Скопје
2ᴼ /
2ᴼ
Албанскиот премиер Еди Рама го нарече менаџментот на Албанската радио-телевизија (РТШ) „најмизерната служба на светот“ и изјави дека јавниот медиумски сервис треба да се реформира. Рама нагласи дека нема да се издвојуваат јавни пари се додека не се спроведат реформми во РТШ. Според него, сите опции се на маса, вклучувајќи затворање, приватизација или партнерство. Премиерот на Албанија го критикуваше долгорочното функционирање на РТШ, ...
Во Копенхаген и неколку други дански градови како и во главниот град на Гренланд денеска ќе се одржат протести поради амбициите на американскиот претседател Доналд Трамп за преземање на контролата врз островот. На повикот на неколку гренландски организации повеќе илјади луѓе на социјалните мрежи најавија дека ќе учествуваат во протестите во Копенхаген, Архус, Алборг и Оденсе. Целта е да се испрати јасна и едногласна порака во корист на ...
Владата на Словенија одлучи да испрати двајца офицери на Гренланд, кои под водство на Данска ќе учествуваат „во планирањето и спроведувањето на меѓународната воена вежба Арктичка отпорност. Вежбата се смета за европско одвраќање од заканите од американскиот претседател Доналд Трамп, кој изјави дека САД ќе ја преземат контролата врз Гренланд „на еден или друг начин“ за да се спротивстави на руските и кинеските интереси на Арктикот. Неколку ...
Новата пирамида на исхрана: Речиси целосно обратна од досегашните препораки Во САД овој месец беа објавени новите „Диететски упатства за Американците 2025-2030“ (‘Dietary Guidelines for Americans’ – ДГА). За разлика од претходните, подолги и бирократски документи, новите правила се на само околу 10 страници – но според експертите, значат целосно ресетирање на прехранбениот систем и во САД и пошироко. Министерот за здравство на САД, Роберт Ф. ...
Илон Маск ги тужи OpenAI и Microsoft за сума до 134 милијарди долари, тврдејќи дека тие „нелегално профитирале“ од неговата претходна поддршка за организацијата што развива вештачка интелигенција, покажува судски документ објавен од американски медиуми. OpenAI наводно добил помеѓу 65,5 милијарди и 109,4 милијарди долари од Маск од 2015 година, кога тој беше еден од основачите на тогашната непрофитна организација, а Microsoft помеѓу 13,3 ...
Српскиот министер за финансии Синиша Мали денеска изјави дека специјализираната изложба Експо 2027 во Белград ќе биде комплексен дигитален систем и истакна дека соработката со глобалниот технолошки лидер Cisco дополнително го потврдува меѓународниот кредибилитет на проектот и предвидува највисоки стандарди. „Кога еден глобален технолошки лидер го препознава нашиот напредок и сака активно да го поддржи Експо 2027 Белград, тоа потврдува дека ...
Во главниот град на Данска, Копенхаген, денеска се одржа протест каде имаше илјадници луѓе против плановите на американскиот претседател Доналд Трамп да ја преземе контролата врз Гренланд, што е данска автономна територија. Демонстрантите, кои се собраа на градскиот плоштад во Копенхаген пред да се упатат кон амбасадата на САД, скандираа „Гренланд не е на продажба“, некои држеа транспаренти со слогани како „Рацете подалеку од Гренланд“ и ...
Претседателот Доналд Трамп се подготвува да се спротивстави на кинеското влијание во Канада, бидејќи неговата доктрина за Западната хемисфера се шири надвор од Јужна Америка, изјави поранешниот архитект на кампања и советник на Трамп, Стив Банон за Дејли меил. „Следната голема работа ќе биде Канада. Канада е следната Украина затоа што не може да ја брани својата северна арктичка граница, а Кина ќе дојде и ќе се нафрли“, рече Банон, поранешен ...
Сослушувањето на Комитетот на Сенатот за лекови за абортус стана вирално откако републиканските американски сенатори Џош Холи од Мисури и Ешли Муди од Флорида прашаа акушерка-гинеколог дали мажите можат да забременат. За време на сослушувањето на Комитетот за здравство, образование, труд и пензии на Сенатот, д-р Ниша Верма, гинеколог-акушер со седиште во Атланта, Џорџија, беше прашана дали мажите можат да забременат. Верма не одговори ...
Европската унија и јужноамериканскиот трговски блок Меркосур денеска потпишаа историски трговски договор, со што се создаде најголемата зона на слободна трговија во светот. Потпишувањето на трговскиот договор, што беше емитуван во живо на веб-страницата на Европската комисија, се одржа на церемонија во главниот град на Парагвај, Асунсион, каде што на 26 март 1991 година беше потпишан Договорот од Асунсион, со кој беше создаден Меркосур. ...
