Скопје
28ᴼ /
28ᴼ
По разочарувачкиот старт на сезоната, во тимот на Ферари конечно гледаат причина за оптимизам. Тие веруваат дека следните неколку недели би можеле да бидат пресвртница во нивната борба за враќање на победничките патеки. Големата награда на Монако се смета за идеална можност болидот SF-26 да го покаже својот вистински потенцијал. На легендарната улична патека, моќноста на моторот има помало значење, додека шасијата, аеродинамиката и ...
Селекцијата на Македонија до 20.години в понеделник ќе има уште една контрола, силен тест натпревар. Противник е соодветната селекција на САД а натпреварот се игра на стадионот “Христо Ботев“ во Благоевград (Бугарија). Прво младата селекција на САД ќе ги одмери силите против селекција на Грузија за да потоа на 8 јуни (понеделник) се среќава со Македонија, барем според нивните информации. Секако дека ова ќе биде уште една добра контролна ...
Турски суд го осуди претседателот на Фенербахче – Садетин Саран, на две и пол години затвор за поттикнување нелегално обложување, неколку дена пред турскиот клуб да одржи изборно собрание. Во пресудата на судот во Истанбул се вели дека Саран и неговиот брат се осудени на две години и шест месеци затвор за „поттикнување лица да се вклучат во нелегално обложување преку реклами или разни други средства“. Тој негираше какво било кривично дело во ...
Кошаркарите на Дубаи со победа ја отворија финалната серија во АБА лигата, откако славеа над белградски Партизан со конечен резултат 99-93. Тимот од Обединетите Арапски Емирати одигра одличен меч и имаше постојано водство, а на паузата замина со предност од девет поени (53-44). Партизан малку се созема и ја доби во своја полза третата четвртина, но потклекна во последниот период, препуштајќи му го триумфот на мотивираниот ривал. Дубаи имаше ...
Натпреварите на претстојното Светско првенство во фудбал би можеле да се соочат со нереално долги одложувања доколку бидат прекинати од лоши временски услови. Причината за ова е прилично бизарна празнина во фудбалските регулативи. Имено, ФИФА во своите официјални акти воопшто нема дефинирано фиксна крајна временска граница по чие истекување еден натпревар дефинитивно би се прекинал или одложил за друг ден. Строгиот американски протокол за ...
Македонскиот фудбалски репрезентативец Дарко Чурлинов заминува од Турција. Според информациите кои ги објавија турските медиуми, нашиот репрезентативец добил известување од клупското раководство на Коџаелиспор дека треба да си побара нов клуб. Турските медиуми потврдија дека Чурлинов е едно од трите имиња во клубот на кои им било кажано дека нема да им бидат продолжени договорите. покрај Чурлинов од Коџаелиспор заминуваат и Александар ...
Додека фудбалскиот свет е во очекување на СП 2026 кое започнува следниот четврток, ние во фудбалска Македонија сме во очекување на 16/17 јуни кога УЕФА ќе ја одржи ждрепката за 1. и 2. квалификациско коло во ЛШ, ЛЕ и ЛК. Познато е дека Вардар како шампион ќе игра во квалификациите во Лигата на Шампионите, додека Шкендија и Силекс во квалификациите во Лигата на Конференциите. “СпортСпорт“ веќе неколку пати ги објави можните противници на ...
Јувентус не успеа да избори пласман во Лигата на шампионите и тоа дефинитивно ќе има влијание врз градењето на тимот или поточно како истиот ќе изгледа во натпреварувачката 2026/2027. Сигурно ќе има промени, ќе бидат доведени засилувања, а некои играчи ќе си заминат, а еден од нив може да биде Андреа Камбиасо. Дефанзивецот беше еден од најстандарните фудбалери на „старата дама“ во претходната кампања, одигра 47 натпревари во сите конкуренции ...
Јоаким Клемент, германски економист и аналитичар познат по правилното предвидување на победниците на Светските првенства во 2014, 2018 и 2022 година, објави нова прогноза за Светското првенство во 2026 година. Неговиот статистички модел овој пат носи големо изненадување. Секое Светско првенство носи фаворити, статистика и коефициенти за обложување, но малку предвидувања привлекуваат толку внимание како оние објавени од Клемент. Германскиот ...
Еден од најдобрите македонски млади голмани, Марко Алчевски, во следната сезона ќе го брани голот на нов клуб. Битолчанецот ја заврши својата епизода од две години во Хапоел Ерусалим и повторно е слободен фудбалер. Штотуку завршената сезона Алчевски ја мина во ОФК Београд во Србија на позајмица, а откако таа истече се врати во Ерусалим. Клубот и фудбалерот не постигнаа согласност за нов договор и Алчевски е слободен да ја бира својата следна ...
