Скопје
16ᴼ /
16ᴼ
По повод Денот на планетата Земја, министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денеска реализираше акции на засадување дрвја на две локации во Скопје – во Гинеколошко-акушерската болница во Чаир и во детската градинка Фидани. Ново дрво беше засадено во чест на сите деца родени на 22 април, со симболична порака дека секој нов живот доаѓа на свет со право на чиста и здрава животна средина. Акцијата продолжи во градинката ...
Без кров на глава, без храна, без облека и правда, станува познатиот штипјанец Мики Трајчевски, покрај реката Брегалница во Штип. Непонзати лица, за кои тој претпоставува дека се од Радовиш, дошле, го снимале од подалечна локацијa, а потоа, без никакво решение и без да му дадат временски рок, дошле со багери и булдожери и му го срамниле со земја неговиот скромен дом, кој тој го нарекува колиба. Вели дека е целосно свесен за сe околу себе и ...
Речиси седум децении постоење денеска одбележа средното медицинско училиште „Јане Сандански“ во Штип. Вкупно 69 години, училиштето пренесува знаења, вештини и вредности на генерации ученици. Со бројни спортски и рекреативни активности, како и ликовна изложба, одбележувањето започна уште вчера, а кулминираше централната свеченост денеска во штипскиот безистен. Учениците се претставија со пригодна и богата програма. Преку ликовната изложба, ...
На градскиот плоштад во Штип, денеска се одбележа Европската недела на имунизацијата, при што лекарите излегоа меѓу граѓаните за директно да ја подигнат свеста за значењето на вакцинацијата. Тие порачаа дека вакцините се најсилната заштита од опасни заразни болести и не се важни само за децата, туку за сите генерации. Предупредуваат дека со намален опфат лесно може да се вратат болести кои одамна се ставени под контрола. Во Штип, над 90 ...
ОО СДСМ Штип на денешната прес-конференција истакнаа забелешки во однос на управувањето со општинскиот имот. Претседателот на општинската организација, Павел Иванов, кажа дека, според нив, постојат пракси на давање под закуп и располагање со државна и општинска сопственост, при што недостигаат визија, отчет и поголема грижа за јавниот интерес. „Денеска пред јавноста отвораме сериозно прашање за начинот на кој Иван Јорданов и оваа несопособна ...
Новото издание на информативно-аналитичкиот магазин „360 степени” се емитува вечерва (23 април 2026 г.) од 20:15 часот на МРТ 1 Во новото издание не емисијата донесуваме: – ако за секој работник три дена неоправдано отсуство од работа е еднакво на отказ, зошто Арбен Фетаи сè уште е вицепремиер без да доаѓа на работа и да учествува на седници на Владата; – репортажа од Кривопаланечко: на терен се видливи остатоци од рудникот Крстов дол каде ...
Револтирани и разочарани, оризопроизводители од Новоселани се жалат дека и годинава нивите ќе им останат непосеани со ориз. Иако браната Калиманци е преполна, водата од стариот систем за наводнување не стигнува до нив поради неисправен цевковод. Велат дека со години слушаат ветувања за решавање на проблемот, но без резултат. Поради тоа, денеска излегоа на протест. Дел од нив, како Зоран Станиславов, се соочуваат со дилемата дали да ги посеат ...
Градоначалникот на Општина Кратово, Тодорче Николовски, денеска потпиша меморандум за соработка со Амбасадата на Народна Република Кина во Македонија. – Како резултат на добрите пријателски односи на Општина Кратово со Амбасадата на Народна Република Кина во Република Македонија, денеска во просториите на Амбасадата во Скопје, заедно со нејзината екселенција, амбасадорката Џианг Сјаојан, беше потпишан Меморандум за соработка. Со овој ...
Инвестирањето во нови приротехничари е комплициран потег, но внимателно работам на тоа да се надмине недостигот на ваков кадар, рече директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов, кој денеска го посети местото во поранешната битолска касарна на кое беа пронајдени 1.067 гранати и бомби од Првата светска војна. Сите нив ги откопа еден пиротехничар, зашто во целава држава има само двајца пиротехничари, едниот од Битола, ...
Денеска околу 13:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на скопската обиколница, во правецот од Тетово кон Велес, кај клучка Стајковци, се случила сообраќајна несреќа. Од МВР информираат дека во несреќата учествувале товарно возило „ман“ со приколка со скопски регистарски ознаки, товарно возило „мерцедес“ со скопски регистерски ознаки и патничко возило „мицубиши“ со романски национални ознаки. „Сообраќајот на обиколницата во правец ...
