Екипата на Барселона ја оправда фаворитската улога и со сигурна победа на гостувањето кај Нант направи голем чекор кон пласман на завршниот турнир во Келн во рамки на Лигата на шампиони. Каталонскиот гигант славеше со 30-32, во натпревар во кој домаќинот парираше само во првото полувреме. Нант одигра храбро и ефикасно во првите 30 минути, па на паузата имаше минимална негатива (18-19), во дел од играта во кој беа постигнати дури 37 голови. ...

Најдобриот шпански тенисер Карлос Алкараз нема да ја брани титулата на овогодинешниот Ролан Гарос. Поради воспаление на тетивата на зглобот, Шпанецот ќе биде надвор од терените два месеци. Алкараз ќе ги пропушти Мастерсот во Рим и Ролан Гарос, што ќе го чини скапо на АТП листата. Тој триумфираше на двата турнира минатата сезона, па ќе остане без 3.000 поени, што значи дека Синер значително ќе ја зголеми предност на врвот. Тимот на Алкараз, ...

Поранешниот светски шампион во бокс, во тешка категорија на Глори, Холанѓанецот Рико Верховен, ги сподели своите мисли за неговиот боксерски меч со непоразениот 39-годишен поранешен апсолутен светски шампион во тешка категорија Украинецот Александар Усик . Нивната борба е закажана за 23 мај во Гиза (Египет), а во прашање е титулата во тешка категорија на верзијата ВБЦ. Се очекува Усик да биде голем фаворит и малкумина му даваат шанса на ...

Барселона, повторно, би можела да помине значаен дел од сезоната 2027/28 надвор од „Камп Ноу“. Како што објавува „Кадена СЕР“, поради претстојната инсталација на покривот и завршувањето на преостанатите фази од реконструкцијата на стадионот, барселона на некое време мора повторно да оди на друг стадион. Клубот проценува дека работата, која ќе започне во јуни 2027 година, ќе трае четири до пет месеци, но потоа, сè уште ќе биде потребно ...

Новак Ѓоковиќ во последно време често гледа кошаркарски натпревари од Евролигата, па и вечерва беше во Пиреја каде Олимпијакос го растури Монако со 94-64 и сега грчкиот тим е на една победа од пласман на фајнал-форот кој ќе се игра во Атина. Со 2-0 поведе и европскиот првак Фенербахче против Жалгирис. Најдобриот тенисер на сите времиња во „Мир и пријателство“ седеше до најдобриот грчки кошаркар Јанис Адртокумбо, а кога од трибините згрме ...

Кошаркарот на Хјустон, Кевин Дурент, поради повреда ќе го пропушти и шестиот натпревар од серијата против Лос Анџелес Лејкерс во плеј-офот на НБА лигата. Дурент има проблеми со повреда на левиот скочен зглоб и не учествувал на тренингот на тимот пред заминувањето за Лос Анџелес. Поради истата причина, тој веќе пропушти неколку натпревари во серијата. Тренерот на Хјустон, Име Удока, изјави дека состојбата на Дурент се следи „ден по ден“, но ...

Натпреварот меѓу екипите на Маџари и МЗТ Скопје за момент беше во прекин, откако еден од обрачите беше поместен по жестоко забивања на кошаркар на домашниот тим. Томи Левис, американскиот ас од редовите на Маџари, тргна во соло акција, а откако се ослободи од директниот чувар заби монструозно и го оштети обрачот. Судиите го прекинаа натпреварот, а откако обрачот беше одново ставен во функција, актерите се вратија на паркетот. Натпреварот ...

Капитенот на Фенербахче, Мерт Хакан Јандаш е суспендиран на една година, откако беше докажано дека е вмешан во скандал со обложување. Одлуката ја донесе Дисциплинската комисија на професионалниот фудбал во Турција. Во декември 2025 година Јандаш беше приведен како дел од истрага за местење на натпревари и обложување. Против него беше покренато обвинение во февруари 2026 година, и според извештаите може да се соочи со затворска казна во траење ...

