Скопје
30ᴼ /
30ᴼ
Капитенот на Аргентина, Лионел Меси, го одработи првиот индивидуален тренинг по пристигнувањето на актуелниот светски првак во САД пред претстојното Светско првенство. Аргентинскиот капитен од 24 мај се мачи со мускулен замор на левата нога, но се очекува да биде подготвен за првиот натпревар на Аргентина на Светското првенство против Алжир на 16 јуни во Канзас Сити. „Играчите кои имаат проблеми со тегоби и повреди продолжуваат да работат со ...
Чешкиот тенисер Јакуб Меншик се пласираше во полуфиналето на Ролан Гарос, откако го совлада во четвртфиналето Бразилецот Жоао Фонсека со 6-4, 6-3, 7-6(3). За 20-годишниот Меншик ова е прво грен слем полуфинале во кариерата, во кое ќе се соочи со вториот носител Германецот Александар Зверев. Меншик целосно доминираше во првите два сета против Фонсека, а во третиот сет пропушти дури шест меч-топки на сервисот на Фонсека, но ја заврши работата ...
Куманово станува дел од една од најпрепознатливите фудбалски приказни во светот. Real Betis Academy, под покровителство на Fundación Real Betis Balompié — клуб со 115 годишна традиција и оваа сезона повторно учесник во УЕФА Лигата на шампионите — првпат пристигнува во Македонија. Од 19 до 21 јуни 2026, во MM SPORT Евент Центар во Куманово, ќе се одржи камп со кој започнува соработката меѓу Севиља и нашиот град. Но најважниот збор во оваа ...
Андони Ираола ќе биде новиот тренер на Ливерпул откако двете страни постигнале договор по интензивните преговори во изминатите денови. Според информациите на Фабрицио Романо, официјалното потпишување на договорот се очекува во следните неколку дена. Токму Романо прв ја објави веста за отказот на Арне Слот, по што од Ливерпул и официјално ја потврдија разделбата со холандскиот стратег. Андони Ираола ќе биде новиот тренер на Ливерпул откако ...
Дресот што го носеше еден од најдобрите фудбалери во светот, Бразилецот Пеле, во финалето на Мундијалот во 1958 година, ќе биде понуден на аукција во „Сотби“ од 29 јуни до 16 јули. Се проценува дека дресот би можел да достигне цена од над шест милиони долари. Пеле го носеше синиот дрес со кратки ракави во победата на Бразил од 5-2 над домаќинот Шведска во финалето на Светското првенство 1958 кое се одигра на стадионот „Расунда“ во близина на ...
Адем Мекиќ и неговите колеги од Задар забележаа убедлива победа над Цибона од 92:57 во вториот натпревар од финалната плејоф серија во Хрватска. Задар доживеа пораз на првото соочување и овој триумф му беше повеќе од потребен затоа што сега серијата се сели во Загреб. Домаќините покажаа сила, моќ, доминација, ги добија сите четири четвртини и воедно не му дозволија на ривалот во ниту еден од периодите за постигна 20 или повеќе кошеви. ...
Завршена е уште една сезона во кошаркарската Евролига и тоа со триумф на грчкиот претстваник Олимпијакос. Клубот од Пиреја беше најдобар тим во регуларниот дел, потоа го декласираше Монако во плејоф рундата за да на завршниот турнир во Атина преку Фенербахче и Реал Мадрид дојде до титулата. Од фајналфор турнирот ги имаме најдобрите моменти, брутална блокада на Хортон Такер, маестрална асистенција на Кампацо, топ забивање на МекКисик…изборот е ...
Ракометниот тренер Симе Симовски од наредната сезона ќе го преземе кормилото на ЖРК Спартак. Искусниот тренер, зад себе има богата кариера во македонскиот женски ракомет. Тој ќе биде нов предводник на тимот со цел остварување на високи амбиции во домашните натпреварувања. Во својата тренерска кариера Симовски има работено во повеќе клубови, а најголемите успеси ги оствари со ЖРК Ѓорче Петров, со кој освои повеќе шампионски титули и ...
Шпанскиот прволигаш Атлетико Мадрид е заинтересиран да ги засили своите редови со напаѓачот на Галатасарај, Виктор Осимен, поради неизвесноста околу иднината на Хулијан Алварез, кој се поврзува со трансфер во Барселона, објави вечерва весникот „АС“. Манчестер Јунајтед, Арсенал и ПСЖ се исто така заинтересирани за 27-годишниот нигериски репрезентативец. Осимен е во Галатасарај од летото 2025 година, изминатата сезона на 33 натпревари постигна ...
Реал Мадрид е блиску до потпишување договор со централниот дефанзивец Ибрахим Конате, кој на крајот на изминатата сезона го напушти Ливерпул. Информацијата денеска ја објави новинарот Николо Шира, наведувајќи оти 27-годишниот Французин ќе потпише договор до 2031 година. Платата на Конате ќе изнесува 10 милиони евра годишно. Мадридскиот весник „АС“ објави дека францускиот репрезентативец ќе потпише четиригодишен договор со Реал, со можност за ...
