Скопје
16ᴼ /
16ᴼ
Укинувањето на "пржинската" Влада помина на комисија, Минчев тврди имаат поддршка од САД Законот со кој се укинува техничката Влада по наредните избори, помина на матичната комисија. Ниеден од 13 те амандмани на ДУИ, власта не ги прифати. Министерот за администрација Горан Минчев кажа дека Владата добила поддршка од САД за укинување на "пржинската" Влада. Законот треба да пимине и на ЗКП не се исклучува тоа да биде уште утре, а потоа спиред ...
Рудниците на Балканот се проблем, а не едноставно развојна формула, беше пораката од трибината одржана во Берлин по повод публикацијата „Рударството на Западен Балкан: како да се сузбие авторитарниот екстрактивизам“, зад која стојат Ведран Џихиќ и Марко Кмезиќ. Во фокусот на расправата беа Босна и Херцеговина, Северна Македонија, Црна Гора и Србија, со прашање дали трката по критични минерали навистина носи модернизација или само ја ...
Полицијата попладнево спроведува нова координирана акција насочена кон разбивање на нелегални мрежи кои, според неофицијални информации, профитирале на штета на здравјето на граѓаните. Неофицијално Курир дознава, Одделот за организиран криминал при Бирото за јавна безбедност при МВР врши претреси на повеќе локации низ државата и приведува повеќе лица, меѓу кои организатори, посредници, а според првичните сознанија можно е да има и лекари и ...
На средбата, како што истакна Рокас, било разговарано за евроинтегративниот пат на Македонија, како и за предизвиците со кои се соочува Општина Струга. „Беа покренати многу прашања. Едно од нив беше менаџирање со цврстиот отпад и потребата за негово процесирање. Решение е изнајдено со изградба на регионален центар или фабрика за процесирање со цврст отпад. Ќе биде објавен тендер за избор на компанија која што ќе го реализира тоа. Друг проблем ...
Сообраќајот на автопатот Скопје–Тетово попладнево е во застој поради сообраќајна незгода, откако возило излетало од коловозот и се превртело меѓу банкините. Поради несреќата, на оваа делница се создадени големи гужви, а сообраќајот се одвива отежнато. Надлежните служби се на терен и работат на расчистување на патот. Се апелира до возачите да бидат внимателни и да ја прилагодат брзината на условите на патот Сообраќајот на автопатот ...
Музичка соба уредена и опремена по највисоките европски стандарди денес се отвори во просториите на Младинскиот Центар во поранешната охридска касарна. Проектот е на Општина Охрид која застанува позади целосната финансиска конструкција. Ова катче бесплатно ќе можат да го користат сите музичари од градов. За значењето на проектот градоначаклникот Кирил Пецаков, изјави: &–Ново музичко катче денеска официјално доби Охрид . „Музичката соба“ ...
Во периодот од 20 до 24 Април во Центарот за обука – Идризово, припадниците на Одделот за воздухопловни единици при Министерството за внатрешни работи, во рамки на активностите од ЕУ Твининг Лајт проектот “Зајакнување на капацитетите на Министерството за внатрешни работи за спроведување на воздухопловни операции”, присуствуваат на обука која се спроведува од страна на заменик-директорот на ENAC – Ente Nazionale per l’Aviazione Civile ...
Во книгата почиваат гласовите на вековите, разговараат мудрецот и детето, владетелот и сиромавиот, поетот и научникот, оној што сонувал и оној што страдал. Ниту еден храм не собрал толку молитви на разумот, ниту еден дворец не сочувал толку богатства колку што тоа го сторила книгата. Книгата за мене е ризница во која не се чуваат злато и сребро, туку идеи, сознанија, визии и надежи. Книгата не нè учи само да читаме редови, таа нè учи да ги ...
„Нашите билатерални одбранбени односи во изминатите повеќе од три децении се на многу високо ниво и ви благодарам за одличната соработка. Посветената поддршка од Соединетите Американски Држави, како и амбасадата во нашата земја, придонесоа во изградбата на капацитетите и способностите на македонската Армија“, истакнал министерот. Во моментот, како што нагласил Мисајловски, во фаза на имплементација се повеќе договори со САД за набавка на ...
По завршените подготвителни работи и асфалтирањето, реконструкцијата на атлетската патека на Градски стадион „Зоран Паунов“ во Велес влегува во завршна фаза. Градоначалникот Марко Колев информира дека изведувачот веќе го обезбедил потребниот тартан, кој е донесен и подготвен за финално поставување. Тој најави дека со стабилизирање на временските услови ќе биде комплетирана реконструкцијата на патеката, што претставува исполнување на ...
