Скопје
-1ᴼ /
-1ᴼ
Хорхе Меси, таткото на капитенот на аргентинската фудбалска репрезентација и осумкратен освојувач на Златната топка Лионел Меси, почина на 68-годишна возраст, објави денеска аргентинскиот клуб во кој Меси настапуваше како дете Њуелс Олд Бојс. „Клубот Атлетико Њуелс Олд Бојс со тага и длабоко жалење се збогува со Хорхе Меси“, објави клубот на социјалните мрежи. Аргентинските медиуми јавија дека Хорхе Меси починал во болница во родниот град ...
По преземени мерки и активности, СВР Скопје лишило од слобода едно лице во врска со сообраќајната несреќа во Скопје во која вчера загина 19-годишен мотоциклист од скопско, соопшти денеска МВР. На 07.08.2026 во 12:12 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Радишанска“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „алфа ромео“ со италијански регистарски ознаки, управувано од С.Б.(47) од Скопје со привремен престој во ...
Специјалниот пратеник на Обединетите нации за Јемен, Ханс Грундберг, синоќа предупреди за нова ескалација на насилството во Јемен, пренесува ДПА. „Јемен денеска се соочува со поголем ризик од обновен конфликт од големи размери отколку во кој било момент од примирјето посредувано од ОН во април 2022 година“, напиша тој на Икс. Грундберг рече дека неодамнешните напади на јеменската милиција Хути, поврзана со Иран, во Ма’риб и Хадрамавт, наводно ...
Шпанската влада пред два дена соопшти дека од денеска напладне до 7 септември ќе воведе гранични контроли за летовите и бродовите од Италија поради поради спорот околу нелегалната миграција. Во посочениот период ќе се прават проверки на пасошите, државјанствата и визите за италијански патници и посетители од други земји кои доаѓаат од Италија, „поради незапирливиот притисок на нелегална миграција“ од оваа земја. Шпанија објави дека мерките ќе ...
Во текот на оваа година над 240 лица низ цела Европа се заразиле со Западнонилскиот вирус, јавува ДПА. Според неделниот извештај објавен вчера од Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC), вкупно 241 случај на човечки инфекции се пријавени од почетокот на сезоната на пренос заклучно до средата. ECDC соопшти дека 139 случаи се пријавени во Италија и 61 во Грција. Во Шпанија се регистрирани 17 инфекции, 13 се регистрирани во ...
Три лица, меѓу кои и едно дете, загинаа, а тројца други се повредени во напад на руски беспилотни летала врз округот Бровар, во регионот на Киев, изјави утрово шефот на регионалната државна администрација на Киев, Тимур Ткаченко. „Последиците од непријателскиот напад се регистрирани на три локации во округот Бровар. За жал, загинаа три лица, меѓу кои и едно дете. Уште три лица се повредени, меѓу кои и едно дете“, рече Ткаченко на Телеграм, ...
Американски функционер вчера објави напредок во разговорите меѓу Иран и Оман, што наскоро би можело да овозможи повторно отворање на Ормуската Теснина и потенцијално да го обнови извозот на нафта прекинат за време на петмесечната војна на САД со Иран. Американскиот функционер, кој зборуваше под услов да остане анонимен, рече дека Вашингтон очекува наскоро договор меѓу двете земји од двете страни на мореузот, што би можело да го врати ...
Со задоцнување од еден час денеска во Приштина продолжи конститутивната седница на косовското Собрание во Приштина, но по само неколку минути работа седницата повторно беше прекината поради напад врз лидерот на Самоопределување и в.д .премиер, Аљбин Курти. Уставниот рок од 30 дена за конститутивната седница на која се избираат претседател и потпретседател на собранието истече на полноќ. Курти беше гаѓан со јајца, откако претходно од ...
Српскиот претседател Александар Вучиќ, денеска пред Палата Србија, го пречека украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој е во прва официјална посета на Србија. Предвидени со тет- а-тет средба меѓу двајцата претседатели, а потоа и разговори на делегациите на двете земји. По пристигнувањето во Белград, каде што пристигна синоќа, Зеленски изјави дека со Вучиќ ќе разговара за проширување на економските врски меѓу Србија и Украина, односите ...
