АП Брера и Пелистер изиграа мошне „тврд“ прволигашки меч во кој единствениот гол беше постигнат на почетокот и тоа од пенал. Подоцна се покажа дека тој беше пресуден и го диктираше текот на мечот, но битолчани успешно го бранеа својот гол и на крајот заслужено славеа. Керим беше во продор по левата страна, а кога дојде моментот за нафрлување, топката го погоди Велкоски во раката и судијата Стојчевски веднаш покажа на белата точка. Иако беше ...

Во двата денешни натпревари во рамки на 29. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), Вардар го декласираше Тиквеш на домашен терен со 7-0 и се зацврсти на врвот на табелата, додека Пелистер извојува значајна победа во битката за опстанок, триумфирајќи на гостувањето во Струмица над АП Брера со 1-0. Вардар уште по првото полувреме ги разреши сите дилеми околу победникот на дуелот на Националната арена „Тодор Проески“ и замина на пауза ...

Се поизвесно е дека следната сезона „кралевите“ нема да ги предводи Алваро Арбелоа, па клубот активно бара ново тренерско решение, додека паралелно се подготвуваат и промени во соблекувалната. Според шпанските медиуми, веќе неколку фудбалери се информирани дека не се во плановите за иднината, а Перез прави простор за нови имиња со кои сака да го врати клубот на врвот и да го намали притисокот од навивачите. Иако се шпекулира со повеќе ...

Црвена Звезда токму на дерби дуелот со Партизан ја прослави новата шампионска титула во Србија, а „црвено-белите“ му укажаа огромна чест на Македонецот Митко Стојкоски, кој беше специјален гостин за ова големо дерби. Стојкоски не можеше да ги скрие солзите по бурните овации што ги доби од приврзаниците на Црвена Звезда додека крај аут линијата ги отпоздравуваше навивачите. За потсетување, Македонецот беше човек на одлука на јубилејното 100. ...

Реал Мадрид одбил, бесплатно да го потпише, да го потпише играчот од средниот ред на Манчестер Сити, Бернардо Силва. Португалскиот репрезентативец му бил понуден на актуелниот шпански шампион од неговиот менаџер, Жорге Мендеш, но од Мадрид добил негативен одговор, пишува „Goal.com“. Силва го напушта Сити на крајот од сезоната и има намера да продолжи да игра на највисоко ниво. Неговото огромно искуство и постојано висок квалитет на игри го ...

Црвена ѕвезда на убедлив начин ја завери шампионската титула, откако во големото дерби го совлада Партизан со 3-0. На Црвено-белите им беше доволен и бод за математички да го осигураат трофејот, но тие не оставија ништо на случајност и со доминантна игра стигнаа до убедлива победа и 37-та титула. Резултатот беше отворен во 18-тата минута, кога Страхиња Ераковиќ реализираше по асистенција на Александар Катаи, што беше и единствениот погодок во ...

Нашиот репрезентативен голман, Мартин Томовски одигра уште еден одличен натпревар во дресот на Битигхајм и му помогна на својот тим да стигне до нова победа во втората германска лига. Томовски забележа 8 интервенции во натпреварот против Гросвалштад кој заврши со резултат 29:38. Првото полувреме од натпреварот беше неизвесно и гостинскиот состав замина на одмор со само еден гол разлика. Но, во вториот дел Битигхајм одигра фантастично и на ...

Екипата на Интер има отворен пат до пехарот во Серија А и прашање е само на време кога тоа ќе се случи, односно тоа сценарио не би требало да го спречат и изненадувачки резултати како вечерашниот каде лидерот освои само бод против Торино. Избраниците на Киву водеа со 2-0 со погодоците на Тирам и Бисек, предност која важеше за семафорот до 70 минута по што на сцена стапија домашните фудбалери. Имено тие за девет минути постигнаа два гола, прво ...

Во Белград се игра најголемото српско дерби меѓу Црвена Звезда и Партизан, а победа на „црвено-белите“ ќе значи и математичка потврда на титулата. Викендов во Белград на турнир на ветерани настапуваат и ветераните на Пелистер, а тоа беше идеална можност да бидат гости на Црвена Звезда. screenshot-capture-2026-04-26-20-00-26.png Поранешниот македонски репрезентативец, Митко Стојковски, ја предводеше битолската делегација, а пред почетокот на ...

