Македонскиот кошаркарски репрезентативец Ненад Димитријевиќ би можел да биде едно од најзвучните засилувања во грчката кошарка ова лето, откако се појавија информации дека е многу блиску до потпис со Арис од Солун. Според најавите од Грција, 27-годишниот плејмејкер наскоро би требало да стане нов член на еден од најголемите грчки клубови, кој заедно со градскиот ривал ПАОК подготвува амбициозен проект за претстојната сезона. Димитријевиќ ...

Репрезентативните дуели во машка и женска конкуренција доминираат во денешната понуда во Квоти на ден. Доколку сите пет понудени комбинации ги одиграте заедно на еден тикет, вкупниот коефициент кој ќе го добиете е 44.36. Женската репрезентација Исланд гостува на Украина и се очекува да победи во меч на кој повеќе голови се очекуваат да бидат постигнати во второто полувреме. Оваа комбинација се вреднува со квота од 2.45. Словачка е домаќин на ...

На една седмица до почетокот на Светското првенство 2026 може да се издвојат главните парови за првата, групната фаза на шампионатот. Најголемо внимание привлекува дуелот меѓу Англија и Хрватска, две селекции кои имаат богата мундијалска историја и веќе имаат одиграно незаборавни натпревари на светските првенства. Веднаш зад него е судирот на Франција и Норвешка, натпревар во кој ќе се сретнат дел од најголемите ѕвезди на денешниот фудбал, ...

Франција ќе има големи амбиции на претстојното Светско првенство кое ќе биде и последен турнир за селекторот Дидие Дешамп, а бидејќи увертирата за големиот настан не беше баш најдобра, искусниот стручњак нагласи дека поразот од Брегот на Слоновата Коска може да се гледа и како добра вест за неговиот тим. „Триколорите“ дозволија пресврт на репрезентацијата од Африка и на крајот загубија со 1:2 во натпревар со две целосно различни полувремиња, ...

Пад за две места за репрезентацијата на Македонија на најновата ФИФА листа. Нерешниот резултат со БиХ и убедливиот пораз од Турција со 4-0 придонесоа селекцијата да се најде на 69. место на светскиот рејтинг. Капе Верде и Обединетите Арапски Емирати се искачија пред Македонија на листата, и покрај тоа што Капе Верде утре игра пријателски меч пред настапите на Мундијалот. Има промена на врвот на листата. Аргентина се врати на првото место, ...

Фудбалската репрезентација на Србија претрпе тежок пораз во пријателскиот натпревар одигран во Толука. Еден од домаќините на претстојното Светско првенство, Мексико, славеше со убедливи 5:1. Тоа е втор неуспех на српската репрезентација во овој репрезентативен циклус, откако пред пет дена загуби од Зеленортските острови со 0:3. Иако Србија поведе во 19-та минута со голот на Петар Станиќ, домаќините го свртија резултатот до крајот на ...

Србија нема да го памети по добро овој јунски ФИФА прозорец за тестирање на силите, бидејќи после историскиот срам и поразот од Зеленортски Острови со резултат 3:0, следеше нова бламажа за избраниците на Велјко Пауновиќ. „Орлите“ рано утрово играа тест натпревар против Мексико во Толука и не минаа воопшто добро на оваа средба, не само поради конечниот резултат, туку и поради фактот што си постигнаа два автогола. Екипата на Пауновиќ изгледа ...

Како што се наближува стартот на Мундијалот, така се загрева атмосферата а хроничарите се занимаваат со историја и статистика. Па еве зошто Бразил, Англија или Португалија нема да бидат светски прваци. Затоа што имаат селектор странец, а историјата вели дека досега ниту една репрезентација не била светски првак ако имала странец предводник. Од првото Светско првенство во Монтевидео во 1930 година, па сè до она во Катар пред четири години, ...

Француската фудбалска репрезентација претрпе пораз во пријателски меч од Брегот на Слоновата Коска со 2:1, одигран во Нант. Поразот е посебно неочекиван, ако се знае дека Франција на полувреме имаше водство со 1:0 благодарение на голот на Рајан Черки во 45 минута. Брегот на Слоновата коска уште еднаш покажа дека е селекција за респект, па иако гостуваше кај една од најсилните репрезентации во светот, во второто полувреме направи пресврт. Дуе ...

