Главниот град на Јужна Кореја денеска го издаде своето прво предупредување за „екстремен топлотен бран“, откако беше прогнозирано дека температурите ќе достигнат 38 степени Целзиусови, јавија локалните медиуми. Корејската метеоролошка администрација соопшти дека предупредувањето стапи во сила за 11 области во Сеул, вклучувајќи ги Кангам, Сонгпа, Гансео и Гванак, пренесува новинската агенција Јонхап. Алармот, воведен во јуни како дел од ...

За сè се виновни Алпите и снегот. Па, можеби не баш за се, но за толку загрижувачки нискиот водостој на една од најголемите европски реки, Дунав, тие секако се меѓу главните виновници. Но, зошто токму сега кога и претходно имаше суши? „Тоа е последица на недостигот на снег на Алпите во комбинација со недостигот на дожд“. „Во јануари и почетокот на февруари, снегот беше над просекот, но температурите на воздухот беа високи и брзо се топеше“, ...

Ова е последна шанса за иранскиот режим да потпише добар документ, изјави американскиот претседател Доналд Трамп, алудирајќи на потенцијален договор меѓу Иран и САД. За време на обраќањето пред новинарите во Белата куќа, синоќа, Трамп рече дека преговорите „се во тек“ и дека тие „се движат брзо, на еден или друг начин“, објави Скај Њуз. САД, потенцира тој, се подготвени да го нападнат Иран „посилно од кој било воен напад од Втората светска ...

Шпанскиот премиер, Педро Санчез, се соочува со остри критики од дел од европските лидери поради миграциската политика на неговата влада, по минатонеделната криза во шпанската енклава Сеута во Северна Африка. Според податоците на шпанските и мароканските власти, повеќе од 80 мигранти загинале при обид за преминување во Сеута, вклучително и лица кои се удавиле или настрадале во стампедо при обид да ја совладаат граничната препрека. Во енклавата ...

Нивото на реката Дунав во Бугарија и натаму опаѓа, а кај шест од седумте главни хидрометеоролошки мерни станици во земјата денеска е регистриран водостој под референтната нулта ознака. Според податоците на Извршната агенција за истражување и одржување на реката Дунав, најниско ниво е измерено во Русе каде водостојот е на котата минус 94 сантиметри, што е за два сантиметри пониско од вчера. Во Орјахово е измерено минус 82 сантиметри, во ...

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) ја заврши својата осма инспекциска мисија на стратешките трафостаници на украинската државна енергетска компанија Укренерго, која ги задоволува потребите на нуклеарните централи и ги поврзува со националната електрична мрежа, објави Укринформ, повикувајќи се на Министерството за енергетика на Украина. За време на мисијата, тимот на МААЕ посети 13 трафостаници за да ги провери штетите од ...

Американскиот претседател, Доналд Трамп, вчера ги повика „Шеврон“ и другите големи нафтени компании во земјата да ги намалат малопродажните цени на горивата, истакнувајќи дека индустријата треба дел од своите профити да пренесе и на пазарот. Во објава на платформата „Truth Social“, Трамп ги поздрави остварените резултати на „Шеврон“, но ја повика компанијата и нафтената индустрија да ги намалат цените на бензинските пумпи. „Ова важи и за ...

Нивото на водата на Дунав во Унгарија беше толку ниско синоќа што речиси доведе до целосно исклучување на „Пакс“, единствената нуклеарна централа во Унгарија, изјави премиерот Петер Маѓар. „Околу 1:30 часот ноќеска бевме на неколку милиметри од целосно исклучување на електраната „Пакс“, но потоа нивото на водата престана да паѓа и до утрото се искачи за 1,5 сантиметар. Последната турбина моментално работи безбедно“, напиша Маѓар на ...

Романските власти денеска издадоа портокалово предупредување за топлотен бран за повеќе од половина од земјата, при што во следните два дена се очекуваат температури и до 39 Целзиусови степени. Според Националната метеоролошка администрација, првото предупредување е во сила од утринава до 10 часот по локално време во среда. Предупредувањето ги опфаќа регионите Марамуреш, јужниот дел на Банат, поголемиот дел од Трансилванија, Североисточна ...

Мароко ја предупредило Шпанија за миграциските ризици што ги носи неодамнешната одлука на шпанскиот суд уште пред избувнувањето на кризата во Сеута, изјави денеска висок марокански претставник за Франс прес. Тврдењето подоцна беше демантирано од Мадрид, јави ДПА. Во последните денови околу 50.000 лица, претежно марокански државјани, пристигнале или се обиделе да пристигнат во шпанската полуенклава Сеута пеш или пливајќи од соседниот ...

Од увозната царина во висина од три евра за секој производ купен онлајн од трети земји што ја воведе Европската Унија на 1 јули годинава, според портпаролот на кипарската царинската управа Јоргос Константину во јули биле остварени приходи од речиси два милиони евра, јави дописничката на МИА од Атина. Константину за кипарската новинска агенција ЦНА, објаснил дека овие приходи се од околу 650.000 артикли, кои биле дел од 160.000 пратки и ...

