Скопје
-3ᴼ /
-3ᴼ
Во Секторот за внатрешни работи – Скопје ноќеска во 1:27 часот после полноќ било пријавено дека кај „Фонтана“ на подрачјето на Центар има повредено лице со остар предмет. – Полициски службеници излегле на местото и го затекнале Н.Н., 24-годишник од Скопје, со двајца негови другари, кој изјавил дека на местото настанала физичка пресметка помеѓу неколку лица и тој се обидел да ги раздели, при што едно од лицата со остар предмет му нанел убодна ...
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека изминатиов период е забележана појава на фишинг напади кои се изведуваат преку лажни СМС пораки, електронски пораки, веб-страници, мобилни апликации и пораки на социјалните мрежи. Лажните пораки наводно пристигнуваат од Оддел за моторни возила како известување од системот „Безбеден град“ и во истите е наведен лажен линк преку кој се пренасочуваат граѓаните да извршат уплата за ...
Собранието на Црна Гора денеска ги усвои измените и дополнувањата на Законот за здравствено осигурување, со кои на жените со дијагностицирана секундарна дисменореа – болни менструални циклуси проследени со грчеви, гадење и замор – им се овозможува право на два дена платено отсуство месечно. Тоа право, како што пренесуваат „Вијести“, се однесува на жени кои имаат болни менструални циклуси предизвикани од органски причини, како што се ...
Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека САД водат „добри разговори“ со Иран и оти постои можност за договор. – Водиме добри разговори. Мислам дека има голема шанса нешто да се случи, а ако се случи, добро. Ако не се случи, се враќаме на она што го правевме пред два дена, посочи Трамп. Тој предупреди дека ако преговорите не дадат резултат Иран повторно ќе биде нападнат. – Или нешто ќе се случи многу брзо или воопшто нема да ...
Руската армија со беспилотни летала нападна два украински товарни брода во Црно Море. Како што соопшти руското Министерство за одбрана, еден од нападнатите товарни бродови превезувал воена опрема во Црно Море, додека другиот брод бил погоден во пристаништето Николаев. Руските вооружени сили утрово продолжија да напаѓаат украински пристаништа и бродови. Товарен брод што превезувал воена опрема беше погоден во северозападниот дел на Црно Море. ...
Американската компанија „Џонсон и Џонсон“ (Johnson & Johnson) понуди да исплати отштета од 5,5 милијарди долари на десетици илјада тужителите, кои тврдат дека детската пудра и другите производи со пудра предизвикуваат рак на јајници. Предложената спогодба има за цел да стави крај на долготрајната правна битка. Компанијата со седиште во Њу Џерси ги негира обвинувањата дека нејзините производи со пудра се канцерогени и оттогаш ја промени ...
Лидерот на партијата ” Можност” и пратеник во албанскиот парламент, Агрон Шехај, пред вчерашната пленарна седница го украл тајниот документ за договорот со САД за кредит од 302 милиони долари, од канцеларијата на Парламентот и „избегал“ трчајќи. Снимката од безбедносните камери, која ја пренесуваат медиумите, покажува како Шехај бега, додека вработената, од која насилно го земал документот, брзајќи по него паѓа. Вработените во обезбедувањето ...
Здравствените власти на Уганда денеска ја прогласија земјата за слободна од ебола, со што заврши најновата епидемија на вирусна хеморагична болест во оваа источноафриканска земја. Британските медиуми пренесуваат дека од средината на мај, кога беше прогласена епидемија на ебола, во оваа земја починаа две лица. Последниот пациент со ебола во Уганда беше отпуштен од болница на 16 јули, со што започна 42-дневното одбројување пред земјата да може ...
Телата на пет новороденчиња биле пронајдени денеска во семејниот дом на брачен пар во Оранж, на југот на Франција. Според информации од извор близок до истрагата, полицијата ги открила остатоците од бебињата во картонски кутии. Откритието се случило само еден ден откако мајката вчера родила здраво дете, пишува Ле Паризиен (Le Parisien). Извор запознаен со случајот наведува дека жената, родена во 1994 година, вчера вечерта го родила своето ...
САД започнаа ревизија на своето воено присуство во Европа, потег што следи по повторените критики на претседателот Доналд Трамп кон европските сојузници на НАТО. Одлуката беше објавена вчера, еден месец откако американскиот министер за одбрана Пит Хегсет објави таков чекор поради, како што наведува администрацијата на Трамп, незадоволителната реакција на европските партнери на војната во Иран, пишува Евроњуз. Целта е одговорноста да се ...
