Екипата на Ѓорче Петров 2 обезбеди пласман во женската Супер лига откако во бараж натпревар го совлада тимот на Пелистер. Натпреварот започна одлично за ракометарките на Ѓорче Петров, кои уште на стартот направија серија од 4:1. Гостинките од Битола се обидуваа да ја намалат негативата и да се вратат резултатски во игра, но домашниот состав успешно ја одржуваше предноста. Во 14. минута Ѓорче Петров имаше водство од 8:4, а до крајот на првото ...

Реал Мадрид и Дани Себаљос ја завршуваат соработката. Шпанскиот фудбалер заминува од клубот и се наоѓа на „крстопат“ помеѓу две дестинации. Себаљос има отворени понуди од Бетис и Ајакс, а медиумите пишуваат дека во моментов пореална опција е останување во Шпанија. Според информациите, Бетис му нуди значајна улога во првиот тим, нешто што го немаше во Реал Мадрид, каде најчесто беше резерва, а минатата сезона одигра нешто повеќе од 800 минути. ...

Фотографијата од дедото на Манчестер Сити и норвешки репрезентативец Ерлинг Халанд го шокираше светот. Неговиот дедо од таткова страна е снимен на трибините на стадионот како го гледа натпреварот помеѓу Норвешка и Шведска. Она што сите го забележаа и беа воодушевени беше колку Ерлинг всушност личи на својот дедо. Норвешкиот напаѓач е син на поранешниот фудбалер Алф-Инге Халанд, кој некогаш играше за неколку клубови од Премиер лигата, ...

Женскиот кошаркарски клуб „Пробаскет“ од Кавадарци, ќе биде организатор на завршниот турнир за јуниорската, женска конкуренција, од „Адастра“ лигите кои ги организира Кошаркарската Федерација на Македонија откако денеска ја обезбеди организацијата на лицитацијата организирана од канцеларијата за младински лиги. Со завршниот турнир во Кавадарци, младите кошаркарки до 18 години ќе го комплетираат натпреварувањето за сезоната 2025/2026, со ...

Македонскиот репрезентативец и интернационалец во редовите на швајцарски Тун, Елмин Растодер е во животна форма. Со неговиот тим е шампион на Швајцарија, а тој со 15 гола и шест асистенции е вистинско откритие. Растодер во моментов и тоа како е на цена, клубовите од „ЛИГА ПЕТ“ и тоа како се интересираат за него, а најновата информација што се однесува до тоа, е следнава. На специјализираниот сајт за таа намена „transfermarct“, неговата цена ...

Флорентино Перез води битка да продолжи да го води Реал Мадрид и во наредните години, а од вечерва е познато е и кој ќе го води проектот од клупата ако тој ги добие претседателските избори. Перез се одлучи да му ја даде довербата на искусен стручњак и ако остане прв човек на „кралевите“ тогаш екипата ќе биде предводена од Жозе Мурињо. Ова би значело враќање на Мурињо на „Бернабеу“, „специјалниот“ првиот мандат го имаше од 2010 и 2013 година ...

Нашата турнеја низ градовите домаќини на Светското првенство 2026 нè води на Источниот брег на Соединетите Американски Држави, во регион со неверојатно богата историја која директно ја обликуваше американската нација. Бостон е местото каде што се случија некои од клучните моменти од минатото, вклучувајќи ја култната „Бостонска чајанка“ и почетните судири на Американската револуционерна војна. Во светот на спортот, овој центар одамна е ...

Премиерлигашот Ливерпул е во потрага по нов менаџер, наследник на Арне Слот кој заработи отказ по втората одработена сезона на „Енфилд Роуд“. Се очекува „црвените“ наскоро да го затворат ова прашање и тоа со ангажман на шпанскиот стручњак Андони Ираола кој досега нема работено во некој голем клуб, но имаше одлични резултати со Борнмут и Рајо Валјекано. Некогашниот напаѓач на Ливерпул, Дин Сондерс не е задоволен од изборот и верува дека клуб ...

