Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
Македонија денеска ги одбележува двата Илиндена – 123 години од Илинденското востание и Крушевската Република и 82 години од Првото заседание на АСНОМ, два најзначајни настани за македонската државност. Централниот настан традиционално ќе се одржи во Крушево, каде ќе се обрати потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски. Одбележувањето ќе почне со положување цвеќе на гробот на првиот претседател на Крушевската Република, Никола Карев и ...
Именден празнуваат: Илија, Илко, Илинка, Илинденка, Илина, Иљо, Илчо… Големиот македонски празник Илинден кој во свеста на македонскиот народ најповеќе асоцира на славното Илинденско Востание и на Крушевската Република, сепак, во својата основа го има свети Илија, лик од христијанската религија кој има значајно место и во народните верувања. Во народното верување свети Илија се смета за клучар кој го отклучува или заклучува небото и го пушта ...
Сите три Илиндена не се само датуми, туку се сведоштво дека Македонија постоела и постои, и дека живее во срцата на своите чеда, а нашата слобода е плод на духовната зрелост и жртвата на нашите предци. Но, слободата не е нешто што ни е дадено еднаш и засекогаш, туку е подвиг којшто треба да се чува. Како македонски народ, Илинден нѐ повикува на покајание и на враќање кон светите вредности – кон: верата, правдата, честа и достоинството, ...
Почитувани граѓани, денес во Крушево оддаваме почит на хероите на Илинден и на Крушевската Република – на оние кои пред повеќе од еден век се бореа за слободна и достоинствена Македонија. Нивната жртва не беше за изолација. Не беше за страв. Не беше за поделби. Тие се бореа за слобода, за правда и за правото на овој народ сам да ја одлучува својата судбина. Денес, повеќе од еден век подоцна, имаме должност да го продолжиме токму тој пат. ...
Илинденците се бореа за слобода, ние денес се бориме против корупцијата и изолацијата, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во денешната изјава за медиуми од Крушево, по повод празникот Илинден, Денот на Републиката. Филипче порача дека жртвата на илинденците не беше за изолација, страв и поделби, туку за слобода, правда и правото народот сам да одлучува за својата судбина. „Илинденците се бореа против тиранијата на своето време. ...
Наместо романтизирана и далечна историја, има неколку историски четива кои нè соочуваат со суровиот, но фасцинантен човечки фактор зад македонскиот бунт од 1903 година. Ова е обид тоа да се стори и со улогата на Питу Гули деновите непосредно, за време и по Илинденско востание потпрено директно на фактите и мемоарите собрани во книгата „Питу Гули“ од Кочо Топузоски. Низ призмата на овие автентични сведоштва, Илинденската епопеја и Крушевската ...
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, придружуван од пратениците од СДСМ, Бисера Костадиновска Стојчевска и Митко Трајчулески, денеска во Крушево оддадоа почит и положија свежо цвеќе на вечното почивалиште на Никола Карев, првиот претседател на Крушевската Република, во „Македониумот“ на Гумење. Филипче порача дека сеќавањето на Илинден има вредност само ако градиме подобра иднина и имаме должност да го ...
Струмичките пожарникари утринава успешно спасија мајка и дете кои паднале во провалија покрај трим-патеката што води кон манастирот „Св. Илија“. Од Територијалната противпожарна единица Струмица информираат дека спасувачката акција започнала околу 05:15 часот, кога тим од пожарникари-спасители бил испратен на местото на настанот. По пристигнувањето на местото на настанот, пожарникарите со употреба на соодветна спасувачка опрема успешно ги ...
Христијан Мицкоски и ВМРО-ОКГ повторно се обидуваат да се вметнат во историјата каде што не припаѓаат. ВМРО-ДПМНЕ (денес ОКГ) нема никаква организациска, идејна ниту кадровска врска со АСНОМ. Напротив – историското ВМРО на Ванчо Михајлов соработувало со фашистичките сили и бугарскиот окупатор. Тоа е факт. СДСМ е политички наследник на АСНОМ и на антифашистичката борба. Тоа никој не може да го промени. Токму тоа најмногу го нервира Мицкоски – ...
Денеска во Крушево, по повод празникот Илинден, претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, придружуван од пратениците од СДСМ, Бисера Костадиновска Стојчевска и Митко Трајчулески, положија свежо цвеќе на споменикот на бранителите на Крушевската Република на Мечкин Камен во Крушево. Делегацијата на СДСМ со овој чин им оддаде најголемо признание и почит на храбрите илинденци кои пожртвувано ја бранеле првата ...