Големиот земјотрес што ја погоди префектурата Кумамото во јужна Јапонија предизвика уривање на голем број објекти, предизвика пожари, а најмалку 50 луѓе побарале лекарска помош, јави јапонската телевизија НХК. По земјотресот во трговски центар во Кумамото се слушна експлозија, се претпоставува дека има повеќе жртви. Повеќе луѓе се заглавени во трговскиот центар, а сè уште е непозната причината за експлозијата. На снимките на НХК се гледаат ...
Американската тајна служба истражува видео поврзано со Иран во кое се споменува првата дама на САД, Меланија Трамп, откако материјалот беше емитуван од ирански државен медиум, а потоа почна да се шири на социјалните мрежи. Видеото од Иран на потенцијален терорист му покажува упатства „како“ и „каде“ да се убие првата дама на САД Меланија Трамп, откривајќи ги нејзините „слабости“, а завршува со зборовите до нивниот син: „Бароне, почекај нè“. ...
Компанијата „Ербас“ успешно заврши маратонски тест лет на авионот „А350“ што траеше повеќе од 24 часа и предизвика големо внимание на интернет. Британските медиуми објавија дека авионот „Ербас А350“, што полета од аеродромот во Мелбурн слета на пистата на „Ербас“ во Тулуз по 24 часа минати во воздух. Тест летот е клучен чекор во проектот „Санрајз“ на австралиската авиокомпанија „Квантас“, што има за цел да ги опслужи најдолгите комерцијални ...
Германската федерална криминална полиција (BKA) моментално класифицира 410 исламисти како закана, според Уредничката мрежа на Германија (RND). Тие лица се во категоријата „исламски тероризам/екстремизам“. Покрај нив, 65 лица се во категоријата десничарски екстремизам, уште 17 во левичарски екстремизам, според податоците од почетокот на овој месец, објави денеска ДПА. Полицијата ги класифицира како закана луѓето за кои смета дека се подготвени ...
Финската војска денеска објави дека затворила дел од воздушниот простор над земјата и го ограничила поморскиот сообраќај во близина на јужниот брег, во близина на границата со Русија, поради ризик од заскитани дронови во областа. Британските медиуми пренесуваат дека украински дронови, лансирани кон Русија, неколку пати во текот на годинава заскитаа кон воздушниот простор на Финска, Естонија, Летонија и Литванија. Финска ги презема овие чекори ...
По години во кои дел од најголемите инфраструктурни проекти беа симбол на пролонгирани рокови, проблеми и застои, Владата најавува забрзување на изградбата на патната и железничката мрежа. Во фокусот се автопатите, експресните патишта, железничките коридори и градските сообраќајници, кои според премиерот Христијан Мицкоски треба да претставуваат двигател на економскиот раст во следните години. Најголемо внимание и понатаму привлекува ...
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен, ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 30 до 35 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а ...
Сообраќајот на државните патишта утринава се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. АМСМ информира дека зголемена фреквенција на возила има на ГП Богородица, каде времето на чекање е околу 15 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на ...
Мицкоски денеска изјави дека за состојбите во Гостивар се консултираат со експерти и дека партиите не треба да шират хистерија. После толку дена пинг-понг, префрлање одговорност и признанија од министерот за здравство – сега одеднаш се потребни експерти? Во нормална држава експертите и институциите што ги има државата би биле прашани од првиот ден. Не Мицкоски да објаснува и да глуми експерт за вода. Не Орце со дрон да ја испитува водата од ...
ВМРО-ОКГ повторно се обидува да ја префрли одговорноста за труењето на Гостивар врз „кадри на СДСМ“. Прашање до Бране Петрушевски: Каква врска имаат кадрите во Гостивар со СДСМ? СДСМ никогаш не била на власт во Гостивар. Тоа го знае цела Македонија. Ставани сте во ќоше. Морате да излезете и да ја признаете вистината. А потоа доаѓа правдата. Тогаш некој од вас мора да одговара. Не можете да отруете цел град, потоа уште седум градови, реките ...