Алжир славеше во Ротердам против Холандија со 0-1, во пријателски натпревар пред настапот на СП 2026. Хаџ Муса го постигна единствениот гол на „Де Кујп“ во 86. минута од натпреварот. Атмосферата на стадионот беше како натпреварот да се игра во Алжир, чии навивачи целосно ги надгласаа навивачите на „лалињата“. Пред мундијалскиот настап, Холанѓаните ќе имаат генерален тест против Узбекистан, додека Алжир ќе се сретне со Боливија. 🚨⚽ ...

Холандија – Алжир 0:1 е исходот од пријателскиот меч вечерва во Ротердам, во кој сретнаа две селекции кои ќе играат на претстојното СП. Избраниците на селекторот Петковиќ ја изненадија Холандија, и не само поради резултатот и победата, стрелец беше Хаџ Муса во 86.минута, туку и играчки. Селекцијата од Африка како да беше помотивирана од домашниот тим на селекторот Роналд Куман. Треба да се каже дека Холандија не успеа да реализира повеќе ...

Репрезентацијата на Холандија се подготвува за настап на Светското првенство, но нема по добро да го памети претпоследниот тест, претпоследната контролка за големиот настан кој ќе се одржи во САД, Мексико и Канада. Имено „лалињата“ на домашен терен во Ротердам доживеаа пораз од селекцијата на Алжир со 1-0. Холанѓаните упати двојно повеќе удари од противникот, но истиот искористи една од шансите и дојде до триумф. Се играше 86 минута кога ...

Трето Светско првенство во низа ќе биде без репрезентацијата на Италија. Четирикратниот планетарен шампион сега игра контролни дуели колку да се одржи ритамот во ФИФА термините наменети за националните селекции. Италија вечерва на гости кај Луксембург победи минимално со 1:0. Напаѓачот на Интер, Франческо Еспозито беше стрелец на единствениот гол и тоа во 49 минута. Едноставно Аѕурите кои се на 12 позиција на ФИФА листата, не беше доминантна ...

Италијанскиот тенисер Матео Арналди се пласираше во полуфиналето на Ролан Гарос, откако неговиот имењак и сонародник Беретини му го предаде четвртфиналниот натпревар. Во моментот на предавање, Арналди водеше со 7:5 и 5:2 во вториот сет, а ова беше дуел помеѓу 104-тиот и 105-тиот играч на АТП листата. Јаник Синер одамна го нема во Париз, но Италија сигурно ќе има финалист на Ролан Гарос, бидејќи ривал на Арналди во полуфиналето ќе биде Флавио ...

Норвешката ракометна федерација го именуваше Магнус Андерсон за нов селектор на машката репрезентација. Швеѓанецот потпиша договор до летото 2030 година. Негов прв помошник и главен асистент ќе биде Данецот Хенрик Кронборг, кој исто така се обврза на четиригодишна соработка. Андерсон на клупата на Норвешка доаѓа како наследник на Јонас Виле, чиј договор не беше продолжен по серијата разочарувачки резултати на националниот тим во последните ...

Македонскиот интернационалец Филип Талески ја напушти Татабања по истекот на договорот и крајот на сезоната. За крај унгарскиот клуб и Талески загубија во финалето на Европскиот куп на ЕХФ од Охрид, па авантурата не му заврши баш најсреќно. Талески беше дел од Татабања една полусезона, откако замина од редовите на Вардар по само неколку месеци. Сега Македонецот се раздели со Унгарците и ќе побара нова средина за следната сезона. Талески преку ...

СП 2026 почнува на 11 јуни (четврток) и ќе трае до 19 јули. Значи повеќе од месец дена фудбалско уживање за фановите на најважната споредна работа во светот. Сите сме во очекување на спектаклот, проблем се само сатниците односно термините на одигрување на мечевите на Мундијалот во Канада, САД и Мексико. Некои натпревари на Светското првенство ќе започнат во 21:00 часот, но има и голем број од оние што ќе се играат во текот на ноќта или во ...