Масовниот прилив на илегални мигранти во шпанската северноафриканска територија Сеута минатата недела не ја компромитираше европската Шенген-зона за безвизно патување – изјави денеска шпанскиот министер за внатрешни работи Фернандо Гранде-Марласка Гомес. – Јасно е дека Шенген-зоната на никаков начин не беше компромитирана од оваа криза – изјави тој по видеоконференциската средба со неговите колеги од Европската Унија. Изјавата следува по ...

Во кавадаречко пожарникарите работеа во текот на целата ноќ, пожарот значително е намален но се уште е активен, информира утрово директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов. ДЗС и Центарот за управување со кризи информираат дека од шест часот изутринава на пожарот во Општина Кавадарци се ангажирани повеќе екипи кои интервенираат на два правци. Во правецот од село Дреново кон село Ќесендре интервенираат ЈП ...

Орце Ѓорѓиевски, еден од најблиските соработници на Мицкоски, исто така е на екскурзија. Како што шефот ја води државата, како на екскурзија, така и Орце го води Скопје – место каде што главна активност се тендерите. Сѐ уште нема одговор: Колку чинеше AI-решението за билбордот? (Веруваме дека е поскапо од вообичаено, бидејќи коњот на билбордот има пет нозе). Која фирма го работеше? Дали таа фирма има врска со Орце? Како е можно билборд што ...

Основниот суд Куманово, по предлог на Основното јавно обвинителство Куманово, ѝ одреди притвор на 41-годишна жителка на Кратово, осомничена за узурпација на локалитетот „Куклица“ и спречување службени лица во вршење службени дејствија. -Осомничената подолг период, и покрај сите досега преземени мерки, продолжува да го узурпира локалитетот „Куклица“, кој со указ е прогласен за споменик на природата, да им наплаќа влезници на посетителите без ...

Пожарите што вчера избувнаа во атарот на селото Раец предизвикаа оштетување на дел од електропреносниот систем, поради што е нарушено редовното снабдување со вода за селото Дреново, информираа утрово од Јавното претпријатие „Комуналец“ – Кавадарци. Како што соопштуваат од претпријатието, поради прекинот во снабдувањето со електрична енергија не е можно нормално функционирање на бунарите од кои се обезбедува вода за селото. – По оваа ...

Има нов, сериозен момент во скандалот со загадената вода во Гостивар. Власта официјално потврди присуство на бактеријата Pseudomonas aeruginosa во водата. Водата што ја прогласија за „техничка“ и дека може да ја користат граѓаните има бактерија. Страшно! Тоа значи дека граѓаните на Гостивар се капеле со бактерија која претставува ризик по здравјето. Кожни инфекции и бројни други сериозни заболувања и други инфекции предизвикува оваа ...

Од полноќ за два денари поевтинуваат бензините, а дизелот се зголемува за еден денар. Нова, поскапа цена за половина денар ќе има и Екстра лесното масло за домаќинство, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Според ова, максималната малопродажна цена на Еуросупер БС-95 ќе биде 91 денар за литар, а Еуросупер БС-98 ќе се продава по цена од 93 денари за литар. Цената на дизелот од полноќ ќе биде 99,5 денари за литар, а Екстра ...

Зголемен е бројот на повици во Итната медицинска помош (ИМП) поради топлото време. Дневно има повеќе од 200 повици кои се однесуваат на интервенции на јавни места поради колапси или во домашни услови поради влошување на здравствена состојба на некои граѓани. Ова денеска за МИА го изјави Даниел Георгиевски од ИМП. Тој посочи дека бројот на интервенции на јавни места кои се најчесто поради колапси дневно има повеќе во однос на другиот период од ...

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во периодот од 1 до 31 јули годинава како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ државата, од вкупно 20.976 издадени платни налози, 4.241 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење. Како што посочуваат од МВР, лишени од слобода за безобѕирно управување на ...

Ребалансот на Буџетот за 2026 година покажува јасна промена во распределбата на јавните средства, при што дополнителниот фискален простор е насочен кон области кои директно влијаат врз животниот стандард на граѓаните и економскиот развој. Наместо рамномерно зголемување на расходите, Владата определува приоритети здравството, образованието, социјалната заштита, земјоделството и капиталните инвестиции добиваат најголем дел од дополнителните ...

Дизелот денеска повторно поскапува, трет пат по ред, откако Мицкоски најави намалување на цената. Сега еден литар дизел ќе изнесува речиси 100 денари. Како што веќе рековме, секогаш кога Мицкоски ќе најави мерки за намалување на цените, веднаш следува ново поскапување. По неговите најави – не еднаш, туку три пати се случува поскапување на дизел горивото. Граѓаните веќе имаат страв од најавите на Мицкоски. Знаат дека ќе поскапи сè, бидејќи со ...