Екипата на Олимпијакос е на само чекор од учество на завршниот турнир во Евролигата, откако славеше со огромни 94-64 над Монако во вториот натпревар од оваа четвртфинална серија. Домаќините повторно одиграа феноменален меч и прикажаа моќ во текот на сите 40 минути. На паузата, Грците имаа огромни 59-31, што доволно говореше за разликата во квалитет. Гостите во втората четвртина постигнаа само осум поени, а примија дури триесет и еден. Во ...

Хвича Кваратчелиа се издвои како една од најсјајните ѕвезди во сега веќе класичниот триумф на Пари Сен Жермен над Баерн во полуфиналето на Лигата на шампионите. Грузиецот одигра уште еден сензационален натпревар на Паркот на принцовите. Во триумфот од 5:4 на францускиот тим, тој постигна два гола - во 24-тата и 56-тата минута. Тој го „возеше“ и го „шеташе“ дефанзивецот на Баерн Хвич во текот на целиот натпревар, го прегази и го поминуваше ...

Едмонд Тапсоба ја продолжи верноста со Баер Леверкузен и потпиша нов договор кој ќе важи до 30 јуни 2031 година, потврди германскиот клуб. Дефанзивецот од Буркина Фасо е дел од тимот од 2020 година и досега има 266 настапи и 13 погодоци во дресот на Леверкузен. „Тапсоба во изминатите шест и пол години прерасна во клучен играч за нашиот тим, еден од најдобрите дефанзивци во Бундеслигата, кој настапува на највисоко ниво. Како еден од нашите ...

Барселона го разгледува напаѓачот на Челзи, Жоао Педро, доколку не успеат да го потпишат напаѓачот на Атлетико Мадрид, Хулијан Алварез, објави „Кадена СЕР“. Според изворот, 24-годишниот Бразилец би можел да се приклучи на шпанскиот клуб во летото 2026 година. Жоао Педро е во Челзи од јули 2025 година, а неговиот договор е до 30 јуни 2033 година. Во сезоната 2025/26, напаѓачот постигна 19 гола и имаше девет асистенции во 46 натпревари. ...

Емилијано Мартинез уште еднаш покажа зошто се смета за еден од најдобрите голмани во модерниот фудбал. Аргентинскиот ас во натпреварот на Астон Вила против Нотингем Форест одново ги покажа своите голмански квалитети, откако во финишот од првиот дел на чудесен начин му одбрани зицер на Игор Жезус и ја сочува својата мрежа незатресена. Најдобриот голман од последното Светско првенство летово беше пред заминување од Астон Вила, но откако не ...

Фудбалерот на Кристал Палас, Исмаила Сар го постигна најбрзиот гол во историјата на Конференциската Лига на УЕФА. Клубот од Лондон оваа вечер се соочува со Шахтјор Доњецк во Краков, а на Сенегалецот му беа потребни само 21 секунди за да ја смести топката во мрежата на домаќинките. ТУКА можете да го погледнете. Ismaïla Sarr gives Crystal Palace the lead against Shakhtar in just 21 seconds—the fastest goal in Conference League history ⚡ ...

Фудбалери од прволигашки клубови во Холандија наводно ги изгубиле своите работни дозволи откако ја промениле националноста и оваа афера наречена „Паспортгејт“ силно ја тресе Ередивизие. Скандалот избувна откако НАК Бреда, се жалеше на суд по тешкиот пораз од Го Ахед Иглс, на наводно неправилен настап на играчот на Орлите, Дин Џејмс. Случајот е доста сложен. Џејмс е роден во Холандија, но нема работна дозвола затоа што, откако станал ...

Никола Милутинов е прогласен за МВП на првите натпревари од четвртфиналето во Евролигата, иако не беше лидер според индексот на корисност. Центарот на Олимпијакос одигра клучна улога во убедливата победа од 91-70 против Монако, запишувајќи 13 поени, 10 скока и три асистенции за 22 минути на паркетот, со индекс 25. Највисок индекс на корисност имаше Ден Отуро од Хапоел со 38, додека веднаш зад него беше Мајк Џејмс од Монако со 30. Сепак, ...