Започнува финалето на НБА лигата, битката меѓу Сан Антонио Спарс и Њујорк Никс, двете екипи кои беа најдобри на Западот и Истокот. Тие не беа на првите места во своите конференции во регуларниот дел, меѓутоа се прикажаа во најдобро светло во плејофот, Спарси ги добија сериите против Оклахома Сити Тандер, Минесота Тимбервулвс и Портланд Трејл Блејзерс, додека пак Никси ги надиграа Атланта Хокс, Филаделфија Севентисиксерс и Кливленд Кавалирс. ...

Крајот на возбудувањата во англиската Премиер лига означува почеток на уште пожешка војна, но овојпат на трансфер-пазарот. Додека голем дел од фудбалерите се фокусирани на претстојните мундијалски патувања во САД, Канада и Мексико со своите репрезентации, клупските оперативци веќе ги влечат првите потези. Трансферот на Ентони Гордон од Њукасл во Барселона е првата голема бомба која го најави лудото лето, но низа други играчи – од суперталенти ...

Репрезентацијата на Албанија загуби во Тирана со 0:1 од Израел во контролен меч на две селекции кои нема да бидат дел од Светското првенство во САД, Канада и Мексико. Единствениот гол доволен за победа, гостите го постигнаа во 73 минута кога прецизен беше играчот за врсак на Ајакс, Оскар Глук. Овој дуел го одбележа бојкотот на навивачите на Албанија. Огромен број од албанските фанови воопшто не се согласуваа со одлуката нивната селекција да ...

Екипите на Хамбургер и Санкт Паули ќе мора да платат високи казни за пиротехничките средства што ги користеа навивачите на двата тима за време на градското дерби во јануари. Поради големата количина чад, почетокот на второто полувреме беше одложен за речиси шест минути, а спортскиот суд на ДФБ денеска изрече сериозни казни. Екипата на Хамбургер ќе мора да плати 253.000 евра, додека казната за Санкт Паули е уште поголема. Овој тим ќе треба да ...

Англискиот портал „GiveMeSport“ состави хипотетички список од 26 фудбалери од поранешна Југославија кои, според нив, би оделе на Светското првенство 2026 во Канада, САД и Мексико. На списокот меѓу 26 фудбалери, има место и за двајца македонски репрезентативци, голманот Столе Димитриевски и фудбалерот од средниот ред, Елиф Елмас. Хипотетички состав на југословенската репрезентација за Светското првенство 2026: Голмани: Јан Облак (Словенија, ...

Фудбалската репрезентација на Гибралтар испиша историски триумф, откако на свој терен, со 4:0 славеше над Британските Дествени острови во контролен дуел. Интересно е дека ова беше пресметка на две селекции кои се меѓу најлошо рангирани на ФИФА листата. Гибралтар е на 203 место, додека Британските Дествени острови се на 208 место на ФИФА листата на која има вкупно 211 селекции. За Гибралтар ова е најубедлива победа во нивната историја и прв ...

Кошаркарскиот свет во регионот остана без едно од најпрепознатливите имиња, откако ненадејно почина спортскиот новинар и коментатор Един Авдиќ. Меѓу бројните натпревари што ги коментираше, посебно место има дуелот меѓу Босна и Херцеговина и Литванија на Европското првенство во 2013 година. Тогаш „змејовите“ славеа со убедлива разлика, а Мирза Телетовиќ блескаше на паркетот. Токму неговата тројка од голема дистанца ја предизвика една од ...

Одличен тајминг на финалињата во младинскиот Куп на Македонија. Во ист ден кога Дисциплинската комисија при ФФМ изрече ригорозна казна на сениорскиот тим на ФК Вардар за скандалозното славење на титулата, и сквернавењето преку недолична песна на името на поп македонската дива Каролина Гочева. Од друга страна пак, денешни хероји, меѓу другите, се помладите пионери на ФК Вардар кој што го освоија Купот на Македонија во својата конкуренција со ...

Един Авдиќ, познат новинар и коментатор, почина ненадејно на 47-годишна возраст, јавија регионалните медиуми. Тој работеше многу години како коментатор за ТВ Арена Спорт, а беше познат по своите коментари за натпреварите заедно со Ненад Костиќ. Оваа вест го потресе целиот регион, дојде ненадејно и сосема неочекувано. Беше особено ценет поради неговото детално познавање на кошарката, аналитичкиот пристап и емотивниот начин на коментирање на ...

