Во рубриката „Нај, нај на СП 2026“ ви ги пренесуваме најинтересните статистички податоци од натпреварите одиграни претходниот мундијалски ден… Четири порази по ред на СП во ист град, тоа е неславниот рекорд на Чешка по синоќешниот неуспех во Гвадалахара против Јужна Кореја. Чехословачка ги загуби трите средби во овој мексикански град на СП во 1970 година, а денешниот неуспех беше четврти во низа за чешкиот национален тим. Хванг ин-Беом имаше ...

По победата над Италија во финалето на баражот, владее еуфорија во таборот на Босна и Херцеговина. „Змејовите“ имаат големи очекувања од своето второ учество на светската фудбалска сцена. Групата Б е прилично изедначена, со Швајцарија како прв фаворит, а тука се и Канада и Катар. Тимот на Сергеј Барбарез го започнува Мундијалот во петок (21:00 часот) во Торонто против еден од трите домаќини. Канаѓаните имаат проблем со повредата на ...

Екипата на Вардар ги започна подготовките за новата сезона, а главниот дел од нив ќе бидат одработени во Италија. Актуелниот шампион отпатува на „чизмата“ и ќе ја темпира формата во Норчија. Вардарци ќе работат под окото на новиот тренер, аргентинскиот стручњак Кристијан Фабијани. Како заслувања засега официјално се обезбедни Жерсон Родригез како и најдобриот играч на Силекс од минатата кампања, Мигуел Пиреш Екипата на Вардар ги започна ...

Од 12 до 14 јуни 2026 година, Охрид ќе биде домаќин на БТА Триатлон Балканското првенство, еден од најзначајните спортски настани во регионот, кој ќе донесе повеќе од 350 натпреварувачи од 15 земји од Балканот и Европа. Триатлонот е атрактивен олимписки спорт кој обединува три дисциплини: пливање, велосипедизам и трчање, кои натпреварувачите ги изведуваат последователно, без прекин. Центарот на случувањата ќе биде на Бафало Бич, каде ќе ...

Виктор Муњоз ќе биде првото засилување за Њукасл во летниот преоден рок. Бројни сигурни извори објавија дека Њукасл понудил 35.000.000 евра фиксно + 5.000.000 преку бонуси и дека Осасуна е подготвена да гја прифати понудата. Познато е дека Реал Мадрид има 50% од неговиот договор, па ќе земат половина од овие пари, но тоа е одлична зделка за сите три страни. Њукасл заработи двојно повеќе од продажбата на Ентони Гордон во Барселона, мораше да ...

Иако Светското првенство предизвикува огромен интерес ширум светот, фудбалот не е меѓу најпопуларните спортови во СAД. Токму затоа, за време на преносот од натпреварот меѓу Мексико и Јужна Африка, телевизискиот пренос понуди необично објаснување кое брзо го привлече вниманието на љубителите на спортот. Откако јужноафриканската репрезентација заработи втор црвен картон на натпреварот, телевизискиот коментатор и продукцијата решија детално да ...

Пред нас е долго лето кое на фудбалски план ќе биде одбележано од Светското првенство во САД, Мексико и Канада. Веќе се одиграа два натпревари на турнирот, победи запишаа Мексико и Јужна Кореа, видовме пет гола на првите две средби што е солиден старт на настанот кој ќе трае повеќе од еден месец. Допрва ќе следат вистинските очекувања, а прогнозите на големите фудбалски имиња продолжуваат да бидат во фокусот, па Рој Кин имаше свој збор за тоа ...

Поранешниот бразилски репрезентативец и освојувач на Светското првенство, Брито, почина на 86-годишна возраст по борба со пневмонија. Брито, кој играше како централен дефанзивец, беше еден од клучните членови на бразилската репрезентација која го освои Светското првенство во 1970 година во Мексико, во генерацијата предводена од Пеле. Како што објавија бразилските медиуми, поранешниот фудбалер бил хоспитализиран од 14 мај поради компликации ...

