Скопје
6ᴼ /
6ᴼ
Расположението кај двете навивачки групи по големото дерби во кое славеше Вардар со 31:23, е соодветно на постигнатиот резултат. Додека ракометарите на Вардар заедно со Комитите и навивачите во СЦ „Јане Сандански“ ја слават победата, навивачите на Е. Пелистер, популарните „Чкембари“ се во поинакво расположение. „Чкембарите“ дојдоа во голем број, но на крајот мораа да го гледаат славјето на „Комитите“. Крадењето авторски текстови е казниво ...
Најголемото македонско ракометно дерби, дуелот меѓу Вардар и Е. Пелистер во целост го оправда епитетот. Полна сала, навивачи на двата тима во свој елемент – ги бодреа милениците 60 минути, двајца тренери кои одлично се познаваат, одлични акции, и игра за мерак, посебно за фановите на Вардар. На крајот, Вардар сосема заслужено славеше со 31:23. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и ...
Иднината на новиот ракометен проект на овие простори, Партизан, е под сериозен знак прашалник. Во клупските простории е одржана седница на Управниот одбор, а одлуките се очекуваат до крајот на седмицата. Според информациите на „Моцарт спорт“, оставки се очекуваат од претседателот Миљан Жугиќ, како и уште неколку важни имиња за функционирањето на клубот. Дополнително, поддршката би можел да ја повлече и Владимир Мандиќ, кој иако немал ...
Само две средби се одиграа во НБА лигата, две соочувања кои завршија со триумф на домашните состави или во случајот Голден Стејт Вориорс и Феникс Санс. „Воините“ беа подобри од Мајами Хит со 120:100, додека „сонцата“ славеа над Орландо Меџик со резултат 117:104. Од споменатите битки беа извлечени најдобрите моменти и новата топ листа брои пет мајстории. Шампионското место е резервирано за дуото Девин Букер и Рајан Дан кое испорача атрактивен ...
Селекторот на Луксембург, Дидие Динар, по натпреварот против Македонија се осврна на развојот на својата репрезентација и потенцира дека трпението, искуството и заедништвото ќе бидат клучни за напредокот на екипата. Францускиот стратег нагласи дека резултатите не можат да дојдат преку ноќ, но верува дека со посветена работа и вистински пристап тимот ќе успее да ги оствари поставените цели. „Сите би сакале работите да се одвиваат побрзо, ...
Вардар целосно го демолира Пелистер во првата овосезонска дерби-пресметка во маакедонската Суперлига, за вистинска еуфорија меѓу навивачите но и вардаровиот табор од каде не кријат дека и тоа како го посакувале овој триумф. Еден од најдобрите во црвено-црните редови повторно капитенот Васил Гогов со одбрани во вистински момент, одбранет пенал и постигнат гол кога најмногу беше неопходно. „Секако пресреќен сум за оваа и тоа како важна победа. ...
Тимот на Олимпија Милано е едно од најголемите разочарувања во Евролигата во оваа сезона и тоа со учинок од само една остварена победа во десет натпревари, учинок по кој управата на клубот одлучи да реагира и да се раздели со тренерот Џузепе Пепе Поета. Ова за Поета беше втор мандат во клубот, во првата епизода беше асистент од 2022 до 2024 година, потоа одново им се приклучи на „манекените“ како асистетент за да конечно добие шанса по ...
Капитенот на српската ракометна репрезентација, Мијало Марсениќ, од следното лето ќе има нов клуб. Искусниот пивотмен потпишал тригодишен договор со Динамо Букурешт, актуелниот романски шампион, дознава „Моцарт Спорт“. Марсениќ, кој осум години го носеше дресот на Фуксе Берлин, претходно беше поврзуван со Партизан, клубот во кој ја започна својата афирмација, но на крајот се одлучи за продолжување на кариерата во Романија. Зад себе има ...
Мартин Томовски пристигнa репрезентативниот собир во врвна форма и статус на еден од тројцата најдобри голмани во Бундеслигата. По 11 кола во најсилната ракометна лига во светот, македонскиот голман бележи просек од десет одбрани по натпревар. Во отсуство на Никола Митревски за претстојните два дуела во квалификациите за ЕП 2028, Томовски ќе го има приматот меѓу стативите и ќе биде главниот адут на Македонија, но и поддршка за помладите ...
Младинската (М20) и кадетската репрезентација на Македонија денеска го имаа првиот собир во салата „Расадник“, каде нашите млади ракометари ќе одржат неколку тренинзи како мини-подготовки во наредниот период. Селекторите Илиевски и Кузманоски ќе го искористат овој период за согледување на формата на ракометарите, но и за унапредување на колективот како подготовки за предизвиците што ќе следат во наредниот период. Воедно, планирано е овие две ...
