Уште еден удар по стандардот и џебот на граѓаните, поскапува и парното. Мицкоски најавуваше намалување на цените и после секоја негова најава нешто поскапува. Поскапеа горивата, цената на дизелот се зголеми за 15 денари само за неколку недели, поскапе храната, поскапеа цените во маркетите, поскапува и транспортот. Сите цени се до плафон. Со Мицкоски економијата е во тотален колапс. Граѓаните едвај врзуваат крај со крај, со најниски плати во ...

Регулаторната комисија за енергетика денеска со двојна честитка до граѓаните – поскапуваат горивата, а од 1 август жителите на Скопје ќе плаќаат и поскапо парно. Најпогодени ќе бидат корисниците на парно кои се приклучени на мрежата на ЕСМ Снабдување, кои се и најбројни. Тие ќе плаќаат поскапо парно за 5,96 проценти, додека за корисниците на ЕСМ Енергетика парното поскапува за 5,18 проценти. Најмало поскапување ќе имаат корисниците на ...

Домаќинствата кои се греат на парно преку ЕСМ – Снабдување од 1-ви август ќе плаќаат за 5,96 насто повисоки сметки, корисниците на ЕСМ – Енергетика за 5,18, а кај поранешно Скопје – Север или „Енерго-Еколог“, покачувањето е 3,65 проценти. Регулаторна ја направи пресметката, иако, енергетските компании барале зголемување од 30 до 130 насто. За стан од 60 квадрати, сметката повисока за 140 денари. Освен парното, ново поскапување и на горивата – ...