Настрадале сообраќајни знаци на подрачјето Цавтат. Полициските служби реагирале по добиена пријава и ги фатиле македонските фанови. Двајца од навивачите биле пронајдени во текот на денот по пријавите, а третото лице наредниот ден. Навивачите биле на возраст од 23, 25 и 26 години, а имале дозвола за престојн во Хрватска. Фотографии од знаците може да видите на овој ЛИНК. Настрадале сообраќајни знаци на подрачјето Цавтат. Полициските служби ...

Душан Влаховиќ ќе го напушти Јувентус кога ќе му истече договорот на последниот ден од јуни. Како што објави Џанлука Ди Марцио, ова е епилогот од денешниот состанок меѓу Душан Влаховиќ и неговиот татко Милош од една страна и раководството на Јувентус од друга страна. На состанокот одржан во спортскиот центар Ковинас, двете страни не постигнале никаков договор. Нов состанок нема да има. Српскиот централен напаѓач ќе го напушти клубот по ...

Пет златни, пет сребрени и седум бронзени одличја, како и признание за најдобра кадетка за Миа Танеска. Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација оствари извонреден успех на престижниот меѓународен турнир „Гран при 2026“ што се одржа во Зворник, Босна и Херцеговина, освојувајќи вкупно 17 медали во конкуренција на повеќе од 350 натпреварувачи од десет европски земји. Македонскиот тим настапи со 17 натпреварувачи и се врати со биланс ...

И светскиот фудбалски врв ја честиташе титулата шампион на Вардар во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ). Вардарци по шест години одново се искачија на кровот во македонскиот елитен фудбал, а новиот успех го поздравија првиот човек на „European Football Clubs“ и сопственик на европскиот шампион ПСЖ, Насер Ал-Келаифи, како и од Џани Инфантино претседателот на ФИФА. „Почитуван господине Неделковски. Во име на European Football Clubs, сакам ...

Дисциплинската комисија при ФФМ донесе одлука со која ФК Силекс се казнува со парична казна во висина од 5.000 евра поради користење на пиротехнички средства на финалниот натпревар од Купот на Македонија помеѓу ФК Силекс и ФК Шкендија. Дисциплинската комисија при ФФМ донесе одлука со која ФК Шкендија се казнува со парична казна во висина од 15.000 евра поради користење на пиротехнички средства на финалниот натпревар од Купот на Македонија ...

Парагвајскиот тенисер Адолфо Даниел Валехо се најде во центарот на огромен скандал на Ролан Гарос, откако беше казнет со 65.000 евра поради контроверзни и сексистички изјави по неговиот пораз во второто коло. Инцидентот се случил по исцрпувачкиот натпревар против францускиот тинејџер Моиз Куаме, по кој Валехо ја критикувал работата на судијката Ана Карваљо, изјавувајќи дека „натпревар од ваков тип треба да го суди маж“. Тој дополнително навел ...

Спортско-едукативниот проект „Zero Waste“- Бидете дел од играта – Да ја заштитиме нашата планетата за првпат се одржува во Македонија, а своја премиера имаше денеска во Прилеп. Поради својот иновативен пристап кон учењето преку спорт, станува зобрза програма која е популарна кај децата. Првата сезона од Плазма Спортските игри за млади во Македонија пристигна во Прилеп. Овој град беше домаќин и на спортско едукативниот проект „Zero Waste“, ...

Легендарниот боксер Мухамед Али, чие влијание се простира и надвор од спортските борилишта, почина на денешен ден пред една деценија на 74 година, во болница во Феникс, Аризона, по долга борба со Паркинсоновата болест. Во текот на животот се ожени четири пати и имаше девет деца. Али беше истакнат и гласен критичар на режимот на апартхејдот во Јужна Африка. Тој ја користеше својата светска популарност за да се бори против расната сегрегација ...