Мицкоски вчера ги повика граѓаните да пријавуваат корупција и најави бесплатна линија. Ова е директна копија на кампањата што токму сега се води во Србија. СДСМ уште претходно најави дека Мицкоски, по углед на постариот брат од сестринската партија, ќе ја препише и оваа мерка. Сè е copy-paste. Само со неколку дена задоцнување. Во Србија половина од граѓаните на порталот за пријава го пријавија токму Вучиќ. Мицкоски не мора да се замара. ...
Сè уште нема официјален документ. Сè уште никој не го покажа потпишаниот извештај со анализите за „техничката“ вода во Гостивар. Кој институт? Кој потпишал и одобрил? Кои се параметрите од анализата на водата? Додека граѓаните чекаат, водата е отруена во повеќе од 8 населени места. Гостивар – труење, хиперхлорирање, „техничка вода“, сè уште без официјален потпишан извештај. Крушево – вода заматена и микробиолошки неисправна затоа што уредот ...
Клековски денеска изјави дека акутната фаза на епидемијата во Гостивар постепено се смирува, а фокусот сега е на навремено откривање на хепатит А и Е. Претходно самиот призна дека алармот им се вклучил доцна, „црвените светла“ закасниле, како што рече. Тоа значи едно: Никој од кадрите на ВМРО-ОКГ не контролирал ништо. Сега признава појава на жолтица. Токму она што проф. д-р Венко Филипче го кажа уште минатата недела – дека ќе се случи и дека ...
Водата во Крушево е исправна за пиење, a Агенцијата за храна и ветеринарство штотуку ја повлече забраната и водата од крушевскиот водовод може да се употребува за пиење. Од прилепскиот Центар за јавно здравје ги добија резултатите и од третиот, последен последователен примерок за испитување со што е потврдена исправноста на водата во Крушево која сега ги исполнува условите од Правилникот за безбедна вода за пиење. Во водата има законски ...
Во државата годинава регистрирани се четири случаи на маларија, три на денга и еден на зика – информира денеска министерот за здравство Сашо Клековски, кој повторно упати повик при патување да се следат препораките за вакцинирање и профилакса од Светската здравствена организација. Од осумте случаи на западнонилска треска, за кои Министерството за здравство информира вчера, шест лица се на Клиниката за инфективни болести, а другите два случаи ...
Јавноста сè уште нема добиено официјален, потпишан извештај со анализите за таканаречената „техничка вода“ во Гостивар. Кој институт ги изработил анализите? Кој го потпишал и одобрил извештајот? Кои параметри покажуваат дека водата е безбедна за употреба?, рече портпаролката на СДСМ и членка на Извршниот одбор, Богданка Кузеска на денешната прес конференција. „Додека граѓаните чекаат, водата е отруена во повеќе од 8 населени места. Гостивар – ...
Министерот за здравство Сашо Клековски денеска изјави дека акутната фаза на епидемијата во Гостивар постепено се смирува, а фокусот сега е на навремено откривање на хепатит А и Е. Претходно самиот призна дека алармот им се вклучил доцна, дека „црвените светла“ закасниле. Резултатот е цел Гостивар отруен, над 4,000 граѓани разболени. Никој од кадрите на ВМРО-ОКГ не презел ништо за заштита на здравјето на гостовачани, никој не контролирал ...
Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) соопшти дека месецов исплатил над 560 милиони денари за надоместоци за боледување – најголем дел од средствата за породилни отсуства и дека продолжува со континуирана и навремена исплата на надоместоците на плата по основ на привремена спреченост за работа (исплата на боледувања). Заклучно со денеска, иако месецот сe уште не е завршен, како што се посочува, Фондот исплати вкупно 560,9 милиони денари по ...
Мицкоски денеска се фали дека земјоделското производство расте и дека акумулациите се полни. Мицкоски, оди пред земјоделците и нив кажи им го тоа. Кажи им на оние што: – немаат исплатени субвенции – имаат намален откуп – продаваат под производната цена – плаќаат поскапо ѓубриво – плаќаат поскапо гориво – немаат ИПАРД – гледаат како увозот ги уништува – работат со загуба – не знаат дали ќе ја прехранат фамилијата следната година Кажи им на ...
Од тетовскиот Клинички центар во Секторот за внатрешни работи – Тетово синоќа во 20:30 часот било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен 27-годишниот М.З. од овој град. – Во разговор со полициски службеници, тој изјавил дека околу 19 часот во нивниот двор, неговиот чичко С.З., на возраст од 61 година од Тетово, ненамерно го прегазил на ногата со патничко возило, што го управувал наназад, при што се здобил со повредите. ...