Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Илија Абутовиќ и официјално ја заврши својата авантура во македонскиот ракомет, одличниот дефанзивец беше дел од шампионската генерација на Вардар во ЛШ, а во последните две сезони со успех ги бранеше и боите на Е. Пелистер, тим со кој стигна и до една титула во македонската Супер-лига. Битолчани веќе го испратија српскиот ветеран со пригоден подарок и аплауз од верните навивачи, а Абутовиќ (кој кариерата ја продолжува во Партизан под водство ...
Женската фудбалска А репрезентација на Македонија од денеска во Охрид ги почна подготовките за претстојните квалификациски натпревари за пласман на Светското првенство. За дуелите со Андора и Азербејџан, селекторот Александар Андов ги повика следните фудбалерки: ГОЛМАНКИ Евгенија Вељановска (ЖФК Скопје) Викторија Панчурува (ЖФК Тиверија-Брера ОДБРАНА Слаѓана Ѓоргиева (ЖФК Тиверија-Брера) Данче Карпузовска (ЖФК Тиверија-Брера) Павлинка ...
Кулминацијата на НБА-сезоната се сведува само на две екипи. Сан Антонио како најдобар тим во Западната конференција и Њујорк како број 1 на Истокот од вечерва ја започнуваат клучната „војна“ за шампионскиот пехар во најсилната кошаркарска лига во светот. Сан Антонио ја има предноста на домашниот терен и вечерва ќе игра пред своите навивачи. Сепак, Њујорк е тимот кој игра неверојатно во плејофот сезонава и нареди неверојатни 11 победи по ред. ...
Се чини дека Јошко Гвардиол стана главна трансфер цел на Реал Мадрид во летниот преоден рок, бидејќи “кралевите“ прават целосна реконструкција на последната линија на тимот! Во шпанската престолнина активно работат на зајакнување на одбраната, сето тоа по експлицитно барање на идниот тренер Жозе Мурињо, чие враќање на “Сантијаго Бернабеу“ ја менува целата слика за европскиот фудбал. Како што тврди почитуваниот новинар Алберто Переиро за ...
СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО во фудбал ќе се одржи од 11 јуни до 19 јули во Канада, Соединетите Американски Држави и Мексико. Тоа ќе биде најголемото Светско првенство во историјата. Ќе има 48 репрезентации, поделени во 12 групи од по четири, од кои најдобрите две и осумте најдобри третопласирани екипи од сите групи ќе влезат во осминафиналето. Американските медиуми често прават ранг-листи во нивните главни спортови: американски фудбал, кошарка, ...
Флоријан Вирц дефинитивно ќе остане во Ливерпул и наредната сезона, како еден од главните играчи под водство на новиот тренер Ираола. Чаби Алонсо дојде на клупата на Челси и шпанскиот стратег како главна желба за овој преоден рок го посочи токму својот миленик од времето минато во Баер Леверкузен. Челси беше подготвен да плати и над 100 милиони фунти, сумата што Ливерпул ја потроши за Вирц минатото лето, но од „Енфилд“ приситигна јасна порака ...
Светската фудбалска федерација ФИФА воведува нова генерација полуавтоматски офсајд технологија која ќе биде користена на СП 2026 во САД, Канада и Мексико. Новата технологија ќе овозможи носење побрза одлука, а помошните судии нема да мораа да го чекаат крајот на акцијата за да сигнализираат офсајд. Доколку играчот биде повеќе од 10 сантиметри во недозволена позиција, помошниот судија со аудио сигнал во реално време ќе добива информација. ...
Левиот бек на Баерн Минхен и најголема ѕвезда во составот на репрезентацијата на Канада, Алфонсо Дејвис, објави дека нема да биде подготвен за настап на првиот меч од Светското првенство кое ќе започне за само осум дена. Канада е една од земјите домаќини на Мундијалот заедно со САД и Мексико. „Нема шанса да бидат дел од првиот меч на турнирот“, рече саиот Дејвис. Играчот од кого многу зависи играта на Канада сè уште се опоравува од повредата ...
УЕФА, според информации од повеќе странски медиуми, одлучила да го промени правилото за домаќинство во финалињата на дополнителните квалификации за големите репрезентативни натпреварувања. Досега, домаќинот на финалниот натпревар од плејофот се одредуваше со ждрепка, што значеше дека и репрезентации од првиот шешир можеа решавачкиот меч да го играат на гости. Според новиот модел, репрезентациите од првиот шешир треба да имаат загарантирано ...
Реал Мадрид го договори трансферот на Дензел Дамфрис од Интер, а управата на италијанскиот шампион тргна во офанзива за холандскиот десен бек да го замени токму со играч од „кралскиот клуб“. Дани Карвахал е фудбалерот што е поврзуван со преселба на „Џузепе Меаца“, одличниот десен бек си замина како слободен играч од Реал, а Интер веќе испратил понуда за да го доведе во своите редови. Киву и клупските директори сметаат дека Карвахал се ште е ...
