Првиот човек на Специјалното обвнителство против организран кримнал и корупција (СПАК), Клодијан Брахо потврди дека до обвинителството пристигнала кривична пријава, против лидерот на партијата „Можност“ и пратеник, Агрон Шехај и е во процес на верификација. -Обвинителот ги проверува наводите, по што ќе донесе одлука, рече кусо тој. Шехај, се најде во центарот на голем скандал откако беше обвинет дека го украл нацрт-договор за заем од 302 ...

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека парламентарните избори ќе бидат распишани кога надлежните институции ќе оценат дека се исполнети сите уставни и законски услови, нагласувајќи дека веднаш ќе го признае евентуалниот изборен пораз доколку граѓаните одлучат така, но истовремено ја повика опозицијата уште отсега јавно да се изјасни дали ќе ги прифати резултатите доколку тие не одат во нејзина корист. Одговарајќи на ...

Со обезбедувањето повеќе од 10 милиони евра за откуп на оризова арпа и винско грозје од сортата вранец, Владата испраќа порака дека годинава фокусот не е само на зголемување на земјоделското производство, туку и на обезбедување сигурен пласман за родот. Наместо земјоделците да се соочуваат со неизвесност околу откупот, компаниите ќе имаат пристап до поволни кредитни средства со кои навремено ќе го преземат и исплатат производството. Преку ...

Вкупно 147 корисници на пензија од задолжителното капитално финансирано пензиско осигурување, односно вториот пензиски столб, остваруваат исплата од индивидуалните сметки, покажува анализата со пресек на 30 јуни 2026 година. За овие корисници, како што соопштија од Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС), е исплатен вкупен нето износ од 1.452.089 денари, при што просечната нето исплата по корисник ...

Средствата во вториот пензиски столб се личен имот на осигурениците загарантирани со закон и Устав. Национализација на овие средства можно е државата да направи, но ефектите од тоа се краткорочни, а на долг рок не се решава проблемот, велат од Асоцијацијата на друштва за управување со пензиски фондови (АДПФ). – Во оваа земја имало национализација, па денационализација така што историски гледано, возможно е, но тоа зависи од сите нас, од тоа ...

Во Собранието денеска ќе се одржи 113. пленарна седница, последна за пратенички прашања пред заминувањето на пратениците на годишен одмор. Седницата за пратенички прашања се одржува секој последен четврток во месецот, а на премиерот и на министрите прашања први им поставуваат пратениците од опозициските партии. Секој последен четврток во месецот се одржува и редовниот брифинг на претседателот на Собранието, Африм Гаши, со новинарите. МИА Во ...

На ГП „Богородица“, поради зголемена фреквенција на возила, за излез од државата се чека околу 20 минути. Како што информира АМСМ, на останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, ...

Гостивар. Крушево. Валандово. Булачани. Пласница. Лешок. Преглово. Маврово…. По седум градови со отровна вода, по Лепенец и Вардар, по Башино Село, сега и водата од изворите во Елшани и Велестово во Охрид не е за пиење. Изгледа дека во Македонија веќе нема чисто место. Мицкоски зборува за „нови бактерии“ во Гостивар. Клековски ветува дека до крајот на неделата ќе може да се пие водата. Секој си ја тера својата приказна. Собирање политички ...

Ревизијата во Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) утврди дека се уште има недоследности во ефикасноста на следење на лекувањето во странство, во начинот на финансирање / купување на услугите од јавните здравствени установи и ажурирање на референтните цени за здравствените услуги, како и во ажурирање на Листата на лекови кои паѓаат на товар на Фондот. Ккао што информира Државниот завод за ревизија (ДЗР) кој го објави Извештајот за ...

Од 1 до 7 август се одбележува Светската недела на доењето, глобална кампања чија цел е да ја подигне свеста за значењето на доењето и да ја поттикне поддршката за мајките, новороденчињата и семејствата. Годинашната тема, „Доење за одржлив почеток на животот: Да го зајакнеме она што докажано функционира“, ја нагласува потребата од заедничка одговорност во создавањето средина во која секоја мајка ќе може успешно да го започне и продолжи ...

Македонија ги загуби средствата од ИПА фондовите на Европската Унија наменети за изградбата на железничката пруга кон Бугарија. Наместо европски грант од милиони евра, сега остануваат само кредитите што ќе ги враќаат граѓаните. Ова е уште еден дебакл на Владата на Христијан Мицкоски. Губиме милиони евра, европски пари поради тоа што владата на Мицкоски не ги испочитувала роковите, ИПА средствата повеќе не се достапни. Наместо да ја реализира ...

