Скопје
30ᴼ /
30ᴼ
Експедицијата на фудбалската репрезентација на Македонија која што се обидува да се врати денеска од гостувањето кај Турција од Истанбул, во Скопје би требало да пристигне околу 20:00 вечерва. Тоа е последната информација од Истанбул, каде што нашиот национален тим денеска заглави поради неисправност на чартер авионот попладнево. Експедицијата веќе еднаш полета од Истанбул, но поради технички проблеми со леталото, истото се врати повторно на ...
Она што веќе подолго време се шпекулираше во кулоарите на англискиот фудбал, денеска доби и официјална потврда. Португалскиот стручњак Марко Силва донесе одлука да ја напушти менаџерската функција во Фулам по цели пет години поминати на „Крејвен Котиџ“. Како што пренесуваат угледните британски медиуми, предводени од Би-Би-Си Спорт, Силва одбил да го обнови договорот кој му истекува овој месец, со цел да се врати во татковината каде го очекува ...
Украинската тенисерка Марта Костјук обезбеди пласман во полуфиналето на Ролан Гарос, откако во четвртфиналниот дуел во Париз ја совлада својата сонародничка Елина Свитолина со 6:3, 2:6, 6:2. Натпреварот траеше еден час и 49 минути, а Костјук покажа поголема концентрација во решавачкиот сет и заслужено стигна до место меѓу четирите најдобри тенисерки на турнирот. Во борбата за финале, Украинката ќе се соочи со младата руска тенисерка Мира ...
Ибрахима Конате неочекувано ја заврши соработката со Ливерпул или поточно двете страни не пронајдоа заеднички јазик за продолжување на соработката иако тоа беше најавено во месец април. Французинот го напушти англискиот премиерлигаш како слободен фудбалер, а она што на финансиски план не го доби од Ливерпул по се изгледа ќе го заработи во шпанскиот великан Реал Мадрид. Информациите кои ги сподели италијанскиот новинар Фабрицио Романо велат ...
Горан Закариќ од Вардар е играчот на сезоната за 2025/26 според “СпортСпорт“. Не дека мора од шампионот да доаѓа најдобриот, туку и дека офанзивиот играч за врска на Вардар едноставно го заслужи тоа со своите игри, 11-те постигнати голови во шампионатот. Јасно им е на сите дека тој беше “командантот“ во играта на тимот кој по пауза од шест години повторно си ја врати титулата. Покрај него во тимот на сезоната од Вардар се Матиќ, Јанкулов, ...
Веќе нема никаква дилема, Ибон Наваро ќе биде предводник на Црвена Звезда од летово откако управата на српскиот евролигаш го избра токму Шпанецот за наследник на Саша Обрадовиќ. Наваро имаше успешни четири години како предводник на Уникаха, период во кој освои дури седум трофеи, но овој стратег неодамна обелодени дека го напушта клубот од Малага во потрага по нов предизвик во кариерата. Tој беше поврзуван и со Барселона по заминувањето на ...
Раководството на Црвена Звезда е на чекор до ангажман на нов тренер по разочарувачкиот финиш на сезоната 2025/26. Според информациите од „Меридиан Спорт“, белградскиот клуб постигнал договор со шпанскиот стратег Ибон Наваро, кој треба да ја преземе тренерската функција во наредниот период. Педесетгодишниот Наваро зад себе има исклучително успешен период на клупата на Уникаха Малага, каде што работеше во изминатите четири сезони и изгради еден ...
Селекторот на женската сениорска репрезентација на Македонија, Милош Гавриловиќ го дефинираше списокот од 14 репрезентативки кои ќе го понесат товарот на првите два турнири од годинешното издание во Европската лига, кои истовремено се и дел од циклусот за квалификации за Европското првенство во 2028 година. Во последниот пресек селекторот им се заблагодари на интернационалката Добрина Хаџи Тосева и на младата 16-годишна Андреа Митиќ, на кои ...
Бенфика е подготвена за заминувањето на Жозе Мурињо во Реал Мадрид, па откако стана јасно дека „специјалниот“ ќе се врати на „Сантијаго Бернабеу“ челниците на португалскиот гигант ја почнаа потрагата по негов наследник. Таа потрага конечно финишираше денеска, откакоо беа договорени сите услови со Марко Силва, португалскиот стратег кој по 11 години ќе се врати назад во татковината. Силва во 2015 година го напушти Спортинг Лисабон за да се ...
Импозантната статуа на аргентинската фудбалска ѕвезда Лионел Меси, висока дури 20 метри, е отстранета од индискиот град Калкута откако стручни лица утврдиле дека претставува безбедносен ризик. Споменикот, поставен во декември минатата година во индиската сојузна држава Западен Бенгал, привлече големо внимание во јавноста како дел од проектот „Најголем на сите времиња“, посветен на Aргентинецот. Проблемите се појавиле кон крајот на мај, кога ...
