Скопје
-3ᴼ /
-3ᴼ
Нарадата за квалитет „Сино знаме“ е отстранета од девет грчки плажи на островите Хиос и Парос, бидејќи или не биле соодветно организирани за оваа сезона или при контролите било утврдено дека не ги исполнуваат строгите критериуми на програмата, но во секој случај квалитетот на водата за капење останува одличен согласно стандардите на програмата, јави дописничката на МИА од Атина. Грчкото друштво за заштита на природата што воедно и ...
Ентони Фаучи, главен медицински советник на претседателот на САД за време на пандемијата со САРС ков-2 вирусот и тогашен директор на Националниот институт за алергија и заразни болести (NIAID), денеска во 8.30 часот по вашингтонско време во американскиот Сенат ќе биде испрашуван пред Комисијата за домашна безбедност и владини работи, со која претседава сенаторот Ранд Пол, републиканец од Кентаки. Сослушувањето ќе се случи неколку дена откога ...
Германскиот производител на автомобили Бе-ем-ве (BMW) ќе укине 8.000 работни места ширум светот, јави Германската новинска агенција (ДПА) повикувајќи се на неименуван извор. Предвидено е намалувањето на работните места ќе се одвива преку флуктација на вработените и доброволно заминување. Кратењето на работните места ќе се одвива од октомври годинава до крајот на 2027 година, а ќе бидат опфатени сите вработени во Германија, кои не се директно ...
Тајлер Робинсон, обвинет за убиство на американскиот конзервативен активист Чарли Кирк, го извршил нападот поради неговите политички ставови, оценуваат обвинителите, наведувајќи го противењето на Кирк за истополовите бракови и трансродовите права, објавија британските медиуми. Коментарите на обвинителите во судските документи се најобемни досега за наводниот мотив за пукањето врз Кирк на универзитет во американската држава Јута, на 10 ...
Директорот на руската компанија за развој на дронови, Андреј Черезов, е хоспитализиран денеска по вооружен напад во Тула, кој истражителите го третираат како обид за атентат, јавуваат руските медиуми. Черезов, раководител на компанија која развива беспилотни летала, беше нападнат во Тула, град на околу 190 километри јужно од Москва. Според рускиот портал Меш, непознат напаѓач го чекал Черезов на скалите од зградата и испукал три куршуми кон ...
Се очекува температурите во одделни делови на Германија утре да пораснат до 39 степени Целзиусови, во рамките на најновиот топлотен бран што ја погоди Европа. Како што пренесе ДПА, се очекува утре да биде најтоплиот ден од актуелниот топлотен бран, соопшти денеска Германската метеоролошка служба (DWD). Температурите ќе се движат од 26 до 31 степен долж брегот и од 32 до 39 степени ширум поголемиот дел од земјата. Исто така, постои ризик од ...
Граѓните од ден во ден живеат се полошо, животниот стандард континуирано се влошува, а последниот ребаланс на Буџетот ја потврди погрешната економска политикана ВМРО, нагласи потпретседателката на СДСМ, Јована Тренчевска, во интервјуто во „Вести Плус“ на телевизија Канал 5. Тренчевска посочи дека само во изминатите денови граѓаните се соочија со нови ценовни удари – поскапеа бензините и парното, а власта сè уште не донесе конкретни мерки за ...
Мицкоски ја објави новата – магична економска реалност. Повеќе не сме „трета економија во Европа“. Сега имаме поголем раст од цела Европска Унија. И први сме во Европа по зголемен процент на туристи. Браво. Додека граѓаните бројат дали ќе го преживеат месецот, додека потрошувачката кошница урива рекорди, додека горивото втора недела по ред поскапува, додека земјоделците продаваат под минимална цена, додека младите си одат, ние сме први. Први ...
Земјотрес со епицентар во соседна Албанија утрово е почувствуван во Струга и околината со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала. Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека епицентарот на земјотресот е на речиси 144 километри југозападно од Скопје со Рихтерова локална магнитуда 4. МИА Земјотрес со епицентар во соседна Албанија утрово е почувствуван во Струга и околината со ...
Седум лица кај кои е потврдена западнонилска треска се хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести. Здравствената состојба кај еден од нив, 76-годишен скопјанец, кој е сместен на одделот за интензивна нега на Клиниката за инфективни болести, сè уште е сериозна и е на респираторна поддршка – изјави денеска за МИА директорот на Клиниката, Фадил Цана. Тој посочи дека лицето кое е во сериозна здравствена состојба веќе една недела е на ...