Евростат објави поразителни бројки, го потврди дебаклот на Мицкоски: Македонија има најнизок животен стандард и најслаба куповна моќ во Европа. Евростат ја покажа суровата реалност за економската мизерија во која живеат македонските граѓани после две години Влада на Мицкоски и ВМРО. Зад Македонија нема друга земја, пред нас се Босна и Херцеговина, Турција, Црна Гора, Србија…. Додека Мицкоски зборува за „трета економија во Европа“, „поголем ...

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната седница за пратенички прашања упати остри критики до премиерот Христијан Мицкоски, оценувајќи дека неспособноста, корупцијата и лагите се на директна штета на граѓаните за што директно го обвини Мицкоски. „Сè повеќе на виделина излегуваат неспособноста, коруптивните практики и лагите со кои владеете. Не помага ниту „силниот“ ПР, луѓето едноставно повеќе не веруваат, маските се паднати и ...

Под влијание на топол бран до крајот на следната седмица во земјата ќе преовладува сончево и многу топло време, со постепен пораст на дневните температури. Според најавите на Управата за хидрометеоролошки работи, особено високи температури се очекуваат од среда, кога во одделни делови од државата максималната дневна температура ќе надмине 40 Целзиусови степени. МИА Под влијание на топол бран до крајот на следната седмица во земјата ќе ...

На денешната седница за пратенички прашања, претседателот на СДСМ, Венко Филипче, побара од премиерот Христијан Мицкоски кој ќе одговара за загадена вода за пиење, со која се соочува пола држава, предупредувајќи дека станува збор за сериозен проблем што директно го загрозува здравјето на граѓаните и за што Владата не само што молчи, туку нема ниту транспарентност, ниту одговорност. „Водата е загадена во пола држава: во Гостивар, во Валандово, ...

Во јавните здравствени установи во Гостивар вчера се прегледани 73 пациенти кои побарале лекарска помош, соопшти Министерството за здравство. Во Општата болница „Д-р Ферид Мурад” Гостивар, како што се посочува, се регистрирани вкупно 45 нови прегледи, од кои 26 на инфективно (со две нови хоспитализации) и 18 на педијатриското одделение. Во моментот се хоспитализирани по двајца пациенти на инфективно и на одделението за педијатрија. Во ...

На денешната седница за пратенички прашања, претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, го повика премиерот Мицкоски да одговори зошто Владата ги крие резултатите за загадената вода во повеќе општини во државата и зошто граѓаните и натаму не добиваат јасни информации за состојбата, иако станува збор за прашање што директно го засега нивното здравје. „Водата е загадена во пола држава: во Гостивар, во Валандово, во Скопје, во повеќе општини, а ...

Двајца пациенти на возраст од 76 и 66 години од седумте хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести со западнонилска треска се во критична состојба и се на механичка вентилација на одделот за интензивно лекување – изјави попладнево директорот на Клиниката, Фадил Цана, кој рече дека дополнително за уште тројца пациенти, кои се примени со дијагноза акутно заболување на мозокот и мозочната обвивка, во текот на денот се чекаат ...

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната седница за пратенички прашања нагласи дека народот овие две години, со ВМРО-ОКГ на власт, е на раб на егзистенција, сè е поскапено, а платите се најниски во Европа. Филипче посочи дека, во услови на секојдневни ценовни шокови, власта не презема никакви мерки, ниту, пак, има најави дека ќе преземе нешто за заштита на стандардот на граѓаните. „Нема најави за зголемување на стандардот, нема ...

Вимблдон 2026 постигна рекордна посетеност од 550.151 гледачи во текот на двете недели, што е малку повеќе од минатогодишниот вкупен број, објави ESPN, повикувајќи се на „Ол Ингланд клубот за тенис и крокет“. Зголемувањето на посетеноста на 139-то издание на Гренд слем турнирот на трева беше олеснето од фактот дека првенството беше без дожд за прв пат од 2019 година. Вкупната посетеност ја надмина бројката од 2025 година за 1.381 гледач. Во ...

Европските асоцијации може да го бојкотираат Светското фудбалско првенство, доколку претседателот на Светската фудбалска асоцијација (ФИФА), Џани Инфантино, продолжи со својот план за продажба на дел од комерцијалните права на турнирот на надворешни инвеститори, објави „Sky News“. Се очекува федерациите да одржат состанок оваа недела за да разговараат за спротивставување на иницијативата. Претходно, ФИФА ги потврди плановите за создавање ...

Земјите членки на Европската фудбалска федерација (УЕФА) ќе одржат итен состанок подоцна оваа недела за да разговараат во врска со контроверзните предлози на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) за продажба на комерцијалните удели во нивните најголеми натпреварувања, а не е исклучено меѓу темите на состанокот да биде и прашањето за евентуален европски бојкот на Светското првенство. Како што објави денеска Би-Би-Си, 55-те членки на УЕФА ...