Еден од најпознатите германски клубови, Минхен 1860, се соочува со тежок удар откако не доби лиценца за настап во Третата германска лига за следната сезона. Минхен 1860 заврши на сигурното деветто место во сезоната што измина, но откако не успеа да ги обезбеди потребните 2,7 милиони евра за настап во тоа натпреварување и да ја затвори финансиската конструкција, клубот административно беше префрлен во четвртата Регионална лига. Der Worst Case ...
Екипата на Шкендија, летово очигледно дека ќе сака што подобро да се подготви за следната ПМФЛ сезона, со оглед на неуспехот минатава, кога не успеа да освои ниту еден трофеј. Го загуби оној шампионскиот од Вардар, а во Купот, тимот на Силекс беше подобар во финалето. Па според тоа, тетовци веќе на големо планираат кого да доведат, а во исто време и работат на терен. Спортспорт дознава дека Шкендија е пред потпис со најдобриот стрелец во ...
Мундијалот во САД, Мексико и Канада започнува за една недела, а е проследено со многу бои и интересни традиции. Една од нив се таканаречените пророци, кои добија популарност од Светското првенство во Јужна Африка во 2010 година. Во Бразил пронајдоа такво пророштво, но за разлика од октоподот Пол во Германија во 2010 година, во земјата на самбата тоа е ајкула. Во градскиот аквариум во Рио де Жанеиро, ја почестија малата женка ајкула Ритиња со ...
Македонскиот фудбалски тренер, Игор Ангеловски, отвори ново поглавје во својата кариера, откако се реши за уште еден интернационален предизвик. Популарниот Мрме е именуван за селектор на Таџикистан, а утре ќе го има своето деби на клупата за новата селекција. Во пресрет на натпреварите со Индија, Ангеловски ги искажа своите очекувања и вети максимална посветеност, дисциплина и квалитет. „Пред пет дена почнавме да се подготвуваме за ...
Славниот бразилски фудбалер Оскар ја заврши кариерата на крајот од минатата година. Ја заврши во дресот на Сао Паоло, каде се врати откако заработи нереални бројки во Кина, каде беше една од првите ѕвезди кои заминаа поради финансискиот ефект. Подоцна јавно го призна ова пред целиот свет, а од договорот од Кинезите зеде повеќе од 200 милиони евра. „Доаѓам од сиромашно семејство кое никогаш немало ништо. Ова се плодовите на мојата напорна ...
Екипата на Брера Струмица триумфираше во Купот на Македонија за фудбалери до 19 години откако во интересна борба на крајот по изведување на пенали го совлада Шкупи. Први до водство дојдоа фудбалерите на Шкупи и тоа од белата точка по еден несмасен старт на Габриел Талески уште во првата минута. Сигурен реализатор беше Судејс Чајани. Актуелниот лигашки шампион тргна по израмнување, но тоа го стори дури кратко пред паузата кога една одлична ...
Кевин Де Брујне по долго време ја напушти Англија и минатава сезона ја мина во калчолигашот Наполи со кого не успеа да ја одбрани титулата во Серија А, односно единствениот пехар беше освоен во Супер Купот на Италија. Наполитанците завршија на втората позиција и обезбедија место во Лигата на шампионите, но тренерот Антонио Конте одлучи да си замине, одлука која ја поздрави Де Брујне кој не криеше дека е среќен што стратегот го напушта „Диего ...
И дефинитивно Антонио Конте го напушти Наполи по две многу различни сезони. Првата беше славна, крунисана со титулата во Серија А, додека втората беше обележана со постојани проблеми што на крајот го принудија тренерот да се повлече на крајот од кампањата. Сега, како слободен агент, неговата иднина е предмет на жестоки шпекулации. За многумина, следниот логичен чекор за Конте е враќање на кормилото на италијанската репрезентација, која веќе ...
Њујорк Никс ја доби првата битка со Сан Антонио Спарс во финалето на НБА лигата и тоа на гостински терен со резултат 105:95. Домаќините го добија првото полувреме, гостите второто со тоа што клучна беше последната четвртина која Никси ја реализираа со 29:19. Од соочувањето во Сан Антонио ги имаме најдобрите пет потези, листа на која доминира Вембањама со три мајстории, но број еден е Брансон со „танцот“ со кој ја потврди победата на неговата ...
На само неколку дена од стартот на Мундијалот во САД, Мексико и Канада, нови моменти што се однесува до организаторот. САД и нејзиниот визен режим во последниот период е сериозно прашање за остатокот од светот, а тука не е исклучен ниту претстојниов фудбалски турнир. ФИФА делегираниот арбитар од Сомалија, Омар Абдулкадир Артан сеуште нема одобрено американска виза и се нема упатено кон оваа земја. Тоа е сериозен проблем, затоа што тој е веќе ...