Никола Јокиќ играше далеку под своето ниво во плејоф серијата против Минесота Тимбервулвс. Многумина ја припишуваат брилијантната одбрана на Руди Гоберт, но еден човек, неговиот најгласен критичар, одбива да му оддаде признание – Шекил О’Нил. Критиките на Шек кон Гоберт не се ништо ново и повторно се појавија во саботното „Inside the NBA“. Неговиот колега аналитичар Чарлс Баркли го повика конечно да го признае настапот на Гоберт, објавува ...

Доминацијата на Црвена Звезда во српскиот фудбал продолжува откако белградските црвено-бели денеска ја прославија деветтата шампионска титула во низа. Судбината сакаше оваа да биде особено слатка, бидејќи е осигурана и прославена токму на вечното дерби со Партизан што избраниците на Дејан Станковиќ го добија со 3-0. Дефанзивецот Ераковиќ го отвори резултатот во првото полувреме на асистенција на Катаи, додека на 2-0 зголеми Авдиќ, а во ...

Лидерот Еуромилк ГЛ го доби дербито на 22. коло во Трета лига – Север откако славеше со минимални 1:0 над БВК Коњаре, а мечот го реши Хусеин Демири кој стрелаше во 87. минута. Фортуна со убедливи 6:0 го декласираше составот на Отља, а стрелци беа Агон Исмаили, Шуип Хисмани, Алтин Сефо и Фисник Синани, а пак двоен стрелец беше Вулнет Мемети. Беса Сарај забележа убедлива победа од 7:2 над Кадино, во меч акде стрелци за домашниот состав беа ...

Кајмани славеше триумф над Речица од 2:1, а притоа го искористи поразот на Влазерими кај Дрита и со тоа веќе станува јасно оти Камјани ќе биде шампион во Трета лига – Запад и ќе игра бараж за влез во Втора лига. Во рамки на 19. коло лидерот со погодоци на Даут Даути и Ебубекир Азиз славеше над Речица, а за гостинот единствен стрелец беше Наим Шаќири. Дрита го „сопна“ Влазерими совладувајќи го со 3:2, Бесим Алили беше двоен стрелец, а еден ...

Фудбалерите на Еуромилк Горно Лисиче се на само чекор до обезбедување на првото место во Третата фудбалска лига - Север, откако славеа во дербито против БВК Коњаре со 1-0. Поранешниот прволигаш го доби мечот кој им значеше најмногу до крајот на сезоната и сега се на „плус десет“ во однос на денешниот ривал. Сега само теорија ги дели од обезбедување на првото место и пласманот во баражот за враќање во ВМФЛ. Тимот од Горно Лисиче славеше во ...

Фудбалерите на Интер ремизираа на гостински терен со Торино 2:2, по пшто мораше да го одложат шампионското славје. Сепак, „нероаѕурите“ се на чекор од титулата, затоа што сега имаат 10 бода предност пред Наполи, а остануваат уште четири кола, па им треба само една победа во преостанатите четири кола за да ја запечатат својата 21-ва шампионска титула. Интер денес поведе со головите на Тирам во 23-тата минута и Бишек во 61-вата минута, но по ...

Интересни и возбудливи натпревари донесе 15. коло на Трета лига – Југозапад, каде Могила го доби дербито со Славеј Мешеишта во трката за второлигашкиот бараж благодарение на голот на најдобриот стрелец во лигата Хакан Алимовски. Победата добива на тежина бидејќи голот беше постигнат во 88. минута од средбата. Лидерот Влазними се „сопна“ во Ношпал каде загуби си 2:1 од екипата на Напредок. Владе Јанакиевски во 9. минута го отвори резултатот ...

