Скопје
15ᴼ /
15ᴼ
Исходот од конференцијата на ОН за климата во Белем, Бразил (КОП30) останува нејасен откако Европската унија одби да го прифати нацрт-договорот за кој рече дека нема да ги зајакне глобалните напори за намалување на емисиите на стакленички гасови. Дводневната конференција требаше да заврши синоќа, но разговорите продолжија доцна во ноќта. Некои економии во развој го критикуваа ставот на ЕУ и побараа блокот да издвои повеќе средства за да им ...
Дводневниот самит на Г20 на водечките економии започнува денеска, обележан со отсуството на многу светски лидери и жестоката дебата за мировниот план на САД за Украина, објави ДПА. Американскиот претседател Доналд Трамп, како и шефовите на државите на Русија и Кина – Владимир Путин и Си Џинпинг – се меѓу лидерите кои го откажаа своето учество на првиот самит на Г20 на африканскиот континент. Лидерите на Мексико и Аргентина исто така се ...
Потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, изјави дека секој план за запирање на војната на Русија во Украина мора да го зачува украинскиот суверенитет и да биде прифатлив за двете страни. Во исто време, Венс рече дека е „фантазија“ да се помисли дека Украина може да победи ако САД му дадат на Киев повеќе пари или оружје или воведат повеќе санкции врз Русија. Претседателот на САД, Доналд Трамп, во четвртокот откри нов мировен план за Украина, кој ...
Кирил Дмитриев, специјалниот претставник на рускиот претседател Владимир Путин за инвестиции, вчера изјави дека планот на САД за ставање крај на војната во Украина има за цел да спречи повеќе смртни случаи и територијални загуби за Украина. Неколку извори им кажаа на медиумите дека планот на САД за ставање крај на четиригодишната војна во Украина е резултат на разговори зад сцената меѓу Дмитриев и Стив Виткоф, специјалниот претставник на ...
Европската радиодифузна унија (EBU) најави серија промени во правилата за гласање за Евровизија 2026, со цел да се зголемат довербата, транспарентноста и фер условите во натпреварот. Меѓу најголемите измени се враќањето на жири-комисиите во двете полуфиналиња и преполовувањето на максималниот број гласови што може да ги даде гледачот. Жирито се враќа во полуфиналните вечери По четири години пауза, од 2026 година во полуфиналињата повторно ќе ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни, со услови за појава на невреме со грмежи и силен ветер. Преку денот ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени. Во Скопје, променливо облачно, со повремени врнежи од ...
Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврна во Маврови Анови, 18 литри на метар квадратен, по што следуваат Гевгелија со 17, Пожаране и Попова Шапка, 16, Берово, 15, Тетово, 14, покажуваат мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во Лазарополе наврнале 10 литри на метар квадаратен, девет во Струмица, пет во Куманово и Крушево, четири во Скопје-Петровец и Претор, два во Битола и Пожар и со по еден Скопје–Зајчев Рид, Виница, ...
На 17 ноември, по повод Меѓународниот ден на студентите, Министерството за дигитална трансформација го објави повикот за ваучери во износ од 15.300 денари за купување електронски уреди за студентите. Уште истиот ден, многумина се соочија со технички проблеми, големи гужви и паднат систем. Дополнителен хаос настана кога државата прво им ги додели, а потоа ги поништи ваучерите на постдипломските студенти, бидејќи не ги исполнувале условите ...
Во периодот јануари – септември годинава приходите од туризмот за Грција се зголемени за девет отсто во споредба со лани, а зголемување за четири проценти има и во бројот на туристи кои ја посетиле земјата, според податоците од Банката на Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Во првите девет месеци од годинава приходите се 20,1 милијарди евра, зголемување, што според Банката на Грција, се должи како на зголемувањето на приходите од ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека разговарал за „достапните дипломатски опции“ за завршување на војната со Русија во денешниот телефонски разговор со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте. „Разговаравме за достапните дипломатски опции и планот презентиран од американската страна“, напиша Зеленски на „Х“. „Сега сме подготвени да работиме брзо и конструктивно за да го обезбедиме неговиот успех. Ги координираме нашите ...
