Скопје
24ᴼ /
24ᴼ
Ракометниот клуб Младост од Богданци ја оствари големата цел и обезбеди враќање во македонската Супер лига, откако во бараж натпреварот во Бутел славеше над Струга со 25:22. Со овој триумф, Богданци повторно ќе биде дел од елитното ракометно друштво, додека стружани се селат во Првата ракометна лига. Во натпревар кој го носеше епитетот „меч на сезоната“, секој погодок имаше огромна тежина, а секоја грешка можеше скапо да чини. По израмнетиот ...
Искусниот Бернардо Силва одлучи да си замине од премиерлигашот Манчестер Сити, а тоа значи дека како слободен играч ќе може да ја избере новата средина. Португалецот веќе најави дека ова важно прашање сака да го реши до почетокот на Светското првенство во САД, Мексико и Канада, меѓутоа дојде до промена на планот и офанзивецот ќе пресече по мундијалот. Силва отфрли една опција и посочи до кога кога ќе го реши прашањето за неговата иднина ...
Специјализираниот сајт за фудбалскиот пазар „Transfermarkt“ објави листа од десет играчи од англиската Премиер лига чии цени најмногу паднаа во текот на минатата сезона. Играчот чија пазарна цена најмногу падна е Дејан Кулушевски од Тотенхем. Шведскиот интернационалец вредеше 35 милиони евра на почетокот на сезоната, а сега само 17. Ова значи дека неговата цена е повеќе од двојно намалена. Неговото отсуство од теренот, како и лошите резултати ...
Во најновата епизода на спортскиот подкаст „ПРЕСИНГ“, гости две и тоа како незаборавни имиња од македонската кошарка во изминатите 20 години, Ненад Зивчевиќ и Тони Грнчаров. Еден од најистакнатите македонски кошаркари, Ненад Зивчевиќ, кој настапуваше и за неколку африкански клуба се потсети и на својата епизода во мароканскиот Хабаб Риф, каде умешно ги научи и газдите на клубот што значи тоа асистенција. „Сопствениците на клубот, двајца ...
Шпанскиот селектор на фудбалската репрезентација, Луис Де Ла Фуента, објави дека за утрешниот пријателски дуел кој неговиот состав ќе го одигра против соодтвената селекција на Ирак, нема да бидат достапни следните фудбалери. Ламин Јамал, Нико Вилијамс и Виктор Муњоз. Тоа се тројцата репрезентативци кои што се опоравуваат од повреди и нема да се појават на терен на стадионот Риазор во Ла Коруња каде што се игра дуелот. Од друга страна пак, ...
Маурисио Почетино, по завршувањето на Светското првенство, ќе стане нов тренер на Милан. Италијанските медиуми потврдија дека Почетино ги прифатил сите услови на Милан, постигнал прелиминарен договор според кој ќе го преземе тимот по Светското првенство со годишна плата од 5 милиони евра. Почетино испиша историја со Тотенхем, подоцна не се прослави со Пари Сен-Жермен и Челси, а потоа ја прифати понудата да стане селектор на САД. Негова главна ...
Пред нас е Светското првенство во САД, Канада и Мексико, турнир на кој еден од фаворитите за пехарот е Бразил, селекција која е предводена од искусниот и трофеен Карло Анчелоти. Бразилците од 2002 година се без мундијалска титула и нема да биде лесно да го освојат врвот, но имаат знаење, капацитет и квалитет за да бидат шампиони. Кафу многу добро знае како се освојуваат пехари, како се слави на најважната фудбалска сцена и дефинитивно им дава ...
Потрагата по тренер во Баер Леверкузен сè уште е во тек, а според германски Билд, еден од кандидатите што се понудил бил Алваро Арбелоа, но клубот наводно го одбил. Според Билд, поранешниот играч и тренер на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа, контактирал со челниците на Леверкузен со намера да го преземе тимот и да го направи следниот чекор во својата кариера, но спортскиот директор Симон Ролфес и извршниот директор Фернандо Каро одлучиле дека тој ...
Познатиот спортски новинар и кошаркарски коментатор – Един Авдиќ почина од срцев удар на 47-годишна возраст. Заштитното лице на спортот под обрачите, голем познавач на кошарката и човек на неисцрпна инспирација за сите што го следеа, почина од срцев удар во Белград. Дипломираше новинарство на Факултетот за политички науки во главниот град на Босна и Херцеговина, а пред кариерата како новинар, активно се занимаваше со кошарка во младинските ...
По пауза од 52 години, репрезентацијата на Хаити повторно ќе игра на Светско фудбалско првенство. Самото учество на завршницата е голем успех за Хаити, селекција која сигурно е една од најголемите аутсајдери на планетарниот собир. Сепак, токму во составот на Хаити се крие една необична приказна. Голман Жосуе Дуверже се најде на списокот од 26-мина фудбалери кои треба да бидат дел од Светското првенство во САД, Канада и Мексико и тоа е потврда ...