По Скопје 2014 сега нов начин на крадење пари измисли ВМРО-ОКГ: Скопје 2028. Класична легализација на корупција. Криминалната организација ВМРО повторно се обидува да протне закон со кој ќе ги заобиколи правилата за јавни набавки и ќе отвори простор за нови милионски тендери без контрола. Подготвиле закон со кој 21 милион евра јавни пари ќе можат да се трошат без примена на Законот за јавните набавки, без тендер. Преку основање Фондацијата ...
Сè уште немаме документи. Сè уште немаме анализи. Сè уште немаме потпис и печат. Кој ги правел анализите на водата во Гостивар? Кои се резултатите? Кој потпишал и кој гарантира дека водата е технички чиста и безбедна за капење? Не можеме да веруваме само на изјава на Мицкоски. Знаеме колку лаже. Не можеме да веруваме ни на министерот за полиција кој се занимава со водоснабдување и хиперхлорирање наместо со криминал и корупција. Бараме јасно: ...
Интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е зголемен, а најголема фреквенција на возила е регистрирана на граничниот премин Богородица. Според информациите на Авто-мотосојузот на Македонија (АМСМ), времето на чекање за преминување на границата изнесува 40-ина минути. На другите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Од АМСМ апелираат возачите да управуваат внимателно, да ја ...
По труењето на граѓаните на Гостивар, со над 4.000 заболени граѓани, по труењето на уште седум други населени места и загадување на две реки мора да има кривична одговорност. Од сите. Наместо да прикриваат и бараат виновници насекаде, освен во сопствените редови, криминалната ВМРО треба да ја признаат вистината за тоталниот институционален колапс. Здравјето на граѓаните го загрозија, најважното нешто. Не можете да отруете цел град, загадување ...
Пред нас имаме Предлог на законот за спроведување на проектот „Скопје – европска престолнина на културата 2028 година“, по скратена постапка. Денес на 29 јули 2026 година на крајот на работниот месец и пред почетокот на годишниот одмор на Собранието или фаќање на последниот воз пред да се загуби титулата ЕПК 2028 година. Законот којшто денес беше поставен на предлог дневниот ред, од предлог дневниот ред беше повлечен, но законот сепак ...
Министерот за здравство Сашо Клековски, денеска, на прес-конференција соопшти дека Владата донела одлука да го откочи процесот за вработување на уште 300 од вкупно 600 специјализанти, чие вработување е предвидено со одлука од 2024 година. Тој посочи дека процесот за нивно вработување треба да заврши до крајот на годината. – По одреден застој, се откочи процесот за вработување на 600 специјализанти. Тоа е одлука на Владата од 2024 година. Се ...
Продолжува трендот на намалување на бројот на пациенти кои побарале лекарска помош во јавните здравствени установи во Гостивар, соопштија од Министерството за здравство. Според податоците од здравствените установи, во текот на вчерашниот ден (28 јули 2026 година) биле евидентирани вкупно 71 новопрегледани пациенти, што претставува намалување во однос на претходниот ден. Во Општата болница „Д-р Ферид Мурад“ во Гостивар се регистрирани 49 нови ...
По извршените анализи на ЈЗУ „Центар за јавно здравје Охрид“ од изворите во селата Елшани и Велестово, донесено е решение со кое се забранува водата да се користи за пиење, информираат од Општина Охрид. Лабораториските анализи покажеле присуство на Е.coli и Колиформни бактерии. Се задолжуваат месните заедници во Елшани и Велестово да постават јасно и видливо предупредување дека водата не е за пиење, посочуваат во соопштението. По извршените ...
Следната фаза од третманот против возрасни комарци ќе се реализира утре и задутре, со авионска дезинсекција, доколку временските услови бидат поволни. Во случај на неповолни временски услови, третманот ќе биде одложен за првиот нареден ден со соодветни услови, за што јавноста ќе биде навремено информирана, соопштија од Град Скопје. – Градот Скопје континуирано ги спроведува сите активности во согласност со законските прописи и стручните ...
Клековски вели: до крајот на неделата водата во Гостивар ќе може да се пие. Мицкоски вели: по хиперхлорирањето се појавила нова бактерија и затоа сè уште не може да се користи за пиење. Кому да веруваме? Никому од нив. Како што рековме – повторно се кријат резултатите. Повторно нема документ што потврдува дека водата е технички исправна. Ја пуштија водата затоа што Мицкоски рече „од утре“ техничка вода во Гостивар. Повторно заради политички ...
