењето ...

Во изминатите 24 часа, вкупно 14.000 патници ја поминале македонската граница на граничниот премин „Богородица“ на пат кон Грција, информираат од Министерството за внатрешни работи. До 10 часот утринава се регистрирани околу 3.000 македонски државјани кои оствариле излез од овој граничен премин, а останатите 11. 000 се државјани на други земји. Застој на граничните премини на југоисточниот дел од државата, кон соседна Грција не е забележан од ...

Христијан Мицкоски денеска повторно ја најави својата нова стратегија: кога во јуни ќе се покаже дека нема напредок во реформите, виновен ќе биде СДСМ затоа што го „блокирал“ Изборниот законик. Ова е класична лага на Мицкоски. ВМРО-ОКГ има апсолутно мнозинство во Собранието. Токму како што го укинаа техничката влада без ниту еден глас од СДСМ, така можат да го донесат и Изборниот законик. Не им треба СДСМ за закони – им треба изговор кога ќе ...

Пониските температури невообичаени за овој период од годината и облачното време не ги предомислија туристите и овој 1 Мај традиционално да го посетат Дојран. Викендиците и сместувачките објекти се полни, а денот туристите го искористија за да се рекреираат во паркот, по патеката или по шеталиштето во Стар Дојран. Од Општина Дојран очекуваат во наредните три дена сместувачките капацитети да ги задоволат потребите на туристите и велат дека во ...

Драстично зголемување на паричните казни за физички лица, од 400 евра за несоодветно чување и шетање на куче, до 5.000 евра за предизвикување болка, страдање или повреди, мачење, сурово и нехумано однесување и убивање на животните. Ова се само дел од измените кои ги предвидува предлог-законот за заштита и благосостојба на животните, објави Телма. Имените главно се насочени на решавање на проблемот со напуштањето на домашните миленици, нивното ...

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, се осврна на пеналите досудени синоќа на ремито 1:1 со Арсенал во првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите. – Во полуфинале на Лигата на шампионите, потребна е чиста ситуација за да се досуди пенал. При пеналот против нас во првото полувреме, контактот беше минимален, па мислам дека можеби не беше пенал. Контактот беше одзади, а играчот го очекуваше и падна. При нашиот пенал, ...

Интер планира да ја активира опцијата за продолжување на договорот со дефанзивецот Федерико Димарко, а потоа да се обиде да го продолжи договорот за уште две години, објавува „Калчомеркато“. Лидерот во Серија А има намера да го задржи 28-годишниот Италијанец до летото 2030 година. Во сезоната 2025/26, Димарко го израмни рекордот во Серија А за најмногу асистенции во една сезона (16). Дефанзивецот е во Интер од јули 2018 година. Неговиот ...

weather icon

Скопје

28ᴼ / 28ᴼ
1.71
30%
1012
weather icon

Белград

33ᴼ / 30ᴼ
3.56
47%
1009
weather icon

Загреб

30ᴼ / 30ᴼ
0.45
42%
1009
weather icon

Софија

28ᴼ / 28ᴼ
2.25
38%
1012
weather icon

Сараево

29ᴼ / 29ᴼ
3.97
34%
1010
weather icon

Љубљана

29ᴼ / 27ᴼ
1.79
50%
1008
weather icon

Атина

28ᴼ / 25ᴼ
4.02
53%
1014
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
2.05
48%
1015
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
3.3
43%
1014
weather icon

Букурешт

29ᴼ / 27ᴼ
3.58
38%
1010
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 19ᴼ
2.68
79%
1011
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 24ᴼ
1.08
55%
1014
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Сребро

2186.28

Злато

135639.33

Рутениум

48965.59

Цинк

0.00

Калај

53.60

Алуминиум

3.54

Иридиум

253540.09

Паладиум

40767.15

Бакар

13.01

Родиум

257205.97

Кобалт

45.39

Платина

55170.68