ТФТ сè уште има шанси за историско учество во АБА лигата. ТФТ ќе се судри со Борац Чачак, претпоследниот тим во најсилната лига оваа сезона. Познати се и термините на одигрувањето на бараж натпреварите. Ќе се игра на две добиени, а првиот дуел е закажан за на седми мај во Чачак. Реваншот на програмата е на десетти мај во Скопје, а евентуалната „мајсторка“ ќе се игра во Чачак, но засега терминот не е познат. ТФТ сè уште има шанси за историско ...

Иако сезоната не е завршена и Арсенал има шанси за трофеј во Лигата на шампионите и во Премиерлигата, уште од сега се „кова“ план за иднината. Така „топчиите“ планираат да продадат петмина играчи, за да донесат еден класа напаѓач, со оглед дека Виктор Ѓокереш не ги оправда целосно очекувањата, а Габриел Жесус е надвор од форма, додека Каи Хаверц се почесто е на трибините поради повреда. Не е тајна дека Барселона е во „војна“ за потписот на ...

Голманот на Баерн Минхен, Мануел Нојер, по се изгледа, ќе го продолжи договорот со клубот. Според новинарот Флоријан Плетенберг Нојер се надева дека ќе потпише нов договор, а неговиот агент веќе имал прелиминарни разговори со клубот од Минхен. Според информациите, Баерн му нуди на Нојер нов договор до 2027 година. Сè уште не е постигнат договор, но 40-годишниот голман најавил дека потпишувањето ќе биде само формалност. Се очекува заменикот ...

Ракометарите на Пролет успаја да дојдат до победа на гостувањето во Струга. Гостите добро се „испотија“ да дојдат до победата, со оглед дека во некои моменти стружани стигнаа до еден гол негатива, но играчите на Пролет секогаш наоѓаа како да се извлечат и да ја зголема предноста за на крајот да стигнат до 27-29. Најефиксен кај победничкиот тим беше Дрпљанин со девет гола од 11 шутеви, Стоилевски со пет беше втор стрелец, од кои четири ги ...

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, ги отфрли сите сомнежи и потврди дека иранската фудбалска репрезентација ќе учествува на претстојното Светско првенство, кое ќе се игра од 12 јуни до 19 јули во САД, Канада и Мексико. Тој на Конгресот на ФИФА во Ванкувер јасно кажа дека Иран ќе игра во Соединетите Американски Држави. „Причината за ова е многу едноставна, мора да се обединиме. Мора да ги зближиме луѓето, тоа е моја одговорност, наша ...

Тој е македонски натпреварувач во триатлон и во ултрамаратон, светски патник што ја претвори економската криза во еден посебен живот на шест континенти, кој сè уште не е завршен. Тој е човек што, кога се наоѓа пред крстопат во животот, не само што го избира правецот туку и го трча, вози, плива и пристигнува на следниот крстопат, сè уште гладен за повеќе предизвици. Ова е приказната за таков човек, човек со срце големо како планина – Горан ...

Поранешниот НБА играч, Дејмон Џонс, треба да се изјасни за виновен по обвиненијата дека учествувал во наместени покер натпревари и дека им пренесувал доверливи информации за повредите на познати играчи на спортски обложувалници, вклучувајќи го и неговиот поранешен соиграч Леброн Џејмс. Според американските медиуми, Џонс ќе стане првото лице кое се изјаснило за виновно во големата истрага за нелегално обложување, која доведе до апсење на ...

Екипите на Еурофарм Пелистер 2 и Пролет запишаа гостински победи во 29. коло од ракометната Суперлига. Во плеј-аутот, кој веќе од поодамна е решен и се знае која екипа ќе игра бараж, а која ќе испадне, младите пелистерци славеа над „фенерџијата“ Радовиш со 23-38, додека Пролет извојува триумф на гостувањето кај Струга. Еурофарм Пелистер 2 уште во првото полувреме му стави до знаење на домаќинот дека бодовите ќе заминат за Битола. Радовиш, кој ...

Претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ заедно со Горан Пандев и со генералниот секретар Леонид Јандреоски, учествуваа на 76. Конгрес на ФИФА во Ванкувер, Канада. Омерагиќ, Пандев и Јандреоски учествуваа активно во носењето на одлуки кои директно влијаат врз иднината на светскиот фудбал. „Во фокусот се финансиската стабилност и развојните политики, усвојување на извештаите за минатата година, дефинирање на буџетите за циклусот 2027-2030, како и ...

