Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) денеска ја изрече првата глоба за напуштање (фрлање) легло на мачиња. Случајот, како што велат за МИА од АХВ, бил пријавен од совесен, хуман граѓанин, а изречената казна е 550 евра. -Врз основа на известување кое ЈП Лајка го добило од граѓанин (поткрепено со видео снимки и фотографии) за напуштање легло со мали мачиња од страна на физичко лице во парк во близина на трговски центар во Скопје, ...
ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје попладнево најостро ги демантираше информациите што се шират во јавноста за наводно присуство на бактеријата Escherichia coli во водата за пиење во Скопје. Направени се дополнителни анализи и водата во Скопје е безбедна и исправна за пиење и употреба. Јавното претпријатие најави дека ќе поднесе соодветни пријави до Министерството за внатрешни работи за субјектите и центрите кои шират лажни информации и ...
Фудбалерот на Интер Мајами, Лионел Меси, одлучи да направи пауза од играњето по загубата на неговиот татко, Хорхе Меси, објави „DobleAmarilla“. Триесет и деветгодишниот Аргентинец ќе остане во Аргентина за да даде поддршка на неговото своето семејство. Неговото враќање во САД сè уште не е утврдено. Откако дозна за смртта на неговиот татко, Меси ги прекина своите тековни обврски во клубот и отпатува дома. Ги одложува своите настапи за Интер ...
Напаѓачот на Реал Мадрид и бразилската репрезентација, Ендрик, нема да го напушти тимот во летниот преоден рок. Новинарот Фабрицио Романо објави дека раководството на Реал Мадрид го информирало играчот и неговите претставници за нивната одлука да го задржат во тимот и да го вклучат во натпреварите во сезоната 2026/27. Тренерот Жозе Мурињо, исто така, ја одобрил оваа одлука, иако претходно кажа дека Ендрик не му е неопходен во тимот. Ендрик ја ...
Домашните јуфки се едни од оние традиционални тестенини што мирисаат на домашна кујна и се прават со многу љубов и трпение. Овој рецепт е за поголема количина, идеален за да си направите залиха за цела сезона. Тестото е поцврсто и суво, па за месењето е потребно малку повеќе сила — но трудот навистина се исплати! Состојки: 5 кг бело брашно 1 литар млеко 30 јајца – по можност домашни 5 лажици сол Подготовка: Брашното ставете го во голем сад. ...
Иако најчесто се поврзува со постарите лица, деменцијата може да се појави и кај помладите луѓе без други здравствени проблеми, при што раното препознавање е клучно за утврдување на причината, поставување соодветна дијагноза и навремено започнување со третман, предупредуваат експертите. Симптомите можат да бидат различни во зависност од видот и причината за болеста. Еден таков специфичен облик е фронтотемпоралната деменција (ФТД), која ...
Расчистено е пукањето од 8 август во тетовското подрачје, три лица се лишени се од слобода, соопштија попладнево од Министерството за внатрешни работи. – Вчера во 14:45 часот на патот Тетово – село Селце, тетовско, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи – Тетово го лишија од слобода 34-годишниот А.Џ. од село Селце, поради основи на сомнение дека сторил кривично дело „предизвикување општа опасност“. Имено, тој се сомничи дека на ...
Околу 70 илјади домаќинства во украинскиот град Одеса синоќа биле без електрична енергија, соопшти во редовното вечерно видео-обраќање до нацијата украинскиот претседател Володимир Зеленски. „Во текот на целиот ден во Одеса се работеше на обновување на снабдувањето со електрична енергија. Поголемиот дел од корисниците веќе имаат струја, но се уште има работа“, посочи тој. Зеленски им се заблагодари на сите вработени во техничките екипи и во ...
Американскиот претседател, Доналд Трамп, синоќа потпиша извршна уредба со која се предвидува намалување на бројот вакцини препорачани за деца, ограничувајќи ја програмата за вакцинација на 11 вакцини. Со уредбата, исто така, се препорачува комбинираната вакцина против мали сипаници, заушки и рубеола (ММР) да се подели на три одделни вакцини, што би се примале одвоено. „Мојата администрација од овој момент ги признава препораките на златниот ...
Кокаин вреден повеќе од 200 милиони британски фунти, односно околу 270 милиони долари, бил откриен скриен во пратка со банани на британско пристаниште, соопшти британската Национална агенција за борба против криминалот. Граничните власти минатиот четврток заплениле 2,9 тони кокаин во пристаништето Лондон Гејтвеј во Есекс. Пратката, чија вредност се проценува на 232 милиони британски фунти, била скриена меѓу товар со банани испратен од Јужна ...
