Американските разузнавачки служби во најновиот извештај тврдат дека рускиот претседател Владимир Путин може во следните неколку години да се обиде да ја тестира решителноста на НАТО со ограничен напад врз една од земјите-членки. Можните сценарија вклучуваат кибер напади, саботажа или мала копнена инвазија, наместо голема инвазија, објавува „Волстрит џурнал“, а објави „Индипендент“. Проценките, опишани од американските претставници, доаѓаат во ...

Дали Франција е подготвена за криза што би ја потопила во мрак? Француската влада планира да го дознае тоа. Владата разгледува можност за организација на симулациска вежба за ненадеен, општонационален прекин на снабдувањето со електрична енергија во втората половина на 2027 година, според четири лица кои имале директни сознанија за вежбата, на кои им беше загарантирана анонимност за да разговараат за плановите што сè уште не се официјално ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски падна на шестото место на листата на доверба во водечките личности во земјата, покажа истражувањето на институтот „Социс“ објавено по протестите предизвикани од смената на министерот за одбрана Михајло Федоров. Само 18 проценти од испитаниците навеле дека имаат целосна доверба во Зеленски, додека дополнителни 24,5 проценти занемарливо или донекаде му веруваат. Малку доверба му искажале 17 проценти од ...

Во текот на последните 24 часа, во Албанија регистрани се 30 пожари, од кои осум се сè уште активни, објави Министерството за одбрана. „Во гаснењето на пожарите се ангажирани 54 противпожарни возила и 502 оперативни сили, во координација со Националната агенција за цивилна заштита, префектурите, единиците на локалната самоуправа и вооружените сили. Во поддршка на операциите вклучени се и 110 припадници на вооружените сили, три хеликоптери и ...

Со помош на дронови и современи технолошки алатки како дел од системот на контроли за зајакнување на теренските инспекции со цел брзо откривање на прекршувања, низ цела Грција биле спроведени над 1.500 инспекциски контроли на повеќе од 300 плажи и во 450 бизниси во рамките на примената на законската рамка за заштита на крајбрежјето и плажите и обезбедување слободен пристап за граѓаните, јави дописничката на МИА од Атина. Генерално, како што ...

Најновите податоци на Евростат покажуваат дека Северна Македонија е меѓу земјите кои бележат најголемо подобрување на куповната моќ на граѓаните во Европа. Иако според номиналната минимална плата земјата се наоѓа во долниот дел од европската ранг-листа, сликата значително се менува кога ќе се земе предвид реалната куповна моќ на платите. Според пресметките врз основа на стандардот на куповна моќ (PPS), Македонија напредува од 24-то на 16-то ...

Светските цени на храната се зголемија во јули на највисоко ниво во последните повеќе од три години поради неповолните временски услови и ескалацијата на конфликтите во Црното Море и Персискиот Залив, соопшти денеска Агенцијата за храна на Обединетите нации (ФАО). Индексот на цените на храната (FFPI), што ги следи месечните промени во цените на прехранбените производи што се тргуваат низ целиот свет, изнесуваше 131,1 во јули, што е ...

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во јули 2026 година, во однос на јуни 2026 година, изнесува 0,1 процент, соопшти Државниот завод за статистика. Во јули 2026 година, во однос на јуни 2026 година, зголемување на трошоците на животот е забележано во следните групи: Транспорт за 4.4 %, Рекреација, спорт и култура за 2.6 %, Домување, вода, електрична енергија, гас и други горива за 0.9 %, Ресторани и услуги за сместување ...

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Попладне ќе има локален развој на нестабилност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 32 до 38 степени. Во Скопје времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена ...

Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива непречено, по суви коловози. Како што соопшти Автомотосојузот на Македонија, интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, ...

Македонскиот национален совет соопшти дека иницијативата за поставување на споменикот „Мајка Македонија“ во Нови Сад не носи никакви политички, територијални или меѓународни конотации, известува порталот „021” од Нови Сад. Оттаму додаваат дека иницијативата ја одразува желбата да се одбележат осум децении од организираното населување на Македонците во Војводина и да се оддаде признание за нивниот придонес кон развојот на Нови Сад, Војводина и ...

Христијан Мицкоски повторно уверува дека Македонија е безбедна, дека има стратегија и дека не размислува за поскапување на струјата, туку за нејзино поевтинување или барем зголемување на евтината тарифа. Истото го слушавме и за горивата. Секој пат кога Мицкоски најавуваше „мерки за стабилизација“ и „најниски цени“, горивото поскапе. Секој пат кога велеше „нема да има поскапување“, граѓаните плаќаа повеќе. Сега ја повторува истата формула со ...

