Скопје
15ᴼ /
15ᴼ
Освежете се со вкусна салата со тестенини, заедно со вашиот омилен зеленчук. Обавезно користете ја течноста во која биле краставиците за дресингот, бидејќи тоа додава посебен шмек на ова јадење. Состојки: 300 грама тестенини(по желба) 100 грама цветчиња од брокула 80 грама кисели краставички 50 грама виолетов кромид 80 грама шери домати 1 црвена пиперка 30 грама слатка пченка 100 грама тврдо младо сирење неколку црни маслинки За дресингот: ...
Вкупно 16.885 казни се изречени во текот на изминатиот месец при интензивни сообраќајни контроли на патиштата спроведени од полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи, информира Министерството за внатрешни работи. Најголем дел од санкциите се однесуваат на пречекорување на дозволената брзина на движење – 4.473 прекршоци. Следуваат непрописното паркирање со 3.851 санкција, како и користењето мобилен телефон при управување ...
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан синоќа повика на фундаментална промена во стилот на лидерство во земјата, додека неговиот кабинет ги негираше гласините дека планира да поднесе оставка, јави ДПА. Пезешкијан рече дека раководството на Иран не смее да се состои од ограничена група лидери и функционери, пренесе државната агенција Фарс, која е поврзана со моќниот Корпус на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ). Тој повика на вклучување на ...
Американскиот државен секретар, Марко Рубио, разговарал со либанскиот претседател, Жозеф Аун, и израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, за дипломатските преговори меѓу Израел и Либан при што предложил план за „постепена деескалација“ на конфликтот. Неименуван американски претставник соопштил дека предлогот на САД како прв чекор предвидува прекин на сите напади на проиранското движење Хезболах врз Израел, а за возврат израелските сили да се ...
Американскиот претседател, Доналд Трамп, на својата социјална мрежа Truth Social напиша дека „Иран всушност навистина сака да постигне договор“. Истовремено, тој жестоко ги нападна сите критичари кои ги доведуваат во прашање неговите напори во преговорите со Техеран. „Не разбираат ли овие „демократи“ и разни навидум непатриотски републиканци дека ми е МНОГУ потешко добро да си ја работам работата и да преговарам кога политичките платеници ...
Европските разузнавачки агенции го реконструираа системот што го користеше Москва во последните години за дестабилизација на континентот – сеопфатна хибридна кампања што ги комбинира најевтините и најскапите методи на субверзија со цел да се поткопа западната поддршка за Украина и да се наруши европската кохезија. Обемот на кампањата го потврди и Полската агенција за внатрешна безбедност (ABW), која објави дека спровела повеќе ...
САД презедоа нови мерки со цел да ја затворат „дупката“ во контролата на извозот на напредни компјутерски чипови кон Кина, преку ограничувања и за странските компании што соработуваат со Кина. Според новите насоки на американскиот Уред за индустрија и безбедност при Министерството за трговија, забраните за извоз не се однесуваат само на директни испораки кон Кина, туку и на странски компании кои имаат седиште или матична фирма во Кина. ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ѝ нареди на израелската армија да ги нападне позициите на либанската милитантна група Хезболах во предградијата на либанскиот главен град Бејрут. „Како одговор на повторените и континуирани прекршувања на прекинот на огнот во Либан од страна на терористичката организација Хезболах и нападите врз нашите градови и граѓани, заедно со министерот за одбрана Израел Кац, им наредив на Израелските одбранбени ...
Долги редици возила се формираат на бензинските пумпи на анектираниот полуостров Крим, по воведените ограничувања за точење гориво за индивидуалните купувачи. Според информации објавени преку локални телеграм-канали, на некои од пумпите прекината е продажбата на ваучери за гориво, а услугата е достапна само врз основа на постојни договори. Шефот на Регионалната руска администрација, Сергеј Аксјонов, соопшти дека од саботата продажбата на ...
Најмалку две лица се повредени при експлозија во фабрика за пиротехнички материјал во Малта, соопштија локалните медиуми. Двајца мажи на возраст од 67 и 47 години биле пренесени во болница по експлозијата, што се случила изутринава околу 6:30 часот по локално време. Според извештаите, од силината на детонацијата се треселе околните згради, а жителите пријавиле и скршени прозорци. Очевидци наведуваат дека експлозијата се слушнала на голема ...