Филип Кузмановски е лидер на македонската репрезентација во последните неколку години, а одличниот бек првпат проговори за одлуката на федерацијата и на селекторот Лазаров да му се даде македонски пасош на Украинецот Горига, кој своето деби за нашата национална селекција ќе го има токму вечерва против Луксембург. Кузмановски како вистински капитен му посака добредојде на Горига, гледајќи го како додадена вредност на нашата репрезентација, ...
Македонските ракометари максимално подготвени го очекуваат почетокот на новиот квалификациски циклус, овојпат за ЕП 2028 во кој во првото коло на домашен терен ќе го пречекаат составот на Луксембург (вечерва во 19 часот во СЦ „Борис Трајковски“). Гостинот важи за аутсајдер во групата, но нашите репрезентативци се свесни дека не смеат да потценат ниту еден ривал, а воедно денешниот меч мора да послужи како загрвање за далеку поголемиот ...
Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија донесе одлуки по натпреварите од 10. коло во Прва и 8. коло во Втора МФЛ, меѓу кои дисциплински постапки против два клуба и клупски функционер, како и казни за четворица фудбалери. Поведена е дисциплинска постапка против ФК Шкендија Арачиново 77 поради слаба организација на натпреварот од 10. коло на Прва МФЛ против ФК Струга Трим Лум, односно поради присуство на неслужбени ...
Македонија повеќе од една деценија е редовен учесник на сите ракометни европски и светски шампионати, тренд што нашите најдобри ракометари ќе сторат се за да го продолжат и на претстојното ЕП 2028 што ќе се одржи во Шпанија, Португалија и во Швајцарија. Првиот дуел од новиот квалификациски циклус го играме вечерва во 19 часот во СЦ „Борис Трајковски“ против Луксембург, а покрај оваа селекција – аутсајдер, наши ривали ќе бидат уште и Грција ...
Младинската репрезентација на Македонија до 20 години одигра контролен натпревар против кадетската репрезентација (до 18 години), во кој младинците славеа со резултат 34:27. Натпреварот беше одлична можност за проверка на формата, воигрување на составите и стекнување дополнително натпреварувачко искуство за двете селекции. Следниот контролен натпревар меѓу младинската и кадетската репрезентација на Македонија ќе се одигра на 6 ноември 2026 ...
Италијанскиот возач во Формула 1, Кими Антонели, во неделата стана најмладиот светски шампион во историјата на овој спорт. Освен што му донесе углед, овој рекорд му овозможи и една интересна привилегија, која 20-годишникот сепак ја одби. Kimi Antonelli confirmó que no utilizará el #1 y que mantendrá el #12 en su monoplaza durante la temporada 2027. “Voy a seguir usando el número 12. Es un número muy especial para mí y una de las formas que ...
Веќе на самиот почеток е јасно дека завршниот турнир на ВТА-турнејата во Индијан Велс нема да помине нормално. Имено, традиционалното заедничко фотографирање на сите учеснички овојпат изостана поради одлуката на Елина Свитолина да не застане пред фотографите заедно со Мира Андреева и Арина Сабаленка. Причината за ваквиот потег е војната во Украина, поради која украинската тенисерка одбива да учествува во заеднички активности надвор од ...
Ракометните репрезентации на Шведска и Норвешка забележаа сигурни триумфи во квалификациите за Европското првенство во 2028 година. Швеѓаните ја совладаа Грција со 33-24, додека Норвежаните беа уште поубедливи против Грузија, славејќи со 40-23. Шведска уште од самиот почеток ја презеде контролата врз натпреварот и брзо се одлепи на 7-3. Домаќините ја задржаа предноста до паузата, на која заминаа со водство од 18-13. Грците во второто ...
Натпреварот меѓу Напредак од Крушевац и Караѓорѓе од Топола наместо со ракометна борба, заврши со сцени на насилство и масовна пресметка. Дуелот од седмото коло во Првата лига на Србија, група Запад, беше прекинат откако на теренот настана хаос во кој учествуваа играчи и членови на стручните штабови на двата клуба. Непријатните сцени се случија во самиот финиш, кога до крајот на средбата остануваше помалку од една минута, а Напредак имаше ...
На денешен ден пред точно три децении, МЗТ Скопје испиша една од најславните страници во својата историја. Аеродромци на 6 ноември 1996 година приредија едно од најголемите изненадувања во европската кошарка, совладувајќи го моќниот Реал Мадрид со минимални 69-68 во рамките на Купот Сапорта. МЗТ на домашен терен покажа дека може рамноправно да се носи и со најголемите европски екипи. Завршницата на натпреварот и денес се раскажува меѓу ...