Унгарскиот Парламент денеска ќе гласа за нов претседател на државата, откако владејачката партија „Тиса“ на премиерот Петер Маѓар за функцијата го предложи поранешниот претседател на Врховниот суд, Андраш Бака. „Убедени сме дека искуството на Андраш Бака и професионалната независност што ја покажуваше во текот на целата кариера претставуваат значајна предност во моментот кога заеднички се подготвуваме да ги поставиме темелите на новиот ...
Најмалку 164 лица загинаа во силниот земјотрес со магнитуда од 7,4 степени што ја погоди централна Колумбија, додека спасувачките екипи и денеска продолжуваат со потрагата по преживеани под урнатините. Земјотресот што вчера рано изутрината ја потресе областа позната по производството на кафе, предизвика големи разурнувања во повеќе градови, меѓу кои Кали и Переира, а сериозно е оштетен и историскиот центар на Манизалес, каде што се урна еден ...
Нов напад со дронови врз Москва во текот на ноќта меѓу 10 и 11 август доведе до привремени ограничувања во воздушниот сообраќај во руската престолнина, откако противвоздушната одбрана соборила најмалку 13 беспилотни летала кои се движеле кон главниот град, соопштија руските власти. Информацијата ја потврдија градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, и Федералната агенција за воздушен сообраќај (Росавијација). Собјанин првично објави дека ...
Светската здравствена организација (СЗО) денеска го застана во одбрана на научно заснованиот процес што се користи за утврдување на календарот за детска вакцинација, откако американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба насочена кон намалување на бројот на препорачаните имунизации за децата во САД. Трамп вчера потпиша извршна наредба со која се бара намалување на американскиот календар за вакцинација на децата на вкупно 11 ...
Кинеската компанија „Фотон матрикс“ (Photon Matrix) создаде ласерски уред кој ги детектира и убива комарците. Системот е комбинација од „ЛИДАР“ (LiDAR) сензори, ВИ технологија и напредни алгоритми за обработка на сигнали. На овој начин тој може да го препознае комарецот и веднаш да го убие. Системот располага со повеќе заштитни механизми, а ласерското зрачење автоматски се исклучува доколку наиде на човек. Комарците можат да бидат детектирани ...
Европската Унија упати апел до сите политички партии во Косово итно да постигнат договор за избор на нов претседател и да соработуваат за надминување на долготрајната политичка криза, предупредувајќи дека блокадата на институциите сериозно го загрозува европскиот пат на земјата. – ЕУ постојано ги повикува сите политички актери да обезбедат институционална стабилност. Од суштинско значење е институциите на Косово да бидат конституирани без ...
Екстремно ниското ниво на водата на реката Сава ги откри остатоците од паробродот „Словенец“, којшто повеќе од 80 години се наоѓа меѓу Сремска Митровица и Јарак. Бродот е изграден во 1913 година во Будимпешта под името „Ваг“, а по Првата светска војна му припаднал на Кралството на Срби, Хрвати и Словенци. Во 1921. е преименуван во „Словенец“. За време на Втората светска војна, бродот бил запленет од Германците, кои го користеле за пренос на ...
Мировната мисија на НАТО во Косово (КФОР) започнува процес на постепено интегрирање на косовската полиција во безбедносниот систем за заштита на манастирот „Високи Дечани“ во западно Косово, објави весникот „Газета експрес“, повикувајќи се на официјално соопштение од мисијата. Според соопштението, процесот на предавање на контролата ќе се спроведува постепено и е строго координиран со Српската православна црква, косовските институции, ...
Девизните резерви на крајот на јули годинава изнесувале 5.011 милиони евра и во однос на претходниот месец бележат зголемување за 74,4 милиони евра, објави Народната банка. Најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност (71,1%), по што следуваат монетарното злато (15,6%) и валутите и депозитите (13,2%). МИА Девизните резерви на крајот на јули годинава изнесувале 5.011 милиони евра и во однос на претходниот месец бележат ...
Во рамките на активностите за подготовка за воведување на системот е-Фактура, Управата за јавни приходи (УЈП) во соработка со Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) организираше обука на која учествуваа 80 претставници од општините и јавните претпријатија (ЈКП). На обуката беа презентирани функционалностите на овој систем и начинот на неговото користење, како и обврските и придобивките од електронското фактурирање. Тимот на ...
