Скопје
6ᴼ /
6ᴼ
Младиот и исклучително талентиран мотокросист од Битола, Стефан Ѓоргиевски, официјално ја запечати својата доминација на домашната сцена, освојувајќи ја титулата државен шампион на Македонија во класата МХ85 за 2026 година. Ѓоргиевски ја потврди шампионската титула по одличниот настап на последната одлучувачка трка, која се одржа во неделата, на 25 октомври, на познатата мотокрос патека „Орман“. Со зрело возење, брзина и непоколеблив спортски ...
Одлуката на еден од најпознатите фудбалери на неговата генерација предизвика многу реакции во јавноста. Предмети кои со години ги зачувуваат спомените за некои од најголемите моменти од неговата кариера наскоро ќе имаат нови сопственици. Весли Снајдер, легендарниот холандски фудбалер, одлучи да понуди дел од својата богата колекција на аукција, а меѓу предметите се и сувенири со огромна спортска и историска вредност. Снајдер ја започна ...
Легендарниот капитен на Манчестер Јунајтед верува дека карактерот и посветеноста кон клубот не се доволни аргументи за назначување тренер. Тој бара од сопственикот да му ја довери најважната спортска функција на најдобриот можен кандидат. Легендарниот капитен на Манчестер Јунајтед, Рој Кин, ја доведе во прашање одлуката на клупските челници да му дадат постојан тренерски ангажман на Мајкл Карик. Поранешниот капитен особено ги критикуваше ...
Одбојкарите на „Борец“ загубија пред своите гледачи, во спортска сала „Гемиџии“ со резултат 2:3 во натпревар од 10 коло на Прва одбојкарска лига. По сетови 25:20, 25:16, 21:25, 22:25 и 13:15. Тетовска„ Шкендија“ се претстави како силен состав иако првите два сета тоа не го наговестуваа. „Борец“ лесно поведе со 2:0. Потоа во наредните три сета како на теренот да се појави друг состав. Ако во првите два сета функционираше сервисот, приемот, ...
Во натпревар од осмото коло на ракометната кадетска лига во Свети Николе се сретнаа екипите на РK „КЛ – 7“ и РК „Бисинов Фруид ленд“. Наместо очекуваната интересна средба се случи неочекувано. Од само за нив познати причини и од ништо непредизвикани домаќините играа грубо, подло, ги удираа противничките ракометари и кога немаа топка кај себе. Без трунка срам се ова наидуваше на одобрување од клупата на домашниот тим од која не се криеше ...
Фудбалерките на велешки „Борец“ вториот дел на првенство го отвориле со победа на гостувањето кај ЖФК „Победа Валандово“. Натпреварот кој се одржал во саботата, на 16 март, завршил со конечен резултат 4:7. Мери која постигнала три гола, Сара два и Вики и Весна по еден гол, биле најзаслужни за постигнатата победа од три гола разлика. Дума.мк Сподели: Фудбалерките на велешки „Борец“ вториот дел на првенство го отвориле со победа на ...
Ветераните на ФК „Борец“, предводени од поранешниот македонски репрезентативец – Панче Ќумбев, викендов, на третиот Меѓународен фудбалски турнир на ветерани во Дуги Рат, крај Сплит, во Хрватска ги бранеа на „зелениот далматински терен“ спортските бои на Велес и на Македонија. Дуги Рат е домаќин на трет Меѓународен турнир на фудбалери ветерани додека велешките ветерани на ФК „Борец“ се први учесници од Македонија. И како што пренесува Слободна ...
Македнија одигра моќни 30 минути во кои целосно го скрши отпорото на Луксембург и на одмор замина со убедливи 20-10, како најава за стартната победа во квалификациите за ЕП 2028. Нашите ракометари имаат максимално сериозен пристап во мечот, одиграа стопроцентно фокусирано во првиот дел, што им донесе дури и двоцифрена предност по само дваесетина минути игра. Десното крило Петковски го реализираше првиот напад на натпреварот, како најава за ...
Центарот на Сан Антонио спарс, Виктор Вембањама, објасни како го избира својот стил на игра на натпреварите. – Тоа е како препознавање на шеми. По толку многу одиграни натпревари – буквално стотици НБА натпревари – мојот мозок сега знае кон каков стил на игра да се стреми за да се забавува. Бидејќи секој пат кога ќе промашиме, тоа е како негативна повратна информација. Кога постигнуваме поени и имаме добри резултати, тоа е позитивна повратна ...
Вечерва се играат натпреварите од четвртото коло во Лига Европа и третото во Лигата на конференции. Програмата почнува во 18:45 часот, а вториот термин е од 21 часот. Европскиот клупски фудбал вечерва, 5 ноември, продолжува со Лига Европа и Лигата на конференции. Милан го пречекува Ференцварош, Јувентус гостува кај АЗ Алкмар, додека регионалното внимание ќе биде насочено кон настапите на Динамо Загреб, Црвена звезда, Хајдук и Борац. ...