Хванг организираше спектакуларeн камбек на Јужна Кореја против Чешка (2:1) во првото коло од Групата А. Сега како играч од средниот ред на холандскиот Феенорд, прво израмни за Кореја со фантастичен потег. На овој гол му претходеше низа од 25 додавања, петта најдолга низа што доведе до гол на Светско првенство од 1966 година. Откако ја прими топката пред шеснаесетникот, тој ги „скрши“ и дефанзивецот и противничкиот голман ја погоди мрежата со ...

Натпреварот меѓу Јужна Кореја и Чешка на Светското првенство заврши со победа на Корејците од 2:1, но резултатот на теренот речиси и да не беше главната тема. Вниманието на јавноста беше насочено кон нешто сосема друго — состојбата на трибините и големата разлика меѓу официјалните податоци и она што можеше да се види со голо око. Според податоците што ги објави ФИФА, натпреварот бил следен од 44.985 гледачи, бројка која речиси се приближува ...

Карло Анчелоти ќе го има првиот голем предизвик за предводник на бразилската репрезентација, а тоа е Светското првенство. Бразилците се земја со најмногу титули на мундијалите, но повеќе од две децении немаат ниту еден пехар, ниту пласман во финале што е разочарувачко за земја која е препознатливата по фудбалот. Анчелоти има задача да ја врати насмевката, победничкиот дух, а дека Италијанецот веќе се наметнал говори изјавата на голманот ...

На целото Светско првенство во Катар во 2022 година имаше четири црвени картони, а само синоќа на првиот меч на СП 2026 помеѓу Мексико и Јужна Африка беа покажани дури три. Судијата Вилтон Сампајо немаше милост и стана вирален хит по социјалните мрежи. Освен што беше „накитен“ со камери и микрофони, тој стана мета на потсмев и со мачењето кога требаше на англиски јазик да објасни зошто ќе покаже црвен картон по прегледување на снимка. ...

Вториот натпревар од отворањето на Светското првенство, кој за македонските фанови се одигра во доцниот ноќен блок, донесе исклучителна фудбалска драма во која Јужна Кореја со пресврт ја совлада Чешка со 2-1 во Гвадалахара. Но, покрај случувањата на теренот и големата триумфална ноќ за Азијците, овој натпревар веднаш ја активираше и првата голема контроверза на шампионатот – сериозно празни трибини кои јасно ги отворија прашањата за лакомоста ...

Мексико вчера ја победи Јужна Африка на отворањето на Светсткото првенство со 2-0, а во еден момент од овој натпревар видовме интересна сцена во која во центарот на вниманието беа репрезентативецот на Јужна Африка, Кулисо Мудау и судијата Вилтон Сампајо. При еден напад на Јужна Африка, кој заврши со удар кон голот и одбрана на мексиканскиот голман, се случи спорна ситуација што бразилскиот судија Сампајо не ја забележа. Сепак, веднаш по ...

Чави Ернандес стана непосакувана личност во Барселона, и сега ги трпи првите јасни последици за неговото противење на Жоан Лапорта за време на изборната кампања. Според информациите од Catalunya Ràdio, кои беа потврдени и од AS, поранешниот тренер на Барселона добил вето за поканите за последните два натпревари на тимот Barça Legends, кои требаше да се играат во Мајами и Сеул, пишува AS. Се чини дека ветото ќе продолжи и за идните натпревари, ...

Погодокот на Хванг Ин-Беом со кој Јужна Кореја израмни на 1-1 во дуелот со Чешка, беше најатрактивниот момент на првиот ден од Светското првенство. Во моментот кога Кореја губеше со 0-1, Хванг брилијантно им „скрши ‘рбет“ на дефанзивецот и голманот на Чешка, сместувајќи ја топката во мрежата. Хванг кој сега е во Феенорд, во 2023/2024 настапуваше за Црвена ѕвезда, фановите на српскиот првак му пееја споредувајќи го со Брус Ли. Еве го голот ...

