Скопје
31ᴼ /
31ᴼ
Трето Светско првенство во низа ќе биде без репрезентацијата на Италија. Четирикратниот планетарен шампион сега игра контролни дуели колку да се одржи ритамот во ФИФА термините наменети за националните селекции. Италија вечерва на гости кај Луксембург победи минимално со 1:0. Напаѓачот на Интер, Франческо Еспозито беше стрелец на единствениот гол и тоа во 49 минута. Едноставно Аѕурите кои се на 12 позиција на ФИФА листата, не беше доминантна ...
Италијанскиот тенисер Матео Арналди се пласираше во полуфиналето на Ролан Гарос, откако неговиот имењак и сонародник Беретини му го предаде четвртфиналниот натпревар. Во моментот на предавање, Арналди водеше со 7:5 и 5:2 во вториот сет, а ова беше дуел помеѓу 104-тиот и 105-тиот играч на АТП листата. Јаник Синер одамна го нема во Париз, но Италија сигурно ќе има финалист на Ролан Гарос, бидејќи ривал на Арналди во полуфиналето ќе биде Флавио ...
Норвешката ракометна федерација го именуваше Магнус Андерсон за нов селектор на машката репрезентација. Швеѓанецот потпиша договор до летото 2030 година. Негов прв помошник и главен асистент ќе биде Данецот Хенрик Кронборг, кој исто така се обврза на четиригодишна соработка. Андерсон на клупата на Норвешка доаѓа како наследник на Јонас Виле, чиј договор не беше продолжен по серијата разочарувачки резултати на националниот тим во последните ...
Македонскиот интернационалец Филип Талески ја напушти Татабања по истекот на договорот и крајот на сезоната. За крај унгарскиот клуб и Талески загубија во финалето на Европскиот куп на ЕХФ од Охрид, па авантурата не му заврши баш најсреќно. Талески беше дел од Татабања една полусезона, откако замина од редовите на Вардар по само неколку месеци. Сега Македонецот се раздели со Унгарците и ќе побара нова средина за следната сезона. Талески преку ...
СП 2026 почнува на 11 јуни (четврток) и ќе трае до 19 јули. Значи повеќе од месец дена фудбалско уживање за фановите на најважната споредна работа во светот. Сите сме во очекување на спектаклот, проблем се само сатниците односно термините на одигрување на мечевите на Мундијалот во Канада, САД и Мексико. Некои натпревари на Светското првенство ќе започнат во 21:00 часот, но има и голем број од оние што ќе се играат во текот на ноќта или во ...
Започнува финалето на НБА лигата, битката меѓу Сан Антонио Спарс и Њујорк Никс, двете екипи кои беа најдобри на Западот и Истокот. Тие не беа на првите места во своите конференции во регуларниот дел, меѓутоа се прикажаа во најдобро светло во плејофот, Спарси ги добија сериите против Оклахома Сити Тандер, Минесота Тимбервулвс и Портланд Трејл Блејзерс, додека пак Никси ги надиграа Атланта Хокс, Филаделфија Севентисиксерс и Кливленд Кавалирс. ...
Крајот на возбудувањата во англиската Премиер лига означува почеток на уште пожешка војна, но овојпат на трансфер-пазарот. Додека голем дел од фудбалерите се фокусирани на претстојните мундијалски патувања во САД, Канада и Мексико со своите репрезентации, клупските оперативци веќе ги влечат првите потези. Трансферот на Ентони Гордон од Њукасл во Барселона е првата голема бомба која го најави лудото лето, но низа други играчи – од суперталенти ...
Репрезентацијата на Албанија загуби во Тирана со 0:1 од Израел во контролен меч на две селекции кои нема да бидат дел од Светското првенство во САД, Канада и Мексико. Единствениот гол доволен за победа, гостите го постигнаа во 73 минута кога прецизен беше играчот за врсак на Ајакс, Оскар Глук. Овој дуел го одбележа бојкотот на навивачите на Албанија. Огромен број од албанските фанови воопшто не се согласуваа со одлуката нивната селекција да ...
Екипите на Хамбургер и Санкт Паули ќе мора да платат високи казни за пиротехничките средства што ги користеа навивачите на двата тима за време на градското дерби во јануари. Поради големата количина чад, почетокот на второто полувреме беше одложен за речиси шест минути, а спортскиот суд на ДФБ денеска изрече сериозни казни. Екипата на Хамбургер ќе мора да плати 253.000 евра, додека казната за Санкт Паули е уште поголема. Овој тим ќе треба да ...
Англискиот портал „GiveMeSport“ состави хипотетички список од 26 фудбалери од поранешна Југославија кои, според нив, би оделе на Светското првенство 2026 во Канада, САД и Мексико. На списокот меѓу 26 фудбалери, има место и за двајца македонски репрезентативци, голманот Столе Димитриевски и фудбалерот од средниот ред, Елиф Елмас. Хипотетички состав на југословенската репрезентација за Светското првенство 2026: Голмани: Јан Облак (Словенија, ...
