Карло Анчелоти ќе го има првиот голем предизвик за предводник на бразилската репрезентација, а тоа е Светското првенство. Бразилците се земја со најмногу титули на мундијалите, но повеќе од две децении немаат ниту еден пехар, ниту пласман во финале што е разочарувачко за земја која е препознатливата по фудбалот. Анчелоти има задача да ја врати насмевката, победничкиот дух, а дека Италијанецот веќе се наметнал говори изјавата на голманот ...

Голманот на Бразил, Алисон Бекер, го опиша селекторот на националниот тим Карло Анчелоти како „вистински победник“ за време на прес-конференцијата со која беше означен почетокот на кампањата на селекцијата што секогаш важи за еден од фаворитите за освојување на светската титула. „Ја гледам неговата радост и благодарност поради фактот што е селектор на Бразил“, изјави Алисон за Италијанецот, кој е првиот странски селектор на Бразил од 1965 ...

Карло Анчелоти ќе се обиде да стане првиот странски тренер кој донел светска титула за Бразил, а бидејќи овој потфат нема да биде воопшто лесен, на Италијанецот му се поставуваат прашања дали владее страв за неуспех со оглед на доста непријатните искуства во последните 20 години. Бразил чека за мундијалски трофеј повеќе од две децении и последен пат славеше титула во 2002-ра година, а 24 години подоцна, Анчелоти ќе се обиде да направи ...