Уште едно лице, на возраст од 76 години, кај кое е потврдено воспаление на мозокот и мозочните обвивки од вирусно потекло, како и позитивна серологија од серум за вирусот западен нил е хоспитализирано во текот на изминатото денонокие на Клиниката за инфективни болести. Со тоа вкупно седум пациенти се водат како клинички суспектни, а кај 10 е потврдено присуството на западнонилска треска од кои тројца се во критична состојба на Одделот за ...

Министерството за здравство денеска соопшти дека епидемиолошката состојба во Гостивар континуирано се следи од надлежните здравствени институции. Вкупно 78 прегледи се регистрирани вчера, што е за шест помалку споредено со претходниот ден, кога биле евидентирани 84 прегледи. Во однос на западнонилската треска, на Клиниката за инфективни болести е евидентиран еден нов сомнителен случај. Во тек се потребните испитувања за лабораториска потврда ...

Во одлична состојба е површинската вода за капење во Дојранското Езеро, согласно микробиолошките индикатори, посочуваат најновите резултати од земени мостри од Езерото, кои Општина Дојран ги објави денеска. Резултатите се од извршените анализи на три мерни места, соопштија од Општината, и тоа – “Градската плажа”, плажата “Гранико” и плажата “Полин”. Општинските власти велат дека анализите се спроведени согласно Националната годишна програма ...

Кризата со водата во Гостивар премина во здравствена катастрофа. Пациентите од Гостивар се пренесуваат во Тетово за операции и породување. Стерилизаторите не работат поради загадената вода. Операции, ортопедија, гинекологија, урологија – сѐ е блокирано. Здравјето и животите на граѓаните се директно загрозени. Мицкоски и Клековски сѐ уште одбиваат да ја кажат вистина. Нема официјален документ со кој се потврдува дека водата е чиста – затоа што ...

Британскиот премиер Енди Бернам изјави синоќа дека претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, не е вистинскиот човек да го предводи светскиот фудбал. Реакцијата на официјален Лондон доаѓа откако контроверзниот план предложен од Инфантино за продажба на удел од комерцијалните права на идните светски првенства на приватни инвеститори пропадна по жестоки критики од целиот свет. „Не верувам дека тој е вистинскиот човек да го води фудбалот напред на ...

Финалето на ВТА турнирот од серијата 500 во Вашингтон меѓу американската тенисерка Џесика Пегула и нејзината филипинска ривалка Александра Еала беше прекинато синоќа поради невреме проследено со грмотевици што го зафати главниот град на САД во неделата. По речиси тричасовно доцнење на почетокот на финалето, третата светска тенисерка Пегула го доби првиот сет со 6-4, а Еала имаше водство од 2-1 во гемови во вториот сет кога временските услови ...

Фудбалската асоцијација на Велс (ФАВ) стана првата федерација која официјално ја повлече својата поддршка за реизбор на Џани Инфантино за претседател на ФИФА, јави денеска телевизијата Скај Спорт. Истиот извор наведе дека одлуката е резултат на загубената довербата во раководењето на Инфантино со ФИФА, по контроверзниот обид за продажба на удел во Светското првенство на приватни инвеститори. Во дописот на ФАВ што официјално е испратен до ФИФА ...

Четириесет и едногодишна кратовка е приведена откако, според пријавата, физички нападнала повеќе посетители на локалитетот Куклица, соопшти денеска СВР Куманово. Од кумановската полиција информираат дека вчера во 19:30 часот полициските службеници од ОВР Кратово ја лишиле од слобода С.Д. (41) од Кратово, постапувајќи по претходна пријава дека на 2 август околу 18:00 часот на локалитетот „Куклица“ физички нападнала повеќе лица кои биле ...

weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
0.51
93%
1030
weather icon

Белград

0ᴼ / -1ᴼ
1.54
100%
1028
weather icon

Загреб

6ᴼ / 0ᴼ
1.03
76%
1028
weather icon

Софија

-2ᴼ / -2ᴼ
1.54
93%
1029
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
3.01
94%
1031
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
1.54
88%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.13
68%
1027
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.54
65%
1025
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
0.51
81%
1026
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 2ᴼ
3.13
67%
1032
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / 2ᴼ
0.45
79%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 6ᴼ
2.06
93%
1029
Currency

61.645

Currency

54.969

Currency

73.855

Currency

38.114

Currency

39.253

Currency

67.278

Currency

8.2493

Currency

0.67209

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0972

Currency

0.58403

Алуминиум

3.07

Калај

46.54

Родиум

295786.87

Бакар

12.58

Кобалт

33.53

Злато

130856.75

Платина

49319.25

Иридиум

315077.32

Паладиум

32279.35

Рутениум

61086.42

Цинк

3.76

Сребро

1670.34