Скопје
7ᴼ /
7ᴼ
Глазгов Ренџерс се здоби со огромен удар врз шампионските амбиции откако тимот на нашиот Бојан Миовски загуби клучен меч на домашен терен од Мадервел со 2-3. Миовски по подолго време беше стартер, но Македонецот се вклопи во сивилото на својот тим во првото полувреме во кое Мадервел имаше водство од 0-2. Тренерот Рол реши да го поввлече нашиот голгетер од игра на паузата меѓу двете полувремиња, Глазгов Ренџерс успеа да се врати и да израмни ...
Џеда, 26 април 2026 (МИА) – Фудбалерите на саудиски Ал Ахли ја одбранија титулата во азиската Лигата на шампиони, совладувајќи го јапонски Мачида Зелвија со 1-0 по продолжение во финалето во Џеда. Победоносниот гол го постигна Ал Бураикан во 96. Минута, а Ал Ахли до триумфот дојде со фудбалер помалку на теренот поради исклучувањето на Ал Хавсави во 68 минута. Со триумфот, Ал Ахли стана првиот клуб што ја одбранил титулата во азиската Лига на ...
Фудбалерите на Челзи се пласираа во финалето на ФА Куп, откако славеа минимална победа од 1-0 против Лидс Јунајтед. По неколкуте разочарувачки резултати во Премиер лига, „сините“ конечно им донесоа радост на своите навивачи и обезбедија место во борбата за трофејот во најстарото натпреварување. Единствениот гол на средбата на „Вембли“ падна во првиот дел. Течеше 23. минута, по одличниот центаршут на Педро Нето, Енцо Фернандез одлично се ...
Челси е тимот кој ќе го предизвика Манчестер Сити во финалето на англискиот ФА Куп и тоа откако попладнево „сините“ се изборија за триумф против Лидс на „Вембли“. Тимот од „Стемфорд Бриџ“ го дочека ова соочување во катастрофална форма, но Премиер лигата е едно натпреварување, ФА Купот е друго и Челси успеа да го добие Лидс со 1-0 и со тоа да се избори за меч за пехар против „граѓаните“ кој ќе биде на програмата на 16 мај. Немаше премногу ...
Македонскиот ракомет остана без свој долгогодишен делегат – почина Љупчо Јаневски. -Во текот на својата кариера беше дел од ракометните терени најпрво како судија, а потоа и како делегат-контролор, оставајќи белег со својата посветеност и професионален однос. Ракометната федерација на Македонија изразува искрено сочувство до семејството и блиските. Нека почива во мир, објави РФМ. Јаневски починал по кратко боледување. Македонскиот ракомет ...
Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар подели уште еден „седумка“ во Првата македонска фудбалска лига, втора во низа што е јасен сигнал дека составот што го предводи Гоце Седлоски се враќа во посакуваниот ритам и форма. Ако „седумката“ против Шкупи не беше изненадување, секако денешниот резултат против Тиквеш од 7-0 никој не го очекуваше. „Црвено-црните“ сите дилеми окоолу победникот ги решија во дел во кој се изборија за водство од ...
Екипата на Вардар ја оствари целта и моќно го совлада Тиквеш (7-0) пред својата публика, во натпреварот од 29-тото коло од Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ). Кавадарчани на овој дуел тргнаа со шест играчи под 21 година, а тоа Вардар го искористи и ја наполни мрежата на ривалот, за плус четири во однос на Шкендија која својот меч ова коло го игра против Башкими. Дуелот почна доста агресивно пред голот на Тиквеш, затоа што уште од ...
Фудбалерите на Пелистер забележаа многу важна победа на гостувањето кај Брера Струмица (0-1) во натпреварот од 29. коло на Првата македонска фудбалска лига. Уште на стартот на средбата пелистерци добија најстрога казна, откако по уфрлувањето од Керим со рака играше Велкоски. Одговорноста да го изведе пеналот ја презеде капитенот Мирко Ивановски и го матира домашниот голман за 0-1 во шестата минута. Брера успеа да се наметне во продолжението, ...
Вардар го продолжи шампионскиот поход со импресивно издание и убедлива победа од 7-0 над Тиквеш, декласирајќи ги гостите од Кавадарци кои најавуваа изненадување, но се враќааат дома со полна мрежа. Раното водство им помогна на „вардарци“ кои во 3. минута поведоа преку Цветковиќ, по што гол-шоуто продолжи до крајот на полувремето, Вардар замина на одмор со 4-0, а меѓу стрелците се запишаа и Закариќ, Велковски и Јанкулов. Тиквеш остана со играч ...
Штутгарт и Вердер одиграa 1-1 во еден од поинтересните натпревари од 31-то коло на Бундеслигата, во дуел во кој двата тима влегоа со сосема различни цели. Победата на Хофенхајм претходниот ден и борбата на Вердер за бодови во трката за опстанок му дадоа дополнителен мотив на Штутгарт да се врати на позициите што водат во Лигата на шампионите. И покрај тоа што Вердер оваа сезона има променливи резултати на гостински терен, нивните претходни ...