Некои натпревари носат победи. Некои трофеи носат слава. Но има и такви моменти што стануваат дел од колективната меморија на еден град. Токму таква е приказната што охридската продукција Digital Box ја преточи во емотивно видео посветено на историскиот триумф на ГРК Охрид во ЕХФ Европскиот куп. Низ внимателно избрани кадри, силни емоции и автентична атмосфера, видеото ја доловува вечерта кога Охрид ја освои првата европска титула. На ...
Како замена за Винченцо Италијано, тимот на Болоња, за нов тренер го постави 40.годишниот Доменико Тедеско. Тој потпиша договор денеска кој што е со траење до 2028 година, и од него се очекува секако да биде на минимум нивото на кое што беше неговиот претходник. Тедеско неодамна беше на чело на турскиот тим Фенербахче. Претходно беше селектор на Белгија, тренер на РБ Лајпциг, Спартак Москва, Шалке и Ауе. Domenico Tedesco è il nuovo ...
Пред почетокот на Светското првенство, првиот човек на судиската организација на ФИФА, Пјерлуиџи Колина, воведе низа нови насоки со цел да се намали губењето време и да се забрза темпото на игра. Иако не станува збор за радикални промени во правилата, новитетите носат построги казни за одолговлекување, поголеми овластувања за ВАР системот и поостар пристап кон недисциплината на теренот. Играчите, тренерите и судиите ќе мора внимателно да се ...
Италијанскиот тенисер Флавио Коболи на интересен начин ја прослави победата над Закари Свајда во осминафиналето на Ролан Гарос. Коболи славеше со 3-1 во сетови, иако во четвртиот сет испушти два брејка предност пред да триумфира по тај-брејк. По мечот призна дека имал тешки моменти на теренот. Единственото нешто што го научив денес е дека мечот никогаш не завршува. За малку се посрав в гаќи, се пошегува Италијанецот. Во борбата за полуфинале ...
Фудбалската економија денес оди далеку надвор од границите на спортот, а најплатените играчи во светот комбинираат клупски договори, бонуси и глобални маркетиншки партнерства што им носат вртоглави приходи. Листата на десетте најплатени покажува како фудбалот стана глобална индустрија со висок профит. Кристијано Роналдо е убедливо на листата на десетте највредни играчи на Светското првенство, не е изненадување што Меси е втор, а Нејмар трет, ...
Австриската репрезентација се подготвува за настап на СП 2026, но селекторот Ралф Рангник на овој турнир нема да смета на еден од своите најважни играчи. Кристоф Баумгартнер заработил повреда на вчерашниот пријателски натпревар со Тунис и поради тоа нема да биде подготвен за мундијалскиот турнир во САД, Канада и Мексико. Зад Баумгартнер е веројатно најдобрата сезона во неговата кариера, постигна 17 голови и испорача 8 асистенции во дресот на ...
Македонската фудбалска експедиција се очекува вечерва да се врати од гостувањето во Истанбул. Нашата репрезентација синоќа загуби со 4:0 во контролен меч од Турција, а денеска попладнево требаше да се врати во Скопје. Сепак, поради технички проблеми со авионот со кој требаше да патуваат, непосредно по полетувањето од аеродромот во Истанбул, авионот бил принуден да се врати и повторно да следа од местото од каде што тргна 20-тина минути ...
Лошо ѝ се пишува на Македонија во претстојната Лига на нациите (ЛН) што стартува во септември, ако продолжи со јаловите изданија што ја „красат“ во последниве месеци. Со новиот селектор Гоце Седлоски на кормилото, „рисовите“ одиграа четири меча без победа, а во тие дуели не постигнаа ниеден гол. Последниов меч, пријателскиот дуел кај Турција, заврши со тежок пораз на „рисовите“ (4-0), со крајно неубедлива игра и речиси без шут кон голот. ...
Се што градеа Игор Ангеловски и Благоја Милевски речиси една деценија, Гоце Седлоски успеа да го урне за само четири натпревари. Звучи сурово, но така изгледа Македонија денес на теренот. По осамостојувањето сменивме многу селектори и низ репрезентацијата поминаа стотици фудбалери. Имаше по некој голем резултат и по некој блесок, но немаше игра, немаше систем и немаше препознатливост. Тоа почна да се менува со доаѓањето на Игор Ангеловски. ...
Македонската фудбалска репрезентација сѐ уште е на Новиот аеродром „Истанбул“ каде чека да полета за Скопје. Причина за прекинувањето на првиот лет е дефект на сензорот за брзина. Авионот полета и по 15-ина минути беше принуден да се врати. Пилотот објасни дека не можел да продолжи кон Скопје бидејќи нашиот најголем аеродром не располага со соодветна опрема со која контролната кула би можела да го води авионот кон безбедно слетување. Затоа се ...