Фудбалската репрезентација на Гибралтар испиша историски триумф, откако на свој терен, со 4:0 славеше над Британските Дествени острови во контролен дуел. Интересно е дека ова беше пресметка на две селекции кои се меѓу најлошо рангирани на ФИФА листата. Гибралтар е на 203 место, додека Британските Дествени острови се на 208 место на ФИФА листата на која има вкупно 211 селекции. За Гибралтар ова е најубедлива победа во нивната историја и прв ...
Кошаркарскиот свет во регионот остана без едно од најпрепознатливите имиња, откако ненадејно почина спортскиот новинар и коментатор Един Авдиќ. Меѓу бројните натпревари што ги коментираше, посебно место има дуелот меѓу Босна и Херцеговина и Литванија на Европското првенство во 2013 година. Тогаш „змејовите“ славеа со убедлива разлика, а Мирза Телетовиќ блескаше на паркетот. Токму неговата тројка од голема дистанца ја предизвика една од ...
Одличен тајминг на финалињата во младинскиот Куп на Македонија. Во ист ден кога Дисциплинската комисија при ФФМ изрече ригорозна казна на сениорскиот тим на ФК Вардар за скандалозното славење на титулата, и сквернавењето преку недолична песна на името на поп македонската дива Каролина Гочева. Од друга страна пак, денешни хероји, меѓу другите, се помладите пионери на ФК Вардар кој што го освоија Купот на Македонија во својата конкуренција со ...
Един Авдиќ, познат новинар и коментатор, почина ненадејно на 47-годишна возраст, јавија регионалните медиуми. Тој работеше многу години како коментатор за ТВ Арена Спорт, а беше познат по своите коментари за натпреварите заедно со Ненад Костиќ. Оваа вест го потресе целиот регион, дојде ненадејно и сосема неочекувано. Беше особено ценет поради неговото детално познавање на кошарката, аналитичкиот пристап и емотивниот начин на коментирање на ...
Ракометниот клуб Младост од Богданци ја оствари големата цел и обезбеди враќање во македонската Супер лига, откако во бараж натпреварот во Бутел славеше над Струга со 25:22. Со овој триумф, Богданци повторно ќе биде дел од елитното ракометно друштво, додека стружани се селат во Првата ракометна лига. Во натпревар кој го носеше епитетот „меч на сезоната“, секој погодок имаше огромна тежина, а секоја грешка можеше скапо да чини. По израмнетиот ...
Искусниот Бернардо Силва одлучи да си замине од премиерлигашот Манчестер Сити, а тоа значи дека како слободен играч ќе може да ја избере новата средина. Португалецот веќе најави дека ова важно прашање сака да го реши до почетокот на Светското првенство во САД, Мексико и Канада, меѓутоа дојде до промена на планот и офанзивецот ќе пресече по мундијалот. Силва отфрли една опција и посочи до кога кога ќе го реши прашањето за неговата иднина ...
Специјализираниот сајт за фудбалскиот пазар „Transfermarkt“ објави листа од десет играчи од англиската Премиер лига чии цени најмногу паднаа во текот на минатата сезона. Играчот чија пазарна цена најмногу падна е Дејан Кулушевски од Тотенхем. Шведскиот интернационалец вредеше 35 милиони евра на почетокот на сезоната, а сега само 17. Ова значи дека неговата цена е повеќе од двојно намалена. Неговото отсуство од теренот, како и лошите резултати ...
Во најновата епизода на спортскиот подкаст „ПРЕСИНГ“, гости две и тоа како незаборавни имиња од македонската кошарка во изминатите 20 години, Ненад Зивчевиќ и Тони Грнчаров. Еден од најистакнатите македонски кошаркари, Ненад Зивчевиќ, кој настапуваше и за неколку африкански клуба се потсети и на својата епизода во мароканскиот Хабаб Риф, каде умешно ги научи и газдите на клубот што значи тоа асистенција. „Сопствениците на клубот, двајца ...
Шпанскиот селектор на фудбалската репрезентација, Луис Де Ла Фуента, објави дека за утрешниот пријателски дуел кој неговиот состав ќе го одигра против соодтвената селекција на Ирак, нема да бидат достапни следните фудбалери. Ламин Јамал, Нико Вилијамс и Виктор Муњоз. Тоа се тројцата репрезентативци кои што се опоравуваат од повреди и нема да се појават на терен на стадионот Риазор во Ла Коруња каде што се игра дуелот. Од друга страна пак, ...
Маурисио Почетино, по завршувањето на Светското првенство, ќе стане нов тренер на Милан. Италијанските медиуми потврдија дека Почетино ги прифатил сите услови на Милан, постигнал прелиминарен договор според кој ќе го преземе тимот по Светското првенство со годишна плата од 5 милиони евра. Почетино испиша историја со Тотенхем, подоцна не се прослави со Пари Сен-Жермен и Челси, а потоа ја прифати понудата да стане селектор на САД. Негова главна ...
