Власта на Мицкоски ги извиси и ги изманипулира земјоделците производители на црвена пиперка. Наместо откупна цена која ќе им обезбеди исплатливо производство, министерот за земјоделство Борче Серафимовски, на земјоделците им нуди милостина. Договорената цена што Серафимовски, сака да ја прикаже како некаков успех е далеку од исплатлива и далеку од откупната цена на пиперката ајварката во 2022 и 2023. Во време на Владата на СДСМ, црвената ...

Времето утре ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена облачност, а во четврток и во петок попладне се очекува нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Како што информира УХМР, локално ќе има услови за невреме со пообилен пороен дожд за кратко време, силен ветер и наместа појава на град. Температурата ќе опадне за неколку степени. Во деновите од викендот и почетокот на новата седмица времето ќе биде стабилно, а дневната ...

Македонија се наоѓа во групата земји со висока стапка на дневни корисници на тутун и сродни производи во Европа, при што речиси еден од четворица граѓани над 16 години (22,5% во 2022 година) е секојдневен консумент. Иако стапката на Македонија е под просекот на водечките земји од регионот како Турција (29,6%), Србија (26,6%) и Бугарија (26,3%), таа е значително повисока од просекот на Европската Унија, кој во 2025 година изнесува 16,5%. ...

Здруженијата на превозници од Западен Балкан ќе чекаат до 1 септември кога во Брисел е закажан состанок на повисоко ниво со претставници на Европската комисија од чиј исход ќе зависи дали ќе преминат кон протести. Тие денеска во Скопје одржаа состанок по којшто изјавија дека не сакаат да протестираат, но дека ако бидат приморени ќе го преземат овој чекор со тоа што протестите нема да прекинат како минатиот пат, туку ќе траат до исполнување на ...

По спроведеното чистење и хлорирање на водата, добиени се анализи кои потврдуваат дека истата е чиста и исправна за пиење во Зубово, Дражево, Борисово, Ново Коњарево и цело Ново Село, соопштија од Општина Ново Село. Во соопштението се додава дека во селата Сушица и Колешино анализите се на граница на одобрување, со што ќе се изврши ново прочистување и хлорирање. -Конкретно во Сушица ќе се изврши чистење и перење на резервоарот во четврток и ...

Гренландските власти упатија остро предупредување до американската нафтена компанија „Гренланд енерџи“, поврзана со претседателот на САД, Доналд Трамп, откако таа донела опрема за истражувачко дупчење на копно без потребните владини одобренија. Според пишувањето на весникот „Телеграф“, Одделот за индустрија и минерали на Гренланд соопшти дека машините минатиот месец биле истоварени на источниот брег на островот, каде што е планирано ...

Претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас, изјави дека првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино „ја уништува самата суштина“ на фудбалот и верува дека неговото време како претседател на ФИФА завршило. – За мене, времето на Џани Инфантино е одамна поминато. Не го велам ова поради неодамнешните настани. Го забележувам овој стил на управување долго време, иако сите други се чини дека дури сега го откриваат. Тој не е тип на личност која го промовира ...

Европската фудбалска асоцијација (УЕФА), Азиската фудбалска конфедерација (АФК) и Конфедерацијата на северноамерикански, централноамерикански и карипски фудбал (КОНКАКАФ) објавија заедничко отворено писмо до Светската фудбалска асоцијација (ФИФА). Во писмото се потенцира дека фудбалот им припаѓа на сите. – Фудбалот е најголемата заедничка страст во светот. Тој не му припаѓа на ниту едно лице или организација. Ова не е спор за пари или ...

Тренерот на Ливерпул, Андони Ираола, зборуваше за физичката подготвеност на играчите по поразот од 3:2 од Монако во пријателски натпревар одигран вчера на домашен терен. -Проблемот е што сè уште немаме енергија за сите 90 минути. Играчите брзо се заморуваат, па ни треба време да се вратиме во форма. Треба да продолжиме со тренинзите и можеме да ги извлечеме и позитивните и негативните страни од последниот натпревар, изјави Ираола за клупскиот ...

Научници развија нов вид молекула што би можела да го промени начинот на којшто одредени сериозни болести се третираат во иднина. Станува збор за таканаречени молекуларни лепила што можат да поврзат еден штетен протеин со системот во клетката одговорен за негово отстранување. Во напис објавен во списанието „Сајенс“ (Science), научниците тврдат дека успеале да користат таква молекула за да го отстранат протеинот „KAT2A“, којшто има важна улога ...