Американските воени сили во последните неколку недели им помогнаа на десетици трговски бродови да поминат низ блокираната Ормуска Теснина – објави „Њујорк тајмс“ повикувајќи се на изјави на американски функционери. Во последните три недели Централната команда на американската војска (Centcom) водеше 70-ина трговски брода низ овој стратешки воден пат, откри еден од функционерите под услов да остане анонимен. Истите извори наведуваат дека ...
Поранешната потпретседателка на Европска комисија, Вера Јурова, во интервју за бриселскиот портал „Еуроњуз“, апелира на нов бран проширување на Европска Унија, посебно со Западен Балкан. Таа истакна дека сретнува голем број луѓе од земјите од Западен Балкан, кои се презаситени од чекањето 20 години за пристапување кон ЕУ. Мора да има некакво движење, посочи Јурова денеска, кога претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта ја почнува ...
Руската влада денеска соопшти дека забранува извоз на керозин до 30 ноември, со цел да се обезбеди стабилност на домашниот пазар на горива. Одлуката е донесена во време на интензивирани украински напади со дронови врз руските рафинерии, што доведе до намалување или стопирање на производството. Русија извезува керозин по железнички пат во Централна Азија, меѓу кои и Казахстан, Киргистан, Таџикистан и Узбекистан. Русија веќе го ограничи извозот ...
Претседателот на Франција, Емануел Макрон, денеска изјави дека Париз е целосно подготвен да ги поддржи мировните преговори помеѓу САД и Иран и да преземе оперативна улога на терен штом се постигне договор. Неговата изјава следува по синоќешниот телефонски разговор со американскиот колега Доналд Трамп. – Истакнав дека сме подготвени во целост да ги поддржиме овие напори и да го преземеме својот дел од одговорноста во спроведувањето. Всушност, ...
Во Србија почна со работа „Кибер стража“, национална платформа наменета за пријавување и спречување различни форми на високотехнолошки криминал, зајакнување на дигиталната безбедност и заштита на граѓаните и економијата во дигиталниот простор. Платформата е достапна на https://sajberstraza.gov.rs, и таа е дизајнирана како единствено место каде што граѓаните и правните лица можат да пријавуваат кривични дела во дигиталната средина, но и да ...
Три мачки врзани со јаже, чувала 49-годишна жена од Солун, која е уапсена и казнета со 17.600 евра, согласно одредбите од Законот за заштита на животните, јави дописничката на МИА од Атина. Како што објавија грчките медиуми, мачките биле врзани со јаже на балконот од станот на жената, а полицијата вчера попладне ја уапсила. Против 49-годишната жена биле изречени предвидените административни казни во вкупен износ од 17.600 евра, а паралелно ќе ...
Албанскиот премиер Еди Рама реагираше за ситуацијата создадена во Звернец, кај Валона, каде што жителите на областа и претставниците на граѓанското општество протестираат против проектот за изградба на луксузен ресорт, кој се поврзува со Џаред Кушнер, зетот на американскиот претседател Доналд Трамп, наведувајќи дека самиот би се придружил на протестот доколку верувал во тврдењата што се ширеле за проектот. На средба со парламентарната група ...
Цените на нафтата пораснаа утрово поради неизвесноста околу изгледите за наоѓање решение за конфликтот на Блискиот Исток, при што суровата нафта Брент се искачи на 93,01 долари за барел. Фјучерсите за сурова нафта Брент за испорака во август на лондонската берза ICE Futures се тргуваа по 93,01 долари за барел, што е за 1,89 долари повеќе од претходното затворање. Фјучерсите за сурова нафта WTI во јули на електронската трговска сесија на ...
Од денеска, 1 јуни 2026 година, започнува глобалната транзиција кон е-АТА CARNET, целосно електронски систем за обезбедување документација за извоз на стоки, за кој Стопанската комора има јавни овластувања и ги издава овие документи во интерес на компаниите. Во време кога дигитализацијата станува предуслов за поефикасни административни процеси и поконкурентна економија, модернизацијата на инструментите што ја олеснуваат меѓународната трговија ...