Док Риверс упати остри критики кон Јанис Адетокумбо, иако му беше тренер во Милвоки, а во своето гостување во подкастот на Бил Симонс ја доведе во прашање дури и неговата кошаркарска интелигенција. Doc Rivers tells Bill Simmons it was so hard for him to coach Giannis Antetokounmpo during his tenure with the Milwaukee Bucks: “He’s not easy. He plays at this crazy downhill pace. He’s really a difficult guy. He has this great passing ability, ...
Кошаркарите на Жалгирис забележаа убедлива победа на гостувањето кај Бешикташ со 83:67, во рамките на 10. коло од Евролигата. Турскиот тим имаше рамноправен почеток, но во втората четвртина гостите ја презедоа контролата врз натпреварот. Одличната игра на Јонас Валанчиунас и Едвардс во завршницата на првото полувреме му овозможи на Жалгирис да замине на пауза со предност од 14 поени. Литванците продолжија во ист ритам и во второто полувреме, ...
Кошаркарите на Црвена звезда приредија изненадување во Евролигата, откако славеа на гостувањето кај Олимпијакос со 62-57 и освоија значајни бодови против еден од фаворитите во натпреварувањето. Белградскиот состав одигра одлично во дефанзивата и успеа да го неутрализира нападот на грчкиот гигант. Иако Олимпијакос имаше расположен поединец во Саша Везенков, кој постигна 27 поени, тоа не беше доволно за домашните да избегнат пораз. Најзаслужен ...
Британскиот возач Ландо Норис ја освои пол-позицијата на квалификациите за Големата награда на Сао Паоло во Формула 1, во сесија која беше значително одложена поради обилните врнежи од дожд. Поројниот дожд предизвика речиси веднаш да биде прекинат првиот квалификациски сегмент со црвено знаме, по што следуваше пауза подолга од еден час. На крајот, квалификациите се претворија во вторите најдолги во историјата на Формула 1. По два и пол часа ...
Словенија со години е дел од групата на врвни европски и светски ракометни репрезентации, селекција која во одреден периоди беше и конкурентна за медали на големите натпреварувања, селекција која и денеска е супер квалитетна и токму затоа денешниот пораз од Израел е вистинска сензација. Имено Словенците беа апсолутни фаворити на денешниот меч од квалификациите за пласман на Европското првенство во 2028 година и најголемиот дел од јавноста ...
Еден неидентификуван маж е уапсен под сомнение за демнење на НБА ѕвездата Леброн Џејмс, откако бил забележан на неговиот имот во Лос Анџелес. Според американскиот медиум ТМЗ, инцидентот се случил во петокот околу 21 часот по локално време, кога обезбедувањето преку безбедносните камери забележало непознато лице на имотот на славниот кошаркар. Веднаш била повикана полицијата во Лос Анџелес, која по пристигнувањето го привела осомничениот под ...
Фудбалерите на Осасуна и Атлетик Билбао ремизираа 1:1 во возбудлив натпревар од 12-то коло на шпанската Примера. Гостите од Баскија беа толку блиску до победа по голот на Нико Вилијамс во 85-тата минута, но Алехандро Катена донесе бод за домашните во 90-тата минута. Атлетико беше подобриот противник вечерва. Гостите ја погодија стативата во 39-тата минута по силниот удар на Берингер, а нивниот труд беше награден пет минути пред крајот на ...
Штутгарт се врати на победничкиот колосек по поразот од Галатасарај во Лигата на шампионите, славејќи дома против Вердер Бремен со 1-0 во натпреварот од 9-тото коло од Бундеслигата вечерва, нанесувајќи му го првиот лигашки пораз на екипата од Бремен по повеќе од два месеци. Не беше потребно многу за домаќините да поведат, бидејќи Максимилијан Мителштад го “стресе“ Вердер во седмата минута, постигнувајќи во свој стил со удар од левата страна. ...
Марко Бецеки од Априлија ќе ја има пол-позицијата на трката за Големата награда на Катар во Мото ГП шампионатот, откако беше најбрз во квалификациите на патеката „Лусаил“. Италијанецот имаше одлично возење и со време од 1:50.028 минути постави нов рекорд на патеката, оставајќи го зад себе лидерот во генералниот пласман, Марк Маркез. Шпанецот заостана 0,266 секунди и ќе стартува од втората позиција. За Бецеки ова е петта пол-позиција во ...
Манчестер Сити беше најдобрата англиска екипа по седум одиграни кола во Премиер лигата, но по триумфот над Ипсвич од 3-2 дојде до голем пад и сериозна резултатска криза и потврда за тоа се трите претрпени порази во низа. Се тргна од негативниот резултат на „Вила Парк“ против Астон Вила, потоа дојде „нокаутот“ од Брајтон на „Итихад“, а вечерва загуби од Нотингем Форест на „Сити Граунд“, поточно од тимот кој во ова соочување влезе со само една ...