Во Крива Паланка, во моментов се случува градежна експанзија која е во полн ек. Се реализираат проекти на повеќе локации во општината. Станува збор за изградба на централната улица „Јоаким Осоговски“, која е новото лице на градот, но и современо решение за побезбедна и поуредена Крива Паланка, потоа се уредува мајор коритото на Крива Река – простор што ќе стане симбол на современа и урбан град, се реконструира локалниот пат кон Калин Камен – ...
Градоначалникот на Општина Крива Паланка Сашко Митовски изврши увид во работата на повеќе инфраструктурни проекти во општината што се реализираат, како што истакна, со засилена динамика, а се проекти што ги менуваат изгледот и функционалноста на градот. Од службата за комуникација со јавност информираат дека овие проекти се од стратешко значење за локалниот развој. -Во фокусот на теренските активности е комплетната реконструкција на ...