Играчот од средниот ред на Манчестер Сити и холандската репрезентација, Тиџани Рејндерс, го потвдрди еден од најголемите трансфери ова лето. Зборувајќи со новинарите по синоќешниот пораз на Холандија од Алжир со 1:0, играчот на Манчестер Сити зборуваше за својот репрезентативен соиграч Дензел Думфрис, кој веќе се поврзуваше со трансфер во Реал Мадрид. Иако трансферот сè уште не е официјално потврден, одговорот на Рејндерс дополнително ги ...

Рафаел Леао е се поблиску до заминување од Милан, а турскиот великан Галатасарај се појавува како главен кандидат за неговиот потпис. Португалскиот репрезентативец, кој минатата сезона на „Сан Сиро“ се мачеше со формата и физичката подготвеност, наводно добил исклучително профитабилна финансиска понуда. Според „Газета дело Спорт“, Галатасарај му нуди на крилниот напаѓач, двојно поголема плата од онаа што ја има во Милан. Турскиот гигант е ...

Голманот Жоан Гарсија имаше одлична сезона во дресот на Барселона и на крајот се радуваше на титулата во шпанското првенство. Со многу блескави одбрани, Гарсија си обезбеди место во репрезентацијата на Шпанија и ќе биде дел од Светското првенство. Пред три месеци Гарсија дебитираше во шпанската репрезентација во ремито без голови против Египет. Синоќа, Шпанија во Ла Коруња играше против селекцијата на Ирак и повторно не победи. Неочекувано, ...

На една недела пред почетокот на Светското првенство владее вистинска грозница за сликичките од Панини. Во Скопје, но и во другите градови, сликички нема ниту за лек, иако цената на едно пакување е 75 денари. На недостик на сликички се жалат и во Србија, поточно во Врање каде нема никаде. Во Скопје тие се продаваат во овластената продавница во центарот на градот како и на бензиски и трафики, но вработените велат дека само што ќе ги добијат ...

Јуни значи едно: Светското првенство во фудбал за мажи 2026 започнува овој месец. Со повеќе тимови, повеќе играчи и повеќе натпревари од кога било досега, најдобрите машки фудбалски тимови ќе се борат за титулата крунисана за шампиони на светот. Аргентина се враќа како актуелен шампион, додека Франција е во потрага по одмазда по поразот во финалето во 2022 година. Европските сили Шпанија и Англија се стремат да додадат втора ѕвезда на своите ...

По договорот за доаѓање на Жозе Мурињо и дефанзивните засилувања Дензел Дамфрис и Ибрахима Конате, претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, не запира. Пред претседателските избори на Реал Мадрид оваа недела, каде што Перез ќе се соочи со неговиот противник Енрике Рикелме, сегашниот претседател објави понуда од 150 милиони евра за нов играч. Шпанските медиуми тврдат дека станува збор за играчот од средниот ред на ПСЖ, Жоао Невес. „Во ...

Фудбалската репрезентација на Мексико убедливо со 5:1 славеше над Србија во контролен меч кој се одигра во Толука. Со овој триумф, еден од домаќините на Светското првенство кое започнува за шест дена, покажа дека е подготвен за големиот предизвик. Од друга страна, Србија која нема да биде дел од Мундијалот, втор пат за само пет дена доживеа катастрофа. Најпрво Србите загубија со 3:0 од Зеленортски острови кои истотака ќе играат на ...

Чаби Алонсо кажа „ДА“ и во иднина ќе го гледаме на кормилото на премиерлигашот Челси. Шпанецот имаше неуспешна епизодата во Реал Мадрид која заврши по само неколку месеци и Челси треба да е местото, клубот во кој одново треба да ја врати кариерата на посакуваниот, победнички пат како што тоа беше во Баер Леверкузен. Допрва ќе видиме како ќе изгледаат „сините“ под водство на Алонсо, но дотогаш сигурно ќе видиме и некои трансфер потези со оглед ...