Протестот на студентите во блокада од Универзитетот во Нови Сад, одржан под мотото „Што значи победа?“ заврши вечерва од каде беше порачано дека по промена на власта во Србија ќе бидат неопходни – лустрација и донесување закон за потекло на имотот. На протестот митингот присуствуваа неколку илјади луѓе и не беа регистрирани инциденти. Студентите најавија дека на крајот на јануари ќе организираат форуми низ цела Србија каде што ќе ја ...
Британскиот премиер Кир Стармер ја осуди заканата на американскиот претседател Доналд Трамп да воведе тарифи врз европски сојузници кои се спротивставуваат на неговите напори за стекнување на Гренланд како „целосно погрешна“. „Воведување царини за сојузници за остварување на колективната безбедност на сојузниците од НАТО е сосема погрешно. Секако, ќе го продолжиме ова директно со американската администрација“, наведе Стармер во соопштението. ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска објави дека ќе бидат воведени царини од 10 проценти за осум европски земји што се спротивставуваат на неговата намера САД да го купат Гренланд. Во објава на неговата мрежа Truth Social, Трамп наведе дека царини од 10 проценти ќе стапат на сила на 1 февруари за Данска, Норвешка, Шведска, Франција, Германија, Велика Британија, Холандија и Финска. Според него, тие царини ќе се зголемат на 25 ...
Голем број клиенти на Национална трговска Банка (БКТ) во Албанија, најголема во земјата, се соочија со непријатно изненадување, бидејќи нивните картички беа мистериозно испразнети. „Идентификувани се голем број случаи каде што се покажа дека картичките биле користени во различни земји. Во еден случај, се покажа дека граѓанска картичка била користена во Бугарија за купување во износ од илјадници евра. Во друг случај, парите биле украдени во ...
Би сакал оваа дискусија, под одредени услови, да беше и попроширена. Единственото што ќе го кажам е дека, на крајот, знаете, развојот на настаните го обликуваат присутните, а не отсутните и затоа ние секогаш разговараме со оние кои се расположени да разговараат со нас и очигледно не можеме никого да принудиме да дојде и да се вклучи во дијалог кон кој, од свои причини, можеби и не се стреми, посочи грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на ...
Возачите на камиони од Србија и од Босна и Херцеговина објавија дека на 26 јануари сите гранични премини за товар кон земјите од Шенген зоната ќе бидат блокирани поради проблемите предизвикани од новиот систем за влез и излез (EES), што ги евидентира влезот и излезот на превозниците. Тие мерки доаѓаат откако, како што наведуваат, Брисел не ги зел предвид барањата и предлозите на превозниците за олеснување на граничните процедури. ...
Нема шанси повторно да се затвори царинска служба на граничен премин и тоа го нагласувам јасно, истакна министерот за заштита на граѓаните на Грција, надлежен за полицијата Михалис Хрисоходис говорејќи за блокадите на земјоделците, јави дописничката на МИА од Атина. Во интервју за радиото „Скај“, Хрисохоидис посочи дека Владата покажа огромна толеранција за сето она што се случува во економијата на земјата веќе 40 дена со протестите на ...
На барање на ММФ, Владата на Србија прифатила финансиското работење на градот Белград и неговите компании да биде „ставено под надзор“ и да се спроведе надворешна ревизија, објави Нова економија. Буџетот на Белград, заедно со буџетите на градските општини, изнесува 205 милијарди динари (1,75 милијарди евра), односно речиси девет отсто од буџетот на Србија. ММФ инсистира надворешни консултанти да направат анализа на финансиите на градот со ...
На „дигитален шум“, предизвикан од десинхронизација во мноштво хетерогени уреди/интерфејси кои завршуваат во објектите на центарот на контрола, што резултирало со несакано активирање/континуирано емитување на критичен број предаватели и влошување/прекин на клучните телекомуникациски интерфејси, била причината за неколкучасовниот проблем во воздушниот сообраќај во Грција, согласно извештајот на експертите, јави дописничката на МИА од Атина. ...
Постои начелен договор за средба на земјоделците со премиерот в понеделник во 13 часот, под услов сите патишта да останат отворени, посочи портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис на денешниот редовен брифинг со новинарите, јави дописничката на МИА од Атина. Мнозинството од грчките земјоделци, кои протестираат од 30 ноември, во вторникот одбија да се сретнат со Мицотакис, бидејќи, како што рекоа тогаш, не беа исполнети нивните предуслови ...