Пионерскиот состав на Вардар е нов освојувач на Купот на Македонија, откако во финалниот натпревар славеше убедлива победа од 3-0 против екипата на Македонија ЃП. „Црвено-црните“ поведоа уште во 15. минута преку Матеј Николов, кој ја круниса добрата игра на својот тим во првиот дел. Иако резултатот долго време остана непроменет, финалето понуди интересен и динамичен фудбал со неколку одлични можности на двете страни. Во последните петнаесет ...

Аркадиуш Милик поради тешка повреда на коленото ја пропушти цела сезона 2024/25-та, па иако беше програмирано да има значително поголема минутажа во сезоната која измина, тој ниту еднаш не успеа да врзе континуитет. Причина за тоа беа низа мускулни повреди на различни места, па сезоната на крајот ја запиша со 36 минути поделени во два натпревари, оние против Сасуоло и Џенова во месец март и април. Аркадиуш дефинитивно нема да добие нова шанса ...

Антонио Конте одлучи да се збогува со Наполи една година пред истекот на неговиот договор. Тој ги поздрави навивачите на Наполи преку социјалните мрежи. На својот Инстаграм профил, Конте сподели порака за збогум: „Две победнички години исполнети со силни емоции и голема страст! Едноставно… ВИ БЛАГОДАРАМ од дното на моето срце, НЕАПОЛ“. Антонио Конте го напушта Наполи со освоено Скудето минатата сезона, и италијански Суперкуп, освоен минатиот ...

За прв пат Светското фудбалско првенство ќе се одржи во три земји. САД, Канада и Мексико ќе бидат домаќини на 48 репрезентации, што го прави најмасовното Светско првенство во историјата. Првиот натпревар ќе се игра на 11 јуни помеѓу домаќинот Мексико и Јужна Африка, а финалето ќе се игра на 19 јули, што го прави ова и најдолгото првенство досега. Натпреварувањето во групната фаза ќе вклучува 12 групи. Двете најдобри репрезентации од секоја ...

Екипата на Вардар е освојувач на Купот на Македонија во пионерска конкуренција. „Црвено – црните“ денеска на терените на Комплексот Петар Милошевски во Скопје, обезбедија триумф во финалето против тимот на Македонија ЃП со конечни 3:0. Стрелци на головите за Вардар беа Матеј Николов, Адриан Велески и Лука Јасмин Ѓорѓијев. Ова беше заслужена победа за избраниците на Христијан Кировски, кои покажаа повеќе од противникот и повеќе го посакуваа ...

Лариса се пресели во Втората лига на Грција, а од Лариса ќе се пресели и македонскиот репрезентативец Јани Атанасов. Играчот од средниот ред на Македонија летото ќе има нов клуб, а хрватските медиуми веќе го враќаат во оваа земја. По репрезентативните настапи и дуелите против БиХ и против Турција, Атанасов во следните денови би требало да отпатува во Хрватска, каде ќе го комплетира договорот со Истра. Доколку дојде до договор, тоа би било ...

На почетокот на овогодишното издание на Ролан Гарос, полската тенисерка Маја Хвалинска низ насмевка за време на едно интервју на теренот изјави дека, искрено кажано, никој не ја познава. Но, по три недели поминати на париската глина, нејзиниот статус во тенискиот свет е засекогаш променет. Во својот дури трет настап во главната ждрепка на еден грен слем турнир во кариерата, младата квалификантка успеа да направи вистинско чудо и да се пласира ...

Тренерот на Пелистер, Марјан Секуловски, на денешната прес-конференција се огласи по елиминацијата на битолскиот клуб од ПМФЛ, и неуспехот да се избори опстанок преку баражот, упатувајќи благодарност до навивачите и извинување за неостварената цел. „Прво сакам да им се заблагодарам на сите наши навивачи што дојдоа во Кавадарци да нè поддржат. Количеството на радост при израмнувачкиот гол и тагата по загубените пенали се доказ колку Пелистер ...