Викендот од 6 до 8 ноември носи дерби во Мадрид, дуел на Манчестер јунајтед со Астон вила и гостување на Јувентус во Фиренца. Дуелот Атлетико Мадрид – Барселона во недела е меѓу најпривлечните натпревари во фудбалската програма викендов. Во петте најсилни европски лиги внимание привлекуваат и Валенсија – Реал Мадрид, Фиорентина – Јувентус и Манчестер јунајтед – Астон вила. Програмата почнува вечерва, а сабота и недела носат натпревари од ...
Познати се сите осум тенисери кои ќе настапат на завршниот АТП турнир во Торино, што ќе се одржи од 15 до 22 ноември. Последното место го обезбеди Шпанецот Рафаел Ходар, откако Карлос Алкарас го елиминира Тејлор Фриц во четвртфиналето на Мастерсот во Париз. За трофејот ќе се борат Александер Зверев, Карлос Алкарас, Бен Шелтон, Данил Медведев, Флавио Коболи, Артур Фис, Френсис Тијафо и Рафаел Ходар. Алекс де Минор и Тејлор Фриц се првите ...
Прес-службата на Оклахома Сити објави дека клубот ќе го повлече бројот 0 кој на својот дрес го носеше плејмејкерот Расел Вестбрук. Триесет и седумгодишниот Американец го објави своето пензионирање во август пред сезоната 2026/27. Неговиот последен клуб беше Сакраменто, каде што Вестбрук играше минатата сезона. Вестбрук беше избран од Оклахома Сити како четврти избор на НБА драфтот во 2008 година. Тој играше за Тандер до 2019 година. Вестбрук ...
Македонските ракометари одиграа токму онака како што се очекуваше од нив, импресивно, убедливо, моќно од првата минута покажувајќи дека разликата во однос на Луксембург е во многу повеќе од една класа. Целта е зацртана, победата забележана со импресивна гол-разлика, а навивачите имаа можност да уживаат во шоуто на избраниците на Кире Лазаров. Македонија поседува и квалитет и искуство, доказ за тоа беше и денешното зрело издание и убедливата ...
Дмитро Горига го одигра премиерниот меч во дресот на Македонија, даде свој придонес во рутинската победа над Луксембург, а по завршувањето на натпреварот во СЦ „Борис Трајковски“ беше јасно дека Украинецот со македонски пасош експресно ги освои симпатиите на верните фанови на нашиот национален тим. Десетици навивачи трпеливо чекаа за фотографирање и автограм од новиот македонски репрезентативец, кој доби и специјално барање на украински јазик ...
Тимот на Армани Милано загуби седум последователни натпревари во Евролигата и има резултат 1:8. Повредата на високиот играч Девин Букер го принуди клубот да бара нови кошаркари. Букер е надвор од терените подолг период, можеби ќе паузира неколку месеци, информира тренерот Пепе Поета. Клубот од Милано бара засилувања за позициите центар и плејмејкер. Триесет и петгодишниот Букер имаше просек од 6,1 поен, 3,8 скока и 1,1 асистенции за 15,6 ...
Прв противник на избраниците на селекторот Кирил Лазаров ќе биде селекцијата на Луксембург, во натпревар што ќе се игра во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, со почеток во 19 часот. Капитенот Филип Кузмановски очекува победа на отворањето на квалификацискиот циклус, но и добар резултат на следниот натпревар, на гостувањето против Грција. „Македонија изминатиов период покажа еден континуитет на големите натпреварувања и сакаме да го продолжиме ...
Турската фудбалска репрезентација влегува во нова ера. Искусниот стратег Серген Јалчин и официјално ја презеде селекторската функција, откако потпиша четиригодишен договор со Турската фудбалска федерација (ТФФ). На оваа позиција тој го наследува италијанскиот стручњак Винченцо Монтела. Свеченото потпишување на договорот се одржа во седиштето на Турската фудбалска федерација во Рива, каде што Јалчин беше претставен како нов предводник на ...
Скот Паркер е назначен за нов главен тренер на Вест Хем, објави прес-службата на англискиот клуб. Четириесет и шестгодишниот фудбалер потпиша договор од две и пол години. Паркер доаѓа на местото на Нуно Еспирито Санто, чие заминување беше објавено на 3 ноември. – Ова е многу возбудливо време за мене да ја преземам оваа позиција и да се вратам во клуб кој значи толку многу за мене и моето семејство. Имам многу убави спомени од мојот престој ...
Комо го одигра можеби најдобриот меч во клупската историја откако италијанскиот тим го декласираше Ленс со 1-9, за своја прва гостинска победа во историјата во Лигата на Шампионите. Цеск Фабрегас може да биде горд на своите избраници кои ја наполнија до врв мрежата на францускиот тим, урнаа низа рекорди со импресивното издание, но шпанскиот стратег јасно стави до знаење дека нема да дозволи поради оваа победа Комо да „летне во облаци“ „Каква ...
