Победа Валандово е се поблиску да го стигне лидерот Овче Поле, откако денес го доби дербито на 18. коло во Трета лига – Исток славејќи со 2:0. Огромна радост за „калинкарите“, славје и чекор поблиску до враќање на првото место. Резултатот го отвори Христијан Бејков во 41. минута од мечот за водство од 1:0 на полувреме. Во вториот дел сите дилеми ги реши Давид Ашовалиев во 83. минута за конечни 2:0 и сега тимот е на минус два бода од лидерот ...

18. коло во Третата лига – Исток донесе ефикасен и возбудлив фудбал, со дури две убедливи победи и важни бодови во битката за врвот. Победа Валандово продолжува со сигурни партии – со триумф од 2:0 над Хоризонт Турново, тимот останува во трка за лидерската позиција и со натпревар помалку сериозно му се заканува на Овче Поле. Стрелци на погодоците за домаќините беа Бејков и Ашовалиев. Највпечатлив беше настапот на Ударник, кој со убедливи 7:1 ...