Огромен конвој на автомобили завиени во црвено белите знамиња ја испрати турската фудбалска репрезентација кон аеродромот пред прекуокеанскиот лет за Светското првенство кое наскоро ќе започне во САД, Мексико и Канада. Спектакуларното испраќање го предводеше автобусот со репрезентативците, а го следеа стотици автомобили од турскиот бренд „Тог“, кој е и главен спонзор на националниот тим. 🇹🇷 Milli Takım oyuncularımız, Dünya Kupası'na ...

Светското првенство, кое треба да биде прослава на фудбалот, сè повеќе станува настан резервиран за најбогатите. Меѓународната федерација на фудбалски асоцијации (ФИФА) е критикувана откако воведе динамичен систем на цени за продажба на билети, модел што со години го користат авиокомпаниите и хотелските синџири. Последиците ги шокираа навивачите. Цената на некои билети за финалето достигна неверојатни 11,5 милиони долари. ФИФА ја оправдува ...

Шампионот на Шпанија, Барселона, сè уште ја разгледува можноста да го ангажира напаѓачот на Баерн Минхен, Хари Кејн, пишуваат шпанските медиуми. Каталонскиот клуб веќе стапил во контакт со луѓето од опкружувањето на англискиот голгетер, а првичните реакции околу евентуален трансфер биле позитивни. Сепак, Барселона ќе се насочи кон Кејн само доколку не успее да ја реализира својата главна трансферна цел – Хулијан Алварес од Атлетико Мадрид. ...

Францускиот фудбалер, Ибрахима Конате чиј договор со Ливерпул истекува на крајот на јуни, е во напредни преговори со Реал Мадрид. Конате и Ливерпул водеа преговори за нов договор, но двете страни не успеаја да најдат заеднички јазик околу платата. Конате за „редси“ одигра 183 натпревари и ја освои Премиер лигата, ФА Купот и два Лига купа. Францускиот дефанзивец во Ливерпул пристигна од РБ Лајпциг во 2021 година за 35 милиони фунти. Конате ќе ...

Македонската ракометна репрезентативка Ана Марија Коларовска е првото засилување за македонскиот шампион ЖРК Ѓорче Петров за наредната сезона. Како што потврдија од клубот, Коларовска во Скопје се враќа од Хрватска, каде минатата сезона го носеше дресот на екипата на Брод. Таа ги мина сите младинските категории во националниот тим, а сега е дел од сениорската репрезентација. Македонскиот шампион исто така го потврди и новото интернационално ...

Македонската одбојкарска репрезентација во машка конкуренција засилено ги продолжува подготовките за стартот на Европската лига 2026. Во Струмица од петок до недела ќе се одржи еден од турнирите во првата фаза на натпреварувањето, чиј домаќин е Македонија. Нашите момци стартуваат токму во петок со натпревар против европската велесила Холандија. Еден од најискусние во нашиот тим, Владо Милев, вели дека без разлика на тоа што „лалињата“’ ќе ја ...

Австралискиот возач Џои Мосон е на суд во Нион, Швајцарија, обвинет за сексуален напад врз медицинска сестра која работела во домаќинството на Михаел Шумахер. Според обвинението, инцидентот се случил на 23 ноември 2019 година, во вила во Гланд, во близина на Женева, каде што живеел и седумкратниот шампион во Формула 1, Михаел Шумахер. Обвиненија за обвинителство Обвинителството тврди дека Мосон ја силувал медицинската сестра двапати во ...

Сите 48 репрезентации ги објавија своите конечни списоци од 26 (или во ретки случаи 25) играчи кои патуваат на претстојното Светско првенство. Затоа, ова е вистинско време да се споредат голем број статистики, а една од најинтересните секогаш се однесува на вредностите на играчите. Според Transfermarkt, најпопуларната платформа за проценка на вредноста на играчите, листата ја предводи Франција со вкупна вредност што надминува 1,5 милијарди ...

Македонските десни бекови Михаил Иваноски и Димитар Узунчев од следната сезона ќе настапуваат во Словенија, потпишувајќи за тамошните гиганти Горење Велење и Целје Пивоварна Лашко. Двајцата млади ракометари, кои претходно беа дел од составот на Алкалоид, направија значаен чекор напред во своите кариери со преселбата во најсилните словенечки клубови. Иваноски во првиот дел од изминатата сезона замина од Автокоманда и играше за екипата на ...