Во светот денес, според научните проценки, се говорат околу 7.500 јазици, а најупотребувани се англискиот, мандаринскиот, хинди, шпанскиот, арапскиот и францускиот јазик. Научниците користеле математичко моделирање и сознанија од антропологијата, лингвистиката и демографијата за да го проценат бројот на јазици што се зборуваат на светско ниво, коишто датираат од пред околу 12.000 години до крајот на последното ледено доба, опфаќајќи ја ерата ...

Голем број животини живеат во групи. Тука спаѓаат и лебарките кои не можат да опстанат самостојно. Според направените истражувања лебарките поседуваат вид на колективна меморија што произлегува од групните социјални интеракции. Новите факти покажуваат дека колективната меморија може да се формира исклучиво преку динамиката на групата, што е од клучно значење за нивен опстанок. Научниците од Слободниот Универзитет во Брисел спровеле ...

Сармите од лозови листови се дел од македонската национална кујна, може да се служат топли или ладни, и како предјадење или главно јадење. Состојки: 30 лозови листови 1 главица кромид 500 грама мелено месо свежо нане и магдонос 100 грама ориз Подготовка: Темелно измијте ги листовите од винова лоза, отсечете го дебелиот дел од дршките и кратко сварете ги во зовриена вода. Распоредете ги на послужавник за да се изладат. Исецкајте го кромидот и ...

Кинеската компанија „Хонор“ (Honor) одржа специјален настан за подробен преглед на камерите вградени во нивниот долгоочекуван роботски телефон, т.е. „Робот-фон“ (Robot Phone). Како прв уред создаден во партнерство со легендарниот германски бренд за филмски камери „Ари“ (Arri), „Робот-фон“ носи неколку новини. Тие вклучуваат нативно „Лог-Ц3“ видеокодирање, „ЛУТ“ обработка на бои извршена директно на уредот и специјален „Синема“ режим (Cinema) ...

Сенатот на САД го потврди назначувањето на Џеј Клејтон за директор на националното разузнавање. За изборот на федералниот обвинител за Јужниот округ на Њујорк за нов шеф на разузнавањето гласаа 51 сенатор, додека 47 беа против. Републиканците во Сенатот се надеваа дека Клејтон ќе биде трајно назначен на функцијата уште минатиот месец, но американскиот претседател Доналд Трамп ја одложи номинацијата за да му овозможи на вршителот на должноста, ...

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, по телефонскиот разговор со неговиот украински колега Андриј Сибиха соопшти дека Техеран не бара ескалација на тензиите со Киев, но дека мора да има обештетување за загубите предизвикани од украинскиот напад врз ирански трговски брод. Арагчи преку пост на платформата „Икс“ потврди дека Сибиха го уверил оти нападот бил ненамерен и оти Киев немал намера да ја влошува ситуацијата. „Ниту Иран ...

Бугарската гранична полиција вчера евакуираше 186 патници од крузерот „Викинг Улур“, кој се насука кај романското место Салциа поради нискиот водостој на Дунав. Бродот, што пловеше под знаме на Швајцарија требало да пристигне во бугарскиот град Видин за да ги надополни резервите за храна и вода. По евакуацијата на патниците на брод останале 52 членови на екипажот. Бродот во понеделникот исплови од романскиот град Дробета-Турну Северин кон ...

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп забрани увоз на нови модели кинески хуманоидни и четириножни роботи, како и на нови кинески инвертори што се користат во соларни инсталации и центри за податоци, повикувајќи се на причини поврзани со националната безбедност и заштитата на американскиот синџир на снабдување во областа на вештачката интелигенција. Мерките ги објави Федералната комисија за комуникации (FCC) и стапија во ...

weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
0.0
93%
1030
weather icon

Белград

-1ᴼ / -2ᴼ
0.0
100%
1027
weather icon

Загреб

5ᴼ / 0ᴼ
1.03
78%
1027
weather icon

Софија

0ᴼ / -2ᴼ
1.03
93%
1029
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
2.05
94%
1031
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
0.51
92%
1027
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
2.68
69%
1028
weather icon

Тирана

13ᴼ / 10ᴼ
2.06
67%
1025
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
0.51
87%
1026
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 0ᴼ
1.03
78%
1031
weather icon

Будимпешта

0ᴼ / -2ᴼ
2.57
93%
1029
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 5ᴼ
2.57
92%
1029
Currency

61.645

Currency

54.969

Currency

73.855

Currency

38.114

Currency

39.253

Currency

67.278

Currency

8.2493

Currency

0.67209

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0972

Currency

0.58403

Платина

49319.25

Бакар

12.58

Кобалт

33.53

Злато

130856.75

Иридиум

315077.32

Родиум

295786.87

Алуминиум

3.07

Калај

46.54

Сребро

1670.34

Рутениум

61086.42

Цинк

3.76

Паладиум

32279.35