Поранешниот француски тенисер Жо-Вилфред Цонга е личност, која е пријатно да се види на секој турнир особено на Ролан Гарос. Француската публика сè уште чека триумф на домашен тенисер, а Цонга во два наврати беше полуфиналист на Ролан Гарос. Тој се осврна и на актуелните случувања на машкиот дел од турнирот и неочекуваниот пораз на Новак Ѓоковиќ од Жоао Фонсека. Ѓоковиќ и натаму е еден од најдобрите тенисери на светот, без разлика на годините ...
Премиерлигашот Ливерпул пред неколку дена по две сезони го отпушти менаџерот Арне Слот, откако холандскиот тренер во првата ја освои Премиер лига, а во втората екипата едвај избори пласман во Лигата на шампионите. Голема веројатност на менаџерската позиција е да биде назначен Андони Ираола. Од клубот веќе најавија заминување на Мохамед Салах, Енди Робертсон и Ибрахим Конате, а можни се заминувања на: Алисон Бекер, Куртис Џонс и Џо Гомез. Едно ...
Фудбалската асоцијација на Катар до Меѓународната фудбалска федерација го достави конечниот список на играчи од својата А селекција за Светското првенство во Сoeдинетите Американски Држави, Мексико и Канада (11 јуни - 19 јули). Во списокот на Катар има само играчи од домашни клубови или тимови од земји од регионот. Домаќинот на Светското првенство во 2022 година, првото вакво натпреварување организирано во зима, нема широка база ниту свои ...
Фудбалот уште еднаш покажа дека е многу повеќе од игра и резултат. Младиот фудбалер Давид Докмановиќ постигна гол и го посвети на 13-годишниот Аган Асани, кој трагично го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа на регионалниот пат Куманово – Скопје. По погодокот, Докмановиќ покажа маица со порака посветена на Аган и неговото семејство, испраќајќи силна порака за почит, пријателство и заедништво меѓу младите спортисти. Во разговор за Опен ...
ЖРК Атлетик продолжува да го гради тимот за следните сезони, откако левото крило Сандра Трпеска го продолжи договорот со клубот до 2028 година. Младата ракометарка, која важи за една од перспективните ракометни имиња во својата генерација, останува дел од тимот и во наредните сезони, што претставува значајна вест за клубот кој има јасна визија за долгорочен развој. Трпеска е родена на 19 септември 2007 година, а со ракомет започнала да се ...
ФИФА се соочува со жестоки критики од јавноста откако на својата платформа за препродажба на билети воведе модел на динамично формирање цени, по примерот на авиокомпаниите, објави „Тајм“. Контроверзниот систем доведе до тоа бараната цена за еден билет за финалето на Светското првенство да достигне неверојатни 11,5 милиони долари. Додека раководството на ФИФА го оправдува потегот како обид да се одговори на силниот секундарен пазар во САД, ...
Маркус Рашфорд ја мина натпреварувачката 2025/2026 како член на Барселона и тоа како позајмен играч од редовите на Манчестер Јунајтед. Напаѓачот имаше учинок од 14 гола и 14 асистенции во сите конкуренции и помогна клубот да освои два трофеи, но и покрај неговата желба голем знак прашалник е дали ќе продолжи на „Камп Ноу“. Каталонците имаат опција да го откупат за 30 милиони евра, меѓутоа засега нема таква најави и информациите кои се во тек ...
И тоа како се загрева атмосферата во пресрет на претседателските избори во Реал Мадрид. И дефинитивни Енрике Рикелме го нападна Флорентино Перез. Бизнисменот кој е сериозен противкандидат на “вечниот“ Дон Флорентино, тврид дека Перез рез ѝ помогнал финансиски на Барселона со импресивна сума од 400 милиони евра. „Флорентино Перез директно ѝ помогна на Барселона кога не беа во добра финансиска состојба, со 400 милиони евра“, изјави Рикелме за ...
Репрезентациите на Велс и Гана одиграа нерешено 1-1 во пријателски натпревар во Кардиф, во кој гостите беа на чекор до победа, но примија гол во самата завршница. Во првото полувреме Велс имаше целосна иницијатива и доминација во поседот на топката, создавајќи повеќе опасни ситуации, но не успеа да го отвори резултатот. Најблиску до гол беше преку Џејмс, кој двапати ја погоди рамката на голот. Гана, иако помалку конкретна, имаше одлична шанса ...
Ако може да му се верува на Фабрицио Романо и неговото познато „here we go“, Бенфика од следната сезона ќе има нов тренер. Со тоа, практично се потврдува дека Жозе Мурињо дефинитивно заминува во Реал Мадрид. Имено, италијанскиот новинар објави дека Марко Силва постигнал договор со клубот од Лисабон. Досегашниот менаџер на Фулам ќе потпише договор на 2+1 сезона. На тој начин, на клупата на „орлите“ и понатаму ќе седи домашен тренер. Силва кој ...