Додека фудбалскиот свет со нетрпение го очекува почетокот на Светското првенство 2026, цените на влезниците за финалниот натпревар достигнаа астрономски и речиси нереални суми. Иако официјалната продажба е во тек, секундарниот пазар на препродажба веќе ги урна сите рекорди. И таман мислевме дека ни се смачи од пишување за ненормалните цени за Мундијалот, на пазарот понудија билети од 2,2 милиони долари. Финале од два милиони долари Четири ...

Ретко кој верува дека победникот од полуфиналето Атлетико Мадрид – Арсенал може да ја освои Лигата на шампионите, а една од причините е што овие два клуба се сметаат за „губитнички“. Атлетико и Арсенал се во топ 6 клуба кои одиграле најмногу натпревари во елитното европско клупско натпреварување, без да ја освојат титулата. Двата клуба имаат играно финалиња, но ги губеа. „Вечно вториот“ Арсенал, е на второ место и на ова рангирање на клубови ...

Ракометарите на Веспрем и Фуксе Берлин одиграа прекрасен четвртфинален натпревар во Лигата на шампионите, а на крајот се радуваше домашниот тим, кој победи со конечни 35-34. Германскиот гигант одигра подобро во првиот дел и создаде предност од три голови (17-20), а на стартот од второто полувреме стигна и до +5, но Веспрем прикажа далеку посериозен пристап до крајот на мечот и не дозволи пораз пред својата публика. Големата ефикасност ...

Постои прашање кое би можело да ја одреди иднината на истрагата за судиите во Милано. Времето и местото се познати: 2 април, на „Меаца“. Се споменуваат назначувањата на Џанлука Роки за натпреварите Болоња - Интер 1:0 (20.04.2025, Андреа Коломбо) и Интер - Милан 0:3 (23.04.2025, Даниеле Довери). Двајцата судии беа сослушани од страна на Обвинителството. Но, едно прашање останува. Некои луѓе повикани да сведочат - членови исклучиво од судискиот ...

Африканската фудбалска конфедерација (ЦАФ) и Азиската фудбалска конфедерација (АФЦ) ја објавија денеска својата поддршка за реизбор на Џани Инфантино, чиј мандат како претседател на Светската фудбалска федерација (ФИФА) завршува во 2027 година. „Африканската фудбалска конфедерација одржа состанок во Ванкувер, Канада, пред 76-от Конгрес на ФИФА. На овој состанок, членовите на ЦАФ едногласно одлучија да го поддржат реизборот на Џани Инфантино ...

weather icon

Скопје

16ᴼ / 16ᴼ
1.03
42%
1019
weather icon

Белград

21ᴼ / 18ᴼ
1.54
38%
1019
weather icon

Загреб

19ᴼ / 19ᴼ
1.03
45%
1017
weather icon

Софија

13ᴼ / 12ᴼ
2.06
43%
1020
weather icon

Сараево

19ᴼ / 19ᴼ
3.3
53%
1018
weather icon

Љубљана

23ᴼ / 19ᴼ
0.45
55%
1017
weather icon

Атина

18ᴼ / 16ᴼ
5.66
42%
1020
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
1.54
26%
1020
weather icon

Подгорица

18ᴼ / 18ᴼ
1.54
34%
1020
weather icon

Букурешт

19ᴼ / 18ᴼ
2.06
39%
1017
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 21ᴼ
4.63
28%
1019
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 12ᴼ
8.23
58%
1014
Currency

61.645

Currency

52.5617

Currency

71.4228

Currency

37.9424

Currency

38.6822

Currency

67.309

Currency

7.69809

Currency

0.70131

Currency

0.33513

Currency

0.52509

Currency

1.16316

Currency

0.55383

Рутениум

51376.89

Кобалт

45.39

Бакар

11.98

Платина

64494.40

Иридиум

253540.09

Паладиум

48644.08

Цинк

0.00

Злато

147815.56

Сребро

2406.31

Калај

49.41

Алуминиум

3.51

Родиум

323115.00