Откако во изминатите два дена медиумите во Европа, а посебно во Шпанија и Германија, пренесоа дека Флорентино Перез има намера да удива рекорди и да понудо неверојатни 175 милиони евра за Мајкл Олисе, јасно беше дека и “баварците“ ќе вратат со порака до “кралевите“. “Мајкл Олисе е апсолутно недопирлив. Нема шанси, ние ни за секунда не сме помислиле да го продадеме“ беше изјавата на Макс Еберл, спортскиот директор на Баерн Минхен. Јасно е ...
Двократниот шампион на Ролан Гарос нема да ја брани титулата во Париз Шпанецот Карлос Алкараз, објави дека се повлекува од турнирот поради повреда, што би можело да значи и дека Новак Ѓоковиќ има голема можнос да ја освои 25-тата титула на грен слем турнирите. Познато е дека Јаник Синер не ја сака земјената подлога и дека другите тенисери се сè уште едно ниво под најдобриот на сите времиња. Мал проблем е што Новак Ѓоковиќ зад себе има голем ...
Партизан заврши одлична работа со новиот договор на Карлик Џонс, а „црно-белите“ се на прагот да осигураат уште еден значаен потпис – за Ник Калатес да остане меѓу „црно-белите“ и наредната сезона. Грчкиот ветеран пристигна пред неколку месеци во ситуација кога Партизан мака мачеше на плејмејкерската позиција, Кататес не добиваше шанса во Монако, но експресно влезе во ритам во дресот на Партизан давајќи солиден придонес за добрите резултати ...
Хаос го потресе италијанскиот фудбал, а епицентарот е судискиот свет. Шефот на судиите во Италија, Џанлука Роки, е под истрага од обвинителството во Милано за „соучество во спортска измама“. Во фокусот на истрагата се неколку натпревари од сезоната 2024/25. Во таа насока, Роки објави дека се повлекува од функцијата раководител на судиите во Серија А и Серија Б, барем додека трае истрагата. „Во врска со настаните, во договор со Италијанската ...
Кошаркарската федерација на ФИБА донесе одлука која привлече големо внимание од спортската јавност, а тоа е дека Русија и Белорусија добија делумно враќање на меѓународната сцена. Имено, според официјалното соопштение, овие две земји добија дозвола да ги внесат своите репрезентации до 21 година во натпреварувањето на ФИБА – Лигата на младински нации 3×3, кое ќе се одржи во Кина и Малезија. Оваа одлука е донесена по препораката на Олимпискиот ...
Поранешниот тренер на Барселона и еден од најдобрите играчи од средниот ред во модерниот фудбал, Чави Ернандез, уште еднаш ги откри причините зошто Лео Меси не се врати во Барселона во 2023 година. Чави објасни дека сака да ги врати некои од легендарните фудбалери во тимот, вклучувајќи го и Меси. „Успеав да ги вратам деновите на Алвес, се обидов истото со Нејмар, Педро и Меси. Она што беше јасно беше дека Педро и Нејмар не можеа да потпишат ...
Фудбалерите на Комо ја прекинаа серијата од три меча без триумф во Серија А откако попладнево славеа на гостувањето против Џенова со 0-2, резултат со кој Комо останува во трката за место кое води во ЛШ следната сезона. Тренерот Фабрегас и неговите избраници успеаја да ја остават зад себе болната елиминација од Купот на Италија од Интер, одиграа квалитетен меч во Џенова во кој одбраната си ја заврши работата, а во нападот беа искористени две ...
Ненад Димитријевиќ игра во топ-форма во дресот на Баерн Минхен, а добра вест за македонскиот интернационалец е што повредата заработена на последниот бундеслигашки дуел не е од посериозен карактер. Димитријевиќ одигра одлично, но мораше да биде повлечен од игра поради повреда на скочниот зглоб. За среќа, деталните лекарски прегледи покажаа дека повредата воопшто не е сериозна, па Димитријевиќ доби и зелено светло да настапи на следниот меч на ...
Чави Ернандес се активираше во пресрет на претседателските избори во Барселона и со серија експлозивни изјави го нападна Жоан Лапорта, човек со кого очигледно има нарушен однос поради начинот на кој заврши неговата тренерска авантура во Барселона. Легендарниот капитен го водеше тимот во навистина критичен период и успеа да освои титула во Ла Лига, па иако во даден момент ја уживаше довербата и од Лапорта, на крајот се случи пресврт и тој доби ...
Раководството на Мерцедес се обидува да ја смири зголемената медиумска еуфорија околу 19-годишниот италијански талент Кими Антонели откако тој запиша две последователни победи и го држи првото место во табелата во Формула 1. Токму поради тоа, шефот на тимот, Тото Волф, изјави дека развојот на Антонели оди целосно според планот и дека нема причина за предвремена споредба или за зголемување на очекувањата до небо. Секогаш сме биле многу јасни ...