Новак Ѓоковиќ и Арина Сабаленка ќе имаат заеднички настап во мешани двојки ма УС опен, како најава на турнирот потврдија организаторите. Тие ќе бидат една од 16-те двојки. Се очекува нивниот настап да привлече големо внимание кај публиката. На овој турнир ќе има и нови правила, а организаторите сметаат дека мечевите ќе бидат пократки и динамични. Во воведните кола ќе се игра на два добиени сета, а сетот ќе се смета за освоен со четири гема, а ...
Францускиот фудбалски репрезентативец Килијан Мбапе напиша отворено писмо до навивачите по Светското првенство во 2026 година. Во натпреварот за третото место, Франција загуби со 4:6 од Англија. – Се вративме дома без трофеј. Боли, но нема да ве лажам. Ќе биде вака уште некое време. Никогаш не нè напуштивте – дури и во најтешките моменти, дури и кога најмалку ја заслужувавме вашата поддршка. Оваа приказна ја напишаа милиони раце, а не само ...
Селекторот на аргентинската фудбалска репрезентација, Лионел Скалони, им се обрати на навивачите по Светското првенство. Во финалето на турнирот, Аргентина загуби со 1:0 од Шпанија по продолженија. – Ми останува само едно да кажам: Жал ми е што не можев да ви донесам уште еден трофеј и да ви дадам нова радост, дури и само за неколку дена, за да ви помогнам да ги заборавите сите лоши работи во животот. Но, сакам да се сетите што се обидовме да ...
Одбранбениот фудбалер Марк Кукуреља им се обрати на навивачите на Челзи на социјалните мрежи по неговото преселување во Реал Мадрид. Дваесет и осумгодишниот Шпанец претходно потпиша договор со „Лос Бланкос“ до летото 2032 година. – По четири години заедно, дојде време да се збогувам. Благодарен сум на клубот и на очекувањата што ми дозволија да станам подобра личност. Сега можам со сигурност да кажам дека Лондон секогаш ќе биде мој дом, а вие ...
Прес-службата на Француската фудбалска федерација (ФФФ) го објави назначувањето на Зинедин Зидан за селектор на француската репрезентација. Договорот на 54-годишникот е до крајот на Светското првенство во 2030 година. Дидие Дешан ја тренираше француската репрезентација од 2012 година. Тој ја напушти функцијата по натпреварот за третото место против Англија (4:6) на Светското првенство 2026. Зидан ја започна својата тренерска кариера во 2013 ...
Ако обожавате домашни зимници без многу мешање и стоење покрај шпорет, овој џем од сливи е вистинскиот избор. Се подготвува едноставно во рерна, а резултатот е густ, миризлив и богат џем со природен вкус на зрели сливи. Потребни состојки: 7 кг сливи (исчистени од семки) 700 г шеќер 2 ванилин шеќери 1 лажица вински оцет Подготовка: Сливите измијте ги, исчистете ги од семките и измерете точно 7 кг. Оставете ги пресечени на половинки. Измешајте ...
Иако канабисот често се смета за средство за ублажување на стресот, новите наводи од американскиот Државен универзитет во Орегон посочуваат дека редовната употреба може да има спротивен ефект. Научниците поподробно ја разгледаа врската меѓу канабисот и стресот откако и претходни истражувања покажуваа дека марихуаната може да ги зголеми, наместо да ги намали нивоата на стрес, објави „Сајенс алерт“ (Science Alert). Научниот тим се сосредоточи ...
Преку апликацијата „Токио енмусуби“, 265 двојки стапиле во брак. Апликацијата помага да дознаеме колку си одговараме со партнерот. Ваквата мерка беше воведена во 2024 година во Токио, со цел да се зголеми наталитетот во Јапонија. Направената статистика покажува дека околу 70 отсто од луѓето заинтересирани за брак, не преземаат иницијатива да најдат партнер. Платформата е достапна само за лица кои навистина сакаат да си ја најдат сродната ...
Одлуката на компанијата „Сони“, да ги повлече од производство дисковите за новите „плејстејшн“ игри, би можело сериозно да влијае врз глобалниот пазар за стари видеоигри, чија вредност во моментов се проценува околу 7,2 милијарди долари, се наведува во соопштението на истражувачката куќа „Дејтаинтел“. Според анализите на пазарот, веќе користените игри, до 2034 година би можеле да достигнат вредност од околу 13,8 милијарди долари. Од јануари ...
Во акција на царинските службеници на граничниот премин „Богородица“, при контрола на товарно моторно возило, пријавено за транзит, откриени и запленети се пет илјади штеки цигари во вредност од девет милиони денари, соопштија утрово од Царинската управа на Република Северна Македонија. – Возачот на камионот, српски државјанин, кој обидел да ги криумчари цигарите, е приведен и против него е поднесена кривична пријава до ОЈО – Гевгелија за ...