Отворањето на Светското првенство во Мексико, кое требаше да биде прослава на фудбалот со натпревар помеѓу домаќините и Јужна Африка (2:0), се претвори во сцена на жестоки конфликти. Додека светската ѕвезда Шакира воодушевуваше повеќе од 82.000 навивачи со својот глас во стадионот „Ацтеки“, вистински пекол се одвиваше пред влезот број 8. Според извештаите на германскиот „Билд“, мирната атмосфера во арената беше прекината од морничави сцени од ...

Шпанија за многумина е прв фаворит за титулата на Светското првенство или ако не е главен фаворит тогаш е во првата група која има најмногу шанси да слави на турнирот што се одржува во три земји САД, Мексико и Канада. Меѓутоа селекцијата од Пиринеите има и одредени проблеми со оглед на тоа што добар дел од офанзивците се повредени, излегуваат од повреди и останува да видиме во какво светло ќе се прикажат кога ќе започнат натпреварите. Тоа што ...

Пред 85.000 гледачи на легендарниот стадион „Ацтека“ во Мексико Сити, Мексико со 2-0 ја совлада Јужна Африка и го отвори Мундијалот со победа. Мексиканците тргнаа силно уште од првите минути, а иницијативата ја крунисаа во 9. минута кога Кињонес ја искористи грешката во одбраната и ја затресе мрежата на африканската селекција. Иако домаќините пропуштија неколку одлични можности, прашањето околу победникот беше решено во 67. минута. Хименез ја ...

Мексиканскиот играч од средниот ред Жилберто Мора стана првиот играч роден по финалето во 2006 година кој играл на натпревар од Светското првенство. Мора е роден на 14 октомври 2008 година, повеќе од две години откако Италија ја победи Франција во финалето на Светското првенство во 2006 година, натпревар кој беше обележан со збогувањето на Зидан со фудбалот и ударот со глава во градите на Марко Матераци. Со 17 години и 240 дена, тој стана и ...

Првиот впечаток овде во мондијалскиот Бостон е дека мештаните и нивните градски татковци, односно локални и федерални власти не се баш расфрлале со пари за рекламирање на Светското првенство. Нема билборди, нема некои екстра најави. Се сеќавам кога во 2014 слетав во Сао Паоло пехарот на Жил Риме “ме удри по глава” уште во првиот ходник на аеродромот, а Сао Паоло вриеше и живееше за фудбалот. Но, тоа е Бразил, ова овде е Америка. !!! Околу ...

Македонската фудбалска легенда Горан Пандев ќе биде дел од големиот хуманитарен спектакл што ќе се одржи на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид. Легендите на Интер и Реал Мадрид ќе ги одмерат силите на традиционалниот „Корасон Класик Меч“, кој ќе се одигра на 13 јуни, а во составот на италијанскиот гигант ќе настапат бројни поранешни ѕвезди на светскиот фудбал. Покрај Горан Пандев, за Интер ќе играат и легендарните Хавиер Занети, Естебан ...

Мексиканскиот напаѓач Хулијан Кињонес, кој синоќа го постигна првиот гол на Светското првенство 2026, ги пофали своите соиграчи и навивачите по стартната победа на Мексико од 2-0 над Јужна Африка. „Среќен сум и возбуден што го постигнав мојот прв гол на Светското првенство на толку спектакуларен стадион и пред одлични навивачи. Исто така, важно е да истакнам што моите соиграчи направија за да ги обезбедат првите три бода“, изјави по ...

Леаонардо Белерди се најде на списокот на Лионел Скалони за настап на Светското првенство, но поради повреда на крајот отпадна, односно аргентинскиот селектор имаше задача да повика уште едно име, замена за членот на Олимпик Марсеј. Скалони порача дека ќе размисли некој ден пред да ја донесе конечната одлука и на крајот изборот падна врз Маркос Сенеси, играчот кој пред неколку дена потпиша за Тотенхем. Тој беше на одмор кога го доби повикот, ...