Ханси Флик ја потврди својата апсолутна доминација во шпанскиот фудбал, откако официјално беше прогласен за најдобар тренер во Ла Лига за сезоната 2025/2026. Ова е втора година по ред како германскиот стратег го подигнува ова престижно признание, откако го освои истото лауреатско место и по завршувањето на неговата дебитантска сезона на клупата. Под негово водство, екипата на Барселона одигра уште една спектакуларна сезона во која успешно ја ...
Од 6 до 15 ноември 2026 година, Скопје и нашата земја ќе бидат домаќини на ВАКО Европското првенство за сениори, ветерани и паракикбокс, кое ќе се одржи во спортскиот центар „Јане Сандански“. Ова престижно натпреварување претставува најзначајниот кикбокс настан во нашата држава годинава. Доделувањето на организацијата на нашата држава претставува големо признание за македонскиот спорт, за работата на Кикбокс Маитаи федерацијата на Македонија ...
Првата светска тенисерка, Арина Сабаленка, се огласи по шокантниот пораз во четвртфиналето на Ролан Гарос, каде беше елиминирана од Дијана Шнајдер. Сабаленка доживеа исклучително непријатен пораз и се доведе во незавидна ситуација откако имаше сервис за победа, но потоа следуваше огромен пад во концентрацијата. „Немам мисли, немам емоции. Сакам да се повлечам од тенисот. Се надевам дека ментално ќе се вратам на вистинскиот пат. Имав одлична ...
Поранешниот тренер на МЗТ Скопје и Пелистер, Дарко Радуловиќ, ќе ја продолжи авантурата во Полска откако денеска потпиша нов договор со екипата на Старогард Гдањск. Станува збор за тим што се натпреварува во втората полска лига, Радуловиќ успеа да го извлече максимумот и се пласираше во полуфиналето од плејофот, но македонскиот стратег немаше среќа во клучните битки, останувајќи без шанса за влез во елитното друуштво. Сепак, управата на ...
Страшна вест ја потресе спортската јавност во регионот откако „Спортклуб“ прв објави – денеска во Сараево на 47-годишна возраст почина Един Авдиќ. Како што информираат од „Спортклуб“, трагичната вест е потврдена од повеќе различни извори, притоа не наведувајќи детали околу големата трагедија. Авдиќ беше еден од најпознатите спортски новинари на просторите на поранешна Југославија, исклучителен коментатор и колумнист, специјализиран за ...
Европската куќа на фудбалот (УЕФА) ги потврди најважните датуми за натпреварувањата во сезоната 2026/27, која повторно ќе биде исполнета со возбудувања во Лигата на шампионите, Лига Европа и Конференциската лига. Новата европска сезона ќе започне во јули со квалификациските рунди, а првите натпревари од квалификациите за Лигата на шампионите се закажани за 7 и 8 јули. Ждрепката за првото и второто квалификациско коло ќе се одржи на средината ...
Легендарниот хрватски тенисер, Горан Иванишевиќ, се најде во центарот на сериозна правна драма, откако против него е поведена истрага за наводно даночно затајување во вредност од околу 1,2 милиони евра. Според хрватскиот неделник „Национал“, кривичната пријава била поднесена кон крајот на 2024 година од неговата поранешна сопруга Татјана Драговиќ, а случајот веќе се наоѓа пред надлежните институции во Загреб. Како што пренесуваат медиумите, ...
Еден од најдобрите тенисери на сите времи, некогашниот АТП број еден, шпанецот Рафаел Надал денес го слави својот четириесетти роденден. Во текот на својата блескава кариера, Шпанецот изгради импресивен биланс од 92 титули на АТП турнејата, меѓу кои и 22 гренд слем трофеи. Неговата доминација на Ролан Гарос останува ненадмината во историјата на спортот. Помеѓу 2005 и 2022 година, Надал дури 14 пати го подигна трофејот на „Купот на ...
Oстануваат уште точно 8 дена до почетокот на Светското првенство на 11 јуни во Мексико Сити. Изминатите 24 часа донесоа клупско-репрезентативни тензии, неколку шокантни резултати на контролните мечеви и конечна потврда за судиите кои ќе ја делат правдата на отворањето. Еве кои се главните спортски стории кои го одбележаа деноноќието зад нас: Тензија на релација Мадрид – Париз: Кралевите со ултиматум до Франција Најголемата фудбалска вест во ...
Турнирите поминаа во знакот на искрени детски насмевки, огромна љубов кон тенисот, силен спортски дух и извонредна тимска поддршка. На зелениот турнир во ТК Мондано Скопје, златни беа дечињата од Евросет, тие го освоија првото место, среброто го освои тимот на МТП. Портокаловиот турнир го освои Југ1, а со сребро си заминаа тенисерчињата од Југ2. На зелениот турнир во Прилеп победник беше Адвантико, среброто им припадна на децата од ТК Битола. ...