Вкупно 42 земји, меѓу кои и нашата, се најдоа на листата држави за кои Грција смета дека имаат „привилегиран даночен режим“ за даночната 2024 година, односно земји во кои правните лица подлежат на даночна стапка што е пониска од онаа што би се применувала доколку би биле даночни резиденти или имале постојана деловна активност во Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Министерската одлука за „Определување на државите кои имаат привилегиран ...
Многу топло време со високи температури и мала до умерена облачност ќе биде викендов и следната седмица. Управата за хидрометеоролошки работи на својата фејсбук станица објави дека денеска ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени. Во попладневните часови ќе има појава на локален развој на нестабилна облачност со ...
На спомен плочата кај месноста Карпалак денеска делегација на Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата ќе положи цвеќе во спомен на десетмината прилепски бранители од резервниот состав на македонската Армија, кои во 2001 година ги загубија животите. Цвеќе ќе биде положено и пред спомен-обележјето на македонските херои во центарот на Прилеп. За време на воениот конфликт на 8 август 2001 година, 10 резервисти беа убиени, а тројца ...
Клековски конечно прозборе. Во водата во Гостивар имало „многу различни бактерии и вируси“. Претходно Мицкоски уверуваше дека водата е технички исправна. Како знаеше? Имаше „чувство“? Сега фокусот е на следење хепатит. Зар истиот Клековски не тврдеше дека епидемијата завршила, иако долго време ја криеше? Сега повторно има проблем, а тој како „стручњак за хепатит“ ја следи ситуацијата? Тошковски сигурно исто ја следи – како стручњак за ...
Денес стоиме пред вас не како обвинети, туку како нападнати. Криминалната група ВМРО ги штити тепачите што ги пратија врз нас во Ново Село. Прво нè нападнаа физички. Сега нè напаѓаат јавно – со лаги, со навреди и со украдени полициски документи – кои се доверливи. ВМРО на прес-конференција објави податоци од документи од Полициската станица Струмица. Податоци до кои немаат право на пристап. Податоци што се водени како службена тајна. Тоа не е ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради зголемена фреквенција на возила на Граничниот премин Табановце времето на чекање за влез во државата е околу 30 минути, а на граничниот премин Богородица за излез од државата времето на чекање е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги ...
Потпретседателот на СДСМ, д-р Александар Трајановски, во интервју во вестите на телевизија Телма, нагласи дека катастрофата во Гостивар ја покажа целосната некапацитетност и дезорганизација на власта. Трајановски укажа дека четири недели граѓаните на Гостивар се оставени без основното човеково право, без безбедна вода за пиење, и притоа изложени на сериозни здравствени ризици. Тој посочи дека наместо брза реакција, навремени мерки и целосна ...
Министерот Клековски конечно прозборе, призна дека во водата во Гостивар имало „многу различни бактерии и вируси“. А премиерот Мицкоски ги уверуваше граѓаните дека водата е технички исправна. Како Владата ги уверуваше граѓаните дека водата е исправна и може да се користи како „техничка“? Никогаш не беше објавена анализа, кој потпишал, кој дозволил. Поминаа 4 недели и никој не одговара за труењето со вода во Гостивар. Граѓаните чекаат. А ...
СДСМ бара итна истрага и одговорност за тоа како доверливи полициски документи од Полициската станица Струмица завршиле во рацете на функционери на ВМРО и се јавно објавени за политички пресметки и јавен линч врз млади луѓе. Во денешната изјава Христијан Ефтимов од СДММ посочи дека ВМРО објави податоци до кои немаат право на пристап и побара Јавното обвинителство веднаш да постапи. „Бараме од Јавното обвинителство веднаш да отвори истрага и ...
Европа се соочува со суша, со намалување на водните ресурси и пресушување на реките. Поради ниските нивоа на реката Дунав нарушено е производството на струја низ Европа, постои голем ризик за недостаток на струја што ќе доведе до значително покачување на цените. А Македонија повеќе увезува струја отколку што произведува. Додека во над 50 населени места граѓаните се соочуваат со загадена вода. И во вакви услови, Мицкоски и ВМРО-ОКГ сакаат да ...
Три ер трактори се подготвуваат за полетување кон пожарот на територијата на општина Сопиште, зад планината Водно – соопшти директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов. На пожарот интервенираат пожарникари од БППЗ, а се упатени и четири пинцгауери на ДЗС. Попладнево пожар избувна и во скопско Влоково, каде гореше ниска вегетација, и тој постепено се става под контрола. Анеглов информира дека исто така е изгаснат и ...