Ова се случува со денови, а полицијата досега не нашла никаква дрога — реагирал само педагогот од „Орце Николов“ Неколку дена по ред, полицајци претресуваат средношколци пред скопските средни училишта, а родители се жалат дека полицијата е прилично груба со децата, пишува „МКД.мк“ Наместо тоа, кај дел од учениците биле најдени клешти, шрафцигери и слични алатки, а тие ученици полицајците дополнително ги проверувале. Учениците се обидувале ...
Министерството за култура смета дека некои институции, како Музичкиот ансамбл во Тетово, се вишок и треба да се преиспитаат или спојат, изјави во емисијата „Пастел“ на ТВ21 директорот на ансамблот, Блерим Ќамили. Поради тоа, според него, иако побарале вработувања, тие не биле одобрени. „Побаравме вработувања, побаравме 20 уметници, од тие 24 вработувања, 20 се уметници, хор и останатите се… 1 администратор, значи побаравме само 1 ...
Во рамки на подготовките за „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“, со поддршка на Програмата за развој на Обединетите нации, се одржа меѓународната конференција „Обликување на иднината на Скопје: Култура, урбани политики и одржливи европски градови“, еден од клучните настани со кој Скопје ја претставува својата визија пред Европа и светот, објави градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски. „Денеска Скопје беше вистински европски ...
Поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Карпош, Студеничани, Петровец, Карпош и Гази Баба, соопшти РЦУК – Скопје. Во периодот од 08:30 до 11:30 часот, без снабдување со електрична енергија ќе бидат корисниците од РТВ Предавател Водно, кула АЕК Водно, село Горно Нерези, Етно село – Нерези, Предавател Космофон, објект Даре Џамбаз-Водно објект на Поштенски ...
Регионалните центри за управување со отпад се спас за животната средина и насока во која што забрзано треба да се движи нашата држава. Планирано е да се изградат 5 вакви Центри, за кои е земен заем од ЕБОР во висина од 55 милиони евра, а еден од нив е и оној во општина Новаци, кој ќе го собира отпадот од 18 општини од Центар Жупа, па надолу преку Струга и Охрид, Кичево и сите оние од Пелагонискиот плански регион. За неговото значење денеска ...
Претседателот на Собранието, Африм Гаши на 24 април 2026 година ќе биде домаќин на ХХ Конференција на претседатели/спикери на Јадранско и Јонската Иницијатива (ЈЈИ), што се одржува во рамките на претседавањето на нашата држава со оваа Иницијатива. Конференцијата ќе се одржи во Кристалната сала на Собранието. На состанокот ќе присуствуваат претседатели, заменик-претседатели и пратеници од парламентите на државите членки на ЈЈИ – Република ...
Забраната за влез во Бугарија за адвокатот Тони Менкиновски се најде пред Советот на Европа. Македонската делегација во мешовит позициско опозициски состав, побара одговори дали и преку кои механизми, парламентарното собрание ќе постапи со случајот. Како што велат македонските претставници, ваквата мерка отвора сериозни сомнежи за можни повреди на правото на правично судење.. Пред пратениците потенцирано било и дека Бугарија веќе имаа неколку ...
Шанса за културен развој, но и уште многу работа за „Скопје-европска престолнина на културата 2028“- дел од заклучоците на денешната конференција. Дали очекувањата на надлежните и граѓаните ќе се исполнат и дали општеството ќе ја искористи дадената шансата на професионално ниво останува на процесот и дејствувањето во периодот кој следи. За градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски ова е почеток на трансформација на Скопје и заклучување ...
Пролетната сеидба на ориз е во тек, но земјоделските производители од кочанско се соочуваат со сериозна неизвесност и страв непосредно на самиот почеток на новата сезона, имајќи го предвид досегашното искуство со ниските откупни цени кои, како што велат, носат исклучиво загуби. Освен поскапите препарати, ниската откупна цена и скапата нафта, уште поголем проблем за кочанските оризопроизводители е недостатокот на сертифициран семенски ...
Утре во Основниот суд во Кочани продолжува судскиот процес против младите кочанчани кои лани на 17 март, ден по трагедијата во Пулс, го искршија вториот локал на сопствениците на дискотеката, Класик кафе. Синот на Дејан Јованов – Деко, Михаил Јованов, во својство на управител на фирмата БИТ ТИМ Дооел, ги тужи младите, кои на протестот ги демолираа излозите и инвентарот во кафе-барот. Првото рочиште Основниот суд во Кочани го закажа за 30 ...