Цел град Гостивар беше отруен, над 4.000 луѓе се соочија со здравствени последици од загадена вода. Над 50 населени места во Македонија се отруени со загадена вода. Народот со своето здравје ја плаќа цената. И никој од власта не одговара! Како е ова можно? Четири недели Мицкоски и Клековски си играат со здравјето на жителите на Гостивар. И четири недели граѓаните на Гостивар немаат пристап до чиста вода. Сега ќе се чека до 20 август за да се ...

Државната изборна комисија (ДИК) на денешната 11. седница донесе Одлука за дополнување на одлуката за доделување средства на општинските изборни комисии за надоместоци на избирачките одбори и општинските изборни комисии во општините со блокирани жиро-сметки. Претседателот на ДИК, Бојан Маричиќ појасни дека дополнувањето се однесува на претходно донесената одлука за финансирање на надоместоците за спроведувањето на локалните избори во 2025 ...

Во текот на оваа недела во земјава се регистрирани седум нови случаи на инфекција со вирусот Западен Нил. Сите случаи се од Скопје – по два од општините Кисела Вода и Гази Баба и по еден од Илинден, Бутел и Аеродром. Новозаболените лица се на возраст од 60 до 84 години и сите се хоспитализирани, информираа попладнево од Министерството за здравство. – На Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби во моментот се ...

Тренерот на Арсенал, Микел Артета даде свое видување за поразот од Бетис во пријателски натпревар. Англискиот шампион синоќа во Даблин загуби со 3:1. – Најважно е да се победи, а ние не успеавме да го сториме тоа, па секако сме разочарани од резултатот. Во првото полувреме, кога имавме повеќе од нашата почетна постава на теренот, имаше два сосема различни аспекти на нашата игра – како се справувавме со топката и како се натпреварувавме. ...

Во Рабат, Мароко синоќа се одржа состанок на раководството на ФИФА, на кој присуствуваа претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, генералниот секретар Матијас Графстром и членовите на Управниот совет. Генералниот секретар на ФИФА и присутните членови на Управниот совет ја потврдија својата целосна поддршка за претседателот на ФИФА, Џани Инфантино. Исто така, беше објавено дека предлогот за создавање на „FIFA Forward Enterprise“ (FFE), кој би се ...

Сезоната 2026/27 во англиската Премиер лига започнува на 21 август во 21 часот со натпреварот Арсенал – Ковентри сити. За трофејот ќе се борат 20 екипи, нови членови на лигата се Ковентри сити, Ипсвич Таун и Хал сити. Двојки за другите натпревари од 1. коло: 22 август (сабота) Хал сити – Манчестер јунајтед Ипсвич Таун – Сандерленд Нотингем Форест – Лидс јунајтед Евертон – Кристал Палас Брентфорд – Тотенхем 23 август (недела): Манчестер сити – ...

Сезоната 2026/27 во Италијанското фудбалско првенство започнува на 22 август, а ќе заврши на 30 мај. Дваесет екипи ќе учествуваат во Серија А и оваа сезона, новајлии се: Венеција, Фросиноне и Монца. Распоред на натпреварите од 1. коло: 22 август (сабота): Интер – Монца Удинезе – Комо Парма – Каљари Џенова – Наполи 23 август (недела): Венеција – Лече Фросиноне – Јувентус Торино – Милан Аталанта – Сасуоло 24 август (понеделник): Болоња – Лацио ...

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа го заврши настапот на W75 турнирот во германскиот град Лајпциг откако во второто коло го предаде мечот против Алена Ковацкова од Чешка. Таа во вториот сет прв водство на ривалката со 1-0 во сетови и 2:1 во гемови го предаде мечот. Ривалката го доби првиот сет со 6:1 во гемови, откако поведе со 5:0. На стартот на вториот сет Ѓорческа по 14 одиграни поени го доби првиот гем, но потоа следните два гема и ...

Вишни, овошје за најразлични десерти. Овој пат, во мафини, десерт за секој ден со кафе, чај, јогурт.. Состојки: 2 јајца 150 грама шеќер 1 кесичка ванилин шеќер 80 мл масло 180 мл јогурт 150 грама брашно 1 кесичка прашок за печиво 80 грама мелени бадеми 200 грама вишни 10 грама ливчиња бадеми 20 грама кафеав шеќер Подготовка: Изматете ги јајцата со шеќерот и ванилин шеќерот со помош на миксер. Додадете го маслото и јогуртот, па кратко ...

Полициски службеници од СВР Тетово вчера го лишиле од слобода Т.С. (60) од с.Боговиње, тетовско, поради основи на сомнение дека на 5 август околу 23:00 часот пукал на семејна веселба, а еден од куршумите оштетил покрив на куќа на Б.Л.(66) од с.Синичане, тетовско. По добиена судска наредба, извршен е претрес во дом на Т.С., при што во дворот биле пронајдени три чаури калибар 9 мм и две чаури од гасен пиштол. Во врска со случајот, извршен е и ...