Раст на даночната основа и на нето даночниот ефект кај данокот на добивка, покажува обработката на даночните биланси за 2025 година што ја направи Управата за јавни приходи. Ова, според УЈП, укажува на стабилност во наплатата на приходите од данокот на добивка. – Даночен биланс за оданочување на добивка – образец „ДБ” поднесоа 25.506 даночни обврзници, наспроти 25.051 во 2024 година, додека даночен биланс за оданочување на вкупен приход – ...
Девизни резерви на крајот на април годинава изнесувале 5.207 милиони евра. Податоците на Народната банка покажуваат дека најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност (70,8 проценти), по што следуваат монетарното злато (16,8%) и валутите и депозитите (12,3%). На крајот на декември 2025 година официјалните девизни резерви изнесуваа 4.925,3 милиони евра. МИА Девизни резерви на крајот на април годинава изнесувале 5.207 ...
Сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. До крајот на работната седмица ќе се задржи претпладне променливо облачно време со ...
Денеска и утре во раните утрински часови ќе се изврши авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје, информираат од Градот Скопје. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин. Од град Скопје ги известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите. МИА ...
Истече рокот што самиот Христијан Мицкоски го постави пред граѓаните, до 1 јуни да ги исполни сите точки од Реформската агенда. Уште едно ветување на Мицкоски останува не исполнето. Уште една лага на Мицкоски е разобличена, не се исполнети сите точки од Реформската агенда. Христијан Мицкоски дојде на власт со лаги и продолжува да лаже. Ветуваше дека ќе го врати името, дека ќе го укине Преспанскиот договор, дека ќе обезбеди подобри ...
Град Скопје ја реализираше втората авионска фаза од дезинсекцијата против возрасни форми на комарци на територијата на градот. Активностите беа спроведени во раните утрински часови, согласно предвидената програма, законските обврски кои произлегуваат од Законот за заштита на населението од заразни болести и Елаборатот изготвен од Центарот за јавно здравје, соопшти прес-службатра на Град Скопје. Во текот на утрешниот ден ќе биде реализирана и ...
До крајот на оваа седмица времето ќе биде променливо облачно време со сончеви периоди. Во попладневните часови наместа ќе има појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, соопшти УХМР. Локално процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд, силен ветер, грмежи и услови за појава на град, особено во четврток и во сабота. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен правец, кој утре во западните делови повремено ќе достигнува брзина од ...
Со изведба на социјален танц театар на кој беа прикажани сцени на насилство, отфрленост и осаменост, ученици од СУГС „Јосип Броз Тито“ од Скопје и СОУ „Гостивар“ од Гостивар денеска пред Собранието ја испратија пораката дека заштитата на децата од насилство мора да биде највисок општествен приоритет и дека „булингот“ секојдневно се случува во училиштата, но често остануваат незабележани од возрасните. Настанот кој е во организација на Меѓаши ...
Компанијата „Окта“ АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари за литар за бензините од 95 и 98 октани како дел од напорите за поддршка на домашниот пазар на горива. Мерката ќе се применува во периодот од 2 до 16 јуни годинава. Од компанијата соопштуваат дека одлуката е донесена како резултат на актуелните движења на меѓународните цени на горивата, но и како дел од континуираната комуникација со Владата насочена кон ублажување на ...
Новото издание на емисијата „360 степени“, во кое гостува поранешниот претседател на државата Стево Пендаровски, се емитува вечерва (1 јуни 2026 г.) од 20:15 часот на МРТ 1. Дали погрешија како тогашна влада и шеф на државата со тоа што го прифатија т.н. француски предлог – е едно од прашањата до експретседателот Стево Пендаровски, кој гостува во новото издание на емисијата „360 степени“ на МРТ 1. Дали Македонија повторно се разминува со ...
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) од полноќ се намалуваат за 6,50 денари по литар, а бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 поскапуваат за половина денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе биде 88,00 денари, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 90,00, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 85,50, а литар Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) ќе чини 87,50 денари. За ...