Со победата од 4:0 во дуелот против Пелистер, помладите пионери на Вардар го освоија трофејот во Купот на Македонија. Надежите на “црвено-црните” беа супериорни во мечот против Битолчани и сосема заслужено стигнаа до победа. Најзаслужен за триумфот беше напаѓачот Огнен Јаков кој три пати се запиша во листата на стрелците. Токму Јаков ја отвори серијата голови во 20. минута. Десет минути подоцна повторно го совлада противничкиот голман за ...
Тренерот на испаднатиот прволигаш Пелистер, Марјан Секуловски, на денешната прес-конференција изрази надеж дека ќе биде донесена одлука да не се намали првата лига, па така неговиот тим да не се пресели во втората лига. Битолската гордост заврши на место што водеше во бараж за пополнување на првата лига за наредната сезона, но во драматиучен меч загуби на пенали од арачиновска Шкендија 77, која беше трета во втората лига. Сепак, надежта кај ...
Неколку дена остануваат до стартот на Светското првенство, а на повидок е нов скандал по објавата на ирскиот новинар Јуан Мекена. Тој открива дека ФИФА масовно резервирала хотелски соби во Соединетите Држави, создавајќи вештачко чувство на недостиг и придонесувајќи за повисоки цени за навивачите. Во објава на социјалната мрежа „X“, Мекена напиша дека фудбалската организација резервирала значителен број хотелски соби во градовите домаќини на ...
Екипата на МРК Ѓорче Петров 2 е нов суперлигаш! Тимот од Скопје денес славеше во бараж-натпреварот против битолски ЖРК Пелистер (17-24) и го забележа најголемиот успех. Така, вториот тим на македонскиот шампион за првпат ќе се надигрува со најдобрите екипи во домашниот ракомет. Натпреварот во Радовиш не ја донесе очекуваната неизвесност, затоа што Ѓорче Петров 2 доминираше од првата до последната минута. Младите пелистерки не успеаја да го ...
Женската А репрезентација од денеска во Охрид ги почна подготовките за претстојните квалификациски натпревари за пласман на Светското првенство. За дуелите со Андора и Азербејџан, селекторот Александар Андов ги повика следните фудбалерки. ГОЛМАНКИ ОДБРАНА СРЕДЕН РЕД НАПАД Првиот натпревар против Андора го играме на петти јуни во Ла Вела со почеток од 19 часот и 30 минути додека четири дена подоцна во последното соочување во овој циклус, ...
Илија Абутовиќ и официјално ја заврши својата авантура во македонскиот ракомет, одличниот дефанзивец беше дел од шампионската генерација на Вардар во ЛШ, а во последните две сезони со успех ги бранеше и боите на Е. Пелистер, тим со кој стигна и до една титула во македонската Супер-лига. Битолчани веќе го испратија српскиот ветеран со пригоден подарок и аплауз од верните навивачи, а Абутовиќ (кој кариерата ја продолжува во Партизан под водство ...
Женската фудбалска А репрезентација на Македонија од денеска во Охрид ги почна подготовките за претстојните квалификациски натпревари за пласман на Светското првенство. За дуелите со Андора и Азербејџан, селекторот Александар Андов ги повика следните фудбалерки: ГОЛМАНКИ Евгенија Вељановска (ЖФК Скопје) Викторија Панчурува (ЖФК Тиверија-Брера ОДБРАНА Слаѓана Ѓоргиева (ЖФК Тиверија-Брера) Данче Карпузовска (ЖФК Тиверија-Брера) Павлинка ...
Кулминацијата на НБА-сезоната се сведува само на две екипи. Сан Антонио како најдобар тим во Западната конференција и Њујорк како број 1 на Истокот од вечерва ја започнуваат клучната „војна“ за шампионскиот пехар во најсилната кошаркарска лига во светот. Сан Антонио ја има предноста на домашниот терен и вечерва ќе игра пред своите навивачи. Сепак, Њујорк е тимот кој игра неверојатно во плејофот сезонава и нареди неверојатни 11 победи по ред. ...
Се чини дека Јошко Гвардиол стана главна трансфер цел на Реал Мадрид во летниот преоден рок, бидејќи “кралевите“ прават целосна реконструкција на последната линија на тимот! Во шпанската престолнина активно работат на зајакнување на одбраната, сето тоа по експлицитно барање на идниот тренер Жозе Мурињо, чие враќање на “Сантијаго Бернабеу“ ја менува целата слика за европскиот фудбал. Како што тврди почитуваниот новинар Алберто Переиро за ...
СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО во фудбал ќе се одржи од 11 јуни до 19 јули во Канада, Соединетите Американски Држави и Мексико. Тоа ќе биде најголемото Светско првенство во историјата. Ќе има 48 репрезентации, поделени во 12 групи од по четири, од кои најдобрите две и осумте најдобри третопласирани екипи од сите групи ќе влезат во осминафиналето. Американските медиуми често прават ранг-листи во нивните главни спортови: американски фудбал, кошарка, ...