Реал Мадрид славеше голема победа од 3:2 на гостувањето кај АЕК во Атина, во четвртото коло од лигашката фаза во Лигата на шампионите. АЕК поведе во 12. минута преку Абубакари Кои́та, по асистенција на Лука Јовиќ. Реал израмни во 32. минута со спектакуларниот погодок на Џуд Белингам, кој со пета ја смести топката во мрежата по нафрлувањето на Марк Кукуреља. Домашните повторно поведоа во 75. минута со голот на Ставрос Пилос, но радоста им ...
На синоќешната НБА програма имаше само два натпревара, Голден Стејт Вориорс ги победија Мајами Хит со 120:100, додека Феникс Санс ги победија Орландо Меџик со 117:104. Откако ја отворија сезоната со три пораза, Голден Стејт Вориорс продолжија со серија од шест победи, а последната ја остварија синоќа во својот „Чејс Центар“ со победа над Мајами со 120:100. Гостите го отворија натпреварот подобро и првиот дел од натпреварот им припадна на Хит ...
Жрепката за Светскиот куп во одбојка во 2027 година во Полска ќе се одржи на 3 декември во рудникот за сол Вјеличка во близина на Краков, 125 метри под нивото на земјата. Светскиот куп, што во минатото се играше под името Светското првенство, во 2027 година ќе се игра од 10 до 26 септември во Краков (Арена Таурон), Гдањск (Арена Ерго), Катовице (Арена Сподек), Лоѓ (Арена Атлас) и Олштин (Арена Уранија). Краков ќе биде домаќин на ...
Организаторот на еден од последните турнири во календарска година се соочува со невиден проблем. Во рок од 24 часа настапот го откажаа дури 14 тенисери. Станува збор за турнирот АТП 250 Стокхолм, кој треба да се игра од 15 до 22 ноември. Настапот го откажаа Вашеро, Серундоло, Дардери, Бублик, Давидович Фокина, Блокс, Фер, Шаповалов, Мерида, Беретини, Колињон, Баес, Штруф, Фарија. Дел од тенисерите порано ќе го почнат одморот, некои ќе имаат ...
Шпанскиот фудбалер Хезус де Мигел, кој почина во вторникот откако тешко се повреди по судир со противничкиот голман за време на натпревар во шпанската Втора лига, е погребан во Навахермоса, во покраината Толедо. На погребот присуствуваа стотици луѓе, вклучувајќи истакнати личности од шпанскиот фудбал, меѓу кои претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, и тренерот на шпанската репрезентација, Луис де ла Фуенте. Семејството на 30-годишниот ...
Фудбалерите на Арсенал го победија Хал со 1:0, во натпреварот од 10-тото коло од Премиер лигата. Во истиот термин Фулам и Њукасл ремизираа 1:1. „Топџиите“ успеаја да освојат три бода со многу мака, а единствениот гол беше постигнат во 72-та минута. Мартин Едегор најдобро се снајде откако Цолакис го одби шутот на Мадуеке. Домашниот тим ја имаше иницијативата, но недостасуваа големи шанси, пред и по голот. Мадуеке имаше добра ситуација во ...
Омладинац од Нови Бановци стигна до драматична победа од 3-2 против Доњи Срем во натпреварот од 11. коло во Војводинската лига Југ, но триумфот на домашниот тим остана во сенка на страшната повреда на еден од фудбалерите. Публиката имаше можност да проследи возбудлив натпревар со пет погодоци, во кој Омладинац дури трипати имаше предност, но гостите секојпат успеваа да се вратат и да го израмнат резултатот. Сепак, последниот збор го имаа ...
Фудбалерите на Илинден продолжуваат да доминираат и да нижат победи во регион 1. На денешниот натпревар избраниците на Горан Симов беа неверојатни ефикасни и славеа со 14-1. Антонио Крстевски во 15-тата минута го отвори резултатот, а потоа се нижеа голови како на филмска лента. Давид Ристовски постигна четири гола, Ален Јашароски и Андреј Кимовски забележаа хет-трик, а погодија и Филип Стојчевски, Кристијан Ивановски, Павел Ангеловски. ...
Францускиот весник „Л’Екип“ објави дека легендарниот тренер на Арсенал, Арсен Венгер, размислува да се кандидира за претседател на ФИФА. Венгер моментално е директор на ФИФА за глобален развој на фудбалот, а според пишувањата на францускиот весник, тој се уште нема донесено конечна одлука. Сепак, „Л’Екип“ тврди дека Венгер е многу блиску до одлуката да влезе во трката и да објави дека ќе му биде противкандидат на Џани Инфантино на изборите за ...
Екипата на Арсенал ја продолжи победничката серија во Премиер лигата и тоа откако денеска со доста мака ја оправда фаворитската улога во соочувањето со Хал Сити. Хал е тим кој е познат по тоа што знае да се бори, да не се предава, но против себе го имаше актуелниот првак кој од друга страна знае да биде трпелив, да не го фаќа паника и да ги дочека своите минути за да дојде до посакуваниот резултат. Токму тоа и се случи на „Емирејтс“ каде ...