Русија се обидува да го блокира спроведувањето на санкциите на САД против извозот на нафта со објавување план за Украина од Вашингтон, изјави денеска во Брисел високата претставничка на Европската Унија (ЕУ) за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас. „Денеска е денот кога санкциите на САД против Русија треба да стапат во сила. Се надевам дека нема да видиме одлука за нивно одложување, бидејќи токму тоа го сака Русија“, им рече ...
Лидерите на ЕУ ќе се состанат утре на маргините на самитот на Г20 во Јоханесбург за да разговараат за ситуацијата во Украина, изјавија денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта. „Разговаравме со претседателот Зеленски. Разговаравме за моменталната ситуација и јасно наведуваме дека ништо не треба да се одлучува за Украина без Украина“, изјавија Кошта и фон дер Лајен ...
Германскиот канцелар Фридрих Мерц разговараше по телефон со американскиот лидер Доналд Трамп за мировниот план на САД за Украина, објави ДПА. Петнаесет-минутниот разговор се одржа во „дух на доверба и пријателство“, изјави портпаролот Стефан Корнелиус. „Следните чекори“ беа договорени во однос на координацијата меѓу советниците, додаде функционерот. Американскиот план, кој беше објавен претходно оваа недела, би можел да ја принуди Украина да ...
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, денеска повика на мирно решение за Украина за да се зачува нејзиниот територијален интегритет. Гутереш го упати својот апел на прес-конференција во Јоханесбург, еден ден пред почетокот на самитот на Г20 таму. Запрашан за американскиот план за мир во Украина, Гутереш рече дека планот сè уште не е официјално презентиран од Вашингтон или од некој друг. Таквиот план мора да биде во согласност со ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски по телефонскиот разговор со потпретседателот на САД Џеј Ди Венс изјави дека неговата земја со нетрпение очекува да започне заедничка работа со САД и Европа на ниво на советници за развој на план за завршување на војната со Русија. „Се договоривме заедно со САД и Европа да работиме на ниво на советници за национална безбедност за да го пронајдеме патот кон вистински траен мир“, напиша Зеленски по ...
Основното јавно обвинителство Гевгелија поведе постапка против државјанин на Република Србија осомничен за предизвикување на тешка сообраќајна несреќа со смртни последилици кај Валандово, на 19 ноември рано утрото, управувајќи товарно возило Мерцедес, сопственост на транспортна фирма од Србија, натоварено со околу 24,5 тони пресувана хартија. Како што информира Обвинителство, тој се товари за „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот ...
Фатима Бош од Мексико е новата Мис Универзум 2025 – титула што ја освои во Бангкок, во финале обележано со контроверзии, препукувања и сцени што влегоа во историјата на изборите за убавина. Но, која е всушност младата жена што се најде во центарот на глобалното внимание? View this post on Instagram A post shared by Fatima Bosch (@fatimaboschfdz) Од Табаско до светските сцени Родена во Сантјаго де Теаnа, во мексиканската држава Табаско, Фатима ...
Нема поубав мирис како оној на сарма која крчка, а без совршено сочувана кисела зелка тоа не е возможно. Кога доаѓа зимата, ништо не ја заменува киселата зелка! Таа е основа на нашата кујна, било за салата, било за совршена сарма. Но, сите знаеме колку е фрустрирачко кога трудот околу киселењето завршува залудно – киселата зелка се расипува, омекнува или ја губи бојата. Среќа, нашите баби знаеле тајни, а три се клучни за да вашата зимница ...
Адвокатот Владимир Туфегџиќ денеска за „Скопје1“ потврди дека Јавното обвинителство, во последниот ден од жалбениот рок и непосредно пред крајот на работното време, поднело жалба со која бара укинување на ослободителната пресуда за неговиот клиент Александар Ѓорчевски, пренесува Libertas.mk. Туфегџиќ најави дека ќе поднесе одговор на жалбата и ќе побара јавна седница пред Жалбениот совет на Апелациониот суд, очекувајќи дека второстепениот суд ...
Со сослушување на законскиот застапник на семејството на починатиот и со расправа околу предложените докази за казнена евиденција на одбраната, денеска во Основниот кривичен суд Скопје продолжи судењето против 25-годишниот скопјанец Фатон Љури, обвинет дека на 1 јули годинава, управувајќи мотор „кавасаки“ без возачка дозвола по пешачката патека на кејот на Вардар, го прегазил 68-годишниот Југослав Николовски и го напуштил местото на ...