Борусија Дортмунд одигра убедлив натпревар и со 4-0 го совлада Фрајбург во последниот меч од 31-то коло во Бундеслигата, со што и официјално обезбеди пласман во Лигата на шампионите. Иако уште минатото коло остана без шанси да го симне Баерн Минхен од врвот, тимот од Дортмунд влезе максимално мотивиран да ја задржи втората позиција и да стави крај на серијата од два порази. Милионерите тргнаа силно и веќе во осмата минута поведоа преку ...

Младиот офанзивец во 41. минута изведе вистинска мајсторија, откако ја презеде топката од средината на теренот, се проби кон противничкиот гол и со одлична индивидуална акција ја матираше целата одбрана, како и голманот Даниел Биелица. Неговиот погодок веднаш стана хит на социјалните мрежи и привлече големо внимание кај фудбалската јавност. Младиот офанзивец во 41. минута изведе вистинска мајсторија, откако ја презеде топката од средината ...

Екипата на Лил се избори за нова важна победа во француската Лига 1, овој пат славејќи на гостински терен кај Париз ФЦ во натпреварот од 31. коло со конечни 0-1. Мечот беше решен со голот на Белгиецот Матијас Фернандез-Пардо, кој го постави конечниот резултат во 26. минута. За Лил ова беше седумнаесетти триумф, со кој стигна до 57 бодови, еден повеќе од Рен, кој славеше со 2-1 над Нант. Лил и Рен се во битка за пласман во Лигата на шампиони, ...

Секој нов викенд во фудбалска Англија носи нов судиски скандал, тренд што продолжи и попладнево на полуфиналето од ФА Купот меѓу Челси и Лидс и непокажаниот црвен картон на Калверт Луин, за влечење за коса на противничкиот фудбалер Марк Кукурелја. За иронијата да биде уште поголема, Калверт Луин беше вклучен во сличен инцидент пред десетина дена кога беше искубан од страна на Лисандро Мартинез, по што по ВАР-анализата беше покажан црвен ...

Откако Феникс 2010 и официјално следната сезона се сели во Првата лига, прашањето околу опстанокот во суперлигашкото друштво веќе не е доведено во прашање ниту за МКК Куманово ниту за Работнички. И двата тима со обезбеден суперлигашки статус за следната сеозна, одиграа еден интересен натпревар во кој домашните повеќе ја посакуваа победата и на крајот дојдоа до триумф од 90:73. За Куманово ова беше 13-та победа сезонава со која се зацврти на ...

Во средината на шпекулациите за летниот преоден рок, во центарот на вниманието во Милано е Зек Ледај, чиј статус во Олимпија Милано сè уште не е дефинитивно решен. Иако клубот од „градот на модата“ веќе работи на засилување на составот, вклучително и усмен договор со Алек Питерс да дојде од Олимпијакос, раководството не се откажува од идејата да го задржи Ледај и да изгради конкурентен тим околу него. Планот е да се вклопи во новата ...

Четири средби се одиграа во плејофот во НБА лигата, соочувања во кои победи издвојуваа екипите на Минесота Тимбервулвс, Њујорк Никс, Орландо Меџик и Оклахома Сити Тандер. Од четите битки беа извлечени најдобрите моменти и акции, а позицијата број еден на најновата топ листа му припадна на Мекдениелс со топ блокадата врз Браун. Четири средби се одиграа во плејофот во НБА лигата, соочувања во кои победи издвојуваа екипите на Минесота ...

Фудбалерите на Динамо Загреб се новите хрватски шампиони, по 26 пат во историјата на клубот, и тоа беше пред натпреварот против Вараждин. Ремито помеѓу Риека и Хајдук (0:0) математички ја потврди титулата на „модрите“, додека Сплит остана на „минус 12“ и повеќе не може да ги стигне поради полошиот резултат во меѓусебните средби. Играчите на Динамо можат да ја заокружат сезоната со двојна круна, тие се соочуваат во финалето на Купот против ...

Продолжуваат возбудувањата во Општинската лига на Струмица а вниманието од деветото првенствено коло беше насочено во Злеово каде Слога го пречека Спартмани од Градско Балдовци. Домаќините со 2:1 славеа победа над тимот од Градско Балдовци кој има резултатска криза имајки во предвид дека пред една недела претрпе пораз и од Огражден Ново Село Огражденци пак денеска немаа проблеми. Со 3:0 беа убедливи над Единство од Пиперево а сигурна беше и ...

