Скопје
26ᴼ /
26ᴼ
Светското првенство 2026 е пред нас, а возбудувањата традиционално започнуваат со Групата А. Оваа група носи фасцинантен микс на стилови, од флексибилноста на ко-домаќинот Мексико, преку европската физичка доминација на Чешка и дисциплинираниот систем на Јужна Кореја, па сè до јужноафриканскиот ритам кој бара изненадување. Тимот на Спортска Станица ви го носи ултимативниот водич за репрезентациите кои ќе ги отворат сметките на Мундијалот. ...
Поранешниот фудбалер на Барселона, Кевин-Принс Боатенг, предизвика лавина реакции со анегдота од периодот кога го носеше дресот на каталонскиот гигант. Боатенг откри дека при неговото претставување во Барселона во 2019 година бил замолен да каже дека клубот му е омилен и дека Лионел Меси е најдобриот фудбалер во светот. „Кога потпишав за Барселона, ме замолија да кажам дека Барса е мојот омилен клуб и дека Меси е најдобар играч на светот. ...
Возачот на Ферари, Шарл Леклер денеска го имаше најбрзото време на круг на првиот тренинг на трката од Формула 1 шампионатот која што овојпат се одржува во Монте Карло. Тој имаше време од 1:13.978 што беше најдобро во споредба со останатата конкуренција. На втората позиција се пласираше неговиот тимски колега, Луис Хамилтон кој што заостана за само 0,226 делови од секундата. Макс Верстапен заврши како трет со 0,513 заостанување. Возачот ...
Екипата на Припеп по десетте победи во плеј-аутот на десет натпревари, почна да го гради тимот за следната сезона и доби на искуство на голот, затоа што го врати во тимот Благојче Трајковски. 39-годишниот голман зад себе има богата и успешна кариера, за екипите на Куманово, Радовиш, МАКС Струмица, Охрид, Еурофарм Пелистер и Бутел Скопје. Трајкоски беше и дел од македонската репрезентација на Светското првенство во Фрација во 2017 година. Со ...
Хорхе Валдано последната функција во Реал Мадрид ја извршува во 2011-та година како генерален директор на клубот, но 15 години подоцна, очигледно има се уште свежи рани од начинот на кој ја заврши соработката. Легендата на Реал Мадрид беше ослободен од своите обврски поради конфликт и расправија со Жозе Мурињо, а иако помина многу време оттогаш, „специјалниот“ по се изгледа ќе ја добие втората шанса да го води „кралскиот клуб“. Португалецот е ...
Екипата на Црвена Звезда и официјално ја потврди македонската голманка Јована Мицевска како нов член на амбициозниот проект на црвено-белите од Белград. Српскиот шампион активно го засилува ростерот, со цел да ја продолжи доминацијата на домашната сцена, но и да направи исчекор во европските натпреварувања и да стигне до групната фаза на Европската лига. Мицевска во кариерата настапуваше за Вардар, француска Ница, а последен клуб ѝ беше ...
Вардар информира за младо засилување на левата бековска позиција. „На наше огромно задоволство, денес, успеавме да го обезбедиме потписот на кадетскиот репрезентативец Марко Ѓорчески, кој во иднина ќе го носи дресот на РК Вардар 1961 и ќе му се приклучи на првиот тим. Ѓорчески настапува на левата бековска позиција и ги покрива централните позиции во одбраната. Тој е дел од кадетската репрезентација на Македонија и беше еден од најдобрите ...
На Светското првенство, вниманието традиционално е насочено кон напаѓачите, головите и големите ѕвезди кои ги решаваат натпреварите во последната третина од теренот. Сепак, искуствата од претходните турнири покажуваат дека трофеите не се освојуваат само преку нападот, туку и поради сигурните интервенции на голманите. Во модерниот фудбал, голманите веќе не се само последна линија на одбраната. Тие станаа првите организатори на играта, ...
Ракометната федерација на Македонија ја известува јавноста дека, по поднесената оставка од селекторската функција на машката младинска репрезентација (М20) од страна на Наум Танески, за нов селектор на националниот тим е назначен Игор Илиевски. Илиевски ќе ја предводи машката младинска репрезентација на Македонија на претстојното Европско првенство за играчи до 20 години, кое ќе се одржи во Романија. Ракометната федерација на Македонија му се ...
Голден Стејт Вориорси би можеле да тргат по еден од најголемите кошаркари на сите времиња. Според последните информации од американските медиуми, Леброн Џејмс е високо на листата на желби на раководството на франшизата од Сан Франциско. Сопственикот Џо Лејкоб со години сонува да го доведе „Кралот“ во својот тим, а ова лето би можело да биде последната реална можност за такво сценарио. Дополнително, Стеф Кари е подготвен лично да учествува во ...