Ракометниот клуб Младост од Богданци ја оствари големата цел и обезбеди враќање во македонската Супер лига, откако во бараж натпреварот во Бутел славеше над Струга со 25:22. Со овој триумф, Богданци повторно ќе биде дел од елитното ракометно друштво, додека стружани се селат во Првата ракометна лига. Во натпревар кој го носеше епитетот „меч на сезоната“, секој погодок имаше огромна тежина, а секоја грешка можеше скапо да чини. По израмнетиот ...

Искусниот Бернардо Силва одлучи да си замине од премиерлигашот Манчестер Сити, а тоа значи дека како слободен играч ќе може да ја избере новата средина. Португалецот веќе најави дека ова важно прашање сака да го реши до почетокот на Светското првенство во САД, Мексико и Канада, меѓутоа дојде до промена на планот и офанзивецот ќе пресече по мундијалот. Силва отфрли една опција и посочи до кога кога ќе го реши прашањето за неговата иднина ...

Специјализираниот сајт за фудбалскиот пазар „Transfermarkt“ објави листа од десет играчи од англиската Премиер лига чии цени најмногу паднаа во текот на минатата сезона. Играчот чија пазарна цена најмногу падна е Дејан Кулушевски од Тотенхем. Шведскиот интернационалец вредеше 35 милиони евра на почетокот на сезоната, а сега само 17. Ова значи дека неговата цена е повеќе од двојно намалена. Неговото отсуство од теренот, како и лошите резултати ...

Во најновата епизода на спортскиот подкаст „ПРЕСИНГ“, гости две и тоа како незаборавни имиња од македонската кошарка во изминатите 20 години, Ненад Зивчевиќ и Тони Грнчаров. Еден од најистакнатите македонски кошаркари, Ненад Зивчевиќ, кој настапуваше и за неколку африкански клуба се потсети и на својата епизода во мароканскиот Хабаб Риф, каде умешно ги научи и газдите на клубот што значи тоа асистенција. „Сопствениците на клубот, двајца ...

Шпанскиот селектор на фудбалската репрезентација, Луис Де Ла Фуента, објави дека за утрешниот пријателски дуел кој неговиот состав ќе го одигра против соодтвената селекција на Ирак, нема да бидат достапни следните фудбалери. Ламин Јамал, Нико Вилијамс и Виктор Муњоз. Тоа се тројцата репрезентативци кои што се опоравуваат од повреди и нема да се појават на терен на стадионот Риазор во Ла Коруња каде што се игра дуелот. Од друга страна пак, ...

weather icon

Скопје

29ᴼ / 29ᴼ
0.95
33%
1012
weather icon

Белград

17ᴼ / 16ᴼ
4.29
82%
1015
weather icon

Загреб

17ᴼ / 17ᴼ
3.48
79%
1015
weather icon

Софија

27ᴼ / 27ᴼ
2.7
40%
1012
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
6.24
36%
1013
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 17ᴼ
0.45
75%
1014
weather icon

Атина

30ᴼ / 27ᴼ
4.47
49%
1013
weather icon

Тирана

28ᴼ / 28ᴼ
3.62
37%
1014
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
2.92
46%
1014
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 25ᴼ
4.92
52%
1011
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 19ᴼ
2.68
45%
1014
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 23ᴼ
3.36
56%
1014
Currency

61.645

Currency

53.2547

Currency

71.3983

Currency

37.518

Currency

38.0603

Currency

66.8565

Currency

7.86455

Currency

0.73493

Currency

0.33253

Currency

0.52573

Currency

1.15121

Currency

0.55992

Калај

53.60

Платина

57324.78

Родиум

257205.97

Иридиум

253540.09

Сребро

2269.46

Злато

139690.59

Рутениум

48965.59

Паладиум

42535.44

Цинк

0.00

Бакар

13.10

Алуминиум

3.46

Кобалт

45.39