Младиот македонски тенисер Андреј Темов триумфираше на турнирот „Битола Опен“ за тенисери до 14 години. Турнирот беше од категорија 3, а Темов во финалето го победи Ленарт Кадриу од Швајцарија со 2-0 во сетови (6-4 и 7-6/4). Патот до финалето за Темов беше потежок отколку самиот финален меч. Во полуфиналето во три сета со 2-1 во сетови го победи Димитрис Николау од Грција, а во четвртфиналето беше поуспешен од Ставрис Ладерос од Белгија со ...
Луис де ла Фуенте го скрати списокот и ги објави 26-мината кои ќе патуваат на мундијалот во САД, а пред првиот тест кој ќе го има шпанската репрезентација за Светското првенство, селекторот одговараше и на прашањето кое најчесто се појавува во јавноста. Де ла Фуенте располага со исклучително силен тим и многумина гледаат на Шпанија како еден од главните фаворити за титулата, но до овој момент, никој не знае кој ќе биде стартен голман на ...
Азербејџанскиот фудбалски клуб Туран Товуз е исклучен од Конференциската лига за следната сезона од страна на европското управно тело за фудбал, УЕФА. Наведената причина е вмешаноста на клубот во активности за местење натпревари, и покрај тоа што клубот обезбеди место во квалификациите со освојување на третото место во домашното првенство. Претседателот на Жалбеното тело на УЕФА потврди дека Туран Товуз не ги исполнува критериумите за ...
Руската тенисерка Дијана Шнајдер направи едно од најголемите изненадувања на овогодинешниот Ролан Гарос. Во четвртфиналето, таа ја победи светската тенисерка број 1 Арина Сабаленка со 3-6, 7-5, 6-0 по големиот камбек за да се пласира во полуфиналето на Парискиот гренд слем. Натпреварот на Централниот терен „Филип Шатрие“ беше обележан со исклучително тешки временски услови. Силните и променливи ветрови го отежнуваа контролирањето на ударите, ...
Шпанскиот кошаркар Вили Хернангомез ја напушта Барселона по три години. Неговиот договор истекува, а се очекуваше дека нема да има продолжување на соработката поради промена на страните. Сепак, тој веќе има нов клуб според информациите од шпанските медиуми. Хернангомез треба да потпише за Басконија. Преговорите меѓу двете страни се во напредна фаза и се очекува да нема проблеми со овој трансфер. Доаѓањето на Хернангомез би ја решило ...
На претстојното Светско првенство во фудбал ќе има речиси 300 играчи кои не се родени во државата која ќе ја претставуваат на Мундијалот. Селекцијата на Курасао е рекордер дури со 25-мина играчи родени надвор. Само еден е роден баш во најмалата држава која учествувала на СП, а останатите 25-мина се родени во Холандија, држава чија колонија е Курасао. Туниската селекција има 15-мина кои не се родени во Тунис, има по 16 неродени на Хаити и ...
Кик-бокс клубот „Шампион“ имаше успешен настап на Балканското WAKO Кик Бокс првенство кое се одржа во Нови Сад, Србија, како дел од македонската репрезентација. Клубот настапи со 12 натпреварувачи и освои вкупно 11 медали – 3 златни, 7 сребрени и 2 бронзени, со што значително придонесе за успехот на националниот тим. Златни медали освоија Максим Митровски, Томи Андонов и Туркер Исмаили. Сребрени медали освоија Лука Кипровски, Милан Нешевски, ...
Легендарниот српски кошаркар, Милош Теодосиќ, официјално е назначен за нов спортски директор на белградскиот гигант, Црвена звезда. Само една година по завршувањето на богатата играчка кариера, поранешниот капитен на српската репрезентација се враќа во Црвена Звезда, но овој пат во раководна улога. Од него се очекува да има клучно влијание во креирањето на спортската политика, составувањето на тимот и долгорочната стратегија на клубот. ...
Кошаркарите на Тенерифе направија големо изненадување на почетокот од четвртфиналето на Ендеса лигата, откако го победија Реал среде Мадрид со 98:97 и поведоа со 1-0 во серијата. Најефикасен играч на Реал беше Треј Лајлс со 15 поени, додека Андрес Фелис додаде 14. Тео Маледон го заврши натпреварот со 13, а Хезоња со 12 поени. За Тенерифе, Фернандес постигна 17 поени со четири тројки, додека Ван Бек имаше ист резултат. Тенерифе, на тој начин, ...
Натпреварот со БиХ, а потоа и меч против Турција за крај на сезоната на македонската репрезентација која се подготвува за настапите во Лигата на Нации во септември. Четири натпревари за неколку дена ќе одигра Македонија во тој згуснат распоред, во надеж дека ќе ја поправи ефикасноста, со оглед дека четири меча е без даден гол. Без голови заврши првата контрола во Сараево, а потоа во Истанбул пораз од 4-0 од Турција. На тој натпревар шанса за ...