Водечките италијански клубови Рома и Интер подготвуваат размена на четворица играчи, објави „Газета дело спорт“. Миланскиот клуб покажува сериозен интерес за 25-годишниот француски играч за врска на Рома, Ману Коне, како и за 26-годишниот дефанзивец од Брегот на Слоновата Коска, Еван Н’Дика. Во спротивна насока, од Милано кон Рим, како дел од оваа зделка би можеле да заминат 27-годишниот бразилски дефанзивец на Интер, Карлос Аугусто, и ...
Мундијалската „треска“ е се поголема како што се ближи почетокот на СП 2026, па на спортските подкасти свои прогнози даваат и легенди што немаат врска со фудбалот. Така, Владе Дивац беше гостин и говореше за кошаркарски теми, но доби и прашање – да го открие својот фаворит за претстојниот мундијал. Легендарниот српски кошаркар обелодени дека според него, светски првак ќе стане – Бразил. „Ќе навивам за Босна. Ја изненадија Италија во ...
Убави вести за сите во селекцијата на Шпанија, како и за фновите во таа земја во пресрет на стартот на СП. Закрепнувањето на Ламине Јамал напредува многу добро, тврди весникот „Спорт“. Играчот веќе тренира нормално со своите соиграчи, следејќи го планот, а знаците се исклучително позитивни, според медицинскиот тим на репрезентацијата. Се очекува Ламине Јамал да биде достапен за првиот натпревар на Шпанија на Светското првенство во САД, ...
Дино Ѕоф е едно од најголемите, најлегендарните голмански имиња на сите времиња, ас кој беше незаменлив на голот на италијанската репрезентација со која беше европски, но и светски шампион. Тој и како селектор ги водеше „аѕурите“ до второто место на Европското првенство во 2000 година, поточно и тоа како знае како тежина има националниот дрес и какви резултати се бараат од Италија. Сега Италијанците се далеки од славните времиња, турнирот во ...
Пелистер неочекувано донесе голем шок за Битола откако на пенали го загуби баражот против Шкендија Арачиново и во следната сезона ќе се натпреварува во второлигашка конкуренција. Навивачката група Чкембари објави соопштение преку кое побара детали од многу договори кои биле направени во клубот, посебно околу засилувањата. „По неколку (не)преспиени ноќи, по безброј направени кавги меѓу нас навивачите а и меѓу целиот град каде е вината за овај ...
Европската ракометна федерација соопшти дека започна официјална истрага за наводни расистички навреди упатени кон ракометарот на унгарска Татабања, Баптист Даматрен, за време на реванш финалето од ЕХФ Европскиот куп одиграно во Охрид, пренесува „24ракомет“. Во ниту еден момент немаше никакви навреди од трибините кон ракометарот, а тоа може да го потврдат сите што беа во СРЦ „Билјанини Извори“. Веројатно поучени од минатата сезона, кога на ...
Легендарниот шпански тенисер, Рафаел Надал, во новиот документарец откри интересен детаљ од еден од најпознатите моменти надвор од тениските терени – снимањето на спотот за песната „Gypsy“ со Шакира. Станува збор за 2010 година, период во кој шпанскиот тенисер ја имаше една од најдоминантните сезони во кариерата. Надал тогаш ги освои Ролан Гарос, Вимблдон и САД опен. Паралелно со успесите на теренот, неговата популарност вртоглаво растеше, а ...
Квича Квараскелија е еден од најдобрите фудбалери на планетата и, според многумина, прв фаворит за освојување на Златната топка. Со Пари Сен Жермен ја освои втората последователна титула во Лигата на шампионите по победата против Арсенал во Будимпешта. По тој успех, тој одби да одговори на прашање на руски јазик. Грузискиот фудбалер даваше изјава по неговиот неверојатен успех и му беше поставено прашање на руски јазик. „Квича, можеме ли да ...
Најголемото фудбалско шоу на планетата само што не започнало, а еуфоријата веќе го достигнува својот врв. Најдобрите светски репрезентации ги спакуваа куферите и ги започнаа своите патувања кон Северна Америка за претстојното Светско првенство. Самиот чин на заминување на селекциите донесе неверојатни сцени, традиционални ритуали и вистинско лудило на аеродромите ширум светот, докажувајќи дека мундијалското лудило може да започне. Водно ...
Ракометарите на Веспрем ја освоија шампионската титула во Унгарија, откако со 2-0 во финалната серија го совладаа големиот ривал ПИК Сегед. Во вториот натпревар, одигран на гостински терен, Веспрем славеше со 34-36 и ја завери јубилејната триесетта титула. Иако домаќинот имаше одличен старт и во првото полувреме водеше и со пет гола разлика (17-12), тимот на Веспрем не се предаде. До паузата успеа да ја намали негативата, а во вториот дел ...