Американски борбени авиони пресретнале два авиона кои влегле во привремено ограничена зона за летање околу голф-клубот на претседателот Доналд Трамп во Бедминстер, во сојузната држава Њу Џерси, јавија американските медиуми и воените власти, пренесе ДПА. Северноамериканската команда за воздушно-космичка одбрана (НОРАД) потврди дека борбени авиони Ф-16 вчера ги пресретнале двата авиона и безбедно ги придружувале надвор од ограничениот воздушен ...

Ниското ниво на водата може да доведе до прекин на товарниот сообраќај на клучен дел од реката Рајна и да ја подели таа витална европска речна артерија на два дела, предупреди денеска Германската федерална асоцијација за речна пловидба. Јенс Шванен, извршниот директор на Асоцијацијата, за весникот „Рајнише пост“ изјави дека се очекува нивото на водата кај Кауб поради недостигот од врнежи да падне под едноцифрена вредност. Мерната станицата во ...

Западна Европа ги имаше најтоплите јуни и јули досега, со просечна температура од 21,62 степени Целзиусови, објави денеска Службата за климатски промени на европската програма „Коперник“. Тоа е за 2,79 степени над просечната температура за јуни во периодот од 1991 до 2020 година. Мерењата покажаа и дека температурите се намалувале од запад кон источна Европа и Скандинавија, каде што било значително постудено. Гледано на ниво на цела Европа, ...

Американскиот план за Газа што беше отфрлен од израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, е „единствениот пат по кој треба да се оди“ за да се спречи повторување на напад сличен на оној од 7 октомври 2023 година, изјави денеска Николај Младенов, кој е висок претставник за Газа во Советот за мир на американскиот претседател Доналд Трамп. „Опцијата што ја предлагаме денес е единствениот пат по кој треба да се оди за да се гарантира дека таа ...

Цените на нафтата денеска пораснаа откако условите што ги постави Иран за повторно отворање на Ормуската Теснина предизвикаа загриженост дека нарушувањата на глобалните енергетски пазари би можеле да продолжат подолг период. Цената на референтната северноморска нафта „брент“ со испорака во октомври се зголеми за 1,09 отсто, на 84,46 долари за барел, додека американската нафта „Вест Тексас интермедијат“ (ВТИ) со испорака во септември поскапе ...

Складиштето на Светската здравствена организација во Дњепропетровск, што содржеше итни медицински материјали наменети за здравствените установи на првата линија на фронтот, е погодено три пати за неколку дена, уништувајќи ги сите залихи, објави денеска СЗО. Складиштето првпат беше погодено на 3 август, по што СЗО го оцени како небезбедно и почна да ги преместува залихите. Складиштето беше повторно погодено на 7 август, веднаш откако вработен ...

Непочитувањето на правилата за минимална плата во Германија предизвикало економски загуби проценети на 64 милијарди евра (74 милијарди долари) откако во 2015 година беше воведена законската минимална плата, соопшти Конфедерацијата на германските синдикати (ДГБ). Според анализата на ДГБ, до која дојде германската новинска агенција ДПА, во просек околу два милиони работници годишно биле недоволно платени од 2015 година наваму. Тие добивале меѓу ...

Во масовен украински напад со дронови врз градот Нижнекамск во руската Република Татарстан загина најмалку 13 лица, соопштија денеска локалните власти. Шефот на Република Татарстан, Рустам Миниханов, прогласи период на жалост по нападот. Неговата влада, со седиште во градот Казањ, соопшти дека уште 48 лица се повредени, пренесе ДПА. Градоначалникот на Нижнекамск, Радмир Бељаев, пријави голем напад со украински дронови врз индустриски ...

Повеќе илјади жители на шпанската ексклава Сеута на северот од Африка протестираа барајќи поголема помош од централната власт во Мадрид и построга контрола на границата со Мароко, откако кон крајот на јули во градот влегоа повеќе од 70.000 мигранти, од кои мнозинството набрзо се вратија во Мароко, јавуваат денеска шпанските медиуми. „Сеута не е на продажба. Сеута е Шпанија“, извикуваа демонстрантите собрани на Плоштадот на Уставот, исполнет ...

Регионална средба на превозниците од регионов ќе се одржи утре во Скопје за изнаоѓање решение за проблемот со којшто се соочуваат превозниците од Западен Балкан во однос на престојот во Шенген зоната. Ваква средба првпат се одржува во земјава, а на неа е најавено учество на раководствата на превозниците од Македонија, Црна Гора, Србија и Босна и Херцеговина. – Проблемот се уште не е решен. Средбата се одржува за да ја утврдиме агендата на ...

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне наместа ќе има услови за изолирана нестабилност со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 24, а максималната ќе достигне од 32 до 40 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. ...