Група малолетници и млади возрасни, меѓу кои и едно девојче, влегле во зградата на поранешниот облакодер „Вјесник“ низ прозорец на првиот кат околу 22:30 часот во понеделник, дознава „Јутарњи лист“. Според извори на весникот, идејата за влегување била инспирирана од ТикТок предизвик, при што групата пребарувала напуштени или недоволно искористени објекти за фотографирање, без намерно да ги оштетат. Сепак, нивниот обид завршил трагично по ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски пред малку им се обрати на Украинците со видео порака во која предупреди дека земјата е во еден од најкритичните моменти од почетокот на војната. Тој зборуваше за исклучително силниот политички и дипломатски притисок од САД и за тешките одлуки што Киев мора да ги донесе во наредните недели. „Сега доживуваме еден од најтешките моменти во нашата историја. Во моментов, Украина можеби ќе мора да направи ...
САД се закануваат дека ќе ја прекинат размената на разузнавачки информации и испораките на оружје во Украина ако не се согласат со рамката на мировниот договор со посредство на САД, објави денеска Ројтерс, повикувајќи се на две лица запознаени со ситуацијата. Изворите велат дека Киев е под поголем притисок од Вашингтон отколку за време на сите претходни мировни преговори и дека САД сакаат Украина да го потпише рамковниот договор до следниот ...
Банките во Македонија за девет месеци од годинава заработиле чисти над 235 милиони евра – покажуваат податоците на Народната банка. Само за три месеци, од јуни, заклучно со септември ја зголемиле добивката за над 85 милиони евра. Тогаш профитот на домашните банки изнесуваше 150 милиони евра. За само девет месеци од годинава се приближиле кон добивката која ја прикажаа за цела мината година кога изнесуваше 283 милиони евра. Податоците ...
Поради обилните врнежи, на подрачјето на Општина Ресен дошло до излевање на Болнска и Источка река во селата Царев Двор и Дрмени, при што се поплавени над 50 куќи, магацински простори, визби и земјоделско земјиште, информираат од Центарот за управување со кризи. Ангажирани се екипи на јавните претпријатија ЈКП „Пролетер“ и „Македонија пат“, како и приватни машини со вкупно седум пумпи за испумпување вода и повеќе багери за расчистување и ...
Три години ефективна затворска казна и пет години забрана за вршење професија, дејност или должност, судот во Струга му пресуди на гинекологот Мухамед Асани, првообвинет во случајот со родилката од Дебар, Јилдиз Веапоска на која по породувањето со царски рез во Болницата во Струга и биле отстранети матка, јајник и бубрег. Ослободителни пресуди добија второобвинетиот, неговиот син Блертон Асани, кој тогаш бил специјализант по гинекологија и ...
Не претставува никакво изненадување тоа што Русија се заканува и Европската комисија изразува целосна солидарност со Грција по упатените закани кон неа од страна на Москва, изјави денеска портпаролката на ЕК за надворешни работи и безбедносна политика Анита Хипер. Изјавата на Хипер беше одговор на новинарско прашања за ставот на Еврокомисијата во врска со вчерашните обвинувања на руското Министерство за надворешни работи дека Грција презема ...
Во октомври се бележи годишен раст на вкупните депозити од 11,8 проценти, како и на вкупните кредити за 12,1 процент. Порастот на вкупните депозити, пред се, се должи на растот на депозитите кај домаќинствата, а растот кај кредитите произлегува од зголемените кредити на корпоративниот сектор. Физичките лица најмногу земале потрошувачки и станбени кредити и кај нив е забележан годишен раст соодветно од 10,2 проценти и 16,1 проценти. Кај ...
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во септември годинава изнесува 45.466 денари и е за 9,3 отсто повисока во споредба со истиот месец лани. Според податоците на Државниот завод за статистика, ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Образование за 14,9 отсто, Дејности на здравствена и социјална заштита за 12,6 и Транспорт и складирање за 11,5 ...
Во третото тримесечје од 2025 година за 25,7 отсто е зголемено количеството на превезената стока во товарниот патен превоз во однос на истото тримесечје од претходната година. При тоа, количеството на превезената стока во товарниот патен превоз e зголемено за 25,7 отсто, во железничкиот за 8, а во воздухопловниот превоз за 14,2 отсто. Според податоците на Државниот завод за статистика, во третото тримесечје од 2025 година, во патниот патнички ...