Флоријан Вирц дефинитивно ќе остане во Ливерпул и наредната сезона, како еден од главните играчи под водство на новиот тренер Ираола. Чаби Алонсо дојде на клупата на Челси и шпанскиот стратег како главна желба за овој преоден рок го посочи токму својот миленик од времето минато во Баер Леверкузен. Челси беше подготвен да плати и над 100 милиони фунти, сумата што Ливерпул ја потроши за Вирц минатото лето, но од „Енфилд“ приситигна јасна порака ...
Светската фудбалска федерација ФИФА воведува нова генерација полуавтоматски офсајд технологија која ќе биде користена на СП 2026 во САД, Канада и Мексико. Новата технологија ќе овозможи носење побрза одлука, а помошните судии нема да мораа да го чекаат крајот на акцијата за да сигнализираат офсајд. Доколку играчот биде повеќе од 10 сантиметри во недозволена позиција, помошниот судија со аудио сигнал во реално време ќе добива информација. ...
Левиот бек на Баерн Минхен и најголема ѕвезда во составот на репрезентацијата на Канада, Алфонсо Дејвис, објави дека нема да биде подготвен за настап на првиот меч од Светското првенство кое ќе започне за само осум дена. Канада е една од земјите домаќини на Мундијалот заедно со САД и Мексико. „Нема шанса да бидат дел од првиот меч на турнирот“, рече саиот Дејвис. Играчот од кого многу зависи играта на Канада сè уште се опоравува од повредата ...
УЕФА, според информации од повеќе странски медиуми, одлучила да го промени правилото за домаќинство во финалињата на дополнителните квалификации за големите репрезентативни натпреварувања. Досега, домаќинот на финалниот натпревар од плејофот се одредуваше со ждрепка, што значеше дека и репрезентации од првиот шешир можеа решавачкиот меч да го играат на гости. Според новиот модел, репрезентациите од првиот шешир треба да имаат загарантирано ...
Реал Мадрид го договори трансферот на Дензел Дамфрис од Интер, а управата на италијанскиот шампион тргна во офанзива за холандскиот десен бек да го замени токму со играч од „кралскиот клуб“. Дани Карвахал е фудбалерот што е поврзуван со преселба на „Џузепе Меаца“, одличниот десен бек си замина како слободен играч од Реал, а Интер веќе испратил понуда за да го доведе во своите редови. Киву и клупските директори сметаат дека Карвахал се ште е ...
Ханси Флик ја потврди својата апсолутна доминација во шпанскиот фудбал, откако официјално беше прогласен за најдобар тренер во Ла Лига за сезоната 2025/2026. Ова е втора година по ред како германскиот стратег го подигнува ова престижно признание, откако го освои истото лауреатско место и по завршувањето на неговата дебитантска сезона на клупата. Под негово водство, екипата на Барселона одигра уште една спектакуларна сезона во која успешно ја ...
Од 6 до 15 ноември 2026 година, Скопје и нашата земја ќе бидат домаќини на ВАКО Европското првенство за сениори, ветерани и паракикбокс, кое ќе се одржи во спортскиот центар „Јане Сандански“. Ова престижно натпреварување претставува најзначајниот кикбокс настан во нашата држава годинава. Доделувањето на организацијата на нашата држава претставува големо признание за македонскиот спорт, за работата на Кикбокс Маитаи федерацијата на Македонија ...
Првата светска тенисерка, Арина Сабаленка, се огласи по шокантниот пораз во четвртфиналето на Ролан Гарос, каде беше елиминирана од Дијана Шнајдер. Сабаленка доживеа исклучително непријатен пораз и се доведе во незавидна ситуација откако имаше сервис за победа, но потоа следуваше огромен пад во концентрацијата. „Немам мисли, немам емоции. Сакам да се повлечам од тенисот. Се надевам дека ментално ќе се вратам на вистинскиот пат. Имав одлична ...
Поранешниот тренер на МЗТ Скопје и Пелистер, Дарко Радуловиќ, ќе ја продолжи авантурата во Полска откако денеска потпиша нов договор со екипата на Старогард Гдањск. Станува збор за тим што се натпреварува во втората полска лига, Радуловиќ успеа да го извлече максимумот и се пласираше во полуфиналето од плејофот, но македонскиот стратег немаше среќа во клучните битки, останувајќи без шанса за влез во елитното друуштво. Сепак, управата на ...
Страшна вест ја потресе спортската јавност во регионот откако „Спортклуб“ прв објави – денеска во Сараево на 47-годишна возраст почина Един Авдиќ. Како што информираат од „Спортклуб“, трагичната вест е потврдена од повеќе различни извори, притоа не наведувајќи детали околу големата трагедија. Авдиќ беше еден од најпознатите спортски новинари на просторите на поранешна Југославија, исклучителен коментатор и колумнист, специјализиран за ...