Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Без електрична енергија утре ќе останат дел од корисниците од Општина Гази Баба. -Поради исклучување од подземна мрежа – промена на довод до РО (150-240мм2) од Автокоманда 10, без напојување со електрична енергија ќе останат дел од 16-та Македонска бригада зграда ВА влез 2,3 и 4, во Општина Гази Баба, соопшти РЦУК по добиено известување на АД ЕВН Македонија. МИА Без електрична енергија утре ќе останат дел од корисниците од Општина Гази Баба. ...
Центарот со управување со кризи информира дека до 18:00 часот часот регистрирани се вкупно 22 пожари на отворен простор, од кои осум се активни, три се под контрола, а 11 се изгаснати. Активни се пожарите во: Општина Студеничани: с. Моране – с. Вртекица – с. Рамни Габер (мешана шума). Општина Македонски Брод: м.в. Видуш, кај с. Драгов Дол и кај с. Локвица (ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки). Општина Прилеп: с. Чаниште, крак кон ...
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека изминатиов период е забележана појава на фишинг напади кои се изведуваат преку лажни СМС пораки, електронски пораки, веб-страници, мобилни апликации и пораки на социјалните мрежи. Како што објаснуваат од МВР, лажните пораки наводно пристигнуваат од Оддел за моторни возила како известување од системот „Безбеден град“ и во истите е наведен лажен линк преку кој се пренасочуваат ...
Реал Мадрид е заинтересиран да го потпише играчот од средниот ред на Арсенал, Мартин Зубименди, објавува „TEAMtalk“. Тренер на Реаал, Жозе Мурињо, го одобрил трансферот на 27-годишниот Шпанец. При тоа, Зубименди се плаши дека нема да добие доволно време за играње во сезоната 2026/27 откако Арсенал потпиша нови играчи, па се согласува да се пресели на „Сантијаго Бернабеу“. Прелиминарните разговори со околината на играчот веќе се одржаа. Во ...
Брзото размножување на бактериите на високи температури бара посебно внимание при чувањето на месото, млечните производи и свежиот зеленчук Топлите летни денови го зголемуваат ризикот од расипување на храната и појава на труења. Високите температури создаваат идеални услови за брзо размножување на бактериите, поради што одредени намирници бараат посебен третман и правилно чување во ладилник. Експертите предупредуваат дека храната што стои на ...
Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, го повика американскиот претседател Доналд Трамп да продолжи со преговорите со Иран за намалување на тензиите меѓу двете земји, соопшти турското претседателство. Во телефонскиот разговор, Ердоган ја понудил целосната поддршка на Анкара за мировните напори и истакнал дека е од големо значење да се искористат сите дипломатски можности за надминување на тензиите меѓу Иран и САД. Турското претседателство ...
Владимир Чупиќ, еден од четирите лица уапсени под сомнение за подметнување пожари на 10 локации во Задарската жупанија, е сопственик на земјиштето во бенковачкото село Билјане Доње на кое со години се наоѓаше озлогласеното „Црно Брдо“ — депонија со околу 140.000 тони канцероген индустриски отпад, објави хрватскиот портал Нет.хр, повикувајќи се на извештајот на РТЛ Данас. Хрватската полиција го уапси Чупиќ заедно со уште двајца хрватски ...
Латиноѕвездата Шакира вчера ги изненади учениците од настраданите училишта по големиот земјотрес што го погоди Кибдо, Колумбија на десетти август. За време на посетата таа вети реконструкција на десет училишта во еден од најсиромашните региони на Колумбија, заедно со Хауард Бафет, син на милијардерот и филантроп Ворен Бафет. – Она што најмногу ме загрижува е училиштата да не бидат обновени откако ќе заврши оваа вонредна состојба. Пропуштените ...
Шведско-британскиот фармацевтски гигант „Астра Зенека“ соопшти за нов неуспех прекинувајќи го клиничкото испитување во доцна фаза на лекот за рак на белите дробови „волрустомиг“ нешто повеќе од еден месец по прекинувањето друго испитување за лек за срцеви заболувања. Компанијата од индексот ФТСЕ 100 објави дека „волрустомиг“, во комбинација со хемотерапија, веројатно нема да ја зголеми стапката на преживување кај пациентите со рак на белите ...