Aктуелниот македонски шампион Вардар од синоќа е во Норчиа, Италија, каде ќе бидат реализирани централните подготовки на тимот за настапите во квалификациите за Лигата на шампионите ова лето. Под водство на новиот тренер, Аргентинецот Кристијан Фабијани тимот на почетокот од подготовките нема да биде комплетен поради подолгата пауза за репрезентативците кои претходно имаа обврски со националниот тим. Според најавите вардаровите ...

Победата на Мексико над Јужна Африка (2-0) на почетокот на Светското првенство донесе дури три црвени картони, што веднаш го постави прашањето дали судиите станале построги отколку на претходните светски првенства. Јужноафриканците Јаја Ситоле и Темба Зване беа исклучени, како и Мексиканецот Сезар Монтес во судиското продолжение. Три црвени картони на овој натпревар се рекорд за отворањето на Светското првенство. Интересно е што на ...

Фудбалерите на Јужна Кореја ја победија Чешка со 2-1 во вториот натпревар од Светското првенство што се одржува во САД, Канада и Мексико. Чешка поведе со голот на Ладислав Крејчи во 59-тата минута, но Корејците го свртија резултатот со головите на Хванг Ин-беом во 67-мата минута и Хјеон-гју Ох во 80-тата минута. Натпреварот го одбележа и чешкиот селектор Мирослав Кубек, кој со 74 години и девет месеци стана најстариот тренер во историјата на ...

Килијан Мбапе како лидер и капитен на француската фудбалска репрезентација направи интервју за каналот „М6“ во најавата за Светското првенство, а покрај тоа што говореше за амбициите кои ги има националниот тим на овој мундијал, за првпат доби шанса да го искоментира историскиот успех на ПСЖ. По неговото заминување, ПСЖ освои втора титула во низа во Лигата на шампиони и докажа дека во овој момент е најдобар тим во Европа, па иако многумина го ...

Еден до домаќините на СП 2026, Мексико, ја победи сеелкцијата на Јужна Африка со резултат од 2:0 во меч со друти три црвени картони. Во вториот меч од групата А Јужна Кореа ја совлада Чешка со 2:1 иако губеше 1:0 по 57тата минута. Денеска на програмата се натпреварите од групата Б и Ц Канада-БиХ во 21.00 часот и САД-Парагвај од 03:00 част. Еден до домаќините на СП 2026, Мексико, ја победи сеелкцијата на Јужна Африка со резултат од 2:0 ...

Германија е голема фудбалска велесила, но останува дилема што може да направи на престојново Светско првенство. Германците во првата фаза ќе ги одмерат силите со Курасао, Брегот на Слоновата Коска и Еквадор и овие мечеви ќе дадат доста одговори. Во Германија со внимаие ќе се прати секој натпревар, потег, а некогашниот капитен на националниот тим Лотар Матеус посочи што селекторот Јулијан Нагелсман треба да направи ако со овој тим ја освои ...

weather icon

Скопје

17ᴼ / 17ᴼ
1.44
65%
1019
weather icon

Белград

19ᴼ / 19ᴼ
3.13
68%
1018
weather icon

Загреб

19ᴼ / 19ᴼ
0.22
75%
1017
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
1.05
73%
1019
weather icon

Сараево

19ᴼ / 19ᴼ
3.3
70%
1018
weather icon

Љубљана

17ᴼ / 16ᴼ
1.51
77%
1018
weather icon

Атина

23ᴼ / 20ᴼ
4.02
57%
1017
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.06
77%
1018
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
3.04
63%
1019
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 18ᴼ
0.45
68%
1016
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 18ᴼ
0.45
65%
1015
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 16ᴼ
3.35
93%
1016
Currency

61.6317

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Иридиум

253540.09

Сребро

2186.28

Родиум

257205.97

Цинк

0.00

Бакар

13.01

Алуминиум

3.54

Паладиум

40767.15

Платина

55170.68

Злато

135639.33

Калај

53.60

Рутениум

48965.59

Кобалт

45.39