Манчестер Јунајтед го потврди заминувањето на данскиот напаѓач Расмус Хојлунд, кој се сели трајно во Наполи по едногодишна позајмица. Хојлунд пристигна на „Олд Трафорд“ во 2023 година од Аталанта за 83 милиони евра, но не успеа да ги оправда високите очекувања во англискиот клуб. Данецот не успеа да се наметне во Манчестер и падна во втор план под тренерот Рубен Аморим. Неговите услуги не му се потребни ниту на новиот тренер, Мајкл Карик, ...

Со оглед на тоа што нивниот прв натпревар на Светското првенство во 2026 година е за помалку од две недели, иранската фудбалска федерација очекува тимот да добие влез во Мексико во вторник, а потоа и визи за САД во петок. – Ќе заминеме за Шпанија во сабота, а оттаму тимот ќе оди директно во Тихуана во Мексико. Ќе добиеме мексиканска виза во вторник или следниот ден, а потоа брзо ќе ни биде издадена американска виза – изјави претседателот на ...

Германски РБ Лајпциг се уште чека телефонски повик од Наполи за да ја разрешат ситуацијата околу нашиот репрезентативец Елиф Елмас, тврдат германските медиуми. Според последната информација објавена утрово, опцијата за купување на Елмас од страна на Наполи е сè уште важечка. „Опцијата за купување на Елмас од страна на Наполи сè уште може да се активира. Изнесува 16,5 милиони евра. Но, еве до денеска наутро, сè уште нема контакт меѓу двата ...

Играчот од средниот ред на Манчестер јунајтед, Коби Мејну, изрази целосна увереност дека Англија има сè што е потребно за да го освои Светското првенство ова лето. Младиот фудбалер го изјави тоа додека се подготвува да го оствари својот детски сон – настап на најголемата фудбалска сцена. Целта на „трите лава“ е конечно да стават крај на шестдецениското чекање за светската титула. Мејну, кој беше стартер во финалето на Европското првенство ...

Ферари ја продолжи соработката со Шарл Леклер. Tимот од Маранело потврди дека потпишал нов повеќегодишен договор со својот возач. Италијанскиот тим не откри детали околу времетраењето на новата соработка, но јасно стави до знаење дека Леклер останува еден од клучните столбови на проектот за иднината. Возачот од Монако не го криеше задоволството по потписот, нагласувајќи дека Ферари за него претставува многу повеќе од обичен тим и дека уште од ...

weather icon

Скопје

31ᴼ / 31ᴼ
1.41
27%
1010
weather icon

Белград

18ᴼ / 17ᴼ
5.58
75%
1015
weather icon

Загреб

20ᴼ / 20ᴼ
3.45
80%
1015
weather icon

Софија

27ᴼ / 27ᴼ
2.95
44%
1012
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
5.67
36%
1012
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 17ᴼ
2.24
77%
1014
weather icon

Атина

31ᴼ / 28ᴼ
4.47
41%
1013
weather icon

Тирана

28ᴼ / 28ᴼ
4.43
40%
1014
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
3.36
45%
1013
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 26ᴼ
4.92
51%
1011
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 20ᴼ
3.13
42%
1014
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 24ᴼ
2.83
53%
1014
Currency

61.645

Currency

53.2547

Currency

71.3983

Currency

37.518

Currency

38.0603

Currency

66.8565

Currency

7.86455

Currency

0.73493

Currency

0.33253

Currency

0.52573

Currency

1.15121

Currency

0.55992

Бакар

13.10

Кобалт

45.39

Цинк

0.00

Сребро

2269.46

Калај

53.60

Платина

57324.78

Злато

139690.59

Родиум

257205.97

Рутениум

48965.59

Иридиум

253540.09

Паладиум

42535.44

Алуминиум

3.46