Искусниот, и досегашен член на тимот на Ливерпул, Енди Робертсон летово ќе го промени клубот. Од 1 јули и официјално е член на екипата на Тотенхем, која што откако конечно на крајот од сезоната обезбеди опстанок во Премиер лигата, летово ќе проба да го реновира составот. Левиот бек го напушта „Енфилд“ по девет многу успешни сезони во кои освои многу титули и трофеји. Спортскиот директор на Тотенхем, Јохан Ланге, не го криеше своето ...
Претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис, го коментираше статусот на белгиските репрезентативци Кевин де Бројне и Ромелу Лукаку, кои наводно размислуваат за заминување од редовите на поранешниот италијански шампион. Триесет и четиригодишниот Де Бројне неодамна изјави дека не е задоволен од заминувањето на сега веќе поранешниот тренер Антонио Конте и дека сака разговор со раководството околу својата иднина. Исто така, се шпекулира дека и ...
Филип Кузмановски ова лето се реши за нов предизвик во кариерата, прифаќајќи ја понудата да настапи за Кувајт Клуб во рамките на Азискиот шампионат. По завршувањето на сезоната со Еурофарм Пелистер, македонскиот репрезентативец замина на Блискиот Исток, каде во кратка, но значајна епизода ќе се обиде со својот привремен тим да обезбеди пласман во тамошната Лига на шампиони. Авантурата на капитенот на Македонија во Азија ќе трае околу две ...
Денеска македонскиот спортски интернет простор се разбуди со една главна вест, Ненад Димитријевиќ еден од најдобрите македонски кошаркари, ги пакува куферите за Солун. Според сите домашни медиуми кои се повикуваат на еден грчки твит, Нено е на прагот да потпише за грчки Арис. Приказната вели вака, легендарниот Василис Спанулис седнува на клупата на Арис и гради моќен проект за враќање на старата слава на клубот, а Нено Димитријевиќ е првата ...
Франција не успеа да ги израдува своите навивачи и загуби на првата контролка за Светското првенство, и тоа со пресврт на домашен терен во Нант. Брегот на Слоновата Коска постигна два гола во вториот дел и одоговори на погодокот кој го постигна Шерки, но гостите добија мала помош и од лошата поставеност на француските дефанзивци. Ибрахима Конате имаше доста нерегуларна сезона во Ливерул и направи безброј киксови во кампањата за заборав, но ...
Столе Димитриевски се обврза на верност со Валенсија и покрај тоа што имаше турбулентни 18 месеци до почетокот на оваа година, но фудбалот уште еднаш ни покажа дека носи неочекувани пресврти и тоа го видовме со ситуацијата на нашиот голман во изминатите пет месеци. Димитриевски застана на голот на Валенсија по повредата на Агиресабала и оттогаш прикажа изданија кои направија да прерасне во херој меѓу фановите, па затоа клубот без многу ...
Откако пред само неколку часа, Спортска Станица во својот авторски осврт апелираше до институциите да не подлегнуваат на евтини уцени и политички притисоци, штотуку пристигна силен и недвосмислен одговор од Куќата на фудбалот. Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) експресно ги отфрли сите обиди за манипулација од страна на раководството на ФК Шкендија, порачувајќи дека времето на привилегии и закани со повлекување е трајно завршено. ...
Женската фудбалска репрезентација на Македонија веќе две години чека гостинска победа на официјален меч, а вечерва гостува кај аутсајдерот Андора во квалификациите за пласман на Светското првенство. Нашите фудбалерки последната гостинска победа ја забележаа на 4 јуни 2024 година, односно точно пред две години, кога славевме со 2-4 кај Молдавија во меч од квалификациите за Европското првенство. Македонија треба да победи и според квотите во ...
Српскиот репрезентатиовец, син на тренерот на Црвена звезда, Дејан Станковиќ, Александар, се враќа во Интер по успешната сезона во Клуб Бриж. Талентираниот фудбалер, роден во 2005 година, повторно ќе стане член на миланскиот гигант во трансфер кој ќе се реализира на трајна основа, пишуваат италијанските медиуми. Станковиќ ќе потпише петгодишен договор со Интер, кој ќе го врзе за клубот до летото 2031 година. Враќањето на српскиот ...
Доскрешниот вардарец Марек Марчињак официјално е нов ракометар на полскиот Сланск од Вроцлав, каде веќе беше претставен како големо засилување. Марчињак заминува во родната земја по успешната сезона во дресот на „црвено-црните“. Најавен е како искусен ракометар, со добра техника во нападот, но и со силна пожртвуваност во одбраната. Сланск Вроцлав е новајлија во елитното полско ракометно друштво, но најавува дека има многу поголеми амбиции од ...