Пациент од Скопје кој се здобил со сериозна повреда на рбетниот мозок за време на одмор во турското летувалиште Кушадаси е транспортиран во земјава со владин авион и е хоспитализиран на Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување (ТОАРИЛУЦ), истакна директорот на клиниката, д-р Игор Мерџановски. Тој информира дека пациентот се повредил при несреќен случај на тобоган, по што на ...
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, упати порака со почит и сеќавање кон загинатите бранители кај Карпалак, кои на денешен ден пред 25 години ги положија своите животи исполнувајќи ја должноста кон татковината. Филипче порача дека нивната жртва останува дел од нашата колективна меморија и обврска, а Карпалак е потсетник дека мирот и стабилноста се градат со одговорност, а не со поделби. “Денес, на 8 Август, се сеќаваме и оддаваме почит ...
Кинески истражувачи завршија ажурирана геолошка карта на целата Месечина во размер 1:5.000.000, пренесе Синхуа повикувајќи се на Институтот за геологија при Кинеската академија за геолошки науки. Основната карта, со должина од околу 280 сантиметри и висина од 120 сантиметри, е дополнета со геолошки карти на поларните региони на природниот сателит на Земјата. На картата со точност се одбележани над 13.000 ударни кратери и 81 ударен басен, при ...
Најмалку две лица загинале, а повеќе други се повредени во пукотница училиште во Тајланд. Според извори на службите за итна медицинска помош, загинатите најверојатно се наставници. Мотивот за нападот засега не е познат. Пукањето се случило утринава во училиштето „Дебсирин Нонтабури“ во покраината Нонтабури, северно од Бангкок. Според првичните информации од полицијата, осомничениот напаѓач бил тинејџер, за кој безбедносните сили уште ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека очекува војната со Иран да заврши наскоро и додаде дека вооружените сили на САД се соочуваат со тешкотии во испораката на оружје. – Сметам дека тоа ќе заврши многу наскоро. Не мислам дека тие можат да издржат уште многу – рече американскиот лидер во Овалната соба на Белата куќа по повод војната против Исламската Република. Некои американски медиуми во вторникот јавија дека американската ...
Американски суд ѝ наложи на матичната компанија на Фејсбук, „Мета“, да плати 567 милиони долари за санирање на штетите нанесени врз младите од нејзините платформи. Судијата од Ново Мексико, Брајан Бидшајд, пресуди дека платформите на „Мета“ претставуваат „јавна опасност“ и дека компанијата се вклучила во активност што „ги нарушува јавното здравје, безбедноста и добросостојбата“ во Ново Мексико. „Иако ’Мета‘ не е единствена во овој поглед, ...
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп воведе нови увозни давачки за полисилициумот, материјал што е клучен за производство на соларни панели и полупроводници, за да ги заштити домашните производители од евтината странска конкуренција. Трамп синоќа потпиша претседателска прокламација со која се утврдуваат минимални увозни цени за полисилициумот и сродните полупроизводи, како и царина од 15 отсто за производите изработени ...
Бројот потврдени случаи на ебола во Демократска Република Конго надмина четири илјади, за првпат од почетокот на актуелната епидемија, покажуваат податоците на здравствените власти. Според најновите податоци на Институтот за јавно здравје на Конго, досега во земјата се потврдени 4.053 случаи на заразени со ебола, а од болеста починале 1.850 лица. Епидемијата започна кон крајот на април годинава, а стапката на смртност во моментов изнесува ...
Два извори блиски до администрацијата на иранскиот претседател Масуд Пезешкијан изјавија за „ИранВајер“ (IranWire) дека Моџтаба Хамнеи се нема сретнато со ниту еден член на кабинетот од американскиот напад врз комплексот на Врховниот лидер и убиството на неговиот татко и други членови на семејството на 28 февруари. Според двата извори, гласините дека тој се наоѓа во исклучително критична состојба и дека би можел да почине во секој момент, ...
Откривањето на повеќе од десетина изумрени ирваси на архипелагот Свалбард ги збуни истражувачите, а причината за смртта сè уште е непозната, соопшти највисокиот претставник на овој норвешки архипелаг. Вкупно 13 мртви животни – два мажјаци и 11 женки – беа откриени во две долини на архипелагот за време на пребројувањето на популацијата, пренесе ДПА. – Исклучително е необично репродуктивно способни женки и возрасни мажјаци да умираат во лето – ...