Кошаркарките на Бадел 1862 триумфираа и на гостувањето во „мајсторката“ со 61:59 против Баскет кам за конечни 2-1 во полуфиналето од плејофот на „Шпаркасе Лајф“ Првата лига. Тоа значи, дека Македонија ќе има нов шампион во женска сениорска конкуренција. Со кого ќе играат за шампионската титула, „баделки“ ќе дознаат по одигрувањето на третиот меч од серијата во кој, денеска од 19.00 часот, играат екипите на Крива Паланка и Вардар (резултатот ...

Првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ во интервјуто за националниот сервис „МРТ“ зборуваше на повеќе теми. Една од темите беше и фудбалскиот клуб Вардар. Омерагиќ зборуваше за „туркањето“ на најтрофејниот македонски клуб низ ПМФЛ. „Секогаш ќе има напади дека Вардар се форсира. Не би рекол дека Вардар се форсира. Колку што знам, во јануари разликата беше седум бода со Шкендија, а сега е еден бод. Ако фудбалската ...

Во 22. коло од Третата лига – Север гледачите добија вистински фудбалски спектакл, преполн со голови, убедливи победи и нова потврда за доминацијата на Еуромилк ГЛ на врвот. Најефикасниот натпревар го одигра Беса Ск., која буквално го прегази Кадино со убедливи 7:2, испраќајќи јасна порака дека во финишот од сезоната нема намера да попушти. Гол-шоу приреди и Фортуна 1975 со високи 6:0 против Отља, додека Беса Сл. без милост славеше со 5:0 над ...

Победа Валандово е се поблиску да го стигне лидерот Овче Поле, откако денес го доби дербито на 18. коло во Трета лига – Исток славејќи со 2:0. Огромна радост за „калинкарите“, славје и чекор поблиску до враќање на првото место. Резултатот го отвори Христијан Бејков во 41. минута од мечот за водство од 1:0 на полувреме. Во вториот дел сите дилеми ги реши Давид Ашовалиев во 83. минута за конечни 2:0 и сега тимот е на минус два бода од лидерот ...

Непријатни сцени во Струмица во таа 70.минута. Имено дојде до судир меѓу домашниот фудбалер Зоран Ивановски и гостинскиот голман Јовчевск. Настрада Ивановски, кој остана долу на теренот да лежи. Се здоби со потешка повреда во пределот на главата. Му беше укажана лекарска помош, мечот беше во прекин неколку минути за да подоцна, домашниот фудбалер беше пренесен во болница во Струмица. Да се надеваме дека се ќе биде во ред со фудбалерот на ...

weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
5.66
81%
1023
weather icon

Белград

15ᴼ / 13ᴼ
5.14
34%
1024
weather icon

Загреб

16ᴼ / 12ᴼ
4.12
35%
1027
weather icon

Софија

4ᴼ / 4ᴼ
3.6
87%
1022
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
4.42
96%
1024
weather icon

Љубљана

13ᴼ / 13ᴼ
5.14
37%
1027
weather icon

Атина

25ᴼ / 22ᴼ
4.12
53%
1014
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
2.57
100%
1017
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
7.2
54%
1020
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 4ᴼ
9.77
88%
1023
weather icon

Будимпешта

14ᴼ / 12ᴼ
5.14
29%
1027
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 15ᴼ
6.69
55%
1017
Currency

61.6417

Currency

52.7767

Currency

71.1449

Currency

37.5335

Currency

38.5584

Currency

66.7275

Currency

7.72322

Currency

0.70654

Currency

0.32919

Currency

0.52513

Currency

1.17186

Currency

0.55633

Сребро

2336.99

Родиум

321507.47

Злато

146933.90

Цинк

0.00

Паладиум

46779.34

Кобалт

45.39

Калај

49.98

Бакар

11.85

Платина

61536.53

Алуминиум

3.48

Рутениум

52984.43

Иридиум

253540.09