Светското првенство во 2026 година е пред самата врата, а со објавувањето на официјалните состави на репрезентациите, фудбалските фанатици веднаш почнаа да ја анализираат статистиката зад најголемиот спортски настан на планетата. Корисникот kdavva74 на социјалната мрежа Редит објави исклучително интересна и детална инфографика која открива кои клубови и лиги испраќаат најмногу фудбалери на претстојниот Мундијал, а податоците содржат неколку ...
На 6 и 7 јуни, на падел терените лоцирани кај СЦ „Јане Сандански“, ќе се одржи третото издание на „Party & Padel“, кој воедно важи и за првиот падел турнир организиран во Македонија. Настанот ќе започне во 11 часот со загревање организирано од Реформер студио, додека падел натпреварите стартуваат во 12 часот. Оваа година учество ќе земат 24 екипи кои ќе се натпреваруваат за награден фонд од 40.000 денари, од кои 25.000 денари се наменети ...
Масимилијано Алегри, кој е главен фаворит за преземање на тренерското место во Наполи, како и сите модерни тренери, е луд по разновидни играчи кои се жртвуваат за тимот без никогаш да отворат уста или да предизвикаат контроверзии, по играчи кои знаат како да се прилагодат на сите ситуации во играта, ставил до знаење дека е луд по Елиф Елмас. Неодамна се шпекулираше дека ако Алегри дојде во Наполи, ќе го донесе и Адриен Рабио од Милан, а тоа ...
Добредојдовте во второто издание на нашиот секојдневен мундијалски преглед. Одбројувањето продолжува – остануваат уште точно 9 дена до историскиот старт на Светското првенство на 11 јуни во Мексико Сити. Зад нас се изминатите 24 часа исполнети со огромна тензија во репрезентативните кампови и радикални одлуки од Цирих. Еве кои се топ-темите кои го одбележаа денешниот ден во светот на фудбалот: ФИФА ги затвора списоците! Денеска, вторник (2 ...
Големи проблеми за репрезентацијата на Швајцарија, поточно за Брил Емболо. Екипажот на швајцарците веќе го мина Атлантикот и се подготвува за Мундијалот, но не и Емболо, за кого САД прави проблеми за влез во оваа држава. Швајцарските медиуми пренесуваат дека се пронајдени аномалии во документацијата на Емболо, а истите се поврзани со наводен инцидент од 2018 година. Во моментов не се објавени дополнителни детали за случајот, но ситуацијата ...
И покрај катастрофалната серија од два месеца без победа, Гент успеа да обезбеди место во квалификациите за Конференциската лига. Во одлучувачкиот натпревар за пласман во Европа, Гент по изведување пенали го совлада Генк со 5:4, откако по 120 минути игра резултатот беше 1:1. Бидејќи во регуларниот дел немаше голови, победникот се бараше во продолженијата. Генк поведе во 95-тата минута преку Мирисола, но во самиот финиш Влигер реализира пенал ...
Најдобрите македонски одбојкари со 3:0 (28:26, 25:20, 31:29) загубија од Црна Гора во вториот пријателски натпревар во Подгорица. Репрезентациите одиграа неизвесен натпревар полн со пресврти во кој домаќинот се радуваше на крајот. Како и на вчерашниот тренинг натпревар, така и денеска селекторот Јошко Миленкоски им даде шанса на сите одбојкари кои ги имаше на располагање. Репрезентацијата утре се враќа дома. Женската репрезентација на ...
Како би изгледала Југославија на Светското првенство во 2026 година? Тим што би можел да се бори за самиот врв. Иако Југославија одамна не постои на фудбалската карта, љубителите на спортот често се прашуваат каква репрезентација би имала оваа земја доколку и денес беше обединета. Анализите направени во пресрет на Светското првенство од страна на „Give me sport“ покажуваат дека селекцијата составена од најдобрите играчи од државите ...
Лошите вести продолжуваат да пристигнуваат една по друга за легендите на Ливерпул. Само еден ден откако Кевин Киган објави дека се соочува со рак, уште една легенда на Ливерпул објави дека се соочува со оваа болест. Легендарниот поранешен фудбалер на Ливерпул, Селтик и шкотската репрезентација откри дека веќе е на терапија поради тешката болест. Еден од симболите на Ливерпул информацијата првично ја објавил по грешка на социјалните мрежи, по ...
Фудбалската јавност на „островот“ е во шок откако легендарниот Кени Далглиш објави дека оди на терапии за лечење од канцер. Откако вчера Кевин Киген шокираше со објавата дека има канцер во четврти стадиум, денеска и Далглиш се јави со загрижувачка објава, потврдувајќи дека ја води најважната битка. Далглиш информацијата најпрвин случајно ја објави преку пост на својот профил на социјалните мрежи, потоа истиот го избриша, па се јави со ...