Во изминатата седмица во Грција биле потврдени 23 нови случаи на вирусот Западен Нил, со што вкупниот број на дијагностицирани случаи се зголеми на 65, а од почетокот на оваа вирусна сезона починаа вкупно шест лица, покажуваат податоците од неделниот извештај на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), јави дописничката на МИА од Атина. Од ЕОДИ соопштија дека од заразените, 54 пациенти се со симптоми на централниот нервен систем ...

Германската хемиска индустрија предупреди дека ниските водостои на Рајна и другите пловни реки во земјата може да принудат дел од компаниите да го намалат производството поради зголемени транспортни трошоци и притисокот врз синџирите на снабдување. „Ако бродовите мора да превезуваат помали количини или воопшто не можат да сообраќаат, трошоците растат, синџирите на снабдување се оптоваруваат, а производството е ограничено“, изјави за ...

Словенија го бележи најдолготрајниот топлотен бран во историјата, со очекувања деветти ден по ред температурите да надминат 35 степени Целзиусови, соопшти словенечката Агенција за животна средина. Топлотниот бран минатиот вторник првично ја зафати западна Словенија, за наредниот ден да се прошири и во источните делови на земјата. Според метеоролозите, денешниот ден е деветти и последен ден со екстремно високи температури, што претставува ...

Дел од ракета „Фалкон 9“ на „Спејс-Екс“, тежок околу четири тони, најверојатно удри во површината на Месечината. Иако не претставуваше ризик за Земјата, ударот, според процените, резултираше со формирање нов кратер, соопшти НАСА. Според неа, ударот се случил на границата меѓу видливата и невидливата страна на Месечината, што ја намалило неговата видливост. Делот висок приближно колку петкатна зграда, во јануари 2025 година лансираше два ...

Еврокомесарот за внатрешни работи и миграција Магнус Брунер ќе го искористи денешниот вонреден состанок на Комитетот за граѓански слободи, правда и внатрешни работи (ЛИБЕ) на Европскиот парламент за да ги повика европратениците да ја „оживеат“ директивата за построго казнување на шверцерските мрежи. Брунер истакна дека кризата во Сеута ја покажала потребата од построги закони против шверцувањето луѓе. – Алатките се на маса. Сега Парламентот и ...

Десетици здравствени работници кои работат во епицентарот на епидемијата на ебола во Конго денеска штрајкуваа и организираа протести, барајќи исплата на платите, поради што неколку здравствени установи ја прекинаа работата, а помошта на болните е отежната. Американските медиуми пренесуваат дека здравствените работници протестираат пред седиштето на покраинската влада во Бунија, главниот град на покраината Итури, која сочинува речиси 90 ...

Гринпис и холандската невладина организација ПАКС предупредија за ризик од сериозна еколошка катастрофа по појавата на нафтена дамка на отворено море крај природен резерват во Оман. Според организациите, нафтата истекува од танкер за кој се претпоставува дека е дел од т.н. руска флота во сенка. Според информации на компанијата за поморска безбедност „Вангард“, бродот на 6 јуни бил оштетен при три експлозии со непознато потекло. Сателитски ...

Италијанската влада денеска издаде највисоко ниво на предупредување за топлински бран или црвен метео аларм за сите 27 поголеми градови во земјата што ги следи италијанскиот здравствен оддел, бидејќи во целата земја продолжуваат температурите над 35 степени Целзиусови. Црвеното ниво на предупредување го издава владата во Рим кога има екстремна топлина во комбинација со висока влажност. Ова значи дека постојат акутни здравствени ризици не само ...

weather icon

Скопје

-1ᴼ / -1ᴼ
0.51
93%
1030
weather icon

Белград

0ᴼ / -1ᴼ
0.51
93%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 2ᴼ
1.03
65%
1028
weather icon

Софија

-2ᴼ / -2ᴼ
1.03
100%
1030
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
3.06
95%
1031
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
1.03
87%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.58
65%
1027
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
2.06
69%
1024
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
1.54
81%
1026
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
3.09
63%
1032
weather icon

Будимпешта

2ᴼ / -1ᴼ
0.51
86%
1030
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 8ᴼ
6.17
92%
1029
Currency

61.645

Currency

54.969

Currency

73.855

Currency

38.114

Currency

39.253

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Кобалт

33.53

Паладиум

32279.35

Сребро

1670.34

Иридиум

315077.32

Цинк

3.76

Алуминиум

3.07

Калај

46.54

Злато

130856.75

Платина

49319.25

Родиум

295786.87

Рутениум

61086.42

Бакар

12.58