На официјална државна прослава за 35 години од независноста, платена со огромни суми пари од граѓаните, власта на Мицкоски го утна македонското знаме. Срамно и понижувачки. Милиони евра народни пари троши владата на Мицкоски а не успеа ниту македонското знаме да го направи како што треба. Тендер патриотите го покажаа своето лице. Повторно. Го погрешија македонското знаме. Тие знаат само за тендери, проценти, провизии, кога е државноста во ...

Цел град Гостивар беше отруен со загадена вода, над 4.700 граѓани завршија во болница. А бројот на одговорни до власта – нула. Ова е билансот на здравствената катастрофа во Гостивар под власта на Мицкоски. Мицкоски лично ги убедуваше граѓаните дека водата е „технички исправна“ и дека може да се користи. Сега Клековски признава дека во водата имало „многу различни бактерии и вируси“. Ако во водата имало многу различни бактерии и вируси, врз ...

Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за 4 денари по литар, а цената на дизелот се намалува за 8 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 5,81 отсто. Новата максимална малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 87 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се ...

Многу топло време со температури до 40 степени се најавуваат во следните два дена. Високи ќе бидат и утринските температури кои ќе се движат од 12 до 23 степени. Од четврток се најавува нестабилност со пороен дожд, засилен ветер и појава на грмежи. Повремено процесите ќе бидат во форма на невреме, а тремпературите ќе опаднат за неколку степени. МИА Многу топло време со температури до 40 степени се најавуваат во следните два дена. Високи ќе ...

СДСМ дава целосна поддршка на струмичките земјоделци производители на црвена пиперка. Даваме целосна поодршка на македонскиот земјоделец кој од утро до мрак е на нива, за да произведе храна за цела држава. Барањата на струмичките земјоделци се оправдани. Тие не протестираат за милост – бараат достоинствени откупни цени и вреднување на трудот. Бараат да можат да живеат од сопственото производство. Луѓето со месеци работат, вложуваат, ...

Македонскиот туризам влегува во период на забрзан раст. Податоците за првите пет месеци од годината покажуваат зголемување на бројот на странски туристи за 23,6 проценти, додека бројот на реализирани ноќевања е зголемен за 18,7 проценти во споредба со истиот период минатата година. Овие два показатели се особено значајни бидејќи покажуваат дека растот не се сведува само на поголем број пристигнувања. Зголемувањето на ноќевањата упатува на ...

Над еден милион патници, односно 1.100.000 лица го поминале граничниот премин Евзони за влез во Грција, од јуни годинава до сега, додека пак во истиот период земјата ја напуштиле 940.000 посетители, покажуваат податоците што денеска ги објави грчката државна телевизија ЕРТ, јави дописничката на МИА од Атина. Зголемениот број возила на граничниот премин Евзони и неколкучасовните чекања за влез во земјата, во изминатите денови се сè почеста ...

Според најновиот преглед на Македонскиот информациски систем за шумски пожари – МКФФИС, од денеска, во 12 часот и 45 минути, речиси целата територија на државава со исклучок на повисоките делови на Шара, е со висок метеоролошки индекс за опасност од пожари. Директорот на ЦУК Мухамет Али, во пишаната изјава наведува дека иако во моментов нема области со многу висок метеоролошки индекс за опасност од пожари, сепак постои ризик од појава на ...

Помина повеќе од еден месец, цел град Гостивар беше отруен со загадена вода. Речиси 5.000 граѓани завршија во болница. Здравствена катастрофа и тотален распад на институциите. Одговорност од власта, од здравствените институции досега нема. Од никого. А нема ниту чиста вода во Гостивар. Четири недели власта на Мицкоски си поигрува со најскапото нешто – здравјето на луѓето. Јавното обвинителство молчи, ги игнорира повиците да преземе конкретни ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
0.51
93%
1029
weather icon

Белград

4ᴼ / 1ᴼ
0.51
80%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
0.51
64%
1028
weather icon

Софија

-1ᴼ / -1ᴼ
1.03
100%
1030
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
2.29
94%
1031
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
0.51
86%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.24
63%
1027
weather icon

Тирана

11ᴼ / 8ᴼ
2.06
74%
1024
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
2.57
81%
1025
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 4ᴼ
3.13
62%
1032
weather icon

Будимпешта

2ᴼ / 1ᴼ
0.89
76%
1030
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 6ᴼ
3.09
88%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Калај

46.54

Алуминиум

3.07

Родиум

295786.87

Цинк

3.76

Иридиум

315077.32

Платина

49319.25

Рутениум

61086.42

Паладиум

32279.35

Кобалт

33.53

Бакар

12.58

Сребро

1670.34

Злато

130856.75