Баерн Минхен направи голем чекор кон потпишувањето на ѕвездата на Ајнтрахт Франкфурт, Натаниел Браун. Баварците постигнале вербален договор со дефанзивецот. Германскиот репрезентативец стана приоритет за Баерн, кој под водство на тренерот Винсент Компани составува тим за следната сезона, пишува „Goal.com“. Тренерот на Баерн, Компани, лично инсистира на трансферот на 22-годишниот лев бек, кој зад себе има извонредна сезона. Баварците ...
Нов скандал го тресе францускиот гигант и поранешниот европски првак, Олимпик Марсеј. Клубот од Азурниот брег би можел да биде исклучен од Лига Европа следната сезона, поради сериозните финансиски проблеми што во моментов ги истражува УЕФА. Олимпик Марсеј се бори да ги исполни условите од договорот за спогодба што го потпиша со УЕФА во 2022 година. Пред четири години клубот од Марсеј ги прекрши правилата за финансиски фер-плеј и беше казнет ...
Машката одбојкарска репрезентација на Македонија, вечерва од 19 часот во спортската сала „Парк“ во Струмица, стартуваат со настапите во новото издание на Европската лига 2026. Избраниците на селекторот Миленкоски пред себе за прв ривал ја имаат селекцијата на Холандија, која на овој меч влегува од позиција на фаворит. Нашите одбојкари ослабени со неиграњето на повредениот Љафтов, ќе се обидат да го изненадат европскиот великан, кој е еден од ...
Меѓународниот центар за спортски истражувања (ЦИЕС), ја објави најновата листа на најскапи играчи на планетата во согласност со годините, вредноста и должината на договорот. Според нивната проценка, на самиот врв убедливо се наоѓа Ламин Јамал. Младата ѕвезда на Барселона има проценета вредност од неверојатни 358,1 милиони евра, сума која значително ги надминува вредностите на останатите фудбалери на листата. Зад шпанскиот репрезентативец ...
Од првото Светско првенство во 1930 година до денес, само осум репрезентации успеале да се искачат на фудбалскиот трон и да ја освојат најпрестижната титула во светот на фудбалот. Најуспешна е Бразил со пет шампионски трофеи, пред Германија и Италија со по четири. Актуелен светски првак е Аргентина, која во финалето на Мундијалот во Катар во 2022 година ја совлада Франција по изведување пенали и стигна до својата трета светска титула. Список ...
По разочарувачкиот настап во Канада, Мекларен влегува на Големата награда на Монако со желба да покаже дека неуспехот во Монтреал бил само привремена пречка на патот кон борбата за титулата. Посебно внимание овој викенд ќе биде насочено кон Ландо Норис, кој пристигнува на патеката во Монте Карло со убави спомени. Британецот веќе има забележано значајни резултати на улиците на кнежевството, вклучувајќи и победа, па се надева дека Монако би ...
✍ Огнен Дојчиновски Таканаречените „мали“ спортови во последно време сè повеќе добиваат на значење во македонскиот спортски простор. Не само што се присутни, туку, напротив, носат успеси од најразличен карактер, вредни за одбележување. Актерите неретко се млади, талентирани момчиња и девојчиња кои ни ја враќаат надежта дека Македонија има сериозен спортски потенцијал на кој мора да му се обрне внимание. Еден таков пример е младата и екстра ...
Стеф Кари ќе се обиде да го убеди Леброн Џејсм да потпише за Голден Стејт и да ги здружат силите следната сезона. Голден Стејт Вориорс во наредните недели ќе разговараат со кошаркарот на Лејкерси, кој станува слободен агент во меѓусезоната 2026 година, објави инсајдерот на „Клачпоинтс“, Брет Сигел. Лидерот на Вориорс, Стивен Кари, наводно планира да се сретне лично со Џејмс овој месец за да разговараат за можноста да играат заедно. „На ...
Дефанзивецот на Јувентус, Андреа Камбијасо (26), би можел во летниот преоден рок да ги засили редовите на Барселона, јавија денеска италијанските медиуми. Интерес за услугите на италијанскиот репрезентативец покажува и лондонски Челзи, но според медиумските извештаи, Барселона е во предност да го обезбеди потписот на Камбијасо. Во јануари минатата година, Манчестер Сити, исто така, беше заинтересиран, но евентуалниот трансфер пропадна поради ...
Фудбалерот на Реал Мадрид, Арда Гулер, ја доби наградата за најубав гол во сезоната во шпанската Ла Лига. Турчинот го постигна тој гол во натпреварот од 28-то коло против Елче на стадионот „Сантијаго Бернабеу“. Ја освои топката во својата половина, забележа дека противничкиот голман е далеку од голот и со вистинска мајсторство ја погоди мрежата од 65 метри. Оваа награда може да биде голем поттик за Гулер, кој ќе биде носител на играта во ...