Виничките пожарникари денеска во 03:41 часот гаснеа запалено „ауди“, кое било паркирано. Во ОВР Виница е пријавено дека на ул. „Димитар Влахов“ во Виница, настанал пожар на паркирано патничко возило „ауди“ со винички регистарски ознаки, паркирано од М.М.(35) од Виница. „Пожарот е изгаснат од Територијалната противпожарна едници Виница, а повредени лица нема“, соопшти СВР Штип. По наредба на јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа на ...
Според партијата на власт, не може државата и граѓаните да страдаат поради несигурноста и стравот на Филипче дали ќе го задржи претседателското столче во СДСМ, и поради внатрепартиската битка да се спротивстави на секој што мисли поразлично од партискиот врв Ја повикуваат опозицијата да дејствува конструктивно и да ги поддржува проектите од, како што наведуваат, државен интерес, наместо да се спротивставува по политичка линија Владејачката ...
Во текот на изминатите 24 часа, полициските служби спровеле засилени контроли низ целата држава, при што биле лишени од слобода вкупно 12 лица поради безобѕирно управување со возило. Најголемиот дел од приведените, односно 11 возачи, биле затекнати како управуваат возила без да поседуваат важечка возачка дозвола. Од нив, тројца се регистрирани во Скопје, по двајца во Битола, Кочани и кумановскиот регион, додека по еден случај е евидентиран во ...
Коридорот 8 го градиме со силна динамика и во делот на автопатиштата и во делот на железницата. На време ќе ја завршиме изградбата на пругата кон Бугарија, онака како што ветивме и како што постигнавме договор со Бугарија. За изградбата за тунелот ќе продолжиме онаму каде што застанавме со вицепремиерот Караџов. Во западниот дел планираме реконструкција на целата пруга од Скопје преку Јегуновце-Гостивар до Кичево. За делот до границата со ...
Отворањето на 54. издание на фестивалот „Мајски оперски вечери“ ќе се одржи на 9 мај во Националната опера и балет во Скопје, со што ќе започне едномесечната програма посветена на оперската уметност. Во рамките на фестивалот, публиката ќе има можност да проследи изведби на познати оперски дела од светскиот репертоар, со учество на врвни домашни и странски уметници. Настаните ќе се одвиваат во текот на целиот месец мај. Фестивалот „Мајски ...
НУ Народен театар Битола ќе ја изведе премиерата на најновата театарска продукција – комедијата „Секстет“, во режија и адаптација на Марјан Георгиевски, на 25 април 2026 година во 20 часот на Големата сцена. Првата реприза е закажана за 27 април во истиот термин. Претставата е современа сценска интерпретација според делото на Марк Камолети, која низ динамичен тек, недоразбирања и неочекувани ситуации ја истражува човечката природа. Се ...
Тешка сообраќајна несреќа се случила денеска на обиколницата во Скопје, во близина на Стајковци, каде што биле вклучени два камиони од марките „MAN“ и „Mercedes“ со скопски таблички, како и автомобил „Mitsubishi“ со романски таблички. На местото на настанот излегле полицијата и екипи на Итната медицинска помош. Според соопштението на МВР, не се пријавени загинати ниту повредени лица. Инцидентот привремено предизвикал долги колони, по што ...
БИТОЛА – Реконструкцијата и ревитализацијата на објектот познат како „Алхамбра“ на Широк Сокак во Битола не отстапува од проектот, велат од Управата за заштита на културното наследство на Македонија за „Независен“. Ова подразбира дека и лифтовската куќарка која се издигна над објектот за која реагираат битолчани не отстапува од проктната документација. Според информацијата од Управата, последниот конзерваторски надзор врз објектот бил ...
Министерот за спорт Борко Ристовски денеска ги посети младите македонски ракометари и ракометарки кои настапуваат на Светското училишно првенство во ракомет, што се одржува во Скопје (21-29 април), во организација на Министерството за спорт и Федерацијата за училишен спорт на Македонија. Базата на македонската делегација е во хотел „Континентал“, каде министерот Ристовски им упати честитки за одличниот старт и им посака да продолжат во ист ...
Законот за пратеници, со кој ВМРО ДПМНЕ и СДСМ се натпреваруваат кој ќе забрани двoјно државјанство за повеќе функционери, ќе биде блокиран, најавуваат од ДУИ. “Законот за пратеници е еден од законите за кои според новиот Деловник важи филибастеринг, односно не се ограничени дискусиите за пратениците. Ние можеме да го блокирамe и со еден амандман, ама имаме најмалку 30, порачале од ДУИ за ТВ 24. Освен ДУИ, амандмани за законот имаат од СДСМ, ...