Во периодот јануари – јуни 2026 година вкупниот број на туристи е намален за 0,5 отсто во однос на истиот период лани. Кај домашните туристи намалувањето е за 3,1 процент, а кај странските има зголемување за 0,3 отсто. Намален е и вкупниот број ноќевања за 1,5 отсто – кај домашните туристи е забележан пад за 3,3, а кај странските за 0,7 проценти. Во јуни 2026 година 113 436 туристи оствариле 221 608 ноќевања. Од вкупниот број туристи 22,8 ...
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, долж Повардарието повремено засилен, ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 20, а максималната ќе достигне од 35 до 40 степени. Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 21, а максималната ќе ...
Во Скопје денеска ќе се одржи регионална средба на здруженијата на превозници од Западен Балкан на која ќе се утврдат активностите што ќе се преземат во следниот период за да се надмине проблемот со којшто се соочуваат професионалните возачи при престој во Шенген зоната. Откако Европската унија воведе нови правила за престој во Шенген зоната, најпогодени беа професионалните возачи кои и протестираа против ваквата одлука. Превозниците бараат ...
Топлотниот бран што ја зафати земјава продолжува и денеска со температури до 40 степени. Според синоптичарите, сончево и многу топло ќе биде и утре, а од четврток се очекува мало освежување и пад на температурата за неколку степени. Здравствените власти препорачуваат граѓаните да се заштитат од топлото време, да не се излегува без потреба од 11 до 17 часот, да се носи лесна и светла облека и да се консумираат лесна храна и повеќе течности. ...
Христијан Мицкоски и неговата организирана криминална група ВМРО со години ја практикуваат истата пропаганда што ја користел Ванчо Михајлов. Михајлов и неговото крило на ВМРО своите политички противници ги означувале како „предавници“ и „одроденици“. Таа реторика не останувала само на зборови. Обвинувањата од страна на Ванчо за предавство се користеле како оправдување за репресија, физичко насилство, елиминација. По 1928 година, кога Михајлов ...
Во текот на изминатото деноноќие, регистрирани се вкупно 23 пожари на отворен простор, од кои активни се два, под контрола е еден, а изгаснати се 20 пожари, соопшти Центарот за управување со кризи. Активни пожари има во Општина Македонски Брод – во близина на с. Драгов Дол каде што гори ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки, како и во кумановската населба Средорек каде што е запалено ѓубре. Пожар под контрола е оижарот на градската ...
Движењето ЗНАМ – составено од луѓе што ја предадоа сопствената партија и ги предадоа сопствените гласачи, финансирано и создадено од Мицкоски со единствена цел да ја ситни опозицијата – најавува дека во септември ќе објави „извештај“ за работата на своите функционери. Прашањето е едноставно: Што точно имаат да објават во тој извештај? Дека не ги испратија документите за екстрадиција на Груевски? Дека земјоделците сè уште ги чекаат ...
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги укажува на сериозноста на содржината на коментарите објавени на официјалната Фејсбук страница на новинарот и колумнист Ерол Ризаов, во кои се упатуваат сериозни закани, повици за физичко насилство и навреди по основа на етничка припадност. Во дел од коментарите се содржани повици за физичко пресметување со новинарот, вклучително и пораки со кои се повикува на негово елиминирање и смрт. ...
Во Гостивар, повеќе од месец дена граѓаните немаат безбедна вода за пиење. Над 50 населени места се со загадена вода. А овде, на север, во околината на изворот за вода Рашче, тлее нова еколошка катастрофа. Нова закана за чиста вода за пиење се случува овде во заштитеното еколошко подрачје на Рашче, и тоа пред очите на власта на Мицкоски. Околината на изворот од кој со вода се снабдуваат Скопје и 25% од граѓаните во Македонија е затрупана во ...
И повторно водата во Гостивар не е безбедна за пиење. По сите најви, по сите ветувања, по сите „анализи што покажуваат подобрување“ – граѓаните сè уште не смеат да ја пијат водата од чешма. Веќе пет недели. Температурите се многу високи, граѓаните немаат вода. Локалниот кризен штаб ја продолжува забраната. Се дели вода на пет точки. Селата и делови од градот сè уште се на техничка вода. Граѓаните веќе јасно разбираат: Зборот на Мицкоски и на ...