До крајот на денот ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Во западните делови ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен, а во источните делови од променлив правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 33 до 39 степени. Во Скопје сончево и топло со слаб до умерен ветер со променлив правец и со температура до 39 степени. Најтопло денеска ќе биде во Скопје, Велес и Демир Капија со 39 степени, натаму во ...
Претседателот на Конфедерацијата на Северна, Централна Америка и Кариби (КОНКАКАФ) Виктор Монталијани сериозно ја разгледува можноста за кандидатура за претседател на ФИФА. Според британските медиуми, тој би можел противкандидат на Џани Инфантино. Монталијани има амбиции да биде претседател на ФИФА, но ќе мора официјално да поднесе кандидатура до 18.ноември, кога истекува рокот за пријави. Инаку, негов приоритет сега е ре-избор на позицијата ...
Полициски службеници од Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје на 29 јули годинава лишиле од слобода три лица од Скопје, осомничени за фалсификување исправа и злоупотреба на лични податоци. Како што информира МВР, приведени се И.Т. (45), С.Т. (21) и П.П. (29), поради сомнение дека сториле кривични дела „фалсификување исправа“ по член 378 и „злоупотреба на лични податоци“ по член 149 од Кривичниот законик. Според ...
Американските медиуми објавија дека американскиот претседател Доналд Трамп планира за време на викендот масовни напади врз Иран, вклучително и врз енергетската инфраструктура. – Јас многу силно ќе го нападнам и знаете, во одреден момент тие ќе кажат: Едноставно не можеме повеќе да издржиме, изјави Трамп на средбата со својот кабинет во претседателската резиденција Кемп Дејвид. Подоцна „Волстрит џурнал“ објави дека Трамп наредил нов напад со ...
По големиот мигрантски бран врз Суета, стотици мигранти вчера се обиделе од Мароко да влезат во шпанската енклава Мелиља. Околу 500 лица се обиделе да влезат во Мелиља, но биле спречени од шпанските безбедносни сили. Два часа подоцна мигрантите се обиделе да ја пробијат граничната ограда. Мигрантите фрлаа со камења кон безбедносните сили, кои одговорија со солзавец. Сè уште е непознато дали некој од мигрантите успеал да влезе во Мелиља. ...
Суд во Москва денеска соопшти дека издал налог за апсење на ќерката на убиениот руски опозиционер Борис Немцов, која не живее во Русија, поради улогата што ја има во „непожелна организација“. Жана Немцова, која ја напушти Русија во 2015 година по убиството на нејзиниот татко, е коосновачка на Фондацијата за слобода „Борис Немцов“, чие седиште е во Германија. Москва во 2024 година ја прогласи Фондацијата за „непожелна организација“ и ги ...
Премиерот Еди Рама објави дека Албанија ќе распореди интелигентни дронови од домашно производство за безбедност на воздушниот простор за време на самитот на НАТО, што ќе се одржи во Тирана следната година. Тој додаде дека владата нарачала напреден систем за воздушна одбрана, што се очекува наскоро да пристигне во Албанија. – Како што ветивме, одбраната на небото за самитот на НАТО, каде што ќе биде присутен и претседателот на САД, Доналд ...
Над 300 пожарникари интервенираат во големиот пожар што избувна вчера наутро во областа Виотија во централна Грција, што сè уште не е ставен под контрола, а во текот на ноќта од бројот 112 за итни случаи беа испратени пораки за превентивна евакуација на четири населени места, јави дописничката на МИА од Атина. Пожарот избувна вчера наутро и поради силниот ветер, што сè уште дува во областа, огнената стихија брзо се прошири и утрово се активни ...
Мигрантската криза во шпанската енклава Суета повторно ги зголеми тензиите помеѓу Шпанија и Израел, а според Мадрид истата е дел од поширока геополитичка борба. Изјавата на шпанската политичка аналитичарка Каролине Алонсо дека Израел се обидува да ја ослабне владата на Шпанија поради нејзиниот став кон војната во Појасот Газа предизвика меѓусебни обвинувања помеѓу Мадрид и Ерусалим. Според неа, барањето на Италија, Шпанија привремено да се ...
Лидерите на 22 земји-членки на Европска Унија, на иницијатива на Италија и на Данска, бараат итен и единствен одговор на мигрантскиот бран во Сеута. Тие во писмото испратени до претседателите на Европскиот совет, Европската комисија и Советот на ЕУ бараат да се одржи итна видеоконференција на министрите за внатрешни работи, на која ќе се процени ситуацијата и ќе се дефинираат координирани мерки. Тоа подразбира брза мобилизација на достапните ...