Во соопштение на СДСМ се наведува дека партијата реагира на, како што го оценува, новиот удар врз слободата на медиумите и демократијата, по изборот на Зоран Ристоски – Ѓузо за директор на МТВ, при што се тврди дека станува збор за политички мотивирана одлука. Во партиското соопштение се наведува дека Ристоски, според нивните тврдења, е близок со премиерот Христијан Мицкоски и дека неговото назначување претставува уште еден пример на ...
Главниот град в недела ќе се соочи со сериозни измени во сообраќајот поради одржување на меморијалната трка „Меморијал Ѓоко Кузмановски“, што ќе предизвика привремени блокади и пренасочувања во делови од општина Аеродром. Настанот е закажан за 26 април и ќе трае од 09:00 до 13:30 часот, а стартот и целта на трката ќе бидат поставени пред Спортскиот центар „Јане Сандански“. Во овој временски интервал, делови од клучните сообраќајници ќе бидат ...
Техничката влада заминува во историјата. Ќе ја има уште на следните избори, без разлика кога ќе се случат. На една демократска држава не и приличи да има избори во кои ќе влегува опозицијата за да се гарантира фер гласање. Т.н Пржинска влада беше воведена по договорот што беше направен со четворицата тогашни лидери Никола Груевски, Зоран Заев, Мендух Тачи и Али Ахмети на улицата „Зеленгора“ во населбата Пржино на 2 јуни 2015 година кој ...
Левица Сектор Медиуми, Реџеп Исмаил ВМРО-вците решија по скратена постапка да го овторат патот кон немилосрдна експлоатација нашата земја, Македонија! Преку предлози за измени на Законот за минерални суровини и Законот за концесии и јавно приватно партнерство сакаат да го отворат патот за странските емисари да можат веднаш да експлоатираат по земјава без да имаат никаква грижа за животната средина, здравјето, уште помалку економската ...
Претставници на надлежни институции, граѓански организации и пратеници денеска се вклучија во надзорната расправа посветена на спроведувањето на законите, политиките и институционалните мерки за превенција и заштита од семејно насилство организирана од собраниската Комисија за еднакви можности на жените и мажите. Повеќе центри, во кои жртвите на семејно насилство ќе бидат згрижени, овозможување услови за привремени живеалишта за овие жртви и ...
Во рамки на подготовките за кандидатурата „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“, градот беше домаќин на меѓународната конференција „The Skopje Project 2026: Culture, Urban Policies and Sustainable European Cities“. Настанот, поддржан од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), собра голем број домашни и странски експерти, со цел да се постави јасна визија за идниот развој на главниот град. На конференцијата присуствуваа ...
СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.Б.(46) од Куманово и против С.Д.(41) од с.Лојане, општина Липково, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Првопријавената, како заменик директор во техничкото училиште „Наце Буѓони“ во Куманово и назначена да извршува дополнителни работи – водење на вонредни испити од 01.09.2022 до 31.08.2023 и второпријавениот, како директор и ...
Министерот за здравство, Азир Алиу денеска се обрати на состанокот на Економско-социјалниот совет во Владата, на кој ги презентираше новините во предлог законот за заштита од пушење. – Постојниот Закон е стар речиси 30 години и не одговара на денешната реалност, особено со појавата на нови производи, како што се електронските цигари и несогорливите тутунски производи, нејасните правила за угостителските објекти и слабата заштита на младите. ...
Ужасна напад во Македонија: Маж избоден во центарот на градот! Ноќеска околу 01:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Центар, 43-годишниот А.Ѓ. од Скопје бил нападнат со остар предмет од едно лице. Повредениот бил нападнат под засега неразјаснети околности, а напаѓачот по инцидентот се дал во бегство. Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. Ужасна напад во Македонија: Маж избоден во ...
Јавното комунално претпријатие Гази Баба започна со поставување на нова урбана опрема, отворајќи ново поглавје во уредувањето и модернизацијата на јавните простори. Во фокусот на активностите е целосно уредување на јавните површини, со посебен акцент на пешачките зони, рекреативните простори и местата за одмор. Се поставуваат нови клупи, корпи за отпадоци и современа урбана опрема, со што се подобрува удобноста и секојдневното користење на ...