Пред нас е Светското првенство во САД, Канада и Мексико, турнир на кој еден од фаворитите за пехарот е Бразил, селекција која е предводена од искусниот и трофеен Карло Анчелоти. Бразилците од 2002 година се без мундијалска титула и нема да биде лесно да го освојат врвот, но имаат знаење, капацитет и квалитет за да бидат шампиони. Кафу многу добро знае како се освојуваат пехари, како се слави на најважната фудбалска сцена и дефинитивно им дава ...
Потрагата по тренер во Баер Леверкузен сè уште е во тек, а според германски Билд, еден од кандидатите што се понудил бил Алваро Арбелоа, но клубот наводно го одбил. Според Билд, поранешниот играч и тренер на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа, контактирал со челниците на Леверкузен со намера да го преземе тимот и да го направи следниот чекор во својата кариера, но спортскиот директор Симон Ролфес и извршниот директор Фернандо Каро одлучиле дека тој ...
Познатиот спортски новинар и кошаркарски коментатор – Един Авдиќ почина од срцев удар на 47-годишна возраст. Заштитното лице на спортот под обрачите, голем познавач на кошарката и човек на неисцрпна инспирација за сите што го следеа, почина од срцев удар во Белград. Дипломираше новинарство на Факултетот за политички науки во главниот град на Босна и Херцеговина, а пред кариерата како новинар, активно се занимаваше со кошарка во младинските ...
По пауза од 52 години, репрезентацијата на Хаити повторно ќе игра на Светско фудбалско првенство. Самото учество на завршницата е голем успех за Хаити, селекција која сигурно е една од најголемите аутсајдери на планетарниот собир. Сепак, токму во составот на Хаити се крие една необична приказна. Голман Жосуе Дуверже се најде на списокот од 26-мина фудбалери кои треба да бидат дел од Светското првенство во САД, Канада и Мексико и тоа е потврда ...
Со победата од 4:0 во дуелот против Пелистер, помладите пионери на Вардар го освоија трофејот во Купот на Македонија. Надежите на “црвено-црните” беа супериорни во мечот против Битолчани и сосема заслужено стигнаа до победа. Најзаслужен за триумфот беше напаѓачот Огнен Јаков кој три пати се запиша во листата на стрелците. Токму Јаков ја отвори серијата голови во 20. минута. Десет минути подоцна повторно го совлада противничкиот голман за ...
Тренерот на испаднатиот прволигаш Пелистер, Марјан Секуловски, на денешната прес-конференција изрази надеж дека ќе биде донесена одлука да не се намали првата лига, па така неговиот тим да не се пресели во втората лига. Битолската гордост заврши на место што водеше во бараж за пополнување на првата лига за наредната сезона, но во драматиучен меч загуби на пенали од арачиновска Шкендија 77, која беше трета во втората лига. Сепак, надежта кај ...
Неколку дена остануваат до стартот на Светското првенство, а на повидок е нов скандал по објавата на ирскиот новинар Јуан Мекена. Тој открива дека ФИФА масовно резервирала хотелски соби во Соединетите Држави, создавајќи вештачко чувство на недостиг и придонесувајќи за повисоки цени за навивачите. Во објава на социјалната мрежа „X“, Мекена напиша дека фудбалската организација резервирала значителен број хотелски соби во градовите домаќини на ...
Екипата на МРК Ѓорче Петров 2 е нов суперлигаш! Тимот од Скопје денес славеше во бараж-натпреварот против битолски ЖРК Пелистер (17-24) и го забележа најголемиот успех. Така, вториот тим на македонскиот шампион за првпат ќе се надигрува со најдобрите екипи во домашниот ракомет. Натпреварот во Радовиш не ја донесе очекуваната неизвесност, затоа што Ѓорче Петров 2 доминираше од првата до последната минута. Младите пелистерки не успеаја да го ...
Женската А репрезентација од денеска во Охрид ги почна подготовките за претстојните квалификациски натпревари за пласман на Светското првенство. За дуелите со Андора и Азербејџан, селекторот Александар Андов ги повика следните фудбалерки. ГОЛМАНКИ ОДБРАНА СРЕДЕН РЕД НАПАД Првиот натпревар против Андора го играме на петти јуни во Ла Вела со почеток од 19 часот и 30 минути додека четири дена подоцна во последното соочување во овој циклус, ...
Илија Абутовиќ и официјално ја заврши својата авантура во македонскиот ракомет, одличниот дефанзивец беше дел од шампионската генерација на Вардар во ЛШ, а во последните две сезони со успех ги бранеше и боите на Е. Пелистер, тим со кој стигна и до една титула во македонската Супер-лига. Битолчани веќе го испратија српскиот ветеран со пригоден подарок и аплауз од верните навивачи, а Абутовиќ (кој кариерата ја продолжува во Партизан под водство ...