По три минати сезони во Еурофарм Пелистер, десното крило Богдан Радивојевиќ од идната сезона ќе има нов предизвик во својата богата кариера. Српскиот интернационалец се реши да менува средина и летово се сели во Турција каде потпиша договор со амбициозниот проект на Бешикташ, денес потврди турскиот клуб. 33-годишниот ракометар од Битола си заминува со три учества во Лигата на шампионите и две титули од домашниот шампионат, а во новиот клуб ќе ...
Претседателот на Манчестер сити, Халдун Ал Мубарак, го спореди Пеп Гвардиола со момчето од басната на Езоп кое постојано предупредувало на „волк“, откривајќи дека познатиот тренер се заканил дека ќе си замине „сто пати“ за време на неговите десет години на клупата. Гвардиола се збогуваше со клубот минатиот месец емотивно по ерата на невиден успех, а Сити се надева дека ќе го назначи својот поранешен помошник Енцо Мареска за негов наследник во ...
Точно една недела останува до почетокот на Светското првенство во САД, Канада и Мексико. Ова ќе биде историски Мундијал затоа што првпат ќе се игра во три земји и првпат ќе биде со дури 48 репрезентации. Иако е зголемен бројот на учесници, кога се работи за листата на фаворити, фокусот е на неколку репрезентации. Пред големи натпреварувања, стандардно суперкомпјутерот прави проценки, а овојпат прв на листата на фаворити е репрезентацијата на ...
Победите на Шкендија Арачиново и на Скопје во баражите над трофејните и поранешни освојувачи на Купот на Македонија, екипи од типот на Пелистер и Брера само го потврдија она што фудбалската јавност го гледа, а фудбалските административци без механизам да го спречат уништувањето на домашниот фудбал. Македонската лига е една од најслабите во Европа! Но и таква секогаш има интерес, секогаш е во фокусот на спортските настани и на крајот од денот ...
Додека селекторите ја анализираат формата на играчите, навивачите сонуваат за трофеј, а обложувалниците исфрлаат квоти, германскиот математичар Јоахим Клемент веќе го има одговорот на прашањето што го интересира целиот фудбалски свет: Кој ќе го освои Светско првенство 2026? Човекот кој го привлече вниманието на јавноста откако успешно ги предвиде последните три светски шампиони (Аргентина 2022, Франција 2018 и Германија 2014), овој пат за ...
Душан Влаховиќ летово како слободен играч ќе го напушти Јувентус (договорот му истекува на 30 јуни), и тоа го натера клубот од Торино веднаш да почне потрага по нов централен напаѓач. Први на листата на желби им се Александер Сорлот од Атлетико, Рандал Коло Муани од Тотенхем и Жан-Филип Матета од Кристал палас. Според некои медиуми, Сорлот е фаворит на раководството, други пишуваат дека е Коло Муани. Ако не направат ништо со нив, на агендата ...
Македонскиот репрезентативец истакна дека уште од првиот ден бил убеден дека сака да остане дел од клубот и нагласи дека е горд што го брани голот на еден од најголемите шпански клубови. „Многу сум среќен и воодушевен што можам да го објавам ова двегодишно продолжување со Валенсија. Немав никакви сомнежи околу продолжувањето, отсекогаш го посакував и бев фокусиран на тоа бидејќи сум многу среќен тука и со сè што претставува клубот. Секогаш се ...
По повеќе од една деценија лојалност во тимот на Реал Мадрид, Дани Карвахал летово е слободен играч и си заминува од „Сантијаго Бернабеу“. Искусниот 34-годишен бек сега е во потрага по нов предизвик, а според најавите, многу веројатно е дека тој ќе остане во европскиот фудбалски крем. Шпанските медиуми најавуваат дека Карвахал е пред потпис на договор со италијанскиот првак Интер. Карвахал верува дека уште е во одлична форма и дека може да ...
Пријателскиот натпревар меѓу Албанија и Израел во Тирана донесе вистински конфликт на теренот. Израелците славеа со 1-0, но прославата на голот ги испровоцира домаќините. Оскар Глук постигна гол во 73. минута, но за време на прославата тој гестикулираше кон навивачите на Албанија, покажувајќи да бидат тивки и покажувајќи го грбот на својот дрес. Албанските репрезентативци веднаш се упатија кон него, по што и Израелците се вклучија во ...
Деветнаесетгодишната руска тенисерка Мира Андреева се пласираше во своето прво големо грен слем финале во кариерата, откако на Ролан Гарос доминантно ја совлада Марта Костјук од Украина со 6-1, 6-3 за нецели 80 минути. Андреева покажа неверојатна зрелост на теренот и максимално ја искористи нервозната верзија на својата четири години постара противничка. Руската тинејџерка, која на тениската сцена експлодираше уште на 15-годишна возраст, во ...