Претседателката на Словенија, Наташа Пирц Мусар денеска ќе биде пуштена на домашно лекување откако вчера беше хоспитализирана поради здобиени полесни повреди во сообраќајна несреќа. Несреќата се случила во тунелот Кастелец, а Пирц Мусар била однесена во болница во Изола. Според полициската управа во Копер, во несреќата што се случила во петокот околу 17 часот на крајбрежниот автопат, учествувале две службени полициски возила кои патувале во ...
Денешниот ден започна со 11 активни пожари, со кои од вчера се борат силите на противпожарната служба, рече министерот за климатска криза и цивилна заштита на Грција Евангелос Турнас, посочувајќи дека „големиот број пожари, во комбинација со екстремните временски услови, го доведоа механизмот на границата на своите можности“, јави дописничката на МИА од Атина. -Многу силните, дури и бурни ветрови и понатаму создаваат исклучително тешки услови ...
Амбасадите на САД во неколку земји од Блискиот Исток ги предупредија американските граѓани за можна ескалација на регионалниот конфликт и ги повикаа да бидат подготвени да го напуштат регионот. „Американските граѓани кои во моментов се наоѓаат во регионот треба да почнат да размислуваат или да се подготвуваат да го напуштат Блискиот Исток во случај на ескалација“, се вели во предупредувачкото соопштение објавено на социјалните мрежи од страна ...
Австрија е зафатена од нов топлотен бран кој се очекува да трае уште неколку дена. Австриската агенција за здравје и безбедност на храната (АГЕС) за првпат уште во текот на летото објави проценка за вишокот стапка на смртност поврзана со високите температури. Според АГЕС, во јуни годинава околу 395 лица починале како последица на горештините. Ова е највисокиот регистриран број за месец јуни од почетокот на споредбените анализи во 2017 година, ...
Во вториот квартал годинава најголемата постигната цена на стан продаден од инвеститор по метар квадратен изнесува 206.640 денари (3.360 евра) односно за 50 метри квадратни стран во Центар платени се 168.000 евра, покажува денеска објавениот Извештај од Регистарот на цени и закупнини за периодот април – јуни годинава. Од продажбите на стари станови, најголемата постигната цена по метар квадратен е во Охрид и изнесува 197.408 денари (3.200 ...
Под влијание на топла воздушна маса од југ во деновите од продолжениот викенд и до крајот на следната седмица времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Високите температури ќе се задржат и во текот на вечерните и ноќните часови. За денеска се најавува многу топло време со слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 21, а максималната ќе достигне од 33 до 39 ...
Најпосле Христијан Мицкоски ќе го легализира својот бизнис со струја. Како? Со Вучиќ. Вчера Мицкоски се сретна со Ѓуро Мацут – човекот кого само Вучиќ го нарекува премиер, на неочекувана посета, иако Мацут во Охрид се чувствува како дома. Целта: да ја официјализира соработката меѓу СНС и криминалната организација ВМРО. Со Душан Адамовиќ, високиот член на СНС, почесен конзул на Македонија, Мицкоски веќе има соработка, офшор фирми за продажба ...
Во над 50 населени места во Македонија водата не е безбедна за пиење а листата расте секој ден. Гостивар, Крушево, Валандово, Булачани, Пласница, Лешок, Преглово, Маврово, Рич, Белотино, Башино Село, Елшани, Велестово, Ново Село, Сушица, Зубово, Државо, Гарани, Шутово и уште многу други места. Во Гостивар има ризик од епидемија на жолтица. И власта повторно задоцни со реакција. Иако претседателот Филипче уште пред 2 недели алармираше за ...
Министерството за здравство денеска соопшти дека внимателно го следи случајот со 19-годишната пациентка која по царски рез направен во Клиничката болница во Штип останала парализирана. – Со цел целосно, објективно и стручно утврдување на сите околности поврзани со лекувањето на пациентката, Министерството издаде налог до Државниот санитарен и здравствен инспекторат да изврши вонреден инспекциски надзор. По добивањето на инспекцискиот наод и ...
Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна. Иако е забележано дневно зголемување, вкупниот тренд е значително понизок во однос на времето кога беше пикот, информира денеска Министерството за здравство. – На 31 јули се регистрирани вкупно 60 први прегледи. Иако е забележано дневно зголемување, вкупниот тренд останува значително понизок во споредба со пикот од 18 јули, кога беа евидентирани 649 прегледи. Од 14 до 31 јули се регистрирани ...