Меѓународната федерација на фудбалски асоцијации (ФИФА) ги забрани вувузелите на стадионите за време на претстојното Светско првенство. Вувузелите, долги пластични рогови, се основна состојка на фудбалските натпревари во Јужна Африка и го освоија и иритираа светот на Светското првенство во 2010 година во Јужна Африка. Заедно со вувузелите, свирчињата, роговите и другите уреди што произведуваат претерано гласни звуци се забранети на сите 16 ...

Кога еден од најдобрите фудбалери во историјата ќе каже дека некој е најталентиран играч од новата генерација, тогаш светот внимателно слуша. Токму такви зборови за Ламин Јамал упати Лионел Меси, кој без двоумење го посочи младиот Шпанец како најдобар млад фудбалер во моментов. На само 18 години, крилниот напаѓач на Барселона веќе зад себе има освоено Европско првенство со Шпанија, настапи во завршницата на Лигата на шампионите и статус на ...

Младост е последниот патник во Супер лигата за сезона 2026/2027 со што се враќа елитниот ракомет во Богданци, а со тоа ги имаме сите екипи кои ќе бидат дел од Супер лигата следната сезона. Во најсилната ракометна конкуренција во Македонија ќе се натпреваруваат Вардар, Еурофарм Пелистер, Охрид, Алкалоид, Бутел, Тиквеш, Еурофарм Пелистер 2, Прилеп, Куманово, Пролет, Мулти Есенс и Младост. По градови Супер лигата ќе ја има во Скопје, Битола, ...

По половина сезона мината во Романија, поранешниот репрезентативец на Македонија, Томе Китановски, повторно е слободен фудбалер. По истекот на договор со Мусцелул Кампулиунг, дефанзивецот повторно е слободен фудбалер. Искусниот 33-годишник во Романија дојде од австриската екипа Фав АЦ, а претходно ги бранеше боите на повеќе клубови во Македонија и во странство. Кариерата ја започна во битолски Пелистер, а потоа играше за Крајова, српските ...

Капитенот на Лидс Јунајтед и репрезентативец на Велс, Итан Ампаду, го продолжи договорот со премиерлигашот до истекот на сезоната 2029/2030. 25-годишниот Ампаду стигна во Лидс пред три години, а претходно настапуваше за Специја, Венеција, Шефилд Јунајтед, РБ Лајпциг, Челзи и Ексетер. За Лидс досега одигра 126 натпревари и постигна три погодоци, а за велшката репрезентација настапи вкупно на 61 меч. Минатата сезона одигра 35 натпревари во ...

Со почетокот на Светското првенство 2026 сè поблиску, љубителите на фудбалот со нетрпение ги очекуваат натпреварите во САД, Канада и Мексико. Покрај големите имиња и искусните асови, вниманието ќе биде насочено и кон младите фудбалери кои би можеле да бидат најголемото откритие на турнирот. На шампионатот ќе настапат речиси 900 дебитанти, меѓу кои и бројни тинејџери и млади играчи кои веќе се етаблирани во европскиот и светскиот фудбал. Ламин ...

Веќе е познато дека Манчестер Сити тргна по Елиот Андерсон, но Нотингем Форест ја одби првата понуда. Англискиот вицешампион доби негативен одговор за својот прв обид да го ангажира младиот играч за врска, бидејќи Нотингем не е подготвен да се откаже од еден од своите најважни фудбалери. Сепак, преговорите меѓу двата клуба продолжуваат, а Сити веќе размислува за нова, значително повисока понуда. Иако тимот од Манчестер во моментов важи за ...

Голема бура го тресе светското скијање само неколку дена пред претседателските избори во ФИС. Најголемите ѕвезди на спортот отворено го нападнаа актуелниот претседател Јохан Елијаш, обвинувајќи го за недостаток на транспарентност, неисполнети ветувања и сомнително управување со финансиските средства. Прв се огласи најдобриот скијач на денешницата, Марко Одермат, кој без двоумење порача дека сака промени на врвот на организацијата. Немам ништо ...