Инцидентот на српскиот новогодишен концерт во Чачак покажува дека во Србија ескалира гневот поради корупцијата и неспособноста на државата, а повод за тоа беше одлуката на градските власти да издвојат голема сума пари за концерт на пејач близок до владејачката партија, наместо да го исчистат градот од снег и мраз, пишува германскиот весник „Франкфуртер Рундшау“ (FR). Весникот пишува дека не биле „познатите срцекршачки лимонади“ на пејачката ...
Досега,на подрачјето на Европската Унија немаше регистрирана вакцина против птичји грип за мисирки, што, како што истакнуваат, ја прави оваа одлука особено важна за секторот живинарство. Европската комисија одобри две вакцини против птичји грип од фармацевтската компанија „Берингер Ингелхајм“, вклучувајќи за прв пат вакцина наменета за мисирки, објавува „Аграројт“. И двете можат да се користат кај кокошки и мисирки, додека едната од нив е ...
Општина Крива Паланка ќе субвенционира педесет отсто од трошоците за добиен сертификат за органско производство од овластено сертификациско тело на петнаесетмина производители на органска храна, кои се пријавиле за мерката за поддршка во рамките на програмата за локален економски развој за 2025 година. – Општина Крива Паланка имплементира мерка за поддршка на локалните производители на органска храна преку објавување повик за прибирање барања ...
Државниот завод за ревизија (ДЗР) го објави Конечниот ревизорски извештај за извршената ревизија на финансиските извештаи, заедно со ревизијата на усогласеност на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ДТИРЗ) за 2024 година. Како што информира, утврдено е дека 287 хектари од вкупната корисна површина на ТИРЗ и индустриските зони не се функционално искористени, односно не се дадени под закуп, додека седум од вкупно 16-те зони, на ...
На последниот ден од годината беше пуштен во функција нафтоводот Солун – Скопје, соопшти вчера извршниот директор на „Хеленик енерџи“, Андреас Сиамисис, говорејќи на настан на компанијата, објави грчката новинска агенција АНА-МПА, а информацијата дека нафтоводот почна со работа, за дописничката на МИА од Атина, ја потврдуваат и извори од грчката компанија. Нафтоводот Солун – Скопје повторно функционира по 13 години неактивност, веќе била ...
Во ноември 2025 година 77.570 туристи оствариле 146.605 ноќевања во државава. Од вкупниот број туристи, 25,7 проценти се домашни, а 74,3 отсто се странски туристи. Државниот завод за статистика денеска објави дека најмногу странски туристи во ноември имало од Турција – 12.401 по што следуваат Германија – 11.812, Србија – 3.793, Грција – 3506… Бројот на ноќевањата во ноември 2025 година изнесува 146.605, од кои 33,9 проценти се од домашните ...
Македонската текстилна индустрија ја изгуби својата конкурентска способност во однос на земјите од Далечниот Исток. Очекуваме потешка година за овој сектор, е оценката на Ангел Димитров од Организација на работодавачите, а воедно и менаџер на текстилна фабрика во Свети Николе. Димитров посочува дека странските партнери, поради ниските трошоци, своето производство го имаат префрлено во Бангладеш и други земји во Далечниот Исток, а во нашата ...
Министерството за финасии успешно ја реализираше аукцијата за издавање на 10-тата Еврообврзница. Министерството одлучи да издаде еврообврзница со две транши од по 500 милиони евра – со рок од 4 години и со рок од 8 години. – Фактот дека Министерството успеа да пласира осумгодишна обврзница дополнително говори за довербата во реформските планови на Министерството за финансии и Владата, имајќи предвид дека последен пат вакво доспевање беше ...
Иако во моментов не се разгледува укинување на популарната мерка „Мој ДДВ“, директорката на Управата за јавни приходи (УЈП), Елена Петрова, предупредува дека проектот претставува значителен трошок за државниот буџет, а притоа не ја исполнил својата основна цел – сузбивање на сивата економија. Во интервју за емисијата „Топ тема“ на ТВ Телма, Петрова ги презентираше податоците за финансискиот товар што го носи мерката. Според бројките за 2025 ...
Министерството за економија и труд со поддршка на Европската унија денеска ќе ја презентира Националната стратегија за мали и средни претпријатија 2025-2030 година. Стратегијата ги дефинира клучните насоки за подобрување на деловното опкружување, зголемување на конкурентноста и иновациите, унапредување на пристапот до финансии и поддршка на зелената и дигиталната транзиција, во согласност со европските политики и стандарди. Најавено е ...