Тренерот на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа, наводно го изоставил Дани Себаљос од составот за натпреварот во петокот против Реал Бетис поради затегнати односи. Името на Себаљос беше очигледно отсутно од списокот за натпреварот што заврши 1-1, а играчите од младинската академија, Сестер и Мануел Анхел, имаа предност на клупата, пишуват шпанските медиуми. Конфликт околу статусот во тимот Шпанскиот весник АС тврди дека Себаљос не е повреден, но ...
Повеќе тенисери на престижниот турнир, кој во моментов се игра во Мадрид, се пожалија на стомачни болки, а дел од нив повраќаа дури и за време на натпреварите, најверојатно како последица на расипана храна што им се служела во ресторанот за играчите, јави медиумот „Тенис ченел“. Голем број учесници се повлекоа од натпреварите поради болки во стомакот и исцрпеност, така што натпреварите се презакажуваат. Според медиумите, кои разговарале со ...
Капитенот на Вардар, Азер Омерагиќ, на натпреварот против Тиквеш кој се игра во рамки на Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) слави јубилеј. 23-годишниот центарфор на дуелот со кавадарчани ќе го одигра 100. натпревар во црвено-црниот дрес, што е голема бројка ако се земат предвид настапите во македонската фудбалска елита. Со Вардар, Омерагиќ има една шампионска титула и една во Купот на Македонија. Член на црвено-црните е од 2023 година, а ...
На натпреварот помеѓу Рајо Ваљекано и Реал Сосиедад од шпанската лига, имаше една крајно контроверзна и ретко видена ситуација, а во главна улога беа со судиите на терен и тие во ВАР собата. Во 69-та минута, Рајо даде гол за 2-2 и тука почна шоуто. Судијата беше повикан да погледне снимка и откако виде, донесе одлука која шокираше многумина. Не само што голот на Рајо беше поништен, туку судијата досуди пенал за Реал Сосиедад поради наводен ...
Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 15 години со победа го отвори настапот на престижниот турнир Torneo delle Nazioni во Италија, совладувајќи ја селекцијата на Молдавија со 3:0 (2:0). Избраниците на селекторот Горан Станковски одиграа сигурен натпревар и со три погодоци најавија успешен настап на турнирот. Стрелци за Македонија беа Мубин Мустафа, Доротеј Христов и Гораст Ристовски. Македонија до 15 години: Огнен Божиновски, ...
Ханси Флик зборуваше по победата на Барселона од 2-0, која им донесе на Каталонците импресивна предност од 11 бода на врвот на Ла Лига. Сега можат да се сметаат за шампиони и прашањето не е дали, туку кога германскиот специјалист ќе ја прослави својата втора титула на чело на каталонскиот гигант. „Сакавме да играме наш стил на фудбал. Навистина ја ценам играта што ја видов денес – и со и без топка. Бевме многу внимателни со долгите додавања. ...
Хрватскиот ветеран Лука Модриќ стана еден од најдобрите играчи од средниот ред што светот ги видел за време на неговата славна кариера, а тоа му донесе и неверојатна заработка. Модриќ игра за Милан од оваа сезона и нема намера да престане. Тој го напушти Реал Мадрид, со кого освои сè што можеше да се освои и беше прогласен за најдобар играч во светот кревајќи ја Златната топка, а потоа се пресели во Милан и играше за својот омилен клуб од ...
Екипата на Ковентри после 25 години се врати во Премиер лигата, а денеска на последниот меч на домашен терен во Чемпионшип сезонава, го победија Рексам со 3-1 и одржаа шампионска прослава. На стадионот сè беше во светлосина и бела боја, и во знакот на слогаот „Се вративме“. Тимот на менаџерот Френк Лампард го крена и трофејот за првото место во англискиот Чемпионшип, а и пехарот беше украсен во боите на Ковентри. Лампард кога дојде на чело ...
Запаметете го името Мика Годс. Тоа е 20-годишен Белгиец кој игра за Ајакс и постигна гол во стилот на најголемите фудалски мајстори како Марадона, Меси, Ибрахимовиќ… Го паметиме велемајсторскиот гол на Златан Ибрахимовиќ против НАК Бреда од пред 22 години, кога ги поигруваше и ја дриблаше противничката одбрана пред да даде гол, а вчера нешто слично, слалом, дриблинзи и гол, пак во дресот на Ајакс против НАК, изведе Годтс. Оттука и споредбите ...
Лидерот Вардар ќе му биде домаќин на Тиквеш, а тренерите Гоце Седлоски и Борче Христов ги одредија стартните состави за овој натпревар кој се игра во рамки на Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ). Во составот на кавадарчани има шест младинци, играчи до 21 година. Тоа двајца странци и четворица домашни играчи, Стојчев, Спасовски, Луциано, Окере Ебубе, Ѓорѓиевски и Голубов. Кај Вардар нема измени, тимот е во најсилен состав. Вардар: Талески; ...