Одбележувањето на Денот на Генералштабот на Армијата, освен со реализација на протоколарните активности, се карактеризираше и со организирање на доброволна хуманитарна акција. Низата на хуманитарни акции традиционално продолжи и оваа година, а се реализираше во Општина Неготино. На 23 април 2026 година од припадниците на Генералштабот на Армијата беа обезбедени и донирани технички средства, спортски реквизити и школски прибор за децата од ...
Кога ќе се најдете во злобниот круг на повторените и негативни состојби, не обидувајте се да дознаете што се крие во следната фаза. Едноставно напуштете го кругот најбрзо што можете. Инаку, вителот ќе ве повлече во длабочините од кои нема враќање. Ако Јотова е претседателка и ако сега Румен Радев е премиер, колку силна би била разумноста на дијалогот кога хиерархиската поставеност на официјална Софија е заокружена на највисокото ниво ...
Вагата се буди овој четврток, 23 април, со силно чувство за естетика и хармонија, што ќе биде главната тема на целиот ден. За секоја Вага, односите со другите се огледало во кое ја проверува сопствената рамнотежа, а денешните планетарни аспекти ја нагласуваат вашата дипломатска страна. Социјалната интеракција ќе биде неизбежна, без разлика дали е професионална или приватна, а Вагата ќе се движи низ овие води со неверојатна леснотија. Имате ...
По повод Светскиот ден на книгата и авторското право, градоначалничката на Општина Кисела Вода Бети Стаменкоска Трајкоска денеска присуствуваше на свеченост во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Во рамки на настанот, директорот на НУБ, Јовица Никчевски, на Општината ѝ врачи значајна донација од 25 правописи по македонски јазик и 250 книги од различни автори, наменети за збогатување на фондот на училишните ...
Тешка сообраќајна несреќа се случи денеска на скопската обиколница, во близина на Стајковци, каде според првичните информации се судриле повеќе возила – товарен камион, комбе пикап и патнички автомобил. Несреќата предизвика сериозен застој во сообраќајот на овој дел од обиколницата, а на терен веднаш излегоа екипи на полицијата и итната медицинска помош. Според сведоци кои се затекнале на местото на настанот, ударот бил силен, а сцените кои ...
Се одложува доаѓањето на делегацијата на УНЕСКО во Македонија за да се дискутира за забелешките поврзани со инфраструктурните зафати на Коридорот 8 во заштитеното културно и природно подрачје. Иако првично беше најавено дека претставниците на УНЕСКО ќе пристигнат во средината на мај, денес министерот за транспорт Александар Николоски изјави дека, по нивно барање, посетата може да се реализира во средината на јуни. – Предизвикот што го имаме ...
Азир Алиу од АА, во „Click Plus“ изјави дека по 9 мај ќе има потреси во ДУИ, образложувајќи дека обединувањето на ВЛЕН и внатрешната демократија ќе бидат позитивен пример за граѓаните. Азир Алиу: Јас очекувам дека по 9 мај ќе има потреси на другата страна, затоа што граѓаните ќе видат дека може и поинаку, дека обединувањето создава сила, дека внатрешната демократија е позитивна за граѓаните – да не се „краде“ политичката партија, да не се ...
Халкбанк АД Скопје, во партнерство со ЈП Национални шуми, денеска, по повод Денот на планетата земја, реализираше нова, значајна акција за пошумување со активно учество на вработените од Банката и стручни претставници од јавното претпријатие. Акцијата е насочена кон ревитализација на опожарени површини, со цел повторно оживување на оштетените подрачја, обновување на шумскиот фонд и зголемување на зеленилото. Преку вакви активности се ...
Над илјада неексплодирани убојни средства се досега пронајдени на локацијата Тумбе Кафе во Битола, информираа од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), најавувајќи дека акцијата за расчистување ќе продолжи и во наредниот период. На денешната прес-конференција, директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, соопшти дека на теренот се евидентирани вкупно 1.067 неексплодирани убојни средства, од кои околу половина се рачни бомби, додека останатите се ...
Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, денеска изврши увид во градежните активности на улицата „Матеја Матевски“, зад кулите Џевахир, информираа од Општина Аеродром преку социјалните мрежи. Од таму посочија дека конечно ставаат крај на еден децениски проблем и создаваат безбедна и функционална улица за сите. „Жителите добиваат сигурна делница за движење и нормален сообраќај – нешто што одамна го заслужуваат. Истовремено, ООУ ...