Фудбалскиот клуб Ливерпул денеска официјално потврди дека Шпанецот Андони Ираола (43) е нивниот нов главен тренер, кој ќе го предводи тимот од сезоната 2026/27. Тој доаѓа на местото на Арне Слот, кој го напушти клубот по разочарувачката сезона во која „Црвените“ заостанаа огромни 25 бода зад шампионот Арсенал. “I want to become one more of you.” ✊ pic.twitter.com/EN38rKmKRz — Liverpool FC (@LFC) June 4, 2026 Ираола пристигнува на Енфилд по ...

Франција и Шпанија важат за селекции кои се во најтесниот круг за титулата на престојното Светско првенство, но за да дојдат до самиот крај ќе мора да покажат многу повеќе од вечерашните изданија против Брегот на Слоновата Коска, односно Ирак. Французите загубија од Брегот на Слоновата Коска со 2-1 и тоа на меч во кој првиот дел го добија со голот на Шерки. Во второто полувреме во главна улога беше Гуела Дуе, братот на ѕвездата на ПСЖ, Десире ...

Фудбалската селекција на Шпанија со разочарувачки резултат ги започна подготовките за Светското првенство. Во Ла Коруња еден од најсериозните кандидати за златниот медал ремизираше со селекцијата на Ирак, во првиот од двата контролни натпревари пред предизвиците на Мундијалот. Натпреварот на „Риазор“ заврши 1-1, а двата гола беа постигнати уште во првите триесет минути. Резултатот го отвори домашниот тим, откако Феран Торес на додавање на ...

Американските војници и воени ветерани, како и вработените во екипите за итни интервенции и нивните семејства ќе имаат бесплатен пристап до 4.547 билети за претстојното Светско првенство, обезбедени со донација од 2,25 милиони долари од Банката на Америка и непрофитната организација „Вет Тикс“. Донацијата вклучува билети за натпревари во сите 11 градови домаќини на Светското првенство во САД, од 12 јуни до 19 јули. Билети ќе бидат достапни ...

Рекордни 1.248 фудбалери од 449 клубови од 71 држава се регистрирани за претстојното Светско првенство, а најмногу од Манчестер Сити, вкупно 19. Следуваат минхенски Баерн со 18, Арсенал и ПСЖ со по 16 и Барселона со 15 фудбалери. Најмногу фудбалери настапуваат за англиски клубови – 205. Во германските клубови играат 108 фудбалери кои ќе настапат на Светското првенство, додека 86 од нив играат во Франција и Шпанија. Следуваат Италија (71), ...

weather icon

Скопје

26ᴼ / 26ᴼ
0.7
37%
1013
weather icon

Белград

16ᴼ / 15ᴼ
4.5
84%
1016
weather icon

Загреб

16ᴼ / 16ᴼ
2.53
82%
1014
weather icon

Софија

26ᴼ / 22ᴼ
1.99
33%
1013
weather icon

Сараево

26ᴼ / 26ᴼ
6.93
47%
1013
weather icon

Љубљана

17ᴼ / 15ᴼ
0.89
84%
1015
weather icon

Атина

30ᴼ / 27ᴼ
1.34
46%
1014
weather icon

Тирана

26ᴼ / 26ᴼ
2.13
42%
1014
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
1.82
49%
1014
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 22ᴼ
5.81
64%
1012
weather icon

Будимпешта

20ᴼ / 18ᴼ
3.58
51%
1014
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 22ᴼ
3.44
49%
1014
Currency

61.645

Currency

53.2547

Currency

71.3983

Currency

37.518

Currency

38.0603

Currency

66.8565

Currency

7.86455

Currency

0.73493

Currency

0.33253

Currency

0.52573

Currency

1.15121

Currency

0.55992

Калај

53.60

Сребро

2186.28

Бакар

13.01

Родиум

257205.97

Алуминиум

3.54

Кобалт

45.39

Злато

135639.33

Паладиум

40767.15

Цинк

0.00

Иридиум

253540.09

Платина

55170.68

Рутениум

48965.59