Стратешки важната Ормуска Теснина ќе остане затворена за сообраќај сè додека Соединетите Американски Држави не ги исполнат сите услови од привремениот договор што го потпишаа со Иран во јуни – изјави главниот ирански преговарач Мохамад Бакер Калибаф во обраќање пред иранскиот парламент. Калибаф прецизира дека условите на Техеран подразбираат целосно укинување на американската блокада врз иранските пристаништа, укинување на сите санкции ...
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека привремено ќе ја прекине изградбата на контроверзниот граничен ѕид во Националниот парк „Биг Бенд“ во јужниот дел на Тексас, додека шефот на агенцијата задолжена за изградбата не изврши „проценка на терен“. Проектот наиде на силно спротивставување кај двете најголеми американски политички партии. Критичарите тврдат дека ѕидот ја загрозува животната средина, а дека ...
Камерата за безбедност на сообраќајот во Европа којашто во 2025 година забележала најмногу прекршоци се наоѓа на автопатот А-7 близу Валенсија, Шпанија. Имено, лани со неа се регистрирани 90.766 казни за брзо возење. Ова значи дека оваа камера казнувала возач на секои шест минути, а ѝ донела дури 18,9 милиони евра на шпанската држава, објави „Ел Индепендиенте“. А-7 е еден од најважните патишта долж брегот на Шпанија, каде што обично може да ...
Американскиот претседател Доналд Трамп објави на својот профил на „Trut Social“ слика од мапа со Ормуската Теснина над кој има натпис „Нова територија на САД“. Тој објави мапа од регионот на која Ормуската Теснина е прикажана како голем син круг, а морскиот пат како „нова територија на САД. Ормуската Теснина се наоѓа во територијалните води на Иран и Оман. Трамп првпат ја изнесе идејата за анексија на Теснината во петокот на настан велејќи им ...
Бугарската амбасада во Белград им предаде вербална нота на српските власти со барање информации за пожарот во областа во близина на границата, што предизвика густ чад и на бугарска територија. Бугарското МНР исто така, понуди помош во гаснењето на пожарот. Бугарското МНР објави дека бугарските дипломатски мисии во Белград и Ниш се во постојан контакт со надлежните српски институции. Поради густиот чад што стигна до делови од Софискиот, ...
Албанската полиција го уапси во Леван, кај Фиер, осомничениот сторител на убиството, со повеќе убоди од нож, на 21-годишеното момче, кое утрово беше пронајдено мртво на лежалка во Ксамил. Полицијата соопшти дека осомничениот сторител е уапсен од оперативните служби на Управата за локална полиција во Валона, во соработка со службите на силите „Шќопоња“, на заедничкиот контролен пункт поставен на патниот правец Леван-Фиер. Според полицијата, ...
Високите температури ова лето во Албанија условија рекордна потрошувачка на електрична енергија, додека тимовите на операторите за преносен и дистрибутивен систем, истовремено се соочуваат со тешки ситуации создадени од пожари во близина на трафостаници и далноводи. Според министерот за инфраструктура и енергетика, Енеа Каракачи, на 12 август 2026 година е забележан нов рекорд на дневна потрошувачка, со околу 27.809 мегават часови, или 5 ...
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. ...
Во Кампот за обука на вода во Охрид денеска ќе се одржи централната свеченост по повод 18 Август – Денот на Армијата на која ќе присуствува највисокиот воен и државен врв. Според протоколот, на свеченоста со пригоден говор ќе се обратат претседателката и врховен командант на Вооружените сили Гордана Сиљановска-Давкова, министерот за одбрана, Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски. На ...
На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје денеска и утре е првиот рок за пријавување кандидати за запишување на студии во прва година. На 23-те факултети на најстариот и најголем универзитет во државава се слободни вкупно 8851 место за бруцоши во академската 2026/2027, која ќе почне на 1 октомври. Според Конкурсот на УКИМ, од вкупниот број слободни места, 4395 се за студенти во државна квота (редовни студенти кои се финансираат од ...
Според метеоролошкиот индекс на пожар, речиси целата територија на државата е во зона со висок ризик од пожари (портокалова боја). Исклучок се Шар Планина и околината на Охрид и Ресен, каде што е регистриран среден метеоролошки индекс на пожар (жолта боја) – соопшти Центарот за управување со кризи. Поради ваквите временски услови, постои висок ризик од појава и ширење пожари на отворен простор и шумски пожари со висок интензитет на целата ...
Водата на скопската територија е безбедна за пиење, покажал неделниот лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиењ -, соопшти утрово Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје. Извештајот е добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола, кој од 10 до 14 август зел 211 примероци за физичко-хемиска и 211 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 45 мерни места во градот Скопје.- ...
Во овој момент активен е пожарот кој од Велес премина во Зелениково. Благодарност до велешките пожарникари, кои значително го намалија и заштитија две загрозени села. Во Македонски Брод пожарот е значајно намален. Имаме пожар на територијата на општина Студеничани, село Рамни Габер, но тој е оддалечен и не загрозува ниедно село – изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, давајќи пладневен преглед за ...
Центарот за управување со кризи информира дека до 13 часот на отворен простор регистрирани се вкупно 12 пожари, од кои пет се активни, еден е под контрола, а шест се изгаснати. -Во моментов се активни пет пожари – Општина Студеничани: с. Моране – с. Вртекица – с. Рамни Габер (мешана шума). Општина Македонски Брод: м.в. Видуш, кај с. Драгов Дол и кај с. Локвица (ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки). Општини Јегуновце и Сарај: с. ...
Националниот парк „Шар Планина“ упати апел до возачите на моторни возила, особено на четирицикли, да ја намалат брзината при движење низ планинското подрачје и да ги почитуваат другите посетители. Од НП „Шар Планина“ на социјалните мрежи споделија видео на кое се гледаат несовесни возачи на четирицикли кои при движењето по сувите земјени патишта создаваат големи облаци прашина. Потсетуваат дека планината е простор што го споделуваат сите – ...
Светскиот ден на истражување за рак на дојка, кој глобално се одбележува на 18 август, годинава доаѓа со значајни научни вести. Наодите од годишниот конгрес на Американското друштво за клиничка онкологија (ASCO 2026), заедно со извештаите на водечките фондации BCRF и Susan G. Komen, потврдуваат децениски пресврт во медицинската пракса. Новата генерација паметни лекови, потпомогната од алгоритми за вештачка интелигенција, отвора пат кон ...
Џони Деп е во преговори за враќање во улогата на пиратскиот капетан Џек Спероу во шестиот филм од серијалот „Пиратите од Карибите“ (Pirates of the Caribbean), потврди продуцентот на серијалот Џери Брукхајмер за „Дедлајн“ (Deadline). Американскиот глумец првпат се појави како харизматичниот и авантуристички настроен љубител на рум, капетанот Спероу, во филмот „Пиратите од Карибите: Проклетството на црниот бисер“ од 2003 година. Улогата стана ...
Пожарот во прилепскиот дел на Мариово, кој синоќа зафати делови од селото Чаниште, денеска околу пладне повторно се активирал поради засилениот ветер. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов изјави дека огнената линија во моментов се протега на околу 20 километри, и тоа од течението на Црна Река до врвот Маргаро. На терен се прилепските пожарникари, тимови на Дирекцијата за заштита и спасување составени од ...
Министерот за здравство Сашо Клековски вечерва изјави дека ќе биде направено сè што е можно за неколку дена да бидат обезбедени суровините што се неопходни за работа за циклотронот каде што се произведува средството што е неопходно за снимање на ПЕТ-скенот, кој не работи повеќе од еден месец, а каде најчесто се упатуваат онколошки пациенти. Мислам, додаде тој, дека многу скоро ќе можам да објави кога ќе почнеме повторно со скенирањето. – ...
Министерството за внатрешни работи соопшти дека синоќа се изречени 63 санкции за возење под дејство на алкохол на територија на цела држава, додека лишени од слобода се осум возачи по член 297-а од Кривичниот законик. Во текот на измината вечер (16/17.08.2026) во периодот од 23:00 до 05:00 часот Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под ...
Пет тинејџери загинаа, а четири лица се тешко повредени во сообраќајна несреќа во Ирска, откако автомобил се движел во спротивна насока на автопатот „М9“. Ирскиот полициски комесар, Џастин Кели, директниот судир на двата автомобили го опиша како „ужасен“, предупредувајќи дека „во некои случаи“ возила се движат во спротивна насока на автопатите само за снимките од таквите активности